1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрологијата и сексуалната предигра

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од angie, 8 декември 2010.

  1. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Земјени знаци: бик, девица и јарец

    Дел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.

    Совет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.

    Огнени знаци: овен, лав и стрелец

    Страст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.

    Совет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.

    Воздушни знаци: близнаци, вага и водолија

    Овие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.

    Совет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси смс порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.

    Водни знаци: рак, скорпија и риби

    Романтичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се предомислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.

    Совет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тие ќе го „прочитаат“ она што го чувствувате за нив преку вашиот поглед. Кога им се обраќате, кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршавите и еден куп бакнежи.
     
    На leighton23 и Phyramide им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Како бакнуваат хороскопските знаци:

    Овен- Впечатлив,енергичен и силен.Ако нешто знаат,тоа е да го запалат партнерот.Овните на бакнувањето му пристапуваат како и на се друго во животот,воодушевено и импулсивно.

    Бик- Лесно,сензуално и цврсто.Бакнежот е една од причините поради кои врските им траат многу подолго отколку на другите знаци.Тие имаат посебно развиено чувство за допир,поради кое пред да ве бакнат ќе ве погалат.

    Близнаци- Разновиден,интересен и брзо променлив.Тие сигурно нема да ве разочараат со бакнежот,но ќе почекате малку да дојде до тоа.

    Рак- Пријатно,познато и едноставно добро.Раковите не воодушевуваат со првиот бакнеж,но создаваат удобност.Не се срамат да го иницираат бакнежот,а по него ќе се чувствувате пријатно и топло.

    Лав- Неговиот бакнеж ќе ве мрдне од место.Едноставно воодушевува,а за бакнежот на овој знак се чека ред.Со него едноставно треба да се опуштите и да му се препуштите на задоволството.

    Девица- Внимателно,чувствително и совршено...така се бакнуваат Девиците.Во се бараат ред,па така и атмосферата пред бакнежот мора да биде совршена.Нивниот бакнеж никогаш не е половичен.

    Вага- Тие живеат за да го задоволат својот партнер/ка, а истото го очекуваат и од нив.Секоја бакнеж е единствен и уникатен,а чувството ќе биде исто и по 25 години поминати заедно.

    Шкорпија- Тие се однесуваат страсно во се што прават,па така е и со бакнежот.Заборавете на се друго и фокусирајте се само на бакнежот.

    Стрелец- Секогаш бара повеќе и повеќе.Многу дава,но ако сакате да го освоите обрнете внимание што сака во бакнувањето и повторувајте го тоа постојано.

    Јарец- Тие ретко се одлучуваат први да бакнат.А кога ќе го фатите на трик и ќе го добиете бакнежот,бакнете го елегантно,префинето и непотполно.Тоа е единствениот начин да посака повеќе.

    Водолија- Нивната цел е да останат запаметени.Сакаат ненадејни и необични бакнежи,особено од личности кои не се слични со нив.Бидете што поразлични,а друг начин е да се однесувате како да не ве интересираат.

    Риби- Ќе ве бакнат само доколку мирисате убаво.Поради тоа големите количества парфем се неопходни.Рибите се бакнуваат и нежно,чувствително и внимателно.Вратете со иста мера.
     
    На leighton23, starfish и Phyramide им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Браво бе сис, кај го најде ова - ептен е точно ;)
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Препишано од весник ;) :D
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Оуу јееее :rock: :wasntme: :)
     
    На sparkle.q му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8

    хехехе.. абе ние овниве многу сме си опасниии..
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вага- Тие живеат за да го задоволат својот партнер/ка, а истото го очекуваат и од нив.Секој бакнеж е единствен и уникатен,а чувството ќе биде исто и по 25 години поминати заедно.


    Ете така ! На бакнежите им придавам најголемо значење ,исклучително ми е важно дали Господинот знае добро да се бакнува или не .
    Ако паднал на испитот - ноу трн бек :rofl:
    Ама ако поминал (задолжително со завидна оцена :lol: ) ,тогаш следи тоа првото ,од најгоре :*
     
  8. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Рак - Пријатно, познато и едноставно добро. Раковите не воодушевуваат со првиот бакнеж, но создаваат удобност. Не се срамат да го иницираат бакнежот, а по него ќе се чувствувате пријатно и топло. :P

    ..yeah! :lol:
    токму така. :P
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Вага- Тие живеат за да го задоволат својот партнер/ка, а истото го очекуваат и од нив.Секоја бакнеж е единствен и уникатен,а чувството ќе биде исто и по 25 години поминати заедно.
    баш така :D
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.123
    Допаѓања:
    76.424
    Пол:
    Женски
    Романтичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се предомислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.