На тема „Атеизам“ ме интересира, зошто луѓето гледаат на тоа со ... колку иронично и да звучи, со неверување? Од типот, скролам по фејс и среќавам објави од типот „10 славни личности кои нема да верувате дека се атеисти.“ Мислам да тргнам од моитее, сметаат дека е, цитирам, „смртен грев“, ама како можи да е грев за некој кој не верува во тоа? И која е целта да го „докажат“ тоа на некој кој нема да верува? Мислам, која е целта да се мешаат во нечиј избор? И во главно кое е влијанието на атеистот врз верникот и обратно, па да има ваква омраза измеѓу нив?
Нaидoв и нa текстoви декa немa пoгoлем грев oд губење чувствo зa грев или пaк декa верниците биле пoсреќни oд неверниците (вo депресијa сум спoред нив изгледa...). И вo 9тo пa кoлку прaшинa прaвеa рaди тoa штo сум aтеист... Али вo пoрурaлнa срединa беше шкoлoтo, и тaму сите "христијaни" беa (a ниту oдaт вo Црквa редoвнo, ниту читaaт Библијa, битнo и двете ги вoзвишувaaт).
Еве ти и немора да веруваш ама мора да се сложиш дека од православието излегуваат најмногу тврдења за чуда за разлика од другите.Тоа барем согласи се,не биди толку затворен за реалноста. А останатото остави на другите да си испитаат со личен опит во верата ,а не со наука која и Бог вика никој никогаш не го видел Бога.Затоа и никогаш според мене со наука нема ни да може да се стигне до видение на Бога.Зошто и сам Бог тоа го вика. Според ова повторно ми даваш до знаење дека ти библијата си ја читал можеби само на интернет,но никогаш не од раце.Ниту во библијата не пишува дека сите ќе веруваат.Туку уште од времето на Исаија тоа е кажано кој поверувал...... Нигде и во православието не сум прочитал дека некој забранува да се испита.Како што јас имам информација мирото што мироточи од иконите е испитувано и докажано дека неможе да се опише хемиски со никоја супстанција на земјата.Тоа од прилика го кажувам зошто оддамна читав за тоа. Многу чуда кои и до ден денес се видливи слободно им се оставени на научниците да испитаат. Еве на пример ќе ти кажам црквичката која има на неа пораснато огромни дрва,после змииите кои во Грција само во некој празник се појавуваат и само тој ден и се повлекуваат.Тоа никој не им забранил да испитуваат.Нека одат по змиите нека гледаат од каде озлегуваат и на каде одат.Ама некој што нема одговор ќе се повлечи молкум и ќе остави ти тука да си пишуваш што сакаш. Со испитувањето никогаш не добиле јасен научен одговор но како што кажува и Исаија така и многу од нив само ќе си се повлечат од испитување и ќе остават неодговорено.Затоа што и немаат одговор. Ова ме наведува да мислам и за тебе исто како за ЕвАнгелос.Се што спаѓало и што спаѓа во католиштвото му го препишувате и на православието.Мартин Лутер не се побунил против православните туку само против католиците.И затоа расправии од туѓ двор не носете во сосема друг двор.Не се однесувајте како село гори баба се чеша и оди од двор на двор да се расправа и кај тие што не треба.
http://sitel.com.mk/chudo-slepo-mom...gledalo-negovata-majka-se-onesvestila-od-shok Сигурно и на ова детенце баба му го саспивала со мислата дека е слепо додека догорувал огнот.Ох за Свети Ѓорѓи се собрале ,повторно тука се врти православието од актуелните новост.Каде се другите, католиците или сектите?! Овие православните и децата ги учат да лажат дека се слепи?Многу злобни испаднале?
Дали 100% му веруваш на истражувачкото новинарство на Сител кое е познато по новинарскиот сензационализам и фаворизирање на ВМРО и православието? Сакаш да ти постирам линкови од sitel.com.mk за еден куп чуда што немаат врска со православието? Еве овде на пример Сител вели дека на бебево му се откинала главата и докторите му ја сошиле http://sitel.com.mk/medicinsko-chud...be-so-otkinata-glava-po-straotna-soobrakjajka Или пак ова „чудо“ за иконата што имала телесна температура и пулс. Кога Сител би знаеле дека ова е католичка икона, не би го ни постирале „чудово“. Па уште велат научниците од Наса го откриле, а на сајтот на Наса нема ништо од ова, ниту на некој друг релевантен сајт каде би биле наведени имињата на тие научници. Ама и ова е добро позната новинарска злоупотреба на „научниците од Наса“ бла бла тресење глупости у нивно име. http://sitel.com.mk/chudo-nasa-otkri-zhiva-ikona-so-temperatura-od-366-stepeni Го истражи ли случајов со бебево дали постои доказ на некој објективен релевантен сајт дали навистина било слепо и дали прогледало? Е за оваа слепа вера ти зборам цело време што ја поттикнува православието. Можам и изметот да си го сликам и да кажам дека проговорил и да им пратам слика на православни заслепени верници со натпис „гомното ми прозборе додека вршев нужда покрај тој манастир“ и одма сите ќе коментираат амин, голем е бог, слава на св. петка, И ако потоа им постирам во коментар дека сум се збунил, дека не било покрај манастир туку покрај џамија, одма ќе ги бришат коментарите
@theowndemon, мислам дека имам кажано дека јас лично немам апсолутно ништо против верниците, се додека можат својата религија да си ја задржат за себе. Проблемот е што најчесто не можат – најчесто, религијата ја користат за поделба на луѓето на „наши“ и „нивни“ и за ширење на нетолеранција и омраза. Она што мене ми пречи кај религијата е следново: Прво, религиозните родители на своите деца им ја наметнуваат сопствената религија и практично, им ги перат мозоците со неа уште од најмала возраст. Ако возрасен човек по своја волја одлучи дека сака да припаѓа во одредена религија, немам никаков проблем со тоа. Но, на повеќето деца тој избор им е ускратен – од најмала возраст ги учат дека Бог постои (и тоа, замисли, баш оној Бог во кој веруваат неговите родители е вистинскиот), а многумина од нив и ги заплашуваат своите деца користејќи ја религијата (ако мастубрираш, ќе одиш во пеколот и сл.). А ова во принцип е ништо друго туку злоставување и психичко насилство врз децата, што на многу од нив им остава трајни последици во животот. И додека ниту еден друг облик на насилство врз децата не се одобрува и напротив, се санкционирани и незаконски, ова се смета за океј само затоа што е поврзано со религијата. Ова ме носи до втората причина поради која не ја сакам религијата – нејзиниот повластен статус во општеството. Прво, ниту една црква не плаќа данок на државата, иако сите знаеме дека организираната религија е и те како профитабилна. Второ, луѓето се приморани да одат на прсти кога се дискутира за религија. Да не збориме за тоа што ако некој се реши да направи некоја шега на сметка на религијата. Кога по објавувањето на данските карикатури на Мухамед следуваа закани и убиства од страна на исламистичките екстремисти, ја лично очекував дека цел свет, вклучувајќи ги и останатите религиозни заедници, најостро ќе ги осуди овие случувања. И навистина, се јави папата меѓу првите и ги осуди – карикатуристите, затоа што се дрзнале да нацртаат карикатура од Мухамед и да им ги повредат чувствата на муслиманите. What?!? Да, така беше. Религијата не треба и не смее да има повластен статус во општеството, а слободата на говор треба да важи дури и кога зборуваме за Бог. Хуморот и сатирата на сметка на религијата верниците може да ги оценат како невкусни, но никако не смеат да си земат за право да се однесуваат онака како што се однесуваат религиозните фанатици. Стигнавме и до третата причина – религиозните фанатици. Се додека има луѓе кои мразат и убиваат други луѓе само затоа што припаѓаат на различна религија од нивната, ќе бидам против религијата. А за жал, се додека постојат верници, ќе има и фанатици. Исто така, ми пречи и мешањето на религијата во државните работи – иако религијата и државата би требало да бидат одвоени, во пракса најчесто не се. Кампањите против абортусот, против геј-заедницата и геј-браковите, обесправеноста на жените во некои земји – сите овие работи се мотивирани само од едно нешто – религијата. И се додека религијата ги поддржува и оправдува ваквите работи, не можам, а да не бидам против неа. Но, во секој случај, како што рече @Papillon.Papi, мислам дека во најголемиот број случаи верниците се тие што имаат нешто против атеистите, а не обратно. Јас не реков дека не е така; реков дека не знам дали е така или не. Исто така, реков дека ако ти тврдиш дека православието има најмногу тврдења за чуда, ќе се сложам со тоа. Точно е дека верата не може (и не треба) да се испитува и докажува со наука – тоа е лично, субјективно чувство кое некој може да го има дури и без потреба од никакви физички докази. Но, чудата можат да се подложат на научно испитување и анализа. На пример, спонтаното запалување на свеќите за Велигден во Ерусалим или се случува или не се случува – трето нема. И истото може многу лесно да се докаже или оспори ако се направи експеримент на ова чудо. Да ја оставиме Библијата на страна за момент и да размислуваме како рационални луѓе - според мене, ако нешто е вистинито, точно, докажано и неоспорно, неминовно е целиот свет да го прифати како такво. Така е со природните закони, на пример. Истото би требало да важи и за случајот со православните чуда - не гледам зошто нормален и рационален човек не би ги прифатил, ако навистина се случуваат и се докажани како такви. Јас пак, до сега не сум чул дека науката испитала нешто и навистина потврдила дека е Божјо чудо. Постојат само случаи на одредени квазинаучници или научници кои се пристрасни поради сопствената вера кои изнеле некои вакви тврдења. Но, општоприфатена и призаена научна анализа која покажала дека нешто е чудо - до сега немало. Ама, од друга страна, имало неброено многу истражувања од странана научници и скептици кои покажале дека некое „чудо“ всушност е измама. А тоа дека сите тврдења за чуда и чуда се достапни за слободна научна анализа, не би рекол баш. Прво, темава не е „Православие“, па да не можеме да го споменеме и католицизмот; второ, ти прв го спомна, а ова беше мојот одговор во однос на „непристрасноста“ на католичките комисии за канонизација на светци. Но, сигурен сум дека како што денес ние веруваме дека некои светци од минатото имале натприродни и исцелителни моќи и им се молиме, така и за 100-200 години многумина ќе веруваат дека Мајка Тереза со допир и молитва лекувала од лепроза и ќе се молат пред нејзината икона. П.С. Мислењево ти е скроз офтопик на темава.
Абе види сега,дали смислата е класична,метафорична,духовна,ваква или онаква тоа не го менува фактот дека он припаѓал на Православната вера и се држел до неа колку што му дозволувало времето И најважно од се,го признавал Бог Знам дека не се,но општо те прашав,за да направиме аналогија,зошто неможеш да бидеш? Припаѓаш на Исламот? Не.Па ни кум во црква неможеш да бидеш ако не покажеш дека си крстен во Православна црква и дека по своја волја стануваш тоа Џабе ја тупиш со Тесла
Поради обврски ќе бидам неколку дена неактивен тука и затоа не сакав да пишувам ама ајде,бидејќи си дама ќе направам за тебе исклучок Вака,за првиот дел.Ова е црковно-административно прашање.Колку што разбрав, сите се крстени(и дечко ти и другар му) и со тоа е исполнет основниот и најглавен услов за некој на некого да му биде кум Друго,она колку што јас ја познавам Библијата и Каноните на Црквата,таа(Црквата) не се бави со тоа кој и колку верува.Библијата вели дека Бог ќе суди на Судниот Ден за тоа,и затоа Црквата не се бави со тие работи.Сепак бидејќи ова како што реков е повеќе црковно-административно одколку духовно прашање,најдобро е да се консултирате со свештеник. За второво прашање сум сигурен во ова што ќе ти го кажам Ќе ти дадам еден одговор за сите три прашања.Нема врска кој каде е закопан.На Православни гробишта или на некоја депонија. Прашањето е,што ќе се случи со нив,со мртвите ? Христос во Библијата јасно вели дека тој што не е крстен,не верува во него и не се исповедал(и покајал) нема да добие Вечен Живот. Што ќе се случи со тие што не ги исполнуваат овие три услови? И тие како и оние праведните Христијани ќе се преобразат во вечни тела(бесмртни,нераспадливи).Тогаш доаѓа она... страшното. Библијата вели дека тие ќе бидат фрлени во Огненото Езеро.Гехена,оган кој никогаш не се гаси т.е е вечен.Тие таму ќе бидат во вечна темнина и самотија,нема да може да умрат(бидејќи имаат вечни тела) а ќе го чуствуваат горењето.Значи вечна темнина,вечна самотија,вечно горење и еден црв кој ќе ги гризе... нема никого наоколу,нема втора шанса,нема помош. П.С Светите Отци на Црквата велат дека дури и самиот Сатана се плаши од Гехена,колку е страшно таму Знам дека во вториов дел отидов малце офтопик ама мислам дека ова е многу поважно да се знае
Ти благодарам. Не би да навлезам подлабоко сега, туку некој следен пат кога си послободен. Од секој одговор си имам плус неколку прашања..
Атеист сум затоа што не сум на ниво на ,, просветленост,, како оние кои дебатираат во темите ,, Прашања за исламот ,, и ,, Прашања за христијанството ,,. Некој рекол ,, Не ми смета Господ, туку неговиот фан клуб ,,. Ајт со здравје.
Природните закони не се докажани како точни туку се земени како премиса врз основа на која функционира научниот метод и изведува други заклучоци со експериментирање.
Земи го следниов пример - кога луѓето решиле да лансираат ракети во вселената, тоа го направиле со помош на законите на гравитацијата (кои, патем, се докажани како точни). САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Иран, Израел и други ги искористиле истите научни принципи за да го направат ова - без разлика на тоа дали се христијани, хидуисти, шинтоисти, муслимани или јудеисти. Науката позади патувањето во вселената е универзална, важи за сите и е прифатена насекаде во светот. Религијата е целосна спротивност на ова - ниту е докажана, ниту е универзално прифатена - повеќето верници можат да се сложат единствено во една работа - дека некаков Бог постои, и тоа е се. Кога ова ќе се спореди со науката, „доказите “ за одредена религија се, во најдобар случај, бледи, неаргументирани и двосмислени. Патем, квантната електродинамика е научно докажана, и тоа со точност од 11 децимали. Кога било која религија ќе го докаже постоењето на својот Бог, со точност дупло помала од оваа, ја ќе бидам прв што ќе и се приклучам, макар била и скиентологија.
1. Конструкторот на првата ракета која ги однесе луѓето на Месечината е Вернер фон Браун кој бил христијанин, а не атеист. 2. Законите на гравитацијата се постулирани од: - Исак Њутн (3те Њутнови закони) - христијанин, а не атеист. - Јоханес Кеплер (3те Кеплерови закони за движење на планетите) - христијанин, а не атеист. Сори ама ова морав да го постирам, пошто приметувам дека некако индиректно и нечесно им се препишува науката на атеистите, а демек верниците се „на спротивната страна“ од науката Религијата е општ поим. Христијанството не е спротивност на науката, туку има различен домен од она што науката го проучува. Науката не може да експериментира со духовниот свет, со натприродното и трансцедентното. Од друга страна, ако гледаме со тој критериум или перспектива на работа, слободно може да се каже и дека атеизмот е целосна спротивност со науката - ниту е докажан, најмалку пак универзална прифатен (во светот има помалку атеисти од христијани), и повеќето атеисто можат да се сложат единствено во една работа - дека Бог не постои и тоа е се. (знам дека се спојуваат и по други ствари, како што можат и христијаните, ама го користам твојот приод во критикувањето). И кога ова ќе се спореди со науката, доказите за атеизмот се, во најдобар случај, бледи, неаргументирани, ненаучни, неконзистентни итн. Кога ти ќе го докажеш атеизмот и само со 1 децимала (значи со 10 пати помала точност!), јас ќе бидам прв што ќе се приклучам на атеизмот, макар било тоа и нихилистичкиот светоглед