Близнаците се и љубители на една од најпопуларните дела на Benjamin Britten, детска опера "Малиот димничар" и балетот "Жарот на Птиците" од Igor Stravinsky. ?!?!
Јарец – Иако навидум е воздржан и резервиран Јарецот знае како да се опушти во прав кафански амбиент со црвено вино и добра музика, каде може да заигра и запее со задоволство, но сепак класиката е Закон за Јарецот, затоа тој обожава пијано концерти, но и дуети и од композитори омилени му се Шопен, Дебисија и Рахмањинов. Ова не е точно . барем за мене .
Бик – Хедонистички Бик сака етничка музика,трубачи, а неговото срце особено му заигрува кога слуша севдалинки и староградски песни. Обожава музичарите да ги собере околу својата маса и не дозволува да си одат, нарачува песни и ги части, мнгоу често се случува да го земе микрофонот во рака и да ја запее својата омилена песна. За него, стомачниот танц е вистинско сценско искуство во кое ужива, затоа што му се допаѓа звукот на ориенталната музика. Воопшто не е точно
Аууу како е точно. Добро друштво, вкусна храна, вино, кафана и добра староградска и изворна народна музика па и плус музиканти околу наша маса, мераци. Уште да бев милионер, па на сите да им лепев евра, штета што немам финансии за такво частење на музичари Може не одам многу по кафани, ама практикувам дома да слушам таква музика. И за стомачен танц ме погодиле, кога сум сама дома нешто се глупирам, ама никако да усовршам
Ма каква црна традиционална музика, тоа е нешто што ми е неподносливо. Евергрини и класична да, плус нешто жестоко или некои баладички.
не знам за другите припадници на овој знак но за мене слободно можам да кажам дека сакам понекогаш да експериментирам со музиката ,запознавање нови жанрови но често се враќам на старото/познатото.За класичната музика можам да кажам дека немам големо познавање но кога ја слушам што е многу ретко уживам во неа