Чудата на Исус не се негирани ниту од страна на исламот – ме чуди зошто не го спомна и Куранот како доказ во прилог на твоево тврдење. Но, за мене, да користиш една религиозна книга (Талмудот) за да докажеш нешто напишано во друга (Библијата), а притоа да не постои никаков доказ дека било што напишано во нив навистина се случило за мене е смешно и парадоксално. Тоа е исто како да сакаш да докажеш дека волците имале способност да зборуваат во минатото, како што е запишано во басните на Езоп, а како доказ за тоа да ги наведеш делата на Ла Фонтен и браќата Грим. Многу христијани умреле поради својата вера не само во зачетоците на христијанството, туку и низ вековите. И не се сомневам дека тие навистина верувале, штом сметале дека е тоа доволно добра причина за да го изгубат животот. Веруваат и бомбашите-самоубијци, од редовите на радикалниот ислам, и тоа доволно за да го одземат и сопствениот и туѓите животи. Веруваат дека ја извршуваат Божјата волја. Веруваа и култистите од Heaven’s Gate дека откако ќе се самоубијат, нивните души ќе ги земе вселенскиот вонземјански брод кој во тој момент се наоѓал над Земјата. Луѓето веруваат во различни работи, и доста од нив се спремни и да го дадат животот во име на тие верувања. Но, тоа не значи и дека нивните верувања се точни. Всушност, атеистите и не веруваат во толку многу случајности како што ти очигледно мислиш. Да претпоставиме дека Big Bang е настан кој навистина настанал спонтано (или случајно, како сакаш) – се што се случува од настанувањето на универзумот па навака се одвива според природните закони – агломерирањето на материјата, создавањето на ѕвезди, суперновите, создавањето на нови хемиски елементи, повторното создавање на ѕвезди, потоа и планети, галаксии итн. – ништо од ова не се случува случајно или произволно. Кога нешто се одвива според некоја законитост, истото не може да биде случајно. А тоа е токму она што што се случува во нашиот универзум. Токму и поради тоа можеме да предвидиме кога ќе биде следното помрачување на Сонцето, дека Халеевата комета ќе се враќа на секои 75.3 години, дека за околу 4 милијарди години нашата галаксија ќе се „судри“ со Андромеда и ќе се спојат. Ништо од ова не би било можно ако верувавме дека се се случува случајно. Истото важи и за еволуцијата. Ако претпоставиме дека животот настанал спонтано – настан кој можеби не е воопшто редок или неверојатен (можеби се што е потребно за настанување на животот се поволни услови и доволно време) – процесот на еволуција на организмите е сосема спротивен од случајност. Секако, еволуцијата не е интелигентна сила која може да ја предвиди иднината или да дејствува според некој план – таа едноставно ги прави организмите да бидат малку подобри во својата работа (преживување и размножување) во однос на нивните претци, со помош на природната селекција. Но, во секој случај, таа е целосно non-random процес, кој, како и целиот универзум, функционира врз одредени принципи и законитости. Така што, атеистите не веруваат ни во приближно толку многу случајности како што верниците би сакале да го претстават тоа. Тоа што нешто нема некоја повисока намена или цел не значи и дека истото е чиста случајност. Во универзум кој функционира според одредени закони, случајности не може да има, барем не такви на кои алудираш ти – постојат само настани кои се поверојатни или помалку веројатни. А во универзум толку голем како нашиов, дури и она што ни изгледа толку неверојатно за да биде невозможно, всушност е сосема веројатно дека може да се случи. Знам за слепото црево – затоа и не го спомнав; затоа што знам дека им стана омилен аргумент на верниците. Но, во секој случај – без да ја оспоруваме неговата функција, во светот од апендицитис само во 2013-та заболеле околу 16 милиони луѓе. А без оперативна постапка, резултатот од ова речиси секогаш е смрт. Всушност, од апендицитис истата година починале 72000 луѓе. Мене ова ми изгледа како фатална design flaw, ако претпоставиме дека позади слепото црево стои некаков интелигентен дизајнер. Ако е дизајнирано, зошто е толку лошо дизајнирано, зошто е толку подложно на инфекции и зошто, освен ако не се третира оперативно, резултира со такви тешки последици, како што е смртта? Се сложувам дека порано се сметало дека слепото црево нема никаква функција или намена, и дека потоа е откриено дека не е толку бескорисно како што се мислело. Но, дали тоа значи дека истото ќе се случи и со сите останати работи кои ги набројав во претходното мислење? Можеби сум неимагинативен, ама не можам да замислам зошто е „баш така најдобро“, како што се изрази ти за Божјиот дизајн на човекот, жените да умираат од компликации при породување, кои се должат пред се на несовршеноста на женскиот репродуктивен систем. До почетокот на 20-иот век, смртта при породување била број 1 причина за смртност кај жените. Дури и денес, секој ден умираат околу 800 жени токму поради ова. Во афричките земји со неразвиено здравство и медицина, секоја 7-ма жена умира од компликации при породување. И сето ова се должи на мааните во дизајнот на женскиот репродуктивен систем. Ако дизајнот е навистина интелигентен и плански, некој не си ја завршил работата како што треба – во најмала рака. Истото важи и за умниците – не знам која би била користа на заби кои најчесто не никнуваат, а кога ќе никнат, речиси секогаш создаваат болки и проблеми во вилицата и деформација на останатите заби, и затоа мораат оперативно да се отстрануваат. Која е поентата на нешто од што нема апсолутно никаква корист, а најчестоод него има само штета? Религијата тврди дека не учи на скромност и понизност, но верувањето дека човекот е најсовршената креација и пример за врвен дизајн мене ми звучи дури и непристојно нескромно и самобендисано. Едно е да тврдиш дека Бог намерно не создал несовршени и полни со маани (од некоја си само нему позната причина - можеби за да не казни?); но да тврдиш дека сите Божји креации, вклучувајќи го и човекот, се совршени, наспроти сите докази против ова, за мене е целосно бесмислено и тотално несфатливо.
1. Не го спомнав Куранот затоа што Куранот е пишуван во 7ми век од човек кој не видел ниту едно од чудата на Исус, ниту имал директни врски со оние кои биле сведоци на Исусовите чуда. Од друга страна Талмудот е составуван од еврејската традиција, традиција која го опфаќа и времето и местото кога живеел Исус, време кога имало еврејски религиозни водачи (фарисеи, рабини) кои биле живи сведоци на Исусовите чуда, време кога многу евреи биле сведоци на Исусовите чуда па затоа и фарисеите и рабините не можеле да ги негираат Исусовите чуда. А верувај дека и те како сакале да го претстават Исус како лажен чудотворец и со тоа да го разобличат и како лажен Месија и да го спречат Неговото дејствување меѓу евреите. 2. Библијата и Талмудот, иако се користат како религиозни книги, тие и те како се историски книги, поточно колекции на историски книги. Само Библијата содржи 66 книги. Постојат цели книги за Библиска Археологија со еден куп археолошки пронајдоци што го потврдуваат запишаното во Библијата. Изгуглај на интернет Biblical Archaeology да видиш што ќе ти излезе. 3. Дали ако некој историски документ почне да биде користен во религиозна практика со тоа автоматски станува неверодостоен и лажен? 4. Библијата и Талмудот не се историски документи користени од една иста религија или една иста група верници (па да речеш дека си се договориле да си се подржуваат меѓусебно, туку баш напротив, од идеолошки спротиставени верници (евреите и христијаните). Ако некој имал силен мотив да го прикаже Исус како лажен чудотворец, верувај тоа не се атеистите, туку евреите. Но не го направиле тоа. Не можеле да негираат нешто што било јасно, видливо, проверливо, недвосмислено и јавно. 5. Ако Груевски почне да тврди дека тој го изградил ГТЦ, Камени мост, Золошката градина итн. и лојалните вмроовци го запишат тоа во „света книга“, верувај дека лојалните приврзаници на СДСМ во нивните книги не би го подржале ова тврдење на вмроовците, туку аргументирано би го негирале, би го исмевале и сл. 6. И на ова би додал дека доколку христијаните запишувале такви лажни чуда, дека со тоа тие не би придобиле повеќе следбеници, туку би ги изгубиле и сегашните - затоа што никој разумен човек не би следел чудотворец со лажни чуда особено ако нема никаква корист од тоа, туку само прогонство и маченичка смрт. Токму од оваа причина во Куранот не е спомнато ниту едно чудо на Мухамед. Замисли пријателите на Мухамед во Куранот да запишеле „И тогаш Мухамед ја крена раката слепородениот човек од Мека прогледа! или починатиот човек кого цело село го оплакуваше воскресна!“ На ова сите следбеници на Мухамед би реагирале: Кој е тој слепороден човек? Кој е тој што воскреснал? И кога ќе виделе дека сетоа тоа е измишљотина, ќе си речат аххх овој е фејк, батали. Т.е. во случајов можеби и би продолжиле да го следат затоа што Мухамед воено освојувал и тие имале материјални придобивки да се на негова страна, но кај Исус тоа не е случајот. Следбениците на Исус не добиле ни пари, ни територија, ни ништо - освен прогонство и смрт. Дури и пред Исус да загине, тие добивале социјални прогонство од својот народ (евреите) и дури биле исклучувани од синагогите. Никој од радикалните исламисти не се разнесол затоа што го видел Мухамед воскреснат, па дури ни дека претходно бил искачен во Џенетот каде што видел дека го чекаат 70 хурии (девици) легнати на бели чаршави и сексуално спремни да го задоволат откако ќе се разнесе. Јас не ти зборам дека прогонството и маченичкото убивање на христијаните почнало во втората или третата генерација христијани, туку во првата, директно од апостолите на Исус. 10 од 12те апостоли на Исус маченички биле убиени. Дури и на апостолот Павле му била отсечена главата во Рим. Римскиот историчар Тацит запишува дека императорот Нерон ги прогонувал христијаните уште во 64-та година (30 години после распнувањето на Исус, повеќето биле сеуште живи сведоци на Исус). Овие маченици не биле прелажани од некои претходни. Овие не умирале заради верата дека таму некаде пред 5 века некој Исус правел чуда и восркеснал. Овие дозволиле да умрат затоа што со свои сопствени очи ги виделе Исусовите чуда и воскреснатиот Исус. Еве како умирале: „Императорот Нерон ја насочи вината и им нанесе екстремни мачења на една класа луѓе омразена заради нивните гнасотии - наречени христијани од народот. Христос, од кого поттекнува нивното име, претрпе екстремна казна за време на владеењето на Тибериј под власта на еден од нашите прокуратори Понтиј Пилат. Па така, запрено за момент, ова најопасно суеверие повторно почнало да се шири не само низ Јудеа, изворот на злото, туку дури и до Рим... Беа изложени на потсмев од секаков вид како додаток на нивната смрт. Беа облекувани во кожи од животни и растргнувани од лавовите и погубувани, или распнувани на крстови, или спалувани на клади и служејќи како светилници во ноќта кога дневната светлина ќе ја снемаше.“ (Тацит, Анали XV, 44) Негативниот тон спрема христијаните е сосема очекуван од Тацит како римски историчар, бидејќи за римјаните тогаш христијаните биле омразена глупа луѓе, а нивната вера опасно суеверие што направило раздор во Јудеизмот. За другите работи немам време сега да ти дадам коментар. Поздрав и пријатен ден!
Не знам само зошто ако Исус и неговите чуда биле толку неоспорни и убедливи на светов сеуште постојат Евреи? Човек би помислил дека сите што живееле во времето на Исус би се преобратиле во христијанство инстантно, под впечаток на неговите чуда. Всушност, има и поедноставно објаснување. Христијанството било религија на сиромашните - и во своите ставови било многу подемократско од било која од религиите кои постоеле во тоа време (јудеизмот и римскиот политеизам). Ако си на местото на некој роб или сиромашен граѓанин од тоа време, не е тешко да се сфати зошто една религија како христијанството која проповеда пред се еднаквост, би ти била привлечна. Во споредба со другите алтернативи, ретко на кој не би му била. Ако Исус тврди дека ти како сиромашен (условно речено, никој и ништо) си еднаков пред Бога со некој рабин, трговец или големопоседник, не зачудува зошто имал толку многу следбеници - неговите идеи во тоа време биле доволно револуционерни, дури и без чудата кои наводно ги правел. Археологијата е двонасочна улица. Ако веќе се повикуваш на неа за да докажеш дека некои делови од Библијата се историски издржани или потврдени, мораш да бидеш спремен и на обратното - да прифатиш кога археологијата ќе оспори некои од тврдењата на Библијата. Како на пример, најголем дел од Стариот завет - и тоа од израелски археолози, иако ова и не оди баш во прилог на државата Израел. Само ова ќе ти кажам - ако некој документ во себе содржи одредени вистинити историски настани и факти, не значи и дека по автоматизам се што е напишано во него е вистина. Во однос на точноста на настаните во Новиот завет - истиот не бил напишан за времето на животот на Исус - први се текстовите на Св. Павле, за кои се смета дека се напишани околу 50-60 н.е., што значи најмалку 20 години по смртта на Исус. Сите останати текстови во Библијата се напишани и подоцна - дури и по 100 години од смртта на Исус. На се ова додади го и фактот што конечната содржина на Новиот завет е востановена дури во 367 н.е., при што било одлучено што ќе влезе, а што не во неа - и ќе видиш дека има сосема доволно простор и време приказните од Библијата да се дополнат и разубават со разно-разни чуда и натприродни настани, На крајот на краиштата, католичката црква се спрема да ја прогласи Мајка Тереза за светица, иако сите знаеме дека била само обичен човек, без натприродни моќи. Но, којзнае, можеби за некои 100-ина години, идните генерации на католици ќе учат како Мајка Тереза ги лечела лепрозните со помош на чуда. Ова всушност се случува насекаде во светот, постојано. Не оди подалеку од бивша Југославија - комунистите за нецела генерација успеаја да направат култ кон партизаните, а Тито да го донесат до ниво на полубог. Добрите работи ги преувеличаа, лошите работи ги заташкаа. И многу луѓе веруваа (некои сеуште веруваат) дека партизаните биле добри, без исклучок, а Тито непогрешив. И ВМРО би го направиле истото, само не се доволно моќни, тоа ги кочи. Веќе успеаја да убедат некои луѓе дека сите сме антички Македонци. Дај им диктатура и доволно ресурси, и биди сигурен дека нашите деца ќе учат како вмровците го измислиле светот. Баш напротив - секој сака да верува дека е посебен. И секој сака религија која е „подобра“ од другите. Чудата се одличен начин за привлекување на следбеници. А ако е човек доволно очаен (како повеќето ранохристијани), ќе се соочи и со прогонство и со маченичка смрт, само поради надежта за нешто подобро и нешто повеќе - некаква вредност, еднаквост и правда - макар и по смртта. А ова е токму она што христијанството го ветува. Чекам одговор и за другите работи. Пријатен ден и на тебе!
Па тоа е муабетот, дека пред еден век за околу 100 други органи се сметало дека се бескорисни, бесполезни органи кои биле продукт на некаква си „еволуција“, а денес со напредокот на науката се откри нивната функција и значење во човечкиот организам. И атеистите наместо да се поучат од овои примери, дека ако не знаеш зошто нештото е баш така дека не треба да избрзуваш со атеистички заклучоци, тие упорно се држат до уште десетина примери на „бесполезни органи“ или одредени „зошто е ова вака направено“ и потајно му се молат на Дарвин да не се открие функцијата или причините зошто некои работи се баш такви какви што се. Намерно кажав во множина „причините“, а подоле ќе објаснам зошто се можни повеќе причини. Изгледа. Целата теорија на еволуцијата се базира на тој збор „изгледа“. Во научниот метод се дозволени претпоставки и хипотези, но не е допуштено донесување заклучоци од нив, од „изгледањата“. Христијаните т.е. Библијата не тврдат дека сите созданија се создадени баш вакви какви што се денес. Библијата уште во првите страници зборува за падот во гревот, за навлегувањето на смртта, за распаѓањето, за проклетството на Земјата и сл. Па така се можни повеќе причини кои во различна насока ги движат тие „зошто“ и „изгледа“: 1. Како и со претходните случаи во науката, така и денес се уште не ја знаеме функцијата на одреден орган или пак не знаеме зошто е нештото баш така дизајнирано. 2. Можеби на почетокот не било така дизајнирано, но заради гревот, смрттноста, непоправените акумулирани генетски мутации тој дел од телото се изменил и зради тоа има некои несакани последици. 3. Или некоја трета причина 4. Или четврта 5. Петта ... Важно е да не се донесуваат заклучоци од незнаење или непознавање, затоа што во тој случај одиме во Atheism of Gaps или Evolutions of Gaps. А кога сме веќе кај ткн. „бесполезни органи“ и ако сакаш да ги анализираш од еволуционистичка перспектива, тогаш размислувај во насока: зошто баш тие со бесполезните органи се приспособиле на новите услови, а тие со полезни органи изумреле? Еве на пример да го земеме примерот со умниците. Замисли порано, гледано според еволуцијата, човеколиките мајмуни имале поголеми вилици и умниците беспроблеми им функционирале. По некои време се родиле мајмуни со аномалија на помала вилица и умник кој што не можел да се развие. Зошто овие човеколики мајмуни имале предност пред другите? Зошто денес немаме луѓе со големи вилици и умници без проблеми? Зошто немаме луѓе со опашки? И покрај тоа што мајмуните се симнале од дрвата, опашката во никој случај не може да биде проблем, туку предност - таа помага во рамнотежа при движење и особено при повремено качување на дрво или одење по стрмнина
Не знам стварно кои се тие 100 органи за кои науката сметала дека немаат функција. Толку големиот број на нефункционални органи кај човекот не е само доказ за несовршеноста за Божјата креација, такво нешто се коси и со еволуцијата. Се сомневам дека природната селекција би поддржала и фаворизирала огранизам со толку многу бескорисни органи. Од друга страна, имањето на неколку органи, кои се рудиментирани, и можеби имаат некаква функција, која не е клучна за животот на дадениот организам е нешто што би можело да се очекува ако истиот „настанал“ по пат на еволуција. Но, дури и едно несовршенство се коси со замислата дека човекот е совршена Божја креација. Напротив. Еволуцијата се базира врз докази - фосилни, скелетни, физиолошки, генетски - какви сакаш. Тоа изгледа се однесување на хипотезата дека човекот е креација на интелигентен создател, креација која е далеку од совршена. Дали ти тоа сериозно ја поистоветуваш еволуцијата со тезата за генетски мутации предизвикани од гревот? За разлика од еволуцијата, која е базирана врз докази, ова твоево не може да се нарече ни теза - затоа што дури и за теза е потребна некаква основа или доказ. „Мутации како резултат на гревот“ во најдобар случај е некакво нагаѓање - за кое нема никакви докази, дури ни во Библијата. Дури и ако еволуцијата е само теорија, мораш да признаеш дека е многу подобро објаснување од нагаѓање или неоснована претпоставка. Добар обид, ама сепак не. Дури и ако на претците на луѓето помалата вилица им била недостаток во однос на другите примати, тие имале други, многу поважни предности од аспект на природната селекција - како на пример, поголем мозок или подвижни палци. Што се однесува до опашките - очигледно е дека не се толку голема предност - дури и шимпанзата и горилите ги немаат, па ништо не им фали. Природната селекција и еволуцијата функционираат по економски принцип - односно, не е доволно само да се постави прашањето Дали луѓето би биле подобри ако имаат опашки?, туку треба да се земе во предвид билансот на вложени ресурси (храна, јаглени хидрати) во растење на опашка и нејзино одржување во текот на животот, наспроти корисноста од неа. Нутриентите и енергијата потрошени за опашката не ја враќаат вложената инвестиција - очигледно, не е толку многу корисна и неопходна за да природната селекција ја фаворизира. Еволуцијата тежнее кон достигнување на таа рамнотежа - нештото да биде максимално корисно во однос на ресурсите инвестирани во него.
Пак ќе речам, и една теорија или, сакаш наречи ја гледиште да биде побиено(а), ќе биде заменето само и само со друга хипотеза која допрва ќе се тестира и докажува. Тоа што Дарвин не ќи им ги ислуша молитвите на атеистите (стилот на шегување ти е...) и неговото гледиште, како што го нарече, ќе испадне погрешно, не значи дека одеднаш ќе се постигне научен консензус дека бог е креаторот на сенештото. Доволно си интелегентен и доволно знаеш како функционира науката да и покрај твојата непобитна верба во бог (во која инаку јас се сомневам не бидејќи те познавам тебе каков си, а бидејќи ми е позната човечката природа) и вистинитоста на „историските“ настани во библијата и воскреснувањето на Исус... - за да си свесен за тоа. Дискусијата можат атеисти и верници да си ја водат до утре сабајле по форуми, конференции, на предавања и сл. (just for fun) меѓутоа, тоа нема да го промени курсот на науката. Твоите обиди да ја вклопиш идејата за бог и концептот „грев“ во научна рамка е сеедно астролозите денеска да излезат и да почнат да „тврдат“ дека, тоа што гравитационите бранови постојат е доволен доказ дека постои и гравитациона интеракција помеѓу планетите, соодветно, астролозите отсекогаш биле во право дека планетите влијаат врз нас и настаните на земјата. Пак уз пат и да се повикаат на изманипулирани изјави на Ајнштајн со кои тој наводно, ја поддржувал астрологијата. И, одеднаш , од псевдонаука можеме комотно да ја наречеме наука. Е, се разбира, ако и астролозите се согласат, прибидејќи, меѓу нив има и такви „уметнички“ души и спиритуалци за кои, астрологијата е само уметност.. такви кои, се користат со свои некакви си измислени техники и методи на предвидување и кои, секогаш кога биваат предизвикани за истите се бранат со: за мене функционира или пак, ќе ти изработат психолошки профил и ќе те бербатат за лошите твои односи со мајка ти, твоите daddy's issues and so on. Дури и, најинтересното е што, попрво некој ќе го докаже тоа, влијанието на планетите и нивното движење одошто постоењето на невидливиот лик - бог и задгробниот живот - рај и пекол. Тоа што апостолите умреле затоа што со свои очи ги виделе чудата на Исус.. цц Никој од нив не го видел процесот на воскреснување -будење од мртвите на Исус, сепак, избрале да веруваат дека тој воскреснал. Тоа не значи дека затоа што тие верувале дека се случило, тоа вистина се случило, туку кажува дека до толку верувале во Исуса и можноста од некакво натприродно чудо, дека лесно можело да им кажеш дека Исус снел и јајце и ќе поверувале и во тоа. Те тера да се сомневаш во релевантноста на ваквите ликови и нивните тврдења. Подготвеноста на христијаните на егзил, измачување и смрт не е потврда дека христијанството е вистинската религија, не е потврда за постоењето на бог, за вистинитоста на приказните во библијата и чудата на Исус... само е една неретка појава која не прв пат се случила ... кога некое движење и учење фаќало корени и полека се распространувало, а кое праповедало еднаквост и слобода за угнетуваните. Тие христијани умреле за еднаквост и слобода. За неробски живот за себе и своите деца, внуци... Тоа што патем верувале толку силно во бог што биле спремни да се соочат со смртта, толку верувале дека на тој свет бог ќе се смилува на нивните души и ќе живеат во рајот.. не е доказ дека бог постои. Но е доказ за способноста на човековиот ум да верува, се бори и умре за повисока цел/кауза.. ништо поразлично од борбата за национално ослободување на народите... како и да верува во бајки и приказни. Тие биле убиени затоа што се спротивставувале на традицијата, на доминантната религија, на привилегираните. Не биле единствени. Рим се спротивставувал и имал ист однос и кон општества дури кои биле доминирани од жени или кои биле засновани на поголеми права на жените. Знаеш зашто тоа ги тангирало? Бидејќи не сакале утре жените да им се зберат и да почнат да бараат да управуваат со имотите со државата итн. Ништо божествено во сето тоа, само долно човечко...примитивни инстинкти. Така што,христијаните биле убивани затоа што, како и при секое движење и учење кое се спротивставува на твојата доминација ти гледаш да го сосечеш во корен, да не дозволиш да се распространи. А, нели кога ги убивале христијаните, нивните убијци се плашеле од чудотворецот Исус и семоќниот бог? Зошто по смртта на Исус кој умрел за сите луѓе, неговите следбеници продолжиле да бидат казнувани? Тоа што биле осудувани на егзил, измачувани, убивани... тоа нели било еден вид на казна? Што грев сториле тие за да го заслужат таквиот тежок пат пост-жртвувањето на божјото чедо кое самиот бог го зачнал за да го спаси човештвото од гревовите? Зошто потоа христијаните немале таква верба во зборовите и чудата на исус и неговите следбеници та се бореле и убивале меѓу себе поради различните толкувања на библијата - иконоборците е, пример? Зошто едно такво мирно пацифистичко движење се трансформирало во такво насилен, жеден за превласт и богатство субјект? Толку ли била и е слаба вербата на црковните отци во учењето и чудата на Исус та дотолку да скршнат од учењето на еден мирољубив човек, полубог? Да му го валкаат името и домот на неговиот татко бог? Зошто спасување на човештвото преку чедоморство, жртвување на своето дете... за,истото тоа човештво да продолжи да ги жртвува своите деца и убива туѓите деца, да и понатаму живее поведен од примитивни нагони и инстинкти? Нели би било полесно да таквите ни ги укротил на поинаков начин, при самото создавање... или, во било кој момент до сега наместо преку цркви и свети отци кои и самите не можат да си ги скротат своите? Во едно интервју пред војната, Јунг говори за Германија, политиката, нацијата и природата на луѓето и вели.. дури и најинтелегентните луѓе во група се само проста маса,бидејќи, не секој од нив има доблест, но затоа пак, секој од нив има примитивни, животински нагони кои обединети, стануваат доминанта карактеристика на групата. Е, толку требало да се стори за човештвото да живеело и живее во мир. Христијанството како учење почнало како убава идеја, тоа ти признавам, но ете, се судрило со генетската фалинка за која, вината може да ја има само оригиналниот производител - бог,кога веќе него го наведуваш како сетворец Гледајќи ја историјата, гледајќи кон иднината.. може да се каже дека неуспеало. Но, да..успешно се задржало меѓу луѓето. Но, не мислам тоа да се задржи како доминантна религија и да храмовите бидат полни со луѓе,со зејтини,маици и свеќи било идејата на Исус.
Не реков дека науката сметала дека немаат функција, туку дека Дарвинистите сметаа дека немаат функција и дека се остаток од нивната замислена „еволуција“. Покрај Дарвин, првиот што објави ваква поголема листа беше дарвинистот Robert Wiedersheim во 1893 кој излезе со листа од 86 бескорисни (закржлавени) органи. Еве ти ја таа листа: https://en.wikipedia.org/wiki/Rober...ersheim.E2.80.99s_list_of_86_vestigial_organs Замисли меѓу овие органи се наоѓаат и ткн. „слепо црево“, епифазната жлезда, хипофизата, тимусот, аденоидите и крајниците, валвулите во вените, па дури и малиот прст на ногата На овие денес дури и едно обично дете што има 4ка по Биологија ќе се смее. Ама тогаш било друго време, медицината, биологијата и анатомијата не биле доволно развиени и за жал поминала некоја ваква листа која им даде дополнително гориво на Дарвинистите во пропагирањето на еволуцијата како „научен факт“. Наукта на мнозинството од овие „бесполезни органи“ им го најде функцијата и значењето за организмот, ама ете останаа уште неколку органчиња околу кои се дебатира за нивното значење и функција и Дарвинистите се држат за нив и ги изнесуваат како докази за еволуцијата, наместо да се поучат од минатите грешки и барем да не избрзуваат со филозофски заклучоци и правење „еволуција од игнорантност“ или "evolution of gaps". Еве неколку сајтови каде што се побива митот за „бескорисните органи“: http://www.darwinismrefuted.com/embryology_02.html https://answersingenesis.org/human-body/vestigial-organs/vestigial-organs-evidence-for-evolution/ http://creation.com/do-humans-have-vestigial-organs Не би рекол дека неколку несовршености во човечкото тело се доказ дека човекот не е Божја креација. (зборот „совршен“ може да има повеќе значења). До сега не сум сретнал разумен човек (без сериозна психијатриска дијагноза) кој кога видел расипан компјутер рекол: Овој компјутер има несовршености и оттука следува дека не бил дизајниран од човек, туку еволуирал од дигитронот. Напротив, како што напишав и погоре, има повеќе релевантни причини зошто може да има несовршености кај човекот: 1. Како и со претходните случаи во науката, така и денес се уште не ја знаеме функцијата на одреден орган или пак не знаеме зошто е нештото баш така дизајнирано. Тоа ние не знаеме, не значи и дека немаат функција. 2. Можеби на почетокот не било така дизајнирано, но заради гревот, смрттноста, непоправените акумулирани генетски мутации тој дел од телото се изменил и зради тоа има некои несакани последици. 3. Или некоја трета причина 4. Или четврта 5. Петта Понизноста на еден научник да рече не знам кога не знае нешто, наместо да изведува заклучоци од незнаењето, се смета за доблест, за објективен научник.
Тоа што можеби хипофизата, валвулите во вените се сметале за бескорисни било само резултат на недоволна развиеност на науката, но не гледам простор за негирање на еволуцијата. Па кога живеел Дарвин, не се знаело ни за структурата на ДНК, ама веќе се зборело за наследување. А за слепото црево и да има некоја фукција, сепак не е од некое големо значење, освен тоа при апендицитис, се вади израстокот на слепото црево, а не самото слепо црево. И по стоти пак ќе кажам, за теориата на еволуција има разно разни факти, докази, закони додека за тоа дрека не создал бог е само мислење а зошто?Само дека на некого не му е јасно како течела еволуцијата и наводно пологично звучело. Па пологично е дури се е да е случајно, отколку животот да има свој создател, пошо ако идеме наназам кој кого создал нема да има крај.
Мислам дека @zhap4e во својот пост накратко кажа се што има да се каже на темава. Ама, нејсе. Ако ти ставот на еден човек од почетокот на 20-иот век го поистоветуваш со мислењето на сите Дарвинисти и генерално, луѓе кои ја поддржуваат еволуцијата, не знам што да ти кажам. Тоа е исто како ја да се фатам за young Earth креационистите како да се претставници на целото христијанство и да тврдам, „Еј, гледај ги христијаниве колку се глупи, во какви будалаштини веруваат.“ А инаку, се прашувам зошто ли дури ни самите христијани не можат да се договорат меѓу себе што всушност вели нивната религија за светот во кој живееме и за тоа како сме настанале. Тоа е, во најмала рака, чудно, зарем не? Инаку, морам да ти кажам, иако сум сигурен дека и самиот знаеш, ставовите кои ти ги изнесуваш околу настанокот на светот, животните и луѓето не го делат со тебе повеќето христијани. Дури и би рекол дека спаѓаш во релативно мало малцинство. Што правиме со останатите христијани? Зошто сите не го делат твоето мислење? Дали поголемиот дел од христијанските верници живеат во заблуда? Примеров не ти е соодветен за тоа што сакаш да го докажеш. Човекот е несовршено суштество и нормално дека и неговите креации ќе бидат несовршени. Од друга страна, Бог е совршен, па згора на тоа и кога го правел човекот како урнек се земал себе. Човекот е прилично несовршен, од која страна и да гледаш, па што зборува тоа за совршеноста на неговиот креатор и совршеноста на неговото дело? Овој список е далеку од релеватни причини. Ова се неосновани тврдења, направени според пристрасни, неосновани аргументи, направени под влијание на Библијата. Ако a priori претпоставуваш дека Бог постои, дека го создал човекот, дека човекот бил некогаш совршен, итн., тоа ти е далеку од било каков научен пристап или логичко размислување. Точно така. Ниту еден научник не тврди дека знае се - во тоа е и убавината на науката. Во науката нема апсолутни вистини и неприкосновени авторитети. Од друга страна, религијата и верниците го прават сосема спротивното - иако наизглед се претставуваат како скромни и понизни, нивните тврдења се многу помпезни и нескромни. Науката вели дека не знае како и зошто дошло до The Big Bang - ти велиш Бог го направи. Науката вели дека не знае зошто бездимензионалните константи имаат вредности какви што имаат - ти велиш Бог ги наштима за наш атер. Науката вели дека не знае како настанал животот - ти тврдиш дека Бог го создал. Науката вели дека не ја знае функцијата, намената и корисноста на сите органи - ти велиш дека мора да имаат намена и дека начинот на кој сме создадени е најдобар, затоа што Бог не создал. И така натаму. И ова не важи само за тебе, туку за сите верници. Дали приметуваш кој е тука нескромен? Да размислувале сите така - „Не знам зошто ова се случува, ама сигурно така треба, because Бог“, човештвото немало да оствари никаков прогрес низ годините. „- Човеков умира, да пробаме да му помогнеме или можеби да најдеме некаков лек?“ „ - Неее, батали, чим умира гарант тоа е Божја волја. Зарем ние да се мешаме во неговата волја или совршеноста на неговото дело.“ Што е најтрагично, и денес постојат верници кои размислуваат баш на овој начин. А што се однесува до генетските мутации и гревот - да му кажеш на дете родено со Даунов синдром дека тоа самото е криво што се родило такво, поради неговите гревови, или можеби гревовите на неговите родители - е најодвратното нешто што сум го чул. Искрено се надевам дека повеќето христијани не размислуваат вака.
Епа токму овие „бескорисни органи“ се сметале како доказ за еволуцијата, демек ете „остатоци од еволуцијата“ и покрај тоа што 99% од нив се побиени дека се бескорисни, Дарвинистите се уште упорно се повикуваат на тие 1% „бескорисни органи“ чија функција или не ја знаеме или не знаеме баш зошто е така (а можни се повеќе причини, а не одма еволуција!) или пак за нивната функција и значење тековно се дебатира. А значењето е релативна работа. За некои и косата нема значење и ноктите немаат значење, ама речиси никој од нив не би се истрижал ќелав и не би си ги извадил ноктите. Други пак, како Ник Вујичиќ, можат да живеат и без раце и без нозе и пак да бидат среќни Иначе Ник доаѓа во Скопје на 16-ти Април: https://web.facebook.com/events/1744226815806750/ Напротив, нема никакви факти, докази и закони за теоријата на еволуцијата, туку има факти и докази дека сме плански и интелигентно дизајнирани. Дали ќе го нарачеш тоа Бог или виша сила или енергија со разум или сила со разум, сеедно, факт е дека спонтаното настанување на животот е еден математички теоретски и практично НЕВЕРОЈАТЕН настан. А Математиката е кралица на науките.
^ Тогаш што е со палеонтолошките докази? Најдени се черепи, скелети кои не припаѓаат на ниедно денешно живо животно, а за кои се проценило дека се стари илјадници години. Освен тоа ако веќе сме совршени и Бог не создал такви, тогаш опиши ми што престставува совршенство? Да ги имаме сите можни позитивни особини на сите живи суптества? Е па за жал секој е "совршен" само на свој начин. Имаме толку недостатоци за кои не сме ни свесни, и не ги забележуваме во секојдневниот живот. Ако споредуваме човек со некое друго животно кој е посовршен нема да можеме да одредиме. Сакам да кажам мислиме дека сме совршени затоа што го иамме само она што мислиме дека ни е потребно, и не постои едно конкретно совршенство креирано од бог. Само тоа природата секого приспособила според околината.
Палеонтологијата т.е. фосилниот запис воопшто не открива бавна и финостепенувана еволуција. Нема фосили на преодни (транзициони) облици. Ова го признал и самиот Дарвин: „Бројот на меѓувариациите кои постоеле порано, мора да е навистина огромен. Тогаш зошто секоја геолошка формација и секој слој не се полни со такви меѓуалки? Геологијата навистина не открива некој фино степенуван органски синџир и ова, претпоставувам, е најочигледниот и најсериозниот приговор кој може да се изнесе против мојата теорија. “ (Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 55) „Наглиот начин на кој цели групи видови се појавуваат одеднаш во извесни формации бил изнесен од неколку палеонтолози... како еден фатален приговор на верувањето во трансмутацијата на видовите. Ако бројните видови, кои припаѓаат на иста генера или фамилија, навистина започнале да живеат истовремено, овој факт би бил фатален за наследувањето со бавна модификација преку природна селекцијa (Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 83) Надежта на еволуционистите била дека можеби подоцна ќе се најдат многубројните фосили намеѓуваријации. По 100 годишната потрага, професорот W.R.Thompson, ентомолог и тогашен директор на институтот по Биологија во Отава (Канада), во својот предговор на 100 годишното љубилејно издание на "Потеклото на видовите од Дарвин", меѓу другото, напишал: „Фактите и толкувањата на кои се ослонил Дарвин, сега престанаа да бидат уверливи. Долготрајните истражувања за наследноста и за варијациите ја поткопаа Дарвинистичката позиција.“ (Потекло на видовите од Чарлс Дарвин, издание од 1956, вовед од W.R.Thompson, стр. 12) Откако Дарвинистите се судрија со фосилите и палеонтологијата им кажа едно категорично НЕ, тогаш некои како Стивен Гоулд излегоа со алтернативни теории (читај приказни) за тоа како би можела да се случи еволуцијата без притоа да остави трага за неа Не би рекол дека е совршенство да ги имаме сите можни позитивни особини на сите живи суштества. Што е „совршено“ тоа е големо филозофско прашање и секој различно може да си го дефинира. Ја лично не сум размислувал многу на ова прашање. Инаку верувам дека човекот на почетокот бил добро создаден, но дека потоа поради одредени причини (според христијанството - гревот) неговата/нејзината природа се изменила (станал смртен, грешен, подложен на болести) и таа природа се наследува од генерација на генерација.
Едно малечко девојче, се враќало од веронаука дома. Го сретнал некој атеист, кој ја забележал радосната насмевка на лицето на девојчето, и му рекол: – Што толку се радуваш? – прашал атеистот. – Се враќам од веронаука. – И, што ви раскажуваа таму денеска? – решил да се потсмее на детето. – Ни го раскажуваа настанот од Библијата за тоа, како пророк Јона го проголтала голема риба. – Како може риба да проголта човек и тој, после сè да остане жив? Девојчето се замислило за миг, но потоа одговорило: – Не знам како се случило тоа, но кога ќе одам во рајот, ќе го сретнам Јона и ќе го прашам. – А ако е Јона во пеколот? – прашал атеистот. – Тогаш, ти ќе го прашаш. Одговорило девојчето. Извор: Преспанско- пелагониска епархија
Навистина прекрасен, длабокоумен текст со одлична порака од нашата ни православна црква. Кога ќе прочитам вакво нешто, стварно се чудам како некои од нас сеуште се атеисти, покрај ваквата очигледна православна мудрост. Всушност, се прашувам зошто цел свет не е православен? П.С. Се гледа дека текстов го напишал (неимагинативен) верник, бидејќи атеист немаше да праша „Што ако е Јона во пеколот?“, туку „Што ако рајот и пеколот не постојат?“ или „Што ако Библијата е човечка измишљотина, а она што го пишува во неа се само приказни?“
Тоа прашај го @EvAngelos бидејќи тој тврди дека житијата се измишљотина,па по иста логика треба да се постави и прашањето за библијата нели?Плус тој ти лајкува на таа теза.
WTF беше ова?! Како прво девојчево е многу злобно, како второ ова го напишал некој човек со половина мозок.
@Bender Rodriguez Не се замисли после длабочината на текстов? Ц ц ц... Искрено не знам дали е за плачење или смеење...друг коментар немам за сите вакви „длабоки филозофски мисли„ што ги иам чуено.
Начинот на размислување на православното свештенство во Македонија, како и на некои од православните верници - во кратки црти. Се замислив, се замислив, нормално. Ваков текст дури и најголемиот неверник не може да го остави рамнодушен.
Јас бев верник ама кога ми кажаа дека не смеам да вежбам јога го откачив православието. И до ден денес ни здраво не му викам.