Астро водич за свекрви

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Vitorija, 28 октомври 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    602
    Каква свекрва ќе бидете, или каква свекрва Ве очекува? Но дефинитивно одговорот за тоа колку е ова точно го имаат оние со "свекрвите до себе". Па да си знаете или препознаете, сепак можна е и некоја поука или совет (секако во зависност од профилот на свеквата :!: :lol: )

    Феноменот на свекрвата како злобна жена на којашто и е „одземен“ синот, распространет е во сите култури. Секако, тој често е искарикиран но факт е дека мајките се врзани за своите синови (како што се татковците за ќерките), па оваа теорија во некоја мера е и реална. Кога две жени се наоѓаат покрај еден маж, без разлика дали се работи за сестри, мајки или сопруги, секогаш доаѓа до спротивставени ставови, а понекогаш и до големи караници. Во тој случај астрологијата дава совет кој е најдобриот начин да реагирате, имајќи го во вид астролошкиот профил на Вашата свекрва .

    Свекрва Овен : Кога се приближува кон вратата на Вашиот дом се чувствувате како војник на кој му се приближува генерал. Влегува како ураган и се однесува како да не ја интересира Вашиот личен живот, но да не се лажеме- ја интересира и тоа како. Готвењето ќе биде една од целите на напад, зошто нејзиниот син „страда“ поради Вашата кујна. Таа е импулсивна и сака во се не само да учествува, туку и да газдува. Затоа е важно од самиот почеток да и се спротивставите и да го спречите овој свекрва- ураган.

    Свекрва Бик : Таа се гордее со жената на нејзиното галениче, но кога најмалку се надевате ќе Ве потсети на својот тестамент; тоа значи дека нешто не и се допаднало. Можеби е по малку материјалист, но ќе Ви биде идеален финансиски советник. Манијакално бара чистота и ред. Ако сакате да ја израдувате со некој подарок- обрнете внимание на цената; нема да ја интересира колку е подарокот добар, туку колку чини. Ако пречесто и ги оставате децата на чување постои „опасност“ да Ви бидат разгалени и дебели.

    Свекрва Близнаци : Ако на неа оставите добар впечаток, ќе биде како да сте добиле на лото. Тешко ќе ја разберете, зошто едно мисли, второ зборува, а трето работи. Но идеална е за чување деца зошто е многу одговорна. Има потреба да се меша во личниот живот на нејзиниот син, зошто тоа е нејзиниот примарен интерес. Но, во Вашата брачна кавга нема задолжително да застане на негова страна, не затоа што многу Ве сака, туку поради нејзиното чувство на правичност, или поради моменталното расположение.

    Свекрва Рак : Таа е вистински Рак . Не е ни импулсивна, ни опасна, но во состојба е да лие крокодилски солзи за секоја ситница. Нејзините постојани промени на расположението ја прават раздразлива. Не ни пробувајте да ја лажете, многу е интуитивна и нема да успеете во тоа, а за нејзината кујна користете само изрази како: совршено, сјајно, неповторливо- за да не Ве стави на црна листа. Пречувствителна е, но се што прави- прави за да им се приближи на своите деца и на своето семејство.

    Свекрва Лав : Ваква свекрва и не е баш најсреќна прилика. Во Вас гледа конкуренција па не очекувајте пофалби од неа. Важно е на самиот почеток да и покажете заби, зошто како мошне интелигентна и доминантна жена скоро сигурно ќе игра нечисти игри со Вас. Без престан ќе Ви ја проверува куќата со или без Ваше знаење зошто таа мора се да контролира. Позитивна страна е што е одличен педагог, па и покрај големата љубов према внуците- никогаш нема да ги разгали.

    Свекрва Девица : Таа е многу поразумна и поедноставна од останатите кои пробуваат да се наметнат. Клуч за успех е чистотијата! Ако куќата не Ви е доволно уредна и чиста, ќе влета во неа како фурија и ќе изврши рација во чистење. Штедлива е па добро е да ја прашате за совет кога се во прашање финансиите. Од тоа ќе имате двоен профит- и финансиски, а и ќе си го подобрите односот со свекрвата .

    Свекрва Вага : Ќе биде Ваша десна рака, ќе Ве поддржува и кога треба и кога не треба; секако најчесто кога не треба. Но кога настаните ќе почнат да се одвиваат неповолно- ќе одлета како пеперутка, зошто не умее да се носи со конфликти. Секогаш ќе биде добро расположена, а пензијата ќе ја троши на скапи подароци за своите внучиња.

    Свекрва Шкорпија : Во овој случај среќата е важен фактор. Таа може да биде вештерка и тиранин која со поглед Ви го сече зборот и отворено Ви кажува колку не Ве сака. Не постои средина, или ќе Ве обожава или нема да може да Ве поднесе. Во обата случаи важно е да и го покажете својот став и да бидете искрени и директни, тоа навистина ќе го цени. Ако го истуркате почетокот со време ќе сфатите колку е чувствителна, внимателна и во состојба да Ве поддржи во секоја ситуација.

    Свекрва Стрелец : Оваа свекрва едноставно ја нема. Потполно е отсутна. Смета дека нејзиниот син веќе не е нејзино гајле па воопшто нема да Ви се меша во животот. Покрај неа ќе се чувствувате опуштено, а бидејќи се интересира за окултизмот- ставете го кафето и поведете разговор за астрологијата, картите и гледањето во грав. Сигурно ќе ја воодушевите.

    Свекрва Јарец : Се меша само во финансиите, зошто парите најмногу ја интересираат. Другото не ја интересира многу, но со задоволство спрема ручек, прави зимница, пече колачи, дури и плете. Но не оставајте и ги пречесто децата на чување зошто најверојатно ќе ги разгали поради својата чувствителност. Ако Ви притребаат пари, нејзините купчиња мали и големи Ви се на располагање, а тука е и за корисни совети- послушајте ја. Таа ништо не прави непромислено и несигурно.

    Свекрва Водолија : Оваа свекрва за цел го има општото добро на светот, па нема да има време да Ви се меша во бракот. Зафатена е со членување во разноразни добротворни организации, здруженија, цркви. Ако не сте и интелектуално рамна нема толку да Ве сака, но во секој случај ќе Ве почитува. Ако и побарате помош веднаш ќе притрча. Внуците ќе ги учи да имаат свој став и да бидат независни.

    Свекрва Риби : Нема да Ви излегува од дома, но не од злоба, туку има потреба да помага и да се чувствува корисна. Клучот е вешто да ја држите на дистанца, но постојано да и кажувате колку Ви е важна и корисна. Ќе и биде мило. Ова ќе Ви помогне и при нејзините чести промени на расположението, а таа ќе Ви биде навистина многу корисна и внимателна со внучињата.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    Читајќи солзи ми дојдоа на очите, колку е таа само добра а јас како се однесувам со неа... ;(
    Да го знаев ова порано немаше да биде вака... ;(
    :D Нема врска ова со свеки моја, уствари добра си е она, само не ни било пишано :D
     
    На Vitorija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    602
    Скорпионке, во болдираното е одговорот изгледа ]:) :lol:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.034
    Се молам за ваква:
    Свекрва Водолија : Оваа свекрва за цел го има општото добро на светот, па нема да има време да Ви се меша во бракот. Зафатена е со членување во разноразни добротворни организации, здруженија, цркви. Ако не сте и интелектуално рамна нема толку да Ве сака, но во секој случај ќе Ве почитува. Ако и побарате помош веднаш ќе притрча. Внуците ќе ги учи да имаат свој став и да бидат независни.
    :D
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.826
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: Aпсолутно погрешно.....мојава тешко е да се задржи дома, не дека ми е потребна :lol: , ако може ќе ти одмогне со тоа што вешто ќе се потруди да ти ги наметне и нејзините обврски (алал и вера ако успее, на мојава не и успеа), а за внучињата колку сака да ги чува :o , е тоа е посебна приказна :!: единствено точно е болдираното :)
    Ова јас за мојава свеки си кажувам :D
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.429
    Допаѓања:
    76.037
    Пол:
    Женски
    Немам свекрва, ама интересни ми се сите овие астро теми, па не можев да се воздржам од коментар!
    Мајката на мојот потенцијален плен е водолија. Е сега, не дека ќе ми стане свекрва, ама морав да дадам коментар бидејќи наведеното се поклопува!
    Женава е презафатена де наваму, де натаму, де во оваа, де во онаа организација.
    Фала богу, дај да засукам ракави и да тргнам во акција да се угодиме, ептен сакам такви кои нема да ми го реметат мирот! :D
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.755
    Значи јас сум една од среќничките...хахаха
    Ајде ајде кога се сака се се може, а за другот Бог да ви е на помош. Секој си има свој карактер, само да му ги погодиш вистинските дугмиња, а за со некои треба мн јаки нерви да имаш. Една пријателка каква свекрва имаше абе што да ви кажувам, ама она да мамо, така мамо, сакаш нешто мамо не дека мн мн сакаше да и се лижи ама си и го фати табиетот и пак по нејзино си тераше, па си замина после доолги години на страна да си живее и си беше се како што она си сака. А до душа и пред тоа беше. :lol:
    Челични нерви и топ не ќе ве бие, дека вашето здравје и среќата со сопругот зависат од тоа. Ако е маж ќе ја искара ако таа е во криво, ама пак мајка си е мајка. Јас некому очи ќе му ископам ако само нешто лошо каже за мојата мајка, па се ставам во чевлите на другиот. МАлку забегав од темата ама се надевам дека ќе најдете нешто корисно, иако мн членки поискусни од мене замајте ука и мн среќа ви посакува тетка Ноел, без разлика кој хороскопски е свеки
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    3.999
    Пол:
    Женски
    :clap: :lol: можеби некогаш и ќе бидам ваква
     
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.880
    Свекрва Лав : Ваква свекрва и не е баш најсреќна прилика. Во Вас гледа конкуренција па не очекувајте пофалби од неа. Важно е на самиот почеток да и покажете заби, зошто како мошне интелигентна и доминантна жена скоро сигурно ќе игра нечисти игри со Вас. Без престан ќе Ви ја проверува куќата со или без Ваше знаење зошто таа мора се да контролира. Позитивна страна е што е одличен педагог, па и покрај големата љубов према внуците- никогаш нема да ги разгали.


    Можеби, не викам не. Можеби и ќе бидам ваква прекрасна свекрва.
    Страв и трепет пред мене! Има пиперефка да игра таа несреќата :D :D
    Се зафркавам.
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    9.222
    Допаѓања:
    81.315
    Интересна тема :lol:
    Е болдираното е за госпожата. Колку мислев дека е незаинтересирана а таа да идела до крајности :| Ноу комент :x За готвењето исто,абе секој ден прави по едно благо,па само се фали со рецепти,али мојов кога ќе ме пофали алал да му е :clap: Тогаш госпожата веднаш прашува -а што тоа си готвела?,нормално и кажувам,уште понормално ќе каже-Хммм,јас не би го правела така, премногу е мрсно... ]:)
    Ама џабе и е,мојот го обожава моето готвење ]:)
     
    На happiness! и thelittle17 им се допаѓа ова.
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.332
    Свекрва Бик : Таа се гордее со жената на нејзиното галениче, но кога најмалку се надевате ќе Ве потсети на својот тестамент; тоа значи дека нешто не и се допаднало. Можеби е по малку материјалист, но ќе Ви биде идеален финансиски советник. Манијакално бара чистота и ред. Ако сакате да ја израдувате со некој подарок- обрнете внимание на цената; нема да ја интересира колку е подарокот добар, туку колку чини. Ако пречесто и ги оставате децата на чување постои „опасност“ да Ви бидат разгалени и дебели.


    Moјата идна свекрва е Бик.
    Супер си е женичката ,ме сака ,ме почитува а богами и јас неа ,скоро за се се сложуваме и имаме слични мислења ,така да Зверот е тој што би можел да настрада ,а не јас :D

    Дај Боже таа да ми е , има живот да живеам со неа!
    И не е тежок материјалист ,во границите на нормалата ,коректна жена ,културна ,нормална е и околу редот и чистењето... :* за Идната ми свекрва бе!
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    14.137
    Пол:
    Женски
    Ова сум јас, 100% точност (во иднина)... :rofl:

    А и свекрва ми е таа (риби)..
     
  13. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    42
    Свекрва Шкорпија : Во овој случај среќата е важен фактор. Таа може да биде вештерка и тиранин која со поглед Ви го сече зборот и отворено Ви кажува колку не Ве сака. Не постои средина, или ќе Ве обожава или нема да може да Ве поднесе. Во обата случаи важно е да и го покажете својот став и да бидете искрени и директни, тоа навистина ќе го цени. Ако го истуркате почетокот со време ќе сфатите колку е чувствителна, внимателна и во состојба да Ве поддржи во секоја ситуација.

    Луѓе ,мојата свекрва е ваква иста ,и отсега повеќе ке верувам на астрологија ;) .Инаку ми лицемереше ,а на крајот се здружи со ќерка и против мене(она пак е Водолија)

    П.С АКО МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ АСТРО ВОДИЧ ЗА ЗОЛВИ НЕМА ДА БИДЕ ЛОШО :emo:
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.332
    Свекрва Вага : Ќе биде Ваша десна рака, ќе Ве поддржува и кога треба и кога не треба; секако најчесто кога не треба. Но кога настаните ќе почнат да се одвиваат неповолно- ќе одлета како пеперутка, зошто не умее да се носи со конфликти. Секогаш ќе биде добро расположена, а пензијата ќе ја троши на скапи подароци за своите внучиња.

    Демек ,ваква ќе сум била ,а?
    Немој сречооооо!
    Јас жива проклетија ,се што прета ме нервира ,ќе сум и помагала на снаата?
    Море ко стасала за мажење ни и помагам ни ја катанам :lol:
    Повеќе би ми одговарало тоа за Скорпијата ,онака ради карактер :)
     
  15. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    18.433
    i dont think so :)
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    4.963
    Свекрва Шкорпија : Во овој случај среќата е важен фактор. Таа може да биде вештерка и тиранин која со поглед Ви го сече зборот и отворено Ви кажува колку не Ве сака. Не постои средина, или ќе Ве обожава или нема да може да Ве поднесе. Во обата случаи важно е да и го покажете својот став и да бидете искрени и директни, тоа навистина ќе го цени. Ако го истуркате почетокот со време ќе сфатите колку е чувствителна, внимателна и во состојба да Ве поддржи во секоја ситуација.

    и сега гледате дека не ми е лесно :lol: :lol: :lol: :lol:
     
    На thelittle17 и NATALIJA89 им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.964
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум мажена, но мојата потенцијална свекрва е близнак во хороско. Првата реченица многу ми се допаѓа, хехех ние сега за сега сме во прекрасен однос за ови скоро 6 години, се надевам дека така ќе биде и во иднина.
    Инаку нема ништо лошо во текстов, се е позитивно. :)
     
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    570

    Тоа дека воопшто не се меша до сега се покажало точно, но секугаш е присутна за она што ни е потребна, сегогаш знае што и како треба да каже. За астрологија и слични глупости не се ни умара.
     
  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.022
    Се надевам дека ќе бидам ваква, за мене прекрасна свекрва, пошто типично водолиски е ова што го пишува. Ма кој не би не посакал за свекрва? :)
     
  20. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Свекрва Јарец : Се меша само во финансиите, зошто парите најмногу ја интересираат. Другото не ја интересира многу, но со задоволство спрема ручек, прави зимница, пече колачи, дури и плете. Но не оставајте и ги пречесто децата на чување зошто најверојатно ќе ги разгали поради својата чувствителност. Ако Ви притребаат пари, нејзините купчиња мали и големи Ви се на располагање, а тука е и за корисни совети- послушајте ја. Таа ништо не прави непромислено и несигурно.

    Се надевам дека ќе си остане таква каква што е сега, затоа што кај и да е стварно ќе ми биде свекрва :)