Иако не се сложувам со атеизмот, сепак го сметам за далеку поразумен од православието. Генерално атеистите уклучуваат мозок, критички размислуваат, поставуваат прашања за убедувањата, за разлика од православието кое те учи да го исклучиш мозокот и разумот и да имаш слепа вера во некакви црковни авторитети, црковни „отци“, слепо да веруваш дека на патријархот во Ерусалим зад скриената врата оган му се симнувал од небото и му ги палел свеќите
Немој сеа да се криеш зад општи термини како „верникот“. Не се сите верници исти. Има разлика од верник до верник. Пиши си православец таму, не се срами од верата своја
Јас стигнав до знаење што ни Библијата, ни Тората или Куранот не може да ми го даде. Стигнав до среќа, љубов и лична исполнетост што ниедна религија не може да ме научи, туку мојот пат, животно искуство и прочитаните книги. Стигнав до почит, поради моралните вредности кои ги поседувам. Стигнав толку далеку, што ниеден религиозен човек не може ни да замисли дека тоа постои.
Уште да научиш да не се ставаш толку високо над другите, супер ќе си. И ве молам, немојте да ги поистоветувате сите православни со тие што кажуваат онакви "вицеви". Мене ме изеде срам од приказната.
Зависи кој како гледа на успехот. За некој тоа е некое научно достигнување, за некои тоа е исполнет живот.
И како ти знаеш дека имаш посиполнет живот од сите религиозни луѓе на планетава? Ти сам/а рече така нели Me интересира по кој критериум го процени тоа.
А ти? И ти ли стигна до нивото на Тесла, бидејќи си Православен? Патем, верник бил или „верник“? Ај, прогуглај го. Види шо ќе најдеш.
Не можам да генерализирам, а исто и ти не може буквално да го сфаќаш секој напишан збор. Остави простор за интерпретација! Зборам за тоа што го гледам во мојата средина, но како што не значи дека сите кои не веруваат во господ се среќни, така не значи и дека сите кои веруваат се несреќни. Не си земам право да зборам во име на 7 милијарди луѓе на планетата.
Тесла бил роден во православно семејство, но самиот не бил православен - за себе рекол дека не се смета за верник во класичната смисла на зборот.
Не,и веројатно уште 5 пати да се родам нема да го стигнам затоа што Бог дава толкава интелегенција на неколку а не на секого.Рекол ,,На тој што ќе му се даде многу,многу и ќе се тражи од него''. Бил Православен верник,татко ми бил Православен свештеник а он секоја ноќ пред спиење се молел.
Kum hrama Svetog Save Srpska crkvena opština u Geriju (Čikago), država Ilinois, osnovana je 1914. godine, a tokom naredne dve, sagrađena je manja crkva, koja nije mogla dugo vremena da zadovoljava narasle potrebe tamošnje srpske kolonije, pa je 2. jula 1937. godine udaren temelj nove velelepne građevine koja je osvećena na dan Blagodarnosti i Zahvalnosti u novembru 1938. godine, od strane tadašnjeg episkopa dr Damaskina Grdaničkog. Američka štampa je prenela vest da je kum na osvećenju hrama Svetog Save bio niko drugi do Nikola Tesla, što je najveća čast za jednog svetovnjaka.