Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеизам

Дискусија во 'Религија' започната од Papillon.Papi, 8 март 2016.

  1. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Жими се, светот е исполнет со секакви чуда, човекот-тесла е само едно од нив. :D
     
  2. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Океј :D
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Тој ли е Тој критериум за Православен верник, а не „верник“? Да се моли секоја вечер?
    Бидејќи човеков не бил баш “верник“... спиритуален, да. Дури и будизмот му се чинел интересен, како верување.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Сакам кажам нејќам речам.Дај не брукај се молим ти се.
     
    На ell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Ова вака и на Анѓелот му контрираше.. :)

    А Православен е придавка за што? Шофер,доктор,бравар? И мене ми се чини интересен Комунизмот па не сум Комунист туку Демократ по убедување...
     
  6. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Ангел се пишува без ѓ.
     
    На Lella, Bender Rodriguez и ell им се допаѓа ова.
  7. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Кажи им на другарка ти над тоа.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Обично велат: сакам кажам-не знам речам.^_^
    Од еден хипик, ова (јас).:rofl:

    Булгариан, озбилно, откако те прочитав за тоа со хипиците и како Христос не дошол да донесе мир, а меч...пред, кујзнае колку време... ме заинтересира. Што музика слушаше во младоста? :D Не дека знам кое годиште си..ама, ме занима баш поради твојата паралела со хипиците. Ми текна нешто од мојата младост (средношколски денови во 90те):D Дали беше по хард кор метал, византијска музика и крстоносци и скелети,крстови...пред да ја најдеш религијата? Не за друго, паметам во мое време, кога јас бев средношколка, многу од оние... од пред кругче (Плоштад)..брадестите, долги коси во црно, со дог мартинс и прилепени за нога фармерки..завршија на Богословски.:D Шала ова, нормално, од хипиков што можеш да очекуваш...да им контрира на тие, за тоа што е рок музика.
    Make love, not war! (fingers) :D
     
    Последна измена: 8 мај 2016
    На ell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Таман сакав да се напраам „паметна“ и се стрчав да го поправам. Среќа што беше побрз, иначе тешко мене... :D
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Кај мене под верник се подразбира секако православен и никако поинаку.Точно е дека има секташи и еретици.
     
  11. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Ќе им кажам на другарка ми. :D

    Нема на што, ние атеистите мора цврсто да се држиме за да го уништиме Бог. :D
     
    На Lella, Bender Rodriguez и ell им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Тоа е ради шала меѓу мене и Анѓелот од Пеколот (HellAngel,Или така нешто), кој ваљда го блокираа па се прероди, I assume.:)
     
    На Bender Rodriguez и BoneMachine им се допаѓа ова.
  13. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Ај доста беше хумор на темава. Сериозна е. Многу.

    :D
     
    На EvAngelos, Bender Rodriguez и BoneMachine им се допаѓа ова.
  14. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Да го приметив, тој беше како бодеж во очи штета што не го читав многу. Некако текстовите му беа долги и досадни. Се надевам дека сега е на подобро место откако го блокнале. :D
     
    На Feminka22, Lella, EvAngelos и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Воопшто не е од мене некое произлезено мислење туку тоа го кажува Архимандрит Рафаил Карелин:

    Апостолот Павле напиша: „Љубовта, не се раздразнува“ (1Кор. 13. 5). Тој не напиша: „Не гневете се“, зошто постои и свет гнев, кој е насочен против гревот и против демонот, гнев кој е како стражар на душата. И тоа не е афективна состојба која ја помрачува свеста, не е страст која го опива човекот, не е насладување со помисли за убиство или слики на одмазда. Туку светиот гнев го чува човекот од рушитеното дејство на гревот, притоа не нарушувајќи го неговиот духовен мир.

    Има и душевен гнев, тој настанува кога човекот не наоѓа можности да ги оствари своите желби.

    Светиот гнев, својот непријател го гледа во гревот - како човечко нарушување на волјата Божја, и во демонот - како овоплотен грев. Додека пак, душевниот гнев е насочен против луѓето.

    А токму расколот, не се бори против метафизичкото зло во светот, туку се бори против луѓето и ним им ги препишува сите несреќи и нереди.
     
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @FilipTraum, aко православието спаднало на толку ниски гранки да мора да го присвојува Никола Тесла, богами, тешко му се пишува. Но, и што да се очекува од верници кое веруваат во спуштање на Божји оган од небото за Велигден? :D

    Ти си изгледа од оние кои го поддржуваат „доброволниот“ арач на МПЦ за градење на цркви со „донации“. :D
     
    На BoneMachine и EvAngelos им се допаѓа ова.
  17. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Па не го присвојува Православието него туку он сам припаѓал на тоа Православие.Гледаш дека кум бил во црквата на СПЦ во Чикаго а кум се станува по своја волја не по присилна :D Плус татко му бил Православен поп.За тоа со огнот ќе се обратиш кај @EvAngelos,неговата ''црква'' е божја и он може на практичен начин преку (не)горење на неговата брада да покаже дека тое е вистина :D
    Треба да правиш разлика.Православието е (право)славење на Христијанство,МПЦ е верска институција.
    Тоа не е арач(данок од турски) туку прилог.Да, го поддржувам затоа што на многу семејства истата таа МПЦ и помогнала.Ете во Скопје има Народна Кујна.Чива е знаеш? :)
    http://mkd-news.com/shest-zheni-hranat-stotitsi-gladni-vo-skopje/
     
    Последна измена: 8 мај 2016
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Биди искрен и кажи која друга црква прави повеќе чуда од православната?
    Ова е прашање и за @EvAngelos .

    Еве јас на 14 години кога прв пат ја добив библијата во раце да ја читам.Иако за се друго ништо не ми беше познато.Ниту за предание ниту за преемство ниту за житија на светиите,ниту пак некој светители познавав.

    Ама уште тогаш читајќи ги чудата си реков.Христос вика како што правам јас чуда и вие ќе правите дури и поголеми од моите.И си реков која црква прави толку многу чуда и која толку многу се прославила со чуда ако не православната?!

    Како што има еден куп секти кои се помалку на број и малку прославени но во нив и нема чудо,си реков неможе секташка црква да се прославува како христос што се прославил бидејќи во нив нема ни чуда.А Христос вика како што правам јас чуда и вие ќе правите дури и повеке од овие.И си реков дека тоа е гарант православната црква бидејќи само неа ја знам за црква која има најмногу чуда.

    Католичката има многу малку чуда(што отпосле сфатив дека е заради преемството).Во католичката црква за некој да прогласат светец треба да му бараат дали направил некое чудо што едвај му наоѓаат.А во православните светци чудата се видливи до ден денешен.Ете така иако непознавајќи ништо ни за преданија ,ни за светии,ни за житија туку само од библијата и јас како ЕвАнгелос ,ми беше откриено дека православието е тоа на кое треба да му се посветувам.Така да Ев Ангелос нема изговор дека заради преданијата и житијата на светиите не ја познавам вистината.Напротив преданијата и житијата само повеќе ме надополнуваа на она што од почетокот ми се утврди како вистина читајќи ја само библијата.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Знаеш, малку поразлично е тоа... кога ми се чини интересен погледот на Томас Хобс во Левитјан за тоа како треба да биде уредена државата, дури и со добар дел од неговите ставови за човековата природа се слагам 100% без притоа пак да му ја прифатам теоријата која тој ја пропагира..дека, само автократски или тоталитарен режим е исправен за да се спасиме од сами себе и да не ги трпиме последиците од она „човек на човека е волк“... :wasntme: ама, во сево ова, нема Бог кој ме спречува да размислувам слободно за темиве, нема црква и нема Библија која праповеда одредени концепти, а други ги отфрла и прогласува за богохулење и еретизам, секташтво и сл. Особено кога еден Православен ја прифаќа можноста за.... прераѓање на какво учи будизмот.:)
    И Сталин учел за свештеник, патем,пак.. знаеш религијата во негово време... каде, во кое ќоше била сместена не?
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Moже ќе ти звучи чудно,но во минатото,кога е пишуван Стариот Завет,''претседател'' на Израел бил Бог.Да не бидам погрешно сфатен :D Не бил Oн избран на избори,па со коалиција со некого или со двотретинско мнозинство,туку Он бил најголем и Он ги поставувал оние доле да владеат во Негово име(види Давид и Соломон),нешто како министрите денеска.E гледаш жабо,во тоа време,тајкуните,изопачените,криминалците биле казнувани со смрт и затоа и скоро и да не постои случај во Библијата и Еврејската историја(тогашна) каде некој Евреин наштетил на Израел.Тие забегале,ама забегале со грев против себе не против државата :)
    Во Библијата има точно определени закони како се формира семејство,се чува и брани држава,се почитуваат другите итн.Во тоа време Израел бил најмоќната држава :)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.