Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеизам

Дискусија во 'Религија' започната од Papillon.Papi, 8 март 2016.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    4.252
    И тука се доаѓа до прашањето: А што е тоа навистина христијанство? Она кое го наоѓаме низ енциклопедии и црковни проповеди како збир на традиции и верувања или она на кое подучуваше Христос како Исус од Назарет - повисока етика и морал, љубов кон ближните, еднаквост и праведност?
    За време на балканските војни православните „христијани„ бугари се бореле во име на одбрана против православните „христијани„ срби, а и едните и другите со православните „христијани„ грци во име на одбрана ги злоставувале и ги злоупотребувале православните македонци.
    Ако Бог јасно заповедал „Не убивај!„ во Десетте Заповеди, и преку Исус истото го потврдил и опоменал да не им го правиме на другите она кое не сакаме нам да ни го прават нам бидејќи што човек сее тоа еден ден ќе жнее, на чија страна ли бил Бог???
     
    На Anabelle.Amorette, zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Jas ubavo se imam izjasnato deka ako zavojuvaat dve hristijanski zemji neznam shto treba da pravat hristijanite vo tie vojski.Za toa kazav deka ne mi e jasno.Ne sum jas nekoj teolog za se da znam.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KKS

    KKS Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Зошто многумина од вас имате против атеистите? Јас сум атеист никогаш не сум верувала во бог ниту пак моето смејство верувало, но не ми пречат лугето што веруват во тоа. Патем религијата е избор самата религија го вика тоа.. и точно е дека ние бараме логично објаснување за се. Некои викате кој очекуваме да ни помогне.. ако ние само седиме и се молиме некој да ни помогне нема ништо да се случи..сами ке направиме нешто за да ни биде подобро а кој очекуваме да ни помогне? Можеби другарите семејството.. само нашите најблиски и ние самите си помагаме.. религијата е зезната работа лугето се караат не се другари само затоа што се од различна религија, ама не контаат дека сите религии го сакаат истото нешто: љубов, среќа, здравје... и ние атеистите го сакаме истото само што го покажуваме на поинаков начин, јас не ги мразам оние кои се религиозни и веруваат во некоја рлигија и ако баш сакате да знаете воопѓто не ми е ни гајле дали некој е религиозен или не.. па затоа и вие не ги мразете атеистите.. кога бев во основно им кажав на сите дека не сум крстена и сите ме гледаа како мрдната, сепак имама многу другари и сите од нив се христијани и никогаш не сме зборувале за религијата ни мене ниту па нив тоа никогаш не им било важно.. така да не ги ценете луѓето по религијата ценете ги по карактерот и сл.:)
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Ќе одат во пеколот ако немаат. ;)
     
    На eloves, Tan4ence, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не знам тоа баш. Со многу крекање (за науката) не се станува жаба :)

    [​IMG]
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Аман па ти со сликава веќе. Земи стави си ја во потпис, закачи си ја на чело, урами си ја на ѕид ако не...
     
    Последна измена: 27 март 2016
    На eloves, Papillon.Papi, Priroden и 5 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    А не ти смета кога некои папагалски повторуваат дека науката е на атеистите, дека атеистите се тие "The Scientists", дека логиката, интелигенцијата, фактите се тоа им припаѓа на атеистите, а теистите се таму негде на последна клупа, тие што абер немаат од наука и веруваат во бајки, самовили, летечки џуџиња и сл?

    Инаку ова со потписов не ти е лоша идеја :)
     
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали сите тие хемичари со цел памет веруваат дека Исус навистина водата ја претворил во вино. Никој од нив не верува во тоа, во спротивно кој би им ја дал таа Нобелова награда.

    И какви се тие верници сега? Само на хартија како што кажа Бендер.
     
    На eloves, Priroden, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos .... никој не кажа дека науката им припаѓа на атеистите нити во тоа што го цитираше, аман... со сите бајки и џуџиња и гледачи на кафе... и еднорози што какнуваат богови- православни, католички, протестантски..... имаш проблем со толкување на зборовите, аман, аман..
    Во името на сивиот череп, не го поврзувај христијанското убедување или исламско или какво год со професионалното занимање на луѓето, нити со нивните успеси на полето на науката. Им го гнасиш делото.
    Не се интелегентните нобеловци и научници попаметни и добитници на сето тоа затоа што веруваат во ликот налик Ѓорѓи Колозов од облаците. Ни атеистите се помудри. Аман. Со сите такви идиотски истражувања кои благе везе немаат со истражување.
    Ајде да не си ги мериме.. освен ако е тоа во духот на протестанскиот бог, :wasntme: тогаш да си ги сликнеме и објавиме на фемина инстаграм, шо викаш?

    И не,... не е добра идеја да го бапнеш во потпис „истражувањето“ и да се чаталиш непотребно, затоа што ти се губат постовите. Ама слободно, во духот на твојата религија... зголеми го и бапни и некој лик од светците.
     
    На Anabelle.Amorette, BoneMachine, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ако си од Скопје повели ако сакаш и лично ќе те запознаам со тројца хемичари, Универзитетски професори, доктори по наука, со еден куп научни трудови - поголемиот број од нив во списанија надвор од Македонија, со значаен импакт фактор. Сите тројца ми се блиски пријатели и ги гледам 1-2 пати неделно. Сме правеле муабет и за чудата и за се. Ако човекот може да создава нови хемиски елементи со менување на супстанцијата, зарем е проблем за Бог да ја промени супстанцијата на водата и да создаде вино?

    Еве ти еден цитат од еден Нобеловец по физика (откривачот на пулсарите):

    [​IMG]
     
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos, признај дека ти си ја направил сликава, затоа ти е толку драга. :D

    Ако збориме за трансформација на H2O во сложено органско соединение како што е виното, да, невозможно е - барем во контекст на физичко-хемиските закони според кои функционира нашиот универзум. Мислам дека веќе еднаш се сложивме дека дури ни Бог не може да направи нешто надвор од законите на природата.

    Инаку, има научно објаснување за трикот на претворање на вода во „вино“ - ама во тој случај, Исус бил првиот магионичар, а не чудотворец.:D

    Дури и љубениот Ајнштајн, кои многумина верници сакаат да го присвојуваат, рекол дека на светов нема чуда - т.е., или се што се случува е чудо - или ништо не е.

    П.С.
    [​IMG]
     
    На stranger2, Papillon.Papi, blueberry93 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Сигурна си? Ме помачи малку, ама еве ти извадив некои цитати од дискутантиве на оваа тема...

    Па затоа, за да има баланс, нека трепка мојата слика во потписот :)
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе ти речам, имаш сериозен проблем со толкување на зборови. Но, ти продолжи. Само имај си го во предвид кога читаш и од вашата литература, религиската... како толкуваш.

    И, како научник, би требало повеќе да знаеш и од мене и сите ненаучници на темава, дека, добар дел од безвезните „истражувања“ што се постираат по порталите, а кои тврдат дека атеистите или христијаните или не знам ти кој се попаметни, треба да ги прерипаш.. пошто се нешто налик чик-литература. Ама, ок е,затоа што и атеисти научници ги имам гледано како објавуваат такви глупости кои тврдат колку атеистите се паметни, уууу. Чекај да се порадувам...ако паметот ми се мереше во степен на верување или неверување во нешто.
     
    На blueberry93 и Lella им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ова е фундаментална логичка грешка што најчесто ја прават атеистите - толкување на христијански тврдења во раките на натуралистичкиот светоглед на атеистите. Значи, ако не постои Бог и ако се што постои е детерминирано и оперирано само и само од природните закони и елементарните честички, тогаш се разбира дека не е возможна трансформација на H2O во вино - исто така како што не е возжмоно и случајното рекомбинирање на хемиските соединенија и создавање на жива клетка се разбира.

    Но ако за момент атеистот ги извади наочарите на натурализмот и ги стави наочарите на теизмот и барем привремено го претпостави можното постоење на Бог, тогаш трансформацијата на вода во вино станува многу лесно и едноставна работа за едно битие како што е Бог, piece of cake. За еден Бог кој го Создал целиот овој Универзум и животот во него, создавањето на вино од елементарните честички на водата е ситна работа.

    Еве кажи ми која елементарна честичка ја има во виното што ја нема во водата? :)

    Аххх.. Ајнштајн рекол многу работи, како на пример и оваа:

    „Со оглед на ваквата хармонија во вселената која јас, со мојот ограничен човечки мозок, сум способен да ја сфатам, сепак уште постојат луѓе кои велат дека нема Бог. Но она што навистина ме лути е што тие ме цитираат за подршка на ваквите гледишта.“
    (Einstein & Religion - Physics and Theology" by Max Jammer 1999 Princeton University, page 97.)

    @zhap4e , еве за твој атер, бидејќи гледам дека си ок дискутант и паметна личност, ја тргнав сликата од потписот за да не спамирам :) Ама немој да ми се лутиш кога ќе ја лепам после секој што ќе напише дека верува во наука, а не во Бог или дека е на страната на науката (а не на религијата) и со слични изјави ќе ја оградува науката од верата во Бог и ќе ја влече на страната на атеизмот.
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos , вака ќе ти го кажам, приврзеник на одредено движење, идеологија или било што,не де факто и де јуре значи дека тоа движење, идеологија... му припаѓаат, макар бил и основоположник.
    Пример, од скоро, јас сум, се трудам бар.. да бидам приврзеник кон крајно левичарското движење. Крајната левица,не ми припаѓа на мене... и таа не треба да се идентификува со мене. Утре, кога јас ќе сторам или речам нешто крајно нелевичарско и кога опонентите на крајното левичарско движење ќе ме покажат со прст за да ја извалкаат крајната левица.. крајната левица ќе биде принудена да се дистанцира од мене... за да не им ја гнасам идеологијата (имиџот) и сé што сториле и ќе сторат во иднина.
    И ова функционира во обете насоки. И за верниците и за атеистите. Науката им припаѓа само и само на научниците, кои патем... при своите истражувања го користат својот мозок, ... разумот и логиката, своите знаења, своите вештини... за да дојдат до нешто. А, инспирацијата во крајна сметка може да им биде и.. Interstellar...или лик од стрип или, било што. Така што, да,науката се оградува од верата во Бог. Тажно е како тоа не можеш да го разбереш...дека некој може да верува и во еднорози ако душа му сака, ама дека на крај трудот негов ќе е базиран на емпириски докази,не верување.
     
    Последна измена: 27 март 2016
    На Bridget, Lella и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Евангелос, контрадикторен си сам на себе - во една прилика рече (ме мрзи да ги барам точните твои зборови) дека природните закони постојат и се непроменливи - инаку изучувањето на природните науки би било залудно изгубено време. И јас со ова се сложувам.

    Но, ако Бог го направил универзумот и придодните закони кои владеат со него - тогаш ни тој не може да ги прекрши истите - бидејќи, во спротивно не би ни биле закони. Ако Бог ги создал природните закони кои велат дека водата не може да се претвори во вино, тогаш ни тој самиот не можел да го направи тоа.

    Од друга страна, ако природните закони важат секогаш, освен кога на Бог ќе му текне да се вмеша - тогаш навистина сите ние што сме решиле да се занимаваме со некаква наука залудно си го губиме времето. :)

    Во секој случај, не може да ги имаме и двете работи - ем природни, апсолутни, непроменливи закони, ем Бог кој ќе ги прекршува како и кога ќе му текне.

    Инаку, не мислиш дека е барем малку сомнително зошто сите физички докази за постоењето на Бог пред кои дури и најтврдокорниот атеист не би можел да остане рамнодушен - како делења на морето на две, претворање во столбови од сол, трансформација на вода во вино и сл. се случиле пред најмалце 2000 години?

    Зошто Бог одеднаш стана толку срамежлив и мистериозен - особено во денешно доба, кога многу лесно би можело да се докаже или оспори некое тврдење поддржано со физички докази за неговото постоење? Ако во минатото, како што знаеме од Библијата нели, се мешал во сенешто и се појавувал скоро секојдневно во физичкиот свет на луѓето, зошто не го направи истото и денес, па да ни помогне да ја решиме дилемата за неговото постоење еднаш засекогаш?

    Не баш - трансформација вода во вино е невозможна, а спонтано настанување на живот од нежива природа е само неверојатно, но не и невозможно. Како што е и неверојатно дека настанокот на живиот свет е резултат на хир или досада на некакво севишно битие - но, дури и за ова никој не може да рече дека е апсолутно невозможно. :)

    За претварање на вода во вино треба да ставиме деистички, а не теистички наочари. Теистите тврдат дека позади почеткот на универзумот и природните закони стои Бог, но дека истиот од моментот на создавање навака, не се меша и не интервенира во природниот тек и поредок на нештата - што е нешто со што можеби и би можел да се сложам.

    Но, за да веруваш во трансформација вода во вино, треба да си деист, и тоа посебен вид на деист, т.е., христијанин. :)
     
    Последна измена: 27 март 2016
    На Bridget, Anabelle.Amorette, blueberry93 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Науката се оградува и од верата во натурализмот т.е. светогледот на атеизмот. Значи некој атеист може да верува и дека случајно сме настанале со мешање на хемиските соединенија водени од слепите сили на природата, ама на крај трудот негов ќе биде базиран на емпириски доакзи, а не на верување во натурализмот.
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @EvAngelos јас сакав да каќам дека ако еден атеист ја отфрла религијата и нејзината безмисленост според него, најчесто се свртува кон науката. А не дека само атеист може да верува во наука. И јас познавам верници што веруваат во наука.
    Btw, сликата со нобеловците од каде се знае колку е точна? Дел од тие научници моќеби само се декларирани како верници на хартија, но тие сами по себе ја отфрлаат религијата, со оглед на тоа што некои луѓе атеистите ги сметаат за weird. И башка како што беше кажано, зошто би добиле Нобелова ако не веруваат во научните закони и теории.
    И пак тоа дека ништо не е случајно. А господ кој го создал? И он мора од негде да потекнува нели? :D
     
    На Anabelle.Amorette и Lella им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не сум контрадикторен. Јас реков дека природните закони не можат самите себе да се создадат или уништат или променат, но не и дека Бог не може да ги создаде или по Своја воља некогаш и некаде да ги промени. Ете го подоле мојот цитат во целост за да не ги бараш моите зборови. Иначе многу атеисти веруваат дека материјата заедно со природните закони се самосоздале при Големата Експлозија (Big Bang) :)

    Значи Бог ако сака, може да ги земе протоните, неутроните и електроните од водата и нив да ги рекомбинира во хемискиот состав на виното. Ако можел тоа да го направи за да ја создаде живата клетка со целата нејзина сложеност и комплекност, виното е piece of cake :)

    Значи да повториме:

    Натурализам - верување дека материјата и енергијата е се што постои и не постои ништо над или повеќе од тоа и со нив владеат слепите сили на природата. (Ги нарекувам слепи, бидејќи немаат свест, разум, воља). Не постои Бог, духовен свет, ништо натприродно. Ова верување по дифолт (априори) го веруваат атеистите.

    Теизам - верување во природното, но и натприродното т.е. верување во Бог како творец и владетел на Универзумот. Бог ги создал природните закони за да владеат со Универзумот, но Тој може да интервенира кога сака, каде сака и АКО сака. Ниту атеистите, ниту теистите не можат да го принудат Бог да прекрши некој закон и да направи чудо за да им ја демонстрира Неговата моќ и присутност.

     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Денот кога еволуцијата ќе биде побиена и ќе стигнеме до доказ за смисленото создавање на планетата од некој - бог, вонземјанин, обичен човек кој живее во друга димензија... јас и многу луѓе тука на темава,нема да имаме проблем да ја прифиме..за оние што нема да ја прифатат ќе е нивни проблем. Фактите нема да се променат само заради тоа што некој прифаќа или не нешто.:D
    Науката и треба да биде поле на натпревар меѓу отворени умови :D Мада, ги има и затворени. Луѓе... не сме совршени.
    Се дур не биде докажано..тоа дека кога ќе ја бакнеш жабата и ќе се претвори во убав принц.. е само прикаска,бајка.. измишљотина со одредена поука. Поуката е даја земеш за озбилно,не тоа дека една жаба буквално ќе стане принц ако ја бакнеш.
     
    Последна измена: 27 март 2016