1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрологијата и смирувањето со партнерот после кавга

Дискусија во 'Канта' започната од MonNy.B, 27 декември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MonNy.B

    MonNy.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    36
    Секој понекогаш мора да се налути. Некои тоа го прават одвреме-навреме не криејќи ги чувствата, а други пак долго молчат и еден ден ќе експлодираат како вулкан. Здраво е да се покаже лутина, повремено да се скарате и искрено да кажете што мислите, но понекогаш е корисно да кажете и нешто со што ќе го смирите соговорникот и ќе спречите кавгата да ескалира. Дознајте како со кој знак можете да се скарате и што треба да му кажете за да го сочувате мирот.
    Овен
    За да го смирите овенот, едноставно морате да му дадете на знаење, дека сте чуле сè што рекол и дека ќе сторите сè што е во ваша моќ за тој/таа да биде задоволен, без разлика дали се сложувате со тоа. Треба да го уверите дека има целосна контрола за тоа што ќе се случи, па дури и ако станува збор за заблуда. Овенот ќе се смири во оној момент кога ќе стане свесен дека има моќ и дека ја контролира ситуацијата.
    .
    Бик
    Лутиот бик не е лесно да се смири. Луѓето родени во овој знак се вистински воини, кои секоја навреда ја доживуваат како предизвик. Единствен начин да го сопрете нападот, особено ако го навредите, е едноставно да си легнете и да се правите дека сте мртви, се разбира фигуративно кажано. На бикот кажете му дека е во право, дека секогаш бил во право и дека секогаш ќе биде. Ова звучи како погрешен пристап, но ова е единствениот начин да се смирите со луѓето родени во овој знак.
    .
    Близнаци
    Најдобар начин да ги смирите близнаците, е да им кажете дека ги почитувате и дека можете да се сложите околу тоа дека не се сложувате. Близнаците исто така одлично реагираат на писмена комуникација. Писмо во кое ги објаснувате своите ставови или писмо со извинување, без проблем би требало да ги смири близнаците. Всушност станува збор за дипломатски знак кој најчесто може да ги согледа двете страни на проблемот. Во смирувањето може да помогне ако својот партнер близнак го однесете на вечера за да поразговарате околу проблемите.
    .
    Рак
    Причината поради која ракот најчесто може да се скара, е што се почувствувал навредено или несигурно. За да се смири, морате да го уверите дека секогаш ќе бидете тука за него/нејзе без разлика што ќе се случи и дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна, независно дали е во право или не. Комплиментот е најделотворното оружје во смирувањето на ракот.
    .
    Лав
    Силното викање на лутиот лав не е лесно да се сопре. Најдобро е да не изговорите ниту еден збор додека лавот не заврши со својот гласен монолог. Морате да бидете тивки и покорни и да дозволите работите да се одвиваат по својот тек. Добрата работа кај лавовите е што нивната лутина никогаш не трае долго, а кога ќе се смират, тоа за нив е готова работа и немаат обичај да бидат злопамтила.
    .
    Девица
    Ова е еден од најтешките знаци за кавга и смирување, бидејќи кога ќе се налутат стануваат тивки и некомуникативни и многу често можат да лажат за тоа дали нешто замеруваат или не. Девицата може да се прави дека сè е во најдобар ред, а за тоа време да подготвува некаква одмазда. Најдобар начин да се смирите со претставник на овој хороскопски знак, е да се извините и да ѝ кажете дека е во право, а потоа да продолжите да терате по свое.
    .
    Вага
    На луѓето родени во знакот вага, сè што треба е да им се каже, е дека треба да направат пауза, да земат воздух или да излезат на кратко и да размислат. Всушност вагите се нежни и не сакаат претерано да се караат. Тие се големи дипломати и ако им дадете неколку минути да се смират, вообичаено ќе ги согледаат двете страни на проблемот. Добро реагираат ако ги поканите на пијалак, за да поразговарате околу проблемите.
    .
    Скорпија
    Со скорпиите е многу тешко да се смирите бидејќи имаат склоност да ги повредуваат другите луѓе, но сепак тие секогаш ќе реагираат на две работи, а тоа се пари и секс. Скорпиите ќе престанат да ве тероризираат ако некако можете да им покажете дека сте помоќни од нив во социјална смисла. Кажете ѝ на скорпијата дека е многу моќна и дека не може да згреши и на тој начин ќе ја преземете контролата во расправијата.
    .
    Стрелец
    Стрелците обожуваат расправии и ако не сте внимателни можат да ве вовлечат во кавга, која може да потрае и неколку часа, при што ќе ви се чини дека логиката се врти во круг, на моменти дека воопшто ја нема и дека на крајот никој нема да победи. Според тоа најдобро нешто што можете да направите, е да побегнете од просторијата пред воопшто стрелецот да ве вовлече во вербална војна.
    .
    Јарец
    Луѓето родени во знакот јарец стануваат особено студени и некомуникативни кога ќе се налутат. Единствена работа што може малку да ги омекне е хуморот. Ако кавгата излезе од контрола, обидете се да ги насмеете. Напнатоста можете да ја ублажите ако им кажете нешто смешно или ги потсетите на некоја забавна случка од минатото.
    .
    Водолија
    Водолиите секогаш можете да ги смирите со музика или со некоја соодветна филозофска реченица или поговорка. Луѓето родени во овој знак, ја обожуваат мистичноста на религијата и цитатите на големите филозофи. Тие воопшто не се воинствени личности и многу лесно можете да ги натерате да се смират и да не навредуваат никого.
    .
    Риби
    Рибите премногу се плашат од фактот дека личноста на која се лутат и со која се во расправија, ќе изгуби способност за цивилизиран разговор. Тие се несигурни и не сакаат промени. Единствениот начин да спречите премногу да се налутат е постојано да им давате комплименти, да им го потхранувате егото и да направите да бидат свесни дека ги сакате и дека ја контролираат ситуацијата.
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Има веќе ваква тема во Другата наука
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.024
    Допаѓања:
    66.567
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.