Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеизам

Дискусија во 'Религија' започната од Papillon.Papi, 8 март 2016.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos, long time no see. :D

    Немаше баш потреба да ме цитираш за мислењево, затоа што у него никаде конкретно не зборував за христијанството, а не напишав ништо ни за атеизмот. :)

    Мислењето ми беше одговор на ликот погоре и се однесуваше исклучиво на науката; според него, природните закони не се докажани, туку се земени како произволни аксиоми - нешто, што ќе се сложиш, е многу далеку од вистината.

    Нема проблем што го потенцираш ова, ниту ми смета, ниту го негирам. :) Мене тоа и ми беше поентата - овие закони ги постулирале христијани, но тие подедакво важат за сите - и за христијаните, и за муслиманите, и за хиндусите и за будистите.

    Кога Индија лансираше ракета пред некоја година, не искористи некој пандан за законот за гравитацијата измислен од научник-хиндуист - ги искористи истите закони на Њутн-христијанинот. Едноставно, науката е универзална, а религијата не е.

    Јас и зборев за религијата како општ поим - ако ги ставиш сите на куп, суштината е таа - генерално, се сложуваат само за постоењето на еден или повеќе Богови (има и други работи мање-више универзални за сите религии, ама во ред), а практично во се друго се разликуваат.

    Пак ќе речам - не ми ни беше поентата на претходниот пост да тврдам дека атеизмот е поуниверзален или поиздржан од религијата.

    Понтата ми беше дека науката и природните закони се и те како докажани и универзално прифатени во светот.

    Поздрав!
     
    На Lella, Dgirlll и EvAngelos им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Во право си, твојата реплика на ликот претходно си е таман на место. Некако се надоврзав во темите на претходни дискусии со други атеисти.

    Поздрав пријателе, yeah long time no see, but nice to see haha :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
  4. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    јас сум атеист и не верувам од повеќе причини
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    @HUNK Можеби требаше на друго место да ти го поставам прашањето.
    Дали треба човекот да помине несреќен живот за да се здобие со Царството небесно?? Оваа поука не ми се допаѓа воопшто, ако сакаш нешто поддобјасни ја.



    „ Без разлика колку и да страдаме, ќе дојде време кога сето ова ќе заврши и секој од нас ќе отпочине во согласност со трудот кој го вложол. Дали страдаш? Дали тагуваш? Дали плачеш поради неволјите? Дали си уморен? Охрабри се, затоа што така се здобива Царството Небесно...“ - Старец Ефрем



    Старец Георгиј Капсанис[/QUOTE]
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    [/QUOTE]
    Фала на прашањето :)

    Прво мора да знаеш зошто човекот страда,зошто е несреќен,со проблеми итн.Бог во Стариот Завет на човекот му поставил еден многу другарски,фер и демократски предлог:

    Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата:дека пред вас ставам живот и смрт, благослов и проклетство. Затоа избери го животот за да останеш жив, ти и твоето потомство. 5.Мојсеева 30:19-20

    Што значи,човекот сам бира дали ќе добие благослов или проклетство.Дали он или неговите деца ќе бидат здрави и живи или родени со аномалии,синдроми и хендикепи.Проклетство се бира со вршење блуд,кражби,насилство,убиства,лажење.пијанчење,дрогирање..
    Зашто јас, Господ, Бог твој, сум Бог љубоморен, кој ги казнувам гревовите на татковците - гревовите на оние кои ме мразат - кај децата до трето и четврто колено, а покажувам милост кон илјадници кои ме сакаат и ги извршуваат моите заповеди“ (2. Мојсеева 20,4-6).

    Второ,ова што Старецот Капсанис(кој бил Светогорски монах и духовник на мојот духовник) сака да го каже е друго.Ако човекот е морален,верен,добар а сепак страда и е несреќен,тогаш тоа е со Божјо допуштение за тој истиот да си го добие своето место во Неговото Царство.Ова го велам затоа што
    Апостолот Јован во Откровението на светот кога го видел,Христос му рекол

    ,,19. Кои Јас ги сакам, нив ги карам и казнувам. И така, биди ревностен и покај се.
    20. Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.
    21. На оној, што победува, ќе му позволам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол.
    22. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите. Откровение 3:19-22

    Што значи ,,оној што победува''? Тоа се оние кои не паѓаат во блуд,не страдаат од пороци како алхохол,дрога,цигари,коцка,не крадат,не лажат(тешки лаги),не се каат,не се исповедаат,не се причестуваат,неверниците и атеистите и згора на тоа,она што мнозинството вие овде го правите а тоа е терате други во грев,во блуд..
    “Зар не знаете дека неправедниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство? Немојте да се залажувате! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни полово изопачените, ни хомосексуалците, ни крадците, ни алчните, ни пијаниците, ни клеветниците, ни измамниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство!” (1. Коринт 6:9-10)

    Бог им дава болести и несреќи на оние кои не се морални за да се покајат и да се поправат.Или евентуално да ги казни бидејќи веќе неможе да го трпи нивното зло..
    Им дава несреќи и болести на оние кои се морални за да ги направи достојни победници за Царството Небесно.Бидејќи прав верник,кога ќе падне болен или страда,тој го слави и му благодари на Бог.. и таквите се поголеми од оние кои цел живот се аскети и живеат монашки,осаменички живот во пустина како светци. :)

    Оние кои се морални и добри,верни на Бог,ретко Он допушта за нив несреќи.
    “Зашто платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот.” (Римјаните 6:23)
    “Нема среќа за тој што гревовите си ги прикрива, а оној што ги исповеда и ги напушта, ќе биде помилуван.” (Поговорки 28:13)
    “Ви велам: на луѓето ќе им биде простен секој грев и секоја навреда, но ако Го навредат (похулат) Светиот Дух нема да им биде простено.” (Матеј 12:31)
     
    Последна измена: 26 август 2016
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Во последно време ме измачува оваа тема со религијата. Од една страна нели религијата е создадена 3000 г.п.н.е. Сега се мислам што ако религијата е само куп измислици. Што ако таму некаде во праисториското време имало доволно паметни луѓе да создадат религија се со цел да ги одвратат луѓето од правење лоши работи. Како на пр. 10-те заповеди.
    Можеби имало власт и било забрането убиството, крадењето, но сепак било тешко да се најдат злосторниците па морало да се создаде нешто како што е Бог од кого луѓето ќе се плашат. Бидејќи тогашните луѓе биле прилично неуки и било многу лесно да поверуваат. Јас верувам дека постоел човек Христос кој се жртвувал за христијанството бидејќи имале силна вера во Бога и задгробен живот.
    Исто така верувам дека на одредени луѓе такозвани пророци им се привидувал Бог на сон ама сетоа тоа да е последица на нивната подсвест.

    Следна причина поради што верувам дека религијата е измислица е тоа што исламот нели е заснован врз христијанството. Па како тоа мислам еве овиее веруваат во оваа ајде ние ќе направиме друга религија во која ќе веруваме но нешто друго. Незнам како да кажам а и денес има многу религии и од каде доаѓаат тие религии? Секако дека од некој идеи на различни луѓе.

    Но, сепак има нешто што ми влева некако страв. Мислам дека ако се откажам да верувам во Бог ќе се случи нешто лошо. А и ако се складираш како атеист дали тоа значи крај на прекрасните настани како Божиќ?
    Едноставно го обожавам Божиќ и таа празнична атмосвера:inlove:
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Не знам како религииската (не)определба влијае врз случките во животот... Ако се сопнеш и паднеш тоа е зашто не си била внимателна во тој момент, не зашто Господ ти напраил сопка. И твој избор е дали ќе славиш празници, за жал ние атеистите немаме света книга за да кажуваме дека е грев да се слави „туѓ празник“ ако си атеист...
     
    На eloves, Lella, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ЖитиСфе?

    ЖитиСфе? Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Астрофизиката е толку многу напредна што практично не е проблем Господ со сите тие религии да постои/постоел во рамки на универзумот. Универзумот, мултиверзумот или што и да е.. е далеку ПОГОЛЕМО чудо од тоа дали некогаш и некаде егзистирал некаков облик, форма на енергија и материја наречен Господ. Господ е само име, може слободно и Ленче да го викате, океј е.
    Не се исти фундаменталните прашања некогаш и сега. Се менаа работите.
     
  10. Alena-R

    Alena-R Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    (n)
     

    Прикачени фајлови:

    • image.png
      image.png
      Големина на фајлот:
      323,9 KB
      Прегледи:
      16
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Религијата не служи само за заплашување на народот за да не прават лоши работи. Таа од многу аспекти му дава смисла на човековото постоење и го објаснува навидум хаотичниот свет во кој живееме. Порано, со неа се објаснувале разно-разни природни појави и катастрофи, а и денес сеуште служи за наоѓање утеха за егзистенционалните прашања кои го мачат човекот – смртта, болестите, итн.

    Иначе, ти ја разбирам поентата и се сложувам дека религијата е човечка измислица, но многу од причините поради кои човекот почувствувал потреба да ја измисли се сеуште актуелни и денес – стравот од смртта, потребата за награда и казна, за универзална правда, итн.

    Исламот е заснован на христијанството, христијанството на јудеизмот, јудеизмот на политеистичките религии од Месопотамија – и така натаму.

    И мене отсекогаш ми било фасцинантно како, покрај толку многу религии кои некогаш постоеле и сеуште постојат, сите се убедени дека баш нивната е вистинската, а другите се измислици. Како денес сите се сложуваме дека грчките, римските и нордиските божества се само дел од приказни – митови и легенди – а денешниве религии се на некое повисоко ниво од тоа?

    Несомнено е дека ќе ти се случуваат и лоши и добри работи во животот, без разлика дали ќе веруваш во Бог или не – на сите ни се случуваат. Разликата е во тоа што ако не веруваш, нештата ќе ги прифаќаш како што се и нема да бараш некое подлабоко значење, во смисла дали ова нешто што ми се случува е можеби некаква Божја казна за нешто што сум го направила.

    Во секој случај, на светов има многу атеисти, па ете ги – повеќето се живи, здрави и водат нормални животи. :)

    Нормално дека не. Постои разлика помеѓу религијата и традицијата – а христијанските празници се длабоко вкоренети во традицијата на ова поднебје. Ако сакаш, можеш слободно да си празнуваш и практикуваш кои сакаш христијански обичаи и традиции. Има една книга, Religion for Atheists, од Alain De Botton, која зборува за религијата од секуларен аспект, како и за одредени позитивни обичаи и практики кои се среќаваат во религијата, кои можат и атеистите да ги практикуваат.
     
    На AnaKlarc, Lella, baba Rada и 3 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    На светов постојат христијани, муслимани, јудеисти, будисти, хиндуисти, атеисти, пантеисти, политеисти, агностици, нихилисти, релативисти, постмодернисти, њу ејџ верници, егзистенционалисти итн.

    И мене веќе долго време ме фасцинира како тоа, покрај толку многу религии, вери, филозофии, светогледи, идеологии, атеистите се убедени дека баш нивното натуралистичко верување е баш она вистинското, дека тие ја знаат апсолутната вистина, а сите други само веруваат и ги ставаат во еден ист кош „религии“ а себе си се дистанцираат од тој кош и се нарекуваат наука, факти, логика, реалност, мозок..? Зарем не е тоа малку арогантно, нереално и нарцисоидно?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    [​IMG]
    :u::u::u:
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos, атеистите не велат дека знаат сè и дека можат сè да објаснат.
    Ако веќе одиме таму, ова тврдење дека за сè постои објаснување доаѓа од религиите, не е од атеизмот.
    И никој не ја знае апсолутната вистина, никој не може да ја знае, кој и да го тврди тоа (ова важи и за атеистите и за верниците).
     
    На theowndemon, Bender Rodriguez, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Зошто тогаш атеистите самоуверено велат дека религијата е човечка измислица, а не го речат тоа и за атеизмот? Зошто претпоставуваат дека постоело време во минатото кога сите луѓе биле атеисти и одеднаш оп неколку луѓе се собрале и рекле ајде ќе измислуваме религија, ќе нацртаме Бог итн. Ако копаш по античката историја со денови можеби ќе најдеш 3-4 атеисти и на основа на нив можеш да тврдиш дека тук таму постоеле по некои атеисти порано. Денешниве 3-4 проценти атеисти во светот се веројатно најголемиот процент атеисти во човековата историја. И знаејќи го ова некој се дрзнува да вели дека имало време кога атеизмот дифолт убедување и луѓето ја измислиле верата во Бог :)
    Зошто атеистите не си ја постават обратната теза: дека атеизмот е човечка измислица? Од каде се апсолутно сигурни дека не е така?
     
    На Rama и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Па, од атеистичка (или како што ти сакаш да велиш, натуралистичка) гледна точка, религијата е човекчка измислица. Луѓето ја измислиле, луѓето ги напишале книгите, ги изградиле храмовите и тие самите ги поставиле правилата на секоја религија. А ги има толку многу. Ако постоеше еден правилен Бог, зарем немаше сите да одиме по него?

    Сепак, како што кажа, во денешно време најверојатно има најголем број атеисти. И тоа не е нешто зачудувачко, туку едноставно е резултат на развојот на науката. И не рипнувај одма, не си ја присвојуваме науката, туку сите знаеме дека во минатото луѓето не знаеле како да си ги објаснат природните појави и затоа ги измислиле боговите, од кои постепено почнувале да измислуваат нови богови, па и вашиов, денешниот. Сега знаеме од каде доаѓаат тие појави, и Бог не е повеќе објаснување за нив. Сепак, низ времето, вербата не служела само за природните појави, туку и за други работи, како контрола над општеството, поучување морални вредности, излегување од депресии итн., што не е нешто лошо.

    За тоа дека и атеизмот е човечка измислица, не би го нарекла баш така. Повеќе е спротиставување на вербата и религијата, како што и самото име кажува. Да немаше верба во луѓето немаше да има ни атеисти. Всушност, сите ќе беа атеисти, само немаше да се викаат така, односно немаше да се викаат никако. :D
    Така што, немало такво време кога сите биле атеисти, затоа што за да има такво време е потребно да има теисти, а ако има теисти значи не се сите атеисти.
    (Ептен ја збркав работата, уште малку ни сама нема да се разберам.:tmi:)

    Само, мене ме интересира, припадниците на одредена религија, нели се запрашуваат дека можеби не се во право? И не ми го поставувај истото прашање и мене, само дочитај. На светот има толку многу религии, некои од нив веруваат во реинкарација (некои од источните, ако не се лажам), а вие верувате во рај и пекол. Значи, и тие се исто толку убедени дека постои реинкарација колку што вие сте убедени за рајот и пеколот.
    Очигледно, најмалку едните грешат. Секако, ти ќе речеш дека тие грешат, ама не заборавај, тие мислат дека ти грешиш. See the bigger picture, барем некој несомнено греши, и не значи дека се другите.
     
    На crimson, theowndemon, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    66b0bfa5e278943529791821778048d1.jpg
     
    На Bender Rodriguez, КикиМаус и Lella им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    На светов постојат христијани, муслимани, јудеисти, будисти, хиндуисти, атеисти, пантеисти, политеисти, агностици, нихилисти, релативисти, постмодернисти, њу ејџ верници, егзистенционалисти итн.
    Во целата таа толпа на луѓе со различни верувања и убедувања, атеистот крена рака и рече: Сите ваши верувања се човечка измислица, а моето е она правото, неизмислено, вистинското, научното, логичното :)

    Развојот на науката нема врска со атеизмот. Прво и основно научниците кои што биле основоположници на науката и направиле реформација во науката биле теисти, повеќето христијани.
    Околу 65% од Нобеловците се христијани, а атеистите и агностиците заедно сочинуваат 7% (Baruch A. Shalev, „100 years of Nobel Prizes“)

    Можеби Чарлс Дарвин со неговата теорија за еволуцијата (со сите тие фалсификати на почетокот кога ја промовирале теоријата) допринел за развој на атеизмот, ама Дарвин е ситна буква меѓу научниците.
    Друга причина е контра-реакцијата на луѓето против Римокатоличката црква после протестантската реформација.

    Тоа што неедуцираните луѓе во минатото не знаеле да си објаснат некои природни појави и им припишувале некакви митски личности, нема врска со постоењето на вистинскиот Бог кој е создател на природата и на природните закони кои што управуваат со природните појави.
    Јас лично знам многу атеисти што станале атеисти затоа што им починат некој родител, затоа што биле соочени со некаква сурова реалност, трагедија и не знаејќи како да си го објаснат Божјото неинтервенирање си станале атеисти, или со твојот речник - си измислиле атеизам. Знам и многу атеисти што се атеисти само затоа што во атеизмот гледаат една подлога каде што можат да се зафркаваат со други верници, да ги зезаат за некои недоследности, за работи што не ги разбираат и сл. а самите при тоа немајќи унифициран сет на убедувања да си се стават во бзбедна зона каде што некој не може да ги зафркава нив. Тоа се мрчатори, потсмевачи. Некои дури мислат и дека женска ќе си фатат преку постирање анти-религиозни цепки мемиња. Ене ги, уште мастурбираат пред компјутер.

    Во древни времиња, многу луѓе верувале дека со Месечината, Сонцето, другите ѕвезди, природните појави, плодноста и сл. управуваат некакви митски божества, секое со своите сопствени правила и закони. Сепак тоа не било случај со евреите (Јудеизмот) и подоцна со христијаните кои не верувале во овие божества, имале забрана да им се поклонуваат и верувале само во еден Бог кој поставил небесни и земни закони (природни закони) да управуваат со нив (Еремија 33:25,Јов 38:33,Библијата). Па така кога луѓето истражувајќи дознале што всушност се Сонцето, Месечината, другите ѕвезди и како тие се движат, митските божества почнале полека да исчезнуваат, а оние кои верувале во Создателот кој поставил природни закони во природата, се восхитувале на научните откритија и добивале инспирација за понатамошно истражување.

    Кога познатиот научник и основоположник на современата механика Исак Њутн го открил законот за гравитација, тој не рекол: „Аха, еве сега знам како планетите се движат, не ми треба Бог“. Не, туку тој ја напишал Philosophia Naturalis Principia Mathematica – една од најпознатите книги во историјата на науката, каде меѓу другото напишал:

    Најубавиот систем од Сонцето, планетите, кометите можел да произлезе само од намерата и власта на интелигентно Битие.“ (Исак Њутн)

    А во друга прилика рекол:

    Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!" (Исак Њутн)


    Ама не велиш така затоа што си атеист. Како што ни агностикот не вели дека агностицизмот е човечка измислица, или како што будистот не вели дека будизмот е човечка измислица, ниту пантеистот вели пантеизмот е човечка измислица.

    Се си е таман, само во тоа „најмалку едните грешат“ стави ги и атеистите. Е дури потоа може да разговараме кои грешат, а кои не. Глупо би било пантеистот или агностикот да се издвои од групата на неистомилениците и да рече: Е вака сеа, ја не грешам со сигурност, а од вас некој сигурно греши, бидејќи не може две спротиставени вистини да се истовремено точни. Е да ама и атеизмот е едно спротиставено гледиште кое исто така не мора да значи дека е точно.
    Атеистите се убедени дека целиот Универзум си настанал така сам од себе, без присуство на создател и дизајнер. Атеистите веруваат дека сиот животински биодиверзитет, вклучувајќи го и човекот, се плод на низа случајности, без план, без цел, без интелигенција. Атеистите се убедени дека не постои натприроден свет, дека светот е само она што го гледаме со очите, комбинации на протони, неутрони, електрони и други елементарни честици и енергија. Атеистите се убедени дека морал е релативен, дека фиктивна категорија. Сите овие убедувања на атеистите се минимален процент од плеадата убедувања во светот и од каде таа увереност дека баш тие се во право?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
  20. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos бе брaaaт кaжи тукa јaвнo сеa, дaли уште се oбидувaте сo пoдaренo усб нa бруцoшите дa ги дoведете нa прaвиoт пaт нa вербa у гoспo
    :D

    И aкo не иделе нa сoстaнoци сте им ѕвoнеле, кo дa ви дoлжaт нештo пoшo усб сте им дaле :D
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.