1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрологијата на вашите таленти според хороскопските знаци

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од vlubena, 5 февруари 2011.

  1. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Набрзина разглдав и не најдов ваква тема (ако има нека се избриши) па еве една тема за тоа какви таленти поседуваате во однос на хороскопските знаци па кажете дали има во ова нешто точно или не ;)

    Овен
    Вие сте надарени со огромна храброст, благодарение на која ги прифаќате предизвиците и авантурите кои ви се појавуваат на патот. Вашата пионерска способност за започнување нови проекти и иницирање нови идеи, ве прави легендарна личност во очите на сите оние кои добро ве познаваат.
    Максимизирајте ги вашите таленти, соработувајќи со некој кој е подготвен да презема ризици исто колку и вие.
    Бик
    Вие сте способни да создавате чувство на стабилност и комфор на луѓето околу вас. Знаете како да се релаксирате и да го живеете секој момент од вашиот живот.
    Максимизирајте ги вашите таленти на начин што ќе внесете повеќе елан и волја во извршувањето на вашите секојдневни активности и ќе ја препознаете светоста на едноставноста.
    Близнаци
    Комуникацијата и секојдневното учење нови работи, се составен дел од вашата личност. Начинот на кој вие умеете да процесирате и споделувате информации, ви овозможува да умеете да создавате одлични тимови од луѓе, кои меѓусебно совршено си одговараат.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе ја определите целта поради која секојдневно ги акумулирате сите тие информации. Запрашајте се себеси: „Кое е подлабокото значење на односите кои ги градам со другите луѓе? “
    Рак
    Вие умеете да направите да „цвета“ речиси сè што ќе наумите и сте способни да се грижите и да ги заштитите оние кои ви се најбитни во животот, сè додека е тоа изводливо.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што вашата способност за помагање на другите луѓе ќе ја пренасочите кон себе, со цел да почнете да ги негувате и вашите сопствени соништа и цели.
    Лав
    Вие имате вроден ентузијазам за забава и уживање во секој момент од вашиот живот. Вашиот палав дух и дарежлива природа, им го прават животот на луѓето околу вас барем малку поедноставен.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе ја зголемите вашата „публика од обожаватели“ и ќе се обидете да гледате пошироко на работите. Размислувајте како најдобро можете да ја употребите вашата дарба за повисоки цели?
    Девица
    Вие имате чувство за тоа како да ги подобрите работите кои се случуваат околу вас. Благодарение на вашите високи стандарди, умеете да го кренете нивото на квалитет во работата и да ги мотивирате другите околу вас повеќе да се трудат да го дадат максимумот од себе.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе имате повеќе разбирање за сопствените и туѓите грешки, како составен дел од процесот на учење.
    Вага
    Вие имате способност да создавате убави нешта и да воспоставувате рамнотежа во сè што правите, што на другите околу вас им помага да се релаксираат и да уживаат во овој свет.
    Максимизирајте ги вашите таленти така што повремено ќе се запрашате себеси што сакате и што ви е потребно во животот, а потоа ќе настојувате да ги реализирате тие желби и потреби, пред да „трчате“ да ги остварувате туѓите.
    Скорпија
    Вие имате емоционална визија остра како ласерски зрак, која ви овозможува да гледате под површината на нештата. Вашата способност инстинктивно да ги „прочитате“ потсвесните мотиви на другите луѓе, ви дава една уникатна и невообичаена моќ и длабочина.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе поминувате повеќе време во природа. Допирот со природата ќе ве стабилизира, ќе ви даде душевен мир и ќе ви помогне да создадете баланс во вашето постојано „патување“ од површниот, надворешен свет, кон оној подлабокиот.
    Стрелец
    Вашата оптимистична и љубопитна природа ви овозможува да гледате на светот од повеќе различни перспективи. Вие сте роден ученик, кој тежнее да акумулира што е можно повеќе знаење, за новите филозофии и концепти на животот.
    Максимизирајте ги вашите таленти така што ќе создадете баланс во вашата двојна улога на учител и ученик. Доколку успеете во тоа, никогаш нема да стагнирате во ниедно поле од вашиот живот и ќе бидете задоволни од сами себе.
    Јарец
    Вие знаете како да ги определите вашите цели и како да ги претворите во реалност, што ве прави способни за заработување пари и овозможување финансиска стабилност на долг рок.
    Максимизирајте ги вашите таленти на начин што ќе бидете емотивно подостапни за другите луѓе, ќе бидете поотворени за комуникација и без страв ќе ја покажувате вашата ранливост кога тоа го налага ситуацијата.
    Водолија
    Вие инстинктивно умеете да ја видите „големата слика“ на нештата кои се случуваат околу вас. Талентирани сте да измислите нови концепти и да му понудите на светот одлични идеи, кои им помагаат на луѓето околу вас да ги подобрат нивните животи.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе си дадете себеси повеќе време за забава и насмевки. Тоа ќе ви помогне да размислувате покреативно и истовремено да градите подобра конекција со другите луѓе.
    Риби
    Моќната имагинација која ја поседувате ви создава совршени слики во вашата потсвест, кои ви создаваат одлична визија за светот околу вас. Таа особина која ја понесувате секаде со себе, не само што ги инспирира другите луѓе, туку и им влева надеж.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе ги претворите вашите визии во реалност, преземајќи ги неопходните чекори за да ги материјализирате.
     
    На unhappyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Точно е се што е напишано за шкорпијата :) јас да си потврдам :P :D
     
    На LadyN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Точно ми пишува јас сум овен.
     
  4. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Мене ми е погодено :)
     
  5. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    И мене јарец :)
     
  6. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Бик
    Вие сте способни да создавате чувство на стабилност и комфор на луѓето околу вас. Знаете како да се релаксирате и да го живеете секој момент од вашиот живот.
    Максимизирајте ги вашите таленти на начин што ќе внесете повеќе елан и волја во извршувањето на вашите секојдневни активности и ќе ја препознаете светоста на едноставноста.

    Точно :)
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ептен точно, полна сум со идеи, а кога сакам да ги реализирам ми гори под нозете, мислам во еден здив се би направила ... :D :D
     
  8. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Првиот дел е точен, но повеќе би рекла дека раковите се себични, отколку тоа дека мислат прво за другите, занемарувајќи ги своите лични соништа и цели. :$ Како и да е, длабоко во себе сепак сме добри души и се грижиме и за самите себе, но и за другите околу нас (потенцирам - блиските личности и оние личности за кои сметам дека ја заслужуваат мојата грижа и внимание). :)
     
    На Sara123 и AmandaS им се допаѓа ова.
  9. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175

    Точно, секогаш сум упорна да ја остварам целта и точно е тоа дека сакам да им помогнам на оние кои ми се најважни :!:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Овен
    Вие сте надарени со огромна храброст, благодарение на која ги прифаќате предизвиците и авантурите кои ви се појавуваат на патот. Вашата пионерска способност за започнување нови проекти и иницирање нови идеи, ве прави легендарна личност во очите на сите оние кои добро ве познаваат.
    Максимизирајте ги вашите таленти, соработувајќи со некој кој е подготвен да презема ризици исто колку и вие.


    најточно :)
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вага
    Вие имате способност да создавате убави нешта и да воспоставувате рамнотежа во сè што правите, што на другите околу вас им помага да се релаксираат и да уживаат во овој свет.
    Максимизирајте ги вашите таленти така што повремено ќе се запрашате себеси што сакате и што ви е потребно во животот, а потоа ќе настојувате да ги реализирате тие желби и потреби, пред да „трчате“ да ги остварувате туѓите.


    Интересно кажано - доста реално ,особено последното.
     
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Рак
    Вие умеете да направите да „цвета“ речиси сè што ќе наумите и сте способни да се грижите и да ги заштитите оние кои ви се најбитни во животот, сè додека е тоа изводливо.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што вашата способност за помагање на другите луѓе ќе ја пренасочите кон себе, со цел да почнете да ги негувате и вашите сопствени соништа и цели.
    ...е од кога го зборам јас ова :lol:
     
  13. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Лав
    Вие имате вроден ентузијазам за забава и уживање во секој момент од вашиот живот. Вашиот палав дух и дарежлива природа, им го прават животот на луѓето околу вас барем малку поедноставен.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе ја зголемите вашата „публика од обожаватели“ и ќе се обидете да гледате пошироко на работите. Размислувајте како најдобро можете да ја употребите вашата дарба за повисоки цели?

    Точно :)
     
  14. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Девица
    Вие имате чувство за тоа како да ги подобрите работите кои се случуваат околу вас. Благодарение на вашите високи стандарди, умеете да го кренете нивото на квалитет во работата и да ги мотивирате другите околу вас повеќе да се трудат да го дадат максимумот од себе.
    Максимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе имате повеќе разбирање за сопствените и туѓите грешки, како составен дел од процесот на учење.

    Точно е. А разбирање немам баш. :D (мала шала)
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    колку е само нај точно :)
     
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Бик
    Вие сте способни да создавате чувство на стабилност и комфор на луѓето околу вас. Знаете како да се релаксирате и да го живеете секој момент од вашиот живот.
    Максимизирајте ги вашите таленти на начин што ќе внесете повеќе елан и волја во извршувањето на вашите секојдневни активности и ќе ја препознаете светоста на едноставноста.
    :nod: :nod: ^_^ Повеќе од точно :wink:
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Демек не сум знаела за ова. Ма ние да не бевме, сеуште цел свет ќе чекаше да изгрее сонцето за конечно да види нешто :emo:
     
    На vlubena и A-j-a им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Да, да ... :)
     
  19. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    pa do nekade se e kazano :)
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    :bow:
    Нек пукну душмани :D
    А оние кои не не‘ познаваат тоа го оценуваат како желба да бидеме во центар на внимание.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.