Прво: во виното има акохол, а во алкохолот има јаглерод, ама во водата нема јаглерод. Очигледно некој не си ја завршил домашната работа по хемија. Второ: пробав да го најдам цитатот што го напиша ама не успеав, но успеав да најдам други цитати од истата книга. Тоа што Ајншатајн го спомнал Бог, допринело постојано да го цитираат во погрешен контекст. Не очекувам то да се смени ама сакам да ги просветлувам луѓето.
Јаглеродот не е елементарна честичка Во водородот и кислородот на водата има протони, неутрони и електрони. Од нив може да се направи јаглеродот. Јаглеродот не е ништо освен 6 протони, 6 неутрони и 6 електрони.
Дарвиновата еволуција никогаш не била докажана со ниту еден единствен научен доказ, за да мора некој да ја побива (иако има и такви што ја побиваат маестрално). Еве што напишал професорот W.R.Thompson, ентомолог и тогашен директор на институтот по Биологија во Отава (Канада), во својот предговор на 100 годишното љубилејно издание на "Потеклото на видовите од Дарвин": „Фактите и толкувањата на кои се ослонил Дарвин, сега престанаа да бидат уверливи. Долготрајните истражувања за наследноста и за варијациите ја поткопаа Дарвинистичката позиција.“ (Потекло на видовите од Чарлс Дарвин, издание од 1956, вовед од W.R.Thompson, стр. 12) Како што гледаш тој не ја нарекува ни теорија, туку само „позиција“ (гледиште).
Супер. Цитат од некој си, кој се повикува на некои си истражувања е.. се што требаше да знам. Престанувам да верувам во еволуцијата. До каде стои ликот или било кој со потврда на гледиштето за богот сесоздател?
Во ред, ајде ти напиши го истражувањето (каде и кога се случило и кои научници го воделе) при што научно се потврдила еволуцијата, па да почнеме да веруваме во еволцуијата.
Евангелос, не мораш да веруваш во еволуцијата. Нека да е и погрешна... Ама, тоа не докажува дека твојот бог постои.. дека тој е создателот на сенештото. Не го прави постоењето на твојот сесоздател бог логичност, разумно - де факто и де јуре. Тоа е разликата помеѓу мене и тебе. Тебе и пред нос да ти ги донесат сите потребни докази, ти ќе продолжиш да веруваш во надприродното..во невидливото човече; ќе се сомневаш во вистинитоста. Оно, во ред е да се сомневаш - и јас се сомневам во се и (се) преиспитувам, ама, кога јас се сомневам барам логичко објаснување..не мислам на надприродното. Јас секогаш ќе се прашувам, како е можно да веруваш во надприродното човече, пак уште да си убеден дека твојата верба,твојата практика (протестанството) е правилната,а не другите... и, зошто би мислел дека е нормално, логично да има невидливо човече кое создало сé, а да нема други невидливи човечиња кои го создале еден морето, друг ветриштата.....итн.? Зошто покрај невидливото човече и човеците кои правеле стапот да се претвори во змија, слепиот да прогледа, да стане од количката...визиите што човеците ги имале, „разговорите“ со бог... да магиите гатањата, баењата се невистински, лажни.... одраз на заостанатост?
Сенештото или било случајно настанато или плански создадено. Трета разумна и логична опција не постои. Ако постои, повели напиши ја. Абиогенезата (приказната дека живата клетка настанала од неживите хемиски соединенија) и Еволуцијата се единствената натуралистичка приказна за тоа како настанал животот и сиот животински биодиверзитет. Ако го отфрлиш ова, единствена опција ти останува да веруваш дека животот бил плански создаден. Според мене многу пологична, понаучна, поразумна вера е верата во второво. Тој Создателот јас си го нарекувам Бог. А дали според тебе логичното објаснување е само во границите на натурализмот? Дали под „логично објаснување“ се подразбира само верата дека материјата и енергијата и 4те основни сили во природата се се што постои и не постои ништо повеќе или над тоа? Не верувам во натприродно човече. Верувам во Бог, како и мнозинството луѓе на планетава. И јас исто се прашувам, како е можно некој да верува дека светов што го гледаме настанал со случајно рекомбинирање на случајно настанатата материја. И јас се прашувам како е можно некој да верува дека со експлозија во печатница може да настане библиотека од книги или сл.
Ај што Бог одлучил да биде молчалив во последниве (многу) години и да не не почести со некое од неговите чуда, кои се спомнуваат во Библијата, туку и сите негови чуда и дејства опишани во неа се случуваат во сомнително специфична локација од универзумот; дури и премногу специфична локација на самата Земја. Човек би се запрашал зошто не одлучил да ја сподели вистината за создавањето и светот во кој живееме и со африканските племиња, домородците во Северна и Јужна Америка, Инуитите, Абориџините...
Порано луѓето не знаеле како настануваат земјотресите и затоа мислеле дека Господ се лути и ја тресе земјата. Нивното незнаење го пополнувале со своевиден „бог“. Немој да ја правите истата грешка и само затоа што не го знаете одговорот на некои прашања (зошто, каде, кога и како делувал Бог), тоа незнаење да го пополнувате со атеизам или некои атеистички заклучоци. Тоа се нарекува "Atheism of Gaps". 1. Не знаеме дали Бог се објавил и на друго место во Универзумот. Ние едвај дознавме дека на Марс има замрзната вода, а не па други работи надвор од Сончевиов систем. 2. Бог се објавил на Земјата кога што Тој сака, на место каде што Тој сакал и на начин каков што Тој сакал. Да се објавел Северна Америка, ќе мрчевте е зошто баш таму се објавил а не во Јужна. 3. Локацијата и времето се со добра причина, ама тоа е долга и широка тема за оние кои што добро ја познаваат Библијата. Локацијата воопшто не е сомнителна, туку била светска раскрсница во тоа време, локација која што спојува 3 континентни (Европа, Африка и Азија) и каде што имало луѓе од многу народности и племиња.
Не знаме де, и јас тоа го викам - всушност, во Библијата и другите монотеистички свети книги, воопшто не се ни спомнува дека постои нешто надвор од Земјата. Wow, кој може да се спротистави ваков „аргумент“? Како да ми опишуваш однесување на мало, невоспитано дете - „Затоа што јас така сакам!!!“ Јас прашувам зошто не се објавил на целото човештво - туку само на многу мал дел од населението на Земјата? Зошто ги оставил Маите и Ацтеките да си веруваат во некои си таму богови и да жртвуваат луѓе на нив? Зошто не ја објавил вистината на сите луѓе, па да веруваме сите во еден Бог - тој од Библијата, наместо во илјадници различни божества? Туку, барем да беше појасен во врска со самото христијанство - тогаш ќе постоеја само едни христијани, а не 20000-30000 различни деноминации, секоја со свое различно толкување на христијанството.
1. Во Библијата се спомнуваат ѕвездите, небесата, небесниот свод. 2. Библијата е Божја порака до човекот и затоа се осврнува на човекот. Тоа не негира постоење и на други галаксии, вонземјани или сл. Кога од УЈП ќе ти пратат писмо за неподмирен данок, значи писмо адресирано до тебе и со одредена порака/намена, дали тие ги спомнуваат твоите комшии? Е не бе, Бог ќе прави како што Бендер сакал и наумил Замисли каков би бил тој бог што ќе се води по некој си човек по име Бендер или ЕвАнгелос (ситни риби во Универзумот). Таквиот бог не би бил бог, туку некој потрчко што трча по паметот на некои луѓенца таму за да им ги исполни на нив очекувањата и критериумите за „добар бог“. Абе ја знам дека ти прашуваш и дека имаш многу прашалници како и сите ние, ама поентата е дали треба да извлекуваме заклучоци од непознатото само затоа што не ги знаеме одговорите? И не се согласувам со тоа дека Бог не им се објавил на сите луѓе. Еве јас на пример не сум од тоа мало место, не сум евреин, па сепак сум задоволен од недвосмислените докази за Бог и Божјата објава преку Исус и покрај тоа што не сум го видел и допрел лично Исус.
Знам, God works in mysterious ways. Ти си задоволен, ти верувам, ама многу муслимани, хиндуисти, будисти итн., очигледно не се задоволни или убедени од неговата објава. Морам да признаам, никогаш не ми била јасна логиката на верниците кои се убедени дека баш нивниот Бог, т.е. нивната верзија на Бог (затоа што и самите христијани не можат меѓу себе да се сложат баш во што веруваат) е точната, додека сите други толкувања или божества се неточни.
@EvAngelos кoлку дa не oстaнеш неинфoрмирaн, Ајнштaјн зaбременил женa и јa oстaвил, се oмaжил дo негoвa кoлешкa oд фaкултет и јa изневерувaл сo брaтучедкa му. Се рaзвел oд женa му, се oмaжил се брaтучедкa му и имaле децa(не сум сигурнa зa oвa, прoвери), a вo меѓувреме јa изневерувaл сo други жени (кoлешки мислaм декa му биле). Нa крaј се рaзвел и избегaл oд Гермaнијa. Кaжи ми пoвтoрнo декa Ајнштaјн бил верник. Тoј не гo зaмислувaл Бoг кaкo стaр дедo кoј кaзнувaл луѓе штo не биле умни, кaкo штo би зaмислил еден христијaнин.
Е не God works in Bender's ways И не е баш mysterious. Преголем дел од тоа објавил во Библијата. Сепак Библијата нема за цел да ја засити целата човечка љубопитност т.е. љубопитноста на сите милијарди луѓе на планетава. [/QUOTE] Морам да признаам, никогаш не ми била јасна логиката на верниците кои се убедени дека баш нивниот Бог, т.е. нивната верзија на Бог (затоа што и самите христијани не можат меѓу себе да се сложат баш во што веруваат) е точната, додека сите други толкувања или божества се неточни.[/QUOTE] Ни мене никогаш не ми била јасна логиката на атеистите кои се убедени дека баш нивниот натурализам е правата вера, правата идеологија. И згора на тоа не ни признаваат дека е вера, туку научен факт, единствена здрава и разумна логика Како што кажав и во друга тема, разликите меѓу христијаните што веруваат во Библијата се минорни и занемарливи. Има христијани кои веруваат и дека Бог се објавил и преку некакви свети отци, црковни собори, житија на свети отци и слични работи стотици години после Исус. Тоа се православните и католиците и тоа не се мала група на верници, особено католиците.
Не ме интересирал неговиот приватен живот, туку само неговата наука. И не, Ајнштајн не бил христијанин, ама ни одблиску не бил атеист. Тој признавал дека не е можно Универзумот да е настанат случајно, тики така сам од себе. Но не верувал ни во личносен Бог (Бог со разум, емоции, воља). "Секој што сериозно сака да се занимава со научни истражувања, може да се увери дека во законите на вселената доаѓа до израз еден дух, многу посупериорен од човечкиот, дух пред кого нашата скромна сила мора да се чувствува понизно." (Алберт Ајнштајн, писмо до Филис Рајт, 24 January 1936) „Јас не сум атеист, а не би се нарекол ни пантеист. Ние сме во позиција на мало дете кое влегува во огромна библиотека полна со книги на многу јазици. Детето знае дека некој морал да ги напише тие книги. Но не знае како. Не ги разбира јазиците на кои се напишани. Ова, според мене, е ставот дури и на најинтелигентниот човек спрема Бог. Го гледаме Универзумот извонредно уреден и подложен на одредени закони, но само бледо ги разбираме овие закони. Нашите ограничени умови ја сфаќаат мистериозната сила која ги движи соѕвездијата.“ (Алберт Ајнштајн, Einstein & Religion - Physics and Theology" by Max Jammer 1999 Princeton University) "Мојата вера се состои од понизно восхитување на еден неограничен и супериорен ум кој се открива себеси во ситните работи кои ние можеме да ги набљудуваме со нашите ограничени и слаби умови. Ова длабоко и емотивно убедување за постоењето на една сила со разум, која се открива во несфатливата вселена, го сочинува мојот поим за Бог." (The Universe and Dr. Einstein, Morrow, стр. 95)
Не би рекол дека се баш мали и занемарливи разликите. Во Северна Ирска, со години наназад луѓето се убиваат меѓусебно поради тие мали разлики во толкувањето на христијанството. Дури и ти, како христијанин, мораш да признаеш дека повеќето христијани веруваат во идиотски работи - како на пример дека Земјата е стара 6000 години. Имај во предвид дека кога ги величаш христијаните како најинтелигентни верници и најдобри научници, во истата група спаѓаат и young earth креационистите, и овие нашиве што не ја ни прочитале Библијата ниту знаат во што веруваат и одат по бајачи, гатачи итн. Всушност, кога ќе видиш, многу мал дел од христијаните се рационални, разумни и интелигентни. Не се секирај, и тебе те вбројувам во тоа малцинство. Камо кога сите христијани би имале толкави познавања од Библијата и науката како тебе. Ама, ќе признаеш, повеќето немаат - ни од едното, ни од другото.
Да речеме дека тоа е теоретски возможно, и дека никој не може да го направи тоа освен Бог.Со тоа доаѓаме до заклучок дека се може да се случи ако не може да се случи тогаш Бог може да направи да се случи бидејќи е семоќен. На овој начин можат да се одбранат сите фантазии во библијата.
Тoa е универзумoт. Тoa е тaa силa вo кoјa верувaл Ајнтшaјн, a тoa не гo прaви припaдник нa oдреденa верa. Дa, тoј верувaл, нo не сметaл декa пoстoјaт гревoви и не живеел живoт спoред прaвилa нaпишaни гoдини нaнaзaд. Дaли е oвa твoе верувaње? Акo дa, зoштo се нaрекувaш христијaнин? Тoa вo штo верувa Ајнштaјн е мнoгу пoрaзличнo oд билo кoјa пoстoечкa верa. Вo Христијaнствoтo, нa пример се верувa декa Бoг е личнoст сo емoции, нo јaс сметaм декa Бoг не мoже дa биде тoлку слaб зa дa биде личнoст. Бoг е бескoнечнoтo, т.е. универзумoт и не е дедo, бaбa, женa, мaж, дете. Бoг мoже дa е еднoстaвнo фoрмулa или брoј кoј се oбидувaме дa гo oткриеме. Мoже и дa стaнувa збoр зa π. И зa тoa се зaлaгa aтеизмoт и нaучниците, oткривaње нa т.н. сoздaтел нa светoт, не зa дa дoкaжувa декa не пoстoи "сoздaтелoт нa светoт", туку лoгичнo дa oбјaсни зoштo е тaкa и дaли е тaкa.