1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрономија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Captain-Omni, 22 октомври 2015.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Понеделник цел ден Меркур ќе помине пред Сонцето од наша гледна точка. Од Македонија ќе се види најдобро пред зајдисонце. Очигледно, без директно гледање во Сонцето ако некој сака да го гледа.
     
    На honey.11, Ginger^, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Лично отепав два саата покрај локална група, облаци, користење гужва, шанса од пола саат кога сонцето се излага да се покаже и да ни дозволи да ѕирнеме. Сликава не е моја, од одделот за физика и астрономија кои ми дозволија да погледам од нивниот телескоп денес. Некако не доволно еуфориски, ама сретнав феноменални дечки со многу знаење и одговори на прашања за лаици, со многу трпение. CiAvq1hWwAAejTu.jpeg
     
    На Someonespecial, daylight, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Никој на најновите вести од пред најмалку десет дена? Хабл константа? Дупка можеби во теоријата за генерална релативност...
    Чисто да направам бамп на темава да не се изгуби на осма страна :wasntme:
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Дур се заебаваме ние со политика и Брегзит, американците (NASA) успешно го внесоа вселенското летало Јуно т.е. Џуно по нивно, во орбитата околу Јупитер. Леталото е именувано според римската божица Јунона, сопругата на Јупитер која единствено можела да ја види вистинската природа на сопругот кој пак својата природа ја затскривал со силни ветрови какви има и на планетата. Леталото е лансирано во август 2011 год. а пристигна доцна вечер на 4 јули 2016 по американско време (в зори по македонско време) и конечната брзина била 266 000 километри на час.

    [​IMG]

    Леталото напојувано од соларни панели и литиумска батерија ќе треба детално да испита до 2018 год. какво е магнетното поле на Јупитер и дали јадрото е камено или сепак гас како и останатиот дел од овој џин. Нешта што не се можни за планетата земја (кога е магнетното поле во прашање) бидејќи земјата е обвиткана со цврста обвивка и сите тие мерни инструменти не можат да продрат со своите зраци за разлика од Јупитер. Ќе се проверува и колку има вода на пр. минатата година Плутон преку леталото Нови Хоризонти пријатно изненади со големо количество смрзната вода (не е Пелистерка додуша, ама дај шо ќе даеш).

    [​IMG]

    Само во првите 7 орбитирања ќе работи фото-камерата давајќи слики во природна боја, а потоа поради интензивната радијација тој инструмент ќе престане да функционира. Но постојат неколку други кои ќе продолжат прецизни мерења и мапирања со други методи. Најинтересно, на крајот од мисијата, леталото ќе се деорбитира т.е. контролирано ќе се навлегува сè повеќе навнатре во Јупитер и поради екстремните притисоци кои владеат како се продира подлабоко, леталото кое сосе целата мисија чинеше 1,1 милијарда $ ќе се сплеска приближно како палачинка, но без нутела или еуро-крем. Да не се стави крем, а толку пари , навистина е жалосно, но ако е за утеха леталото содржи плакета со текст од Галилео Галилеј и Lego фигури (последниве 2 работи сериозно).

    [​IMG]

    Последната слика горе е направена од вселенскиот телескоп Хабл во мај 2016 на која се гледа Јупитер со поларна светлина на горниот дел. Јуно (Џуно) леталото ќе ја испитува меѓу другото и поларната светлина тнр. аурора (слични имам и на земјата особено околу северниот и јужниот пол, Исланд, Канада и тн.)

    Повеќе информации на веб сајтот на НАСА:
    https://www.nasa.gov/mission_pages/juno/main/index.html
     
    Последна измена: 6 јули 2016
    На imelda, zhap4e, Anon и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Можеби минатата година Чак Норис има фрлено некоја карпа во вселената, можеби сите премоќни телескопи ги имаме насочено кон длабоката вселена, но НАСА дури во оваа 2016 откри вселенско тело кое е практично втора месечина на земјата.

    Се работи за „камче“ меѓу 40 и 100 метри во дијаметар кое има постојана орбита околу земјата и се наоѓа исто толку пати оддалечена од Месечината, од 38 до 100 пати подалеку од веќе општо познатиот наш сателит.

    Дискутабилно е, мене ако ме прашате, дал воопшто може да се нарече сателит, зошто буквално мојава зграда во која сум сега е поголема од него. Вакви објекти ако се зафатиме да бараме, којзнае колку многу ќе пронајдеме во „блиската“ орбита на земјата.

    Како и да е, интересно откритие. :)
    [​IMG]
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Anon и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Откриена петтата фундаментална сила (или сепак не?)

    Деновиве, електронските медиуми беа преплавени од сензационалистички статии за откритието на петтата фундаментална сила на универзумот. Што всушност се случи и за какво откритие се работи?

    Прво, би сакал да кажам дека ми е жал што вестите од областа на науката не се имуни на сензационализмот на денешницата – секојдневно налетуваме на наслови како „Неверојатно! Оваа жена јадела по 5 семки од јаболка секој ден и никогаш нема да погодите што се случило!“ – наслови кои ветуваат многу, а чија содржина (ако воопшто се решиме да ги прочитаме) е празна и шуплива. За жал, во светот во кој успешноста на електронски медиум зависи од бројот на кликови на одредена вест, сензационалистичките наслови се нужно зло од кое нема бегање и ниту една област не може да остане имуна на борбата за лајкови и кликови.

    Од истата таа причина, денес е многу потешко да се најде асален извор за да се анализира некоја новост и за да се раздели шоу-бизнис сензацијата од вистинската информација.

    Па, дали навистина е отркиена нова фундаментална сила? Накратко, не. Или барем, не сеуште.

    Идејата за петта фундаментална сила не е нова и постои, пред се, бидејќи денешната физика не ја забранува можноста за нејзино постоење.

    Бидејќи сеуште не е откриена, се претпоставува дека по својата јачина е блиска до гравитацијата (односно, е многу послаба од електромагнетизмот и нуклеарните сили) и дека има опсег од неколку милиметри до космолошки растојанија. И токму нејзината мала јачина ја прави тешка за детектрирање – секако, ако воопшто постои. Нема да навлегувам во досега изнесените хипотези за петтата сила, бидејќи ниту една од нив не е докажана, туку ќе одам директно на откритието кое деновиве се најде низ интернетов.

    Се почнува со експериментот на група унгарски научници кои трагале по т.н. „темни фотони“ – хипотетички честички за кои се смета дека можеби се поврзани со мистериозната темна материја од која е составен најголемиот дел од нашиот универзум. Но, наместо тоа, нашле нешто друго. Што поточно – ни самите сигурно не знаеле.

    Она што го откриле биле појави кои укажувале на откритие на нова честичка – но не било јасно дали се работи за материјална честичка или честичка-носач на сила.

    Потоа, овие експериментални податоци биле разгледани од група теоретски физичари од Универзитетот на Калифорнија. Тие го заклучиле следново – аномалиите кои ги забележале во експериментот на Унгарците би можеле да се објаснат со постоењето на нов протофобичен баждарен бозон. Баждарните бозони инаку се честички кои се носачи на фундаменталните сили во природата. (Да напоменам само дека иако гравитацијата е фундаментална сила, нејзината честичка-носач или баждарен бозон сеуште не е откриена - ако воопшто и постои.)

    Само за потсетување, еве како се поделени елементарните честички во природата:

    [​IMG]


    [​IMG]

    Протофобичен, поради фактот што е забележано дека новата честичка стапува во интеракција само со електрони и неутрони, но не и со протони. Овие интеракции се случуваат во многу ограничен опсег, што може да е причината зошто не биле претходно забележани.

    Да резимирам: ако теоријата на физичарите од UCI се покаже како точна, би можела да постои скриена петта сила со многу мала јачина, која би можела да биде „алката што недостасува“ во нашето моментално разбирање на физиката на честичките и невидливиот „темен“ дел од физиката, кој е одговорен за нештата како темната материја.

    Но, во целово „откритие“ постојат премногу „ако“ – бидејќи, пред се, теоретизирањата се засновани само на еден експеримент (оној на унгарските физичари) кој сеуште не е експериментално потврден ниту реплициран од ниту една друга група на научници. И секако, дури и ако резулатите од експериментот се покажат како точни, тоа не значи дека и теоретското објаснување за нив е точно и дека нема да се појави некое друго.

    Во секој случај, резултатите се интересни и вреди да се истражува во оваа насока, но сепак, пред да го објавиме откривањето на петтата фундаментална сила на природата ќе треба да почекаме – барем уште некое време. :)
     
    На EvAngelos, imelda, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Нз дaли е зa тукa aмa aј..
    Штo беше тoa oд НАСА зa тринaесетти хoрoскoпски знaк,и сменети се дaтите нa стaрите,пa пo нивнoвo нoвo oбјaвувaње сум др знaк.
    Ќе се прифaти тoa или не?
    А и не ми текнувa нa кoјa инт стрaнa читaв.
     
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ако мислиш на тоа дека соѕвездијата од зодијакот не се совпаѓаат со соѕвездијата на денешното ноќно небо, тоа е точно. Инаку, 13-тиот знак не е нешто ново во астрологијата - тој постоел уште пред 2000 години, но современите астролози се одлучиле да го исклучат од хороскопот, затоа што 12-те знаци подобро одговараат со 12-те месеци во годината.

    Податоков НАСА го пласира само за да докаже колку е астрологијата бесмислена и тотално неповрзана со небесните тела, а не за да укаже на некаков пропуст во оваа „наука“. Астрологијата е измислица од почеток до крај, и тотално е небитно дали ќе постојат 12 или 13 хороскопски знаци.

    Што се однесува до тоа дали 13-тиот знак ќе се прифати и „официјализира“ во хороскопот, тоа не зависи од НАСА или било која друга научна организација, туку од самите астролози. Јас мислам дека не, затоа што тоа само може да ги збуни нивните лековерни муштерии, на чиј грб астролозите живеат удобен живот, смислувајќи приказни и предвидувања и правејќи им натални карти. :)
     
    На Anon, theowndemon и mariatim им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    За сината, црната, црвената и супер-Месечината


    Последниве години нашиов интернет-простор изобилува со „вести“ дека деновиве ќе се појави некаква Месечина - сина, црвена или супер, а луѓето попусто зјапаат кон небото и очекуваат да видат нешто невообичаено или досега невидено. Затоа, сакав да напишам збор-два, како појаснување за сите овие „појави“.

    Поимот „Сина Месечина“ нема никаква врска со промена на бојата на Месечината, туку едноставно се користи за дополнителна полна Месечина која се појавува во истиот месец од годината. Тоа е така затоа што секој лунарен циклус во просек трае 29.53 дена, што значи дека секоја календарска година се собираат приближно 11 денови „вишок“. Па така, на 2 до 3 години, во еден месец се случува да имаме 2 полни Месечини. Интересно, но далеку од фасцинантно и многу поразлично од она што очекуваме да го видиме на небото кога ќе прочитаме дека „утре ќе има сина Месечина“.

    Црната месечина е „феномен“ обратен од сината – дополнителна млада Месечина која се јавува во даден месец. Поимот исто така може да означува и отсуство на полна или млада Месечина во даден месец од годината.

    Вистински сина Месечина можеме да очекуваме кога во атмосферата имаме честички на прашина или чад, предизвикани од големи шумски пожари или вулкански ерупции. Финтата е во атмосферата да имаме честички со вистинска големина – околу 1 µm – кои ќе ја расејуваат црвената и жолтата светлина.

    Обратно пак, ако имаме честички кои ја расејуваат сината светлина, тогаш ќе имаме црвена Месечина. Црвена (или портокалова) Месечина исто така се јавува кога полната Месечина се јавува на хоризонтот, а не високо на небото – поради густината на земјината атмосфера во насока на хоризонтот, која ја расејува сината светлина најефикасно. Поради истата причина поради која небото го гледаме како сино, полната Месечина во близина на хоризонтот ни делува црвено.

    Супермесечина“, од друга страна, воопшто не е астрономски поим, туку е измислен во 1979-та од страна на астрологот Ричард Нол. Всушност, Супермесечина е полна Месечина која се јавува кога Месечината е во перигеј (најблиску до Земјата). Повторно, поимот не наведува на погрешен заклучок, а тоа е дека Месечината ќе биде којзнае колку поголема од вообичаено.

    Реалноста е дека разликата во големината на Месечината (гледано од Земјата) во апогеј и перигеј е само 14% во големина, односно 30% во рефлектираната светлина.

    [​IMG]

    Овој факт станува уште понеимпресивен ако сфатиме дека разликата помеѓу полната Месечина од, на пример, минатиот месец, и месецот во кој имаме „Супермесечина“ е само 1.67%! Најверојатно, целосно незабележнително за човечкото око и просечниот набљудувач. На сликата подолу е споредба помеѓу „супер“ и просечна полна Месечина.

    [​IMG]

    Интересно е да се запрашаме зошто полната Месечина во апогеј (Минимесечина?) не е толку популаризирана како Супермесечината. Најверојатно затоа што некој астролог сеуште не го измислил поимот. Ама, ова може да се очекува кога се мешаат две неспоиви ствари како астрологија и астрономија. :)

    Сепак, секој од нас бил сведок на Месечина која изгледала поголема од вообичаено. Зошто е тоа така?

    Одговорот е – оптичка илузија.

    Една теорија вели дека нашиот мозок го перцепира растојанието до небото директно над нас како поблиску отколку растојанието до хоризонтот. Па така, Месечината долж хоризонтот ни делува поголема, затоа што мислиме дека е подалеку.

    [​IMG]

    Оваа слика ни го прикажува токму тоа – горната жолта линија изгледа поголема од долната (бидејќи на нашиот мозок му изгледа „подалеку“), иако во реалноста – и двете се идентични.

    Дргуо објаснување за тоа зошто Месечината високо на небото делува помала е – бидејќи е опкружена со празен простор – додека Месечината на хоризонтот, поради дрвјата, зградите и другите објекти кои ја опкружуваат делува поголемо.

    [​IMG]

    Еве слика од друга оптичка илузија која го демонстрира ова – десниот портокалов круг делува поголемо, бидејќи е опкружен со поситни кругови. Иако, повторно, и левиот и десниот се идентични.


    Месечината е сосема доволно импресивна, восхитувачка и магична глетка сама по себе – нема потреба да биде ни сина, ни црвена ни супер. :)
     
    На daylight, EvAngelos, LittleChili и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez, многумина просветли, ама и разочара сеа со месечиниве. :lol:
    Се зезам, многу интересен пост, како од оние did you know сајтовите. (y)

    Иначе ептен ви е предобра темава за читање кога човек е расположен за реферати, многу може да се научи. :bow:
     
    На theowndemon, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Во четврток 20. октомври во 20 часот на ФЕИТ (Факултет за електротехника и информациски технологии) на ул. Никола Тесла во Карпош 2 предавање за:

    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Ketchup, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Сега ми излезе на фб убавинава, па мислам дека најсоодветна тема да ја споделам е тука 8-|

     
    На BojanaLegija, Ginger^, Outlook и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^ Многу ми се смешни, the people of the internet, и со минатата Проксима и со овие 7 нови планети како се нафурани дека сме направиле не знам каков break thru на полето на човештвото и како еве кај и да е, ќе тргнеме натаму и ќе настапи нова ера.

    Ако има и тука такви, ве молам вратете се во реалноста и погледнете ги нештата. Не можеме еден мочан глад глобално да искорениме, не па да стигнеме до ѕвездите. Трапист-1 е 39 светлосни години оддалечен. За да успееме некогаш да развиеме технологија да се движиме барем приближно до брзината на светлината, треба да живееме глобално во свет во кој сме способни да сфатиме во целина, како човештво, дека возењето со 120 на Партизанска со мотор и дупнувањето ауспуси на Југо Корал 45, за да звучи како ракета на лансирна рампа не нè прави космонаути.

    Иначе забавно откритието на НАСА. Добро е да се види дека развиле технологија да видат ствари оддалечени незамисливо далеку, ама камерите со 2 мегапиксели на Самсунг уште се продаваат по цена од 2 просечни македонски плати.

    Спаваш ли мирно Киме Јоже Уне што си ги чуваш тоа нуклеарките по подруми. Рокај друже, да ја праиме или џа или бу работава.
     
    На Bender Rodriguez, wanderlust, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Капетане, мене не прекинува да ме изненадува човечката глад за сензација. Зарем не е доволно што е откриен нов ѕвезден систем, со планети, со сФе, него одма мора да се пласираат сензационалистички дезинформации од типот дека веќе е најден живот таму или дека ние некогаш лично ќе го посетиме? Иако, морам да признаам, попрво ќе читам надувани факти и полувистини за некој друг ѕвезден систем, отколку за г’зот на Ким Кардашијан. И се радувам што по медиумиве сеуште можат да предизвикаат сензација новости за ѕвездите, а тие ѕвезди да не се Кардашијанс. :D

    Инаку, што е она што е интересно во откритието за Трапист-1?

    Прво, интересното е што астрономите потрагата по планети за прв пат ја насочуваат кон ултраладните, џуџести ѕвезди – наместо, како што беше досега, да ги бараат околу ѕвезди слични на нашето Сонце.

    Зошто е ова интересно?

    Прво, нашето Сонце е атипичен претставник во вселената – повеќето ѕвезди кои постојат не се налик на него. Од друга страна, токму ултраладните ѕвезди се оние кои се најраспространети. Фактот што околу нив постојат планети е статистички важен, бидејќи ако околу релативно вообичаена ѕвезда како Трапист-1 се откриени 7 планети, тогаш може да се заклучи дека постоењето на планети е појава која е релативно честа во космосот – нешто за што веќе многумина се сомневаа, но ова е првиот чекор кон потврдување на таа хипотеза.

    Второ – самите планети кои се откриени. Повеќето со големина и состав сличен на Земјата, а за дури три од нив се смета (можно е да се и повеќе) дека се наоѓаат во т.н. „habitable zone“, односно на таква оддалеченост од својата ѕвезда и со таков атмосферски притисок за да на нив може да егзистира вода во течна состојба.

    Сепак, иако се навидум слични со Земјата по многу аспекти, планетите околу Трапист-1 се вистински alien worlds, во правата смисла на зборот.

    Прво, нивните орбити се многу поблискупоставени во однос на планетите во нашиот Сончев систем. Колку многу? Може да се види од оваа споредбена шема.

    [​IMG]

    Второ, ова значи дека имаат многу кратки орбитални периоди – од 1 ипол ден до 12 денови – толку трае една година на планетите околу Трапист-1.

    Трето, нивната близина до Трапист-1 значи дека најверојатно се „tidally locked“, т.е. дека синхроно ротираат со својата ѕвезда – односно, дека едната страна на планетите е секогаш свртена кон ѕвездата, а другата секогаш во темнина.

    Но, нивната близина до ѕвездата Трапист-1 не значи дека тие се изложени на огромни количества на зрачење – всушност, температурата на Трапист-1 е речиси двојно помала од онаа на Сонцето – околу 2285oC, а споредбата на енергијата која ја примаат планетите околу Сонцето и оние околу Трапист-1 е дадена на следнава шема.

    [​IMG]

    Од шемата се гледаат и планетите за кои се смета дека се во „habitable zone“– 1d, 1e и 1f.Исто така, ова значи дека Трапист-1 во најголем дел емитира зрачење во инфрацрвениот, за нас невидлив, дел од електромагнетниот спектар.

    Дали може да очекуваме дека ќе најдеме живот на планетите околу Трапист-1?

    Накратко, сеуште е многу рано да се каже.

    Кон крајот на 2018-та се очекува лансирањето на вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој би требало да биде формален наследник на Хабл. Се очекува дека со овој телескоп ќе може да се анализира атмосферата на планетите околу Трапист-1.

    Кислородот во својот молекуларен облик би бил добар индикатор за постоење на живот на некоја од планетите – бидејќи е нуспродукт на живи организми (во случајот на Земјата, на растенијата).

    Од друга страна, Трапист-1 е релативно „млада“ ѕвезда, барем според нашите стандарди – стара само 500 милиони години. За споредба, за Сонцето се смета дека е старо околу 4.6 милијарди години, додека Земјата е околу 4.5 милијарди години.

    Ако го земеме животот на Земјата за пример (а за жал, друг пример немаме) – за неговото настанување се смета дека биле потребни околу 500 милиони години, што е еднакво на староста на целиот систем Трапист-1. Што значи, сосема е можно да не најдеме живот, дури и да има услови за негово настанување, или евентуално, најдоброто на што можеме да се надеваме е примитивен облик на живот. Во секој случај, и да постои, ќе биде детектиран индиректно, преку анализа на составот на атмосферата на планетите.

    Сепак, кога се зборува за животот надвор од Сончевиот систем, се работи врз основа на многу претпоставки – претпоставки направени врз основа на животот на Земјата – кои можеби и ќе се покажат како целосно неточни.
     
    На do-re-mi, theowndemon, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Астрономите забележаа мистериозна дамка од античкиот Универзум
    [​IMG]
    Милениумската симулација покажува како стандардниот модел претпоставува дека галаксиите се распоредени во Вселенската мрежа

    Како што ни се усовршуваат телескопите, можеме да гледаме сè поназад и поназад во минатото за да одредиме како настанале галаксиите што ги гледаме денес. И покрај тоа, понекогаш наоѓаме нешта кои не се совпаѓаат со нашите теории. Сегашноста е време на тие откритија.

    Меѓународен тим на истражувачи објави дека е откриена огромна водородна маглина сместена на 10 милијарди светлински години од нас. Таа изгледа дека е огромна маглина од типот Лајман Алфа (enormous Lyman Alpha nebula – ELAN), т.е. ретка група на џиновски облаци од гас кои светат благодарение на енормното количество енергија од квазарите. Но, оваа маглина, наречена МАММОТХ–1, нема квазар во неа.

    Истражувањето, кое беше објавено во AstroPhysical Journal (и е достапно на интернет), е дел од „Mapping The Most Overdensities Through Hydrogen“ – MAMMOTH (мапирање на најгустите водородни објекти) програмата. Истиот тим научници претходно откри иста маглина од овој тип (наречена „Маглина Полжав“ или Slug Nebula), но за разлика од сегашната, истата поседувала квазар.

    „Екстремно е светла, и најверојатно е поголема од маглината Полжав, но не можеме да видиме ништо повеќе од слаба дамка на галаксија. Значи, маглинава е страшен енергетски феномен, без видлив извор на енергија.“- изјави проф. Хавиер Прочаска, од Калифорнискиот универзитет Санта Круз. „Претпоставувам дека станува збор за квазар, но дека е толку опколен од прашина, што поголемиот дел на светлина е сокриен.“


    [​IMG]
    Површинско зрачење на MAMMOTH-1. Заслуги: Cai et al., Astrophysical Journal

    Според Стандардниот модел на Вселената, галаксиите се распоредени во нишки од темна материја. Оваа структура се формирала веднаш по Големиот Прскот пред околу 13.8 милијарди години.

    „Од распределбата на галаксиите можеме да заклучиме каде се нишките на космичката мрежа, а маглината е совршено координирана со оваа структура.“- додаде авторот Зенг Чаи, исто така од КУ Санта Круз.

    МАММОТХ–1 не само што е крстосница во локалната космичка мрежа, туку е и една од поголемите. Има невообичаено висока концентрација на протогалаксии на простор со пречник од само 50 милиони с.г. Ако можеме да ја набљудуваме денес, тоа би било неверојатно галактичко јато со пречник од само една светлинска година.

    МАММОТХ–1 ќе биде ништо во споредба со она што допрва ќе го откриваме. Кога ќе бидат лансирани опсерваториите како Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (James Webb Space Telescope), ќе можеме да погледнеме уште подлабоко во минатото на Универзумот, а сегашните мистериозни објекти тогаш ќе бидат само капка во океанот на откритија од почетокот на времето.

     
    На Someonespecial и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Цикличен универзум – дали Биг Бенг воопшто постоел?

    Двајца млади физичари од „соседството“, хрватите Петар Павловиќ и Марко Сошиќ, предизвикаа големо внимание со својот труд насловен како Cyclic Cosmology in Modified Gravity, објавен во списанието Physical Review D, во кој го изложуваат своето толкување на моделот на цикличен универзум.

    Моделот на цикличен универзум кој, настрана од размислувањата на античките филозофи и метафизичари, за прв пат во научната заедница е изнесен во ’30-ите години на минатиот век, како можен модел врз кој е заснован нашиот универзум, веќе со децении е напуштен од страна на сериозните физичари и космолози за сметка на моделот на експандирачки универзум – оној кој настанува од Биг Бенг.

    Многу од доказите, вклучувајќи го микробрановото зрачење, Доплеровиот ефект, анализите на суперновите и генералната слика на космосот, укажуваат на фактот дека нашиот универзум се шири – и тоа забрзано! Ако ја земеме во предвид и Ајнштајновата општа релативност, која е една од емпириски најдокажаните теории, која исто така оди во прилог на овој модел, се чини дека сликата е јасна – живееме во универзум кој настанал од сингуларност, во настан наречен Биг Бенг, кој од своето настанување се шири и ќе продолжи да се шири, во бесконечност.

    Но, со овој генерално прифатен модел постојат неколку очигледни недостатоци.

    Прво, во моментите на сингуларноста, па и Биг Бенгот, конвенционалните закони на физиката кои денес ги знаеме прекинуваат да важат. Ова практично значи дека никогаш нема да можеме со сигурност да го потврдиме механизмот на настанување на нашиот универзум и условите кои владееле на самиот почеток, поради ограничувањата кои ни ги наметнуваат законите на универзумот во кој живееме сега.

    Второ, за да се објаснат нашите опсервации во склад во општата релативност и моделот на експандирачки универзум, потребно е да се воведат концепти како темна материја и темна енергија, кои ефективно претставуваат непозната маса и сила, досега недетектирана од нас, а која сепак е задолжена за најголем дел од масата која ја има нашиот универзум.

    Трето, самиот концепт на Биг Бенг повлекува низа филозофски, метафизички и религиозни прашања, од типот „Како од ништо настанало нешто?“, „Зошто настанал Биг Бенг?“, „Што постоело пред да се случи Биг Бенг?“ и сл., а ова се прашања на кои науката (можеби) никогаш нема да може да даде задоволителен и, уште поважно, издржан одговор.

    Убавината на моделот кој ги изложуваат Павловиќ и Сошиќ е во тоа што тој не се потпира на ниту една од сѐ уште недокажаните теории во физиката, како суперсиметрии, дополнителни димензии, string theory и слични концепти. Нивниот модел дури ја елиминира и потребата на постоење на мистериозната темна материја и енергија.

    Имено, тие теоријата на општа релативност ја сметаат за нецелосна, од проста причина што таа не ги зема во предвид принципите на квантната физика. Бидејќи сѐ уште немаме развиена и потврдена теорија за квантна гравитација, тие сметаат дека токму оваа насока е вредна за истражување.

    Нема да навлегувам во детали, бидејќи и моите познавања од оваа област се доста ограничени, но суштината на нивниот труд се сведува на следново: модифицирање на Лагранжовата густина која вклучува инваријанти на закривување од повисок ред може да доведе до квантизација на гравитацијата.

    Суштината на оваа неразбирлива реченица е следнава: ако се модифицира Ајнштајновата општа релативност, може да се добие фунционален модел на универзумот, кој е во склад со нашите опсервации, кој е ослободен од (за сега) недоволно јасните и хипотетички концепти како темна материја и енергија, како и проблемот на спонтано настанување на нешто од ништо.

    Единствената разлика е во тоа што наместо во универзум кој се шири, всушност живееме во цикличен универзум, кој поминува низ циклуси на ширење и создавање и контракција и уништување – универзум кој е вечен, кој отсекогаш постои и ќе постои засекогаш.

    Трудот го завршуваат со следниов цитат од Хераклит (кој, по некоја случајност е и мојот омилен старогрчки филозоф):

    Овој свет, еден и единствен,
    ниту од бога ниту од човека создаден,
    кој отсекогаш бил, е и ќе биде
    вечен оган, кој се пали и гаси со мерка
    .

    Доста поетично од нивна страна, нели? :)
     
    На Someonespecial, theowndemon, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Астрономите можеби конечно ја имаат првата слика од црна дупка

    Првиот обид да се „погледне“ во една црна дупка и да се направи фотграфија од нејзиниот хоризонт на случувања- точката од која нема враќање, односно границата простор-време, се чини дека е успешен, со оглед на тоа дека десетдневниот период на опсервација поминал без позначајни поблеми.
    Сите собрани податоци се ипраќаат до два суперкомпјутери, во САД и Германија на понатамошна обработка, а научниците очекуваат дека на почетокот на 2018 година точно ќе знаат дали ги имаат првите историскии снимки од црна дупка.
    Со проектот наречен „Event Horizon Telescope“, виртуелно биле поврзани бројни телескопи низ целиот свет со цел да се креира телескоп со големина на Земјата, така што да има ефикасен дијаметар колку
    целата планета. Тој е во состојба да сними многу ситни детали на исклучително голема оддалеченост.
    [​IMG]
    Картата ги прикажува локациите на телескопите кои се користени во овој проект.

    Црните дупки не е тешко да се забележат, но проблем претсставува резолуцијата со која се снимани. Бидејќи материјалот што го акумулираат е екстремно врел, снимките често се заматени. Новиот телескоп би требало да овозможи јасни слики каде се гледа прстенот што ја опкружува црната дупка и нејзината сенка.

    Истражувачите таргетирале две црни дупки. Едната е „Сагитариус А“, црна дупка која се наоѓа во центарот на Млечниот пат, а втората е „Месиер 87“, супермасивна црна дупка во една елиптична галаксија оддалечена 53 милиони светлосни години.

    „Очекуваме да видиме асиметрична слика на која се наоѓа кружен темен регион. Тоа е сенката на црната дупка.На работ од ова можно е да има светол круг. Тоа е фотонски прстен, кружен регион во вселената каде гравитацијата е толку силна што ги принудува фотоните да се движат во орбитите.
    Околу него би требало да се наоѓа една полумесечина, од едната страна светла, а од другата темна. Полумесецот го создава материјата која се движи околу цната дупка со десетина од брзината на светлината.Кога се емитуваат фотони и ако честичките се движат кон набљудувачот, тогаш изгледа многу светло. Ако се оддалечуваат од набљудувачот-изгледаат се потемни. Тоа ја создава асиметријата“ вели Винсент Фиш од опсерваторијата „Haystack“ на МИТ, кој работи на проектот.


    Податоци, снимени на хард дискови се обработуваат во два институти – „MIT Haystack“ Масачусетс во САД и Макс Планк Институтот за радио астрономија во Бон, Германија.


     
    На Bender Rodriguez, Someonespecial, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Немојте да го испуштите најголемиот и најсветлиот дожд од метеори

    Оваа година се очекува најсветлиот дожд од метеори за кој се верува дека ќе го осветли небото и дека некои метеори ќе бидат видливи и во текот на денот. Дождот се очекуваа да почне на 11-ти август и да трае до 13-ти август, 2017-та година. Највидлив ќе биде на 12-ти, а астрономите сметаат дека ова ќе биде најсветлиот дожд од метеори во последниве 100 години.
    Овој феномен е познат како метеорски дожд Персеиди и се случува секоја година помеѓу 17-ти јули и 24-ти август. Најдобриот поглед кон настанот ќе го имаат луѓето на северната хемисфера, а метеорите изгледаат како да доаѓаат од соѕвездието Персеј.


    [​IMG]

    Најдобро е небото да го набљудувате со голо око бидејќи така ќе забележите повеќе метеори наеднаш. Инаку, дождовите од метеори се случуваат кога честички од вселената се судираат со атмосферата на Земјата со огромна брзина.
     
    На Someonespecial, Bender Rodriguez, BlackAndWhiteSwan и 6 други им се допаѓа ова.
  20. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    ^Метеорскиов дожд од каде најдобро може да се види во Скопјево?