1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеизам

Дискусија во 'Религија' започната од Papillon.Papi, 8 март 2016.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.072
    Познавам бар двајца хомосексуалци кои се христијани - од кои едниот “ептен“ (поголем апсурд нема).

    И нема поврзаност помеѓу атеизмот и хомосексуалноста.
    Има поврзаност помеѓу религијата и хомосексуалноста.

    Сите религии ја осудуваат хомосексуалноста, па затоа не е логично да си хомосексуалец и верник истовремено.

    Но, едно е важно за повеќето такви атеистички групи - сите ја поддржуваат слободата. Слобода да бидеш што сакаш, затоа што сите ние сме биле под некаков притисок заради нашите гледишта.

    Инако, самиот збор атеизам значи отсуство на религија, па така секој се раѓа како атеист, подоцна по пат на социјализација станува (или не станува) припадник на некоја религија.
    Надежта не е ексклузивна за религиозните. Тоа е природно за секој од нас. Не треба да се молам за да се надевам на подобро утре, не ми требаат богови за подобро утре, верувам во себе и во своите способности, својата упорност и својата амбиција.
    Кога ми било најнајнајтешко сум ја барала мајка ми, а генерално не очекувам помош од никого. Ако ептен ми е тешко, родителите ;)

    Инаку ич не се чувствувам празно и неисполнето, баш напротив.
     
    Последна измена: 11 март 2016
    На kjukli, ku4ence, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Ekstaza

    Ekstaza Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Сега кога пиша ова "секој се раѓа како атеист, подоцна по пат на социјализација станува (или не станува) припадник на некоја религија" ме потсети на еден тип кој ми викаше дека тоа не е точно, дека и бебињата кога се раѓаат веруваат во нешто, гледаат и чувствуваат нешто што ние не можеме... Ахаха, леле какви бисери значи, ова е само еден од нив.

    Иначе, јас сум атеист и живеам во средина каде што тоа е нешто неморално и ненормално, па така наидувам на осудувачки погледи кога кажам дека на празник не одам во црква (јер нели мене не ми е празник) или дека не сакам да се венчам во црква или да крстам дете. Ама ми е гајле, се навикнав веќе на тоа да сум аутсајдер. :P
     
    На Lolo5, kjukli, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.072
    Типот имал кец биологија, гарантирам ;) И мене ме судат, ама веќе ич не ми е гајле.
    Како 8-9 годишно дете дома им кажав дека не им верувам во богот, моите дома не ме закачаа, ама затоа сите други од тогаш па до сега.... :D
     
    На Sesil и Ekstaza им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И моите пријатели хомосексуалци и една бисексуалка - сите се атеисти. Едната глумеше верничка, али по 5мин муабет самата си увиде дека е „православен атеист“ :) Исто и овие LGBT исто така мнозинството се атеисти. И тоа не е случајно, туку си има совршена логика, а тоа е следнава:

    Доколку некој верува во Бог, тој/таа верува дека се е создадено плански и со цел. Па така оние што веруваат во Бог се свесни дека мажот и жената се компактибилни сексуални партнери, дека пенисот е создаден за вагината и обратно. Тие знаат дека брава се отклучува со клуч, а не со друга брава. Иако ретко, има хомосексуалци што веруваат во Бог, ама тие се свесни дека тоа што го прават не е нормално, ама најчесто немаат подршка или не знаат како да се променат.

    Додека во позадината на атеизмот е натуралистичкиот светоглед. Тој светоглед вели дека нема Бог, ниту нешто натприродно, туку само материја и се што гледаме во Универзумот (вклучувајќи ги и мажот и жената) е случајна, беспланска и бесцелна рекомбинација на самонастанатата материја. И кога за нешто веруваш дека нема цел, план ниту пак дизајн, тогаш целта сам си ја измислуваш. Па така си велиш: Јас можам да си имам секс и со маж, и со жена, а можам и да го бутам и во ауспух од кола ако сакам :D И ако некој ти приговори дека ауспухот е наменет за издувни гасови на колата, можеш слободно да му приговориш дека и гзот е наменет за издувни гасови, па сепак некои го сметаат за влез, а не за излез :)
     
    На Rama и Moni-bi им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно. Само што, сеуште сме далеку од тоа да ги имаме одговорите на сите прашања. Ама, доста сме напреднале во однос на минатото со наоѓање на одговорите. Порано луѓето му се молеле на Бог за да заврне – денес знаеме како настануваат дождовите и климатските промени. Порано луѓето мислеле дека земјотресите се Божја казна (додуша, некои и денес мислат) – денес знаеме точно како настануваат. Порано се мислеше дека без Бог целиот жив свет, со својата разноликост и сложеност, не можел да настане – денес знаеме дека не е така.

    Всушност, на сите прашања кои не се од егзистенцијална природа, религијата или го утнала одговорот или воопшто не го ни дала. Сите логични објаснувања на појавите во природата и универзумот и ги должиме на науката, а не на религијата.

    Jас не мислам дека верниците и атеистите се однесуваат многу различно во тешките моменти на животот. И едните и другите бараат утеха, пред се, во самите себе, а потоа и и поддршка оd семејството и најблиските. И едните и другите самите се трудат да направат нешто и да ја подобрат ситуацијата – ретки се оние кои не преземаат ништо и чекаат помош или решение само од Бог. Кај верниците Бог е само уште еден аспект во кој наоѓаат утеха, но никако не е едниствениот.

    А што се однесува до тоа дека атеистите можеби се чувствуваат празно и неисполнето – исто така не би се сложил. И верниците и атеистите имаат свои цели и смисла на своето постоење. Разликата е во тоа што атеистите самите, индивидуално, си ја наоѓаат смислата на животот, а на верниците таа им е дадена (или наметната) од религијата.

    Околку тоа колку навистина религијата нуди некаква утеха исто имам доста сомнежи. Ставовите од типот „Господ гледа“ неизбежно ќе доведат до фрустрации во животот на еден човек кога, наспроти она што го учи неговата религија, ќе биде соочен со реалноста на светот, на кој едноставно нема правдина – добрите луѓе многу често страдаат, лошите често пати поминуваат без никаква казна и последици.

    Освен тоа, искрено не верувам дека религијата дава којзнае каква утеха – дури и за најголемиот страв на луѓето – смртта. Зошто луѓето кои се верници се толку погодени од смртта на своите блиски, плачат, тагуваат и се неутешни? Зарем не би требало да се радуваат, знаејќи дека нивниот сакан сега е на подобро место и дека по сопствената смрт повторно ќе бидат заедно, засекогаш? Мислам дека смртта ги погодува верниците речиси исто колку и атеистите, бидејќи длабоко во себе знаат (или барем се сомневаат) дека после смртта нема ништо, и дека нивните сакани нема никогаш повеќе да ги видат.

    Атеистичкиот поглед на светот не е суров или без надеж, напротив. Едноставно, само е реален. Колку побрзо сфатиме дека правдата не секогаш победува, дека Бог ниту гледа, ниту слуша, ниту ни помага – толку поскоро ќе можеме да преземеме одговорност за своите животи и постапки, без да имаме лажни очекувања и фрустрации од неисполнетост на истите. Колку поскоро прифатиме дека овој живот е се што имаме, толку повеќе ќе научиме да го цениме времето што ни е дадено на Земјава и времето поминато со саканите.

    Можеби најголемата работа која ми пречи кај религијата, на страна од сите ужасни работи кои се прават во нејзино име, е токму една од работите на кои ги учи луѓето – а тоа е верување во нешто без докази, без можност за сомневање во истото. Скептицизмот и љубопитноста се можеби двете најважни човечки особини, а религијата ги забранува и двете. Религијата дури бара од нас да веруваме во нешто наспроти доказите кои покажуваат дека истото не е точно. И токму ваквиот начин на размислување е погубен за луѓето.

    Има една интересна (или тажна, како сакате) приказна, за креационистот Курт Вајс – човек кој своето образование и докторат од областа на геологијата ги завршил на Харвард, работејќи со други еминентни научници. Не можејќи да се помири со разликите помеѓу она што го научил како научна вистина и она што го пишува во Библијата (бидејќи бил верник, од религиозно семејство и со силно религиозно воспитување), решил да ја земе Библијата и со ножици да ги исече сите делови од неа кои се противречни со она што науката го утврдила за светот. Оваа задача траела неколку месеци и на крајот – практично ништо од Библијата не останало нечепнато.

    Соочен со оваа контрадикторност, тој се одлучил да го отфрли целото свое научно образование, сите вистини и факти на науката и да го прифати сето она напишано во Библијата како апсолутна и единствена вистина. И не само тоа, туку и изјавил дека дури и ако сите докази на светов на укажуваат на тоа дека Библијата и креационизмот не се во право, тој и покрај тоа ќе продолжи да верува во тоа, бидејќи тоа е Божјиот збор и неговата вистина.

    И кога религијата може вака да влијае врз доктор на науки од Харвард, што останува за другите луѓе?

    Сметам дека ова е и најголемата разлика помеѓу верниците и атеистите. Мислам дека можам да зборувам во име на сите атеисти кога велам дека кога би се појавиле непоспорни докази за постоењето на Бог, сите ние би поверувале во него и би станале верници. Но, колку и докази да се појават кои се спротивни на религиските учења, на она што го пишува во Библијата, Куранот и другите свети книги, повеќето верници никогаш нема да ја отфрлат религијата или да признаат дека Бог не постои. И тоа е таа огромна (и штетна) моќ која религијата ја има врз животите на луѓето.

    П.С.
    Лела, нема ништо лошо во тоа човек да си ги смени мислењата и ставовите со текот на времето, особено ако промената ја базираш врз нешто конкрено, напротив – тоа укажува на личен раст и развој. Многу полошо е ако слепо се држиш до своите ставови, по секоја цена, дури и ако постојат докази дека не си во право.

    Башка, ти ги видов мислењата од пред 3 години и не се секирај, не се за фејспалм. :D

    П.П.С.
    Да се збори за бебе или дете-христијанин или муслиман е исто како да кажеме бебе-вмровец или бебе-сдсмовец – тотално глупаво и нелогично е. :D Ставовите на родителите не треба по автоматизам да бидат и ставови на нивните деца – дури и ако се работи за религијата.
     
    Последна измена: 11 март 2016
    На Lolo5, kim.k, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    За тоа на кого се потпираат атеистите во тешки мигови, односно како ги поминуваат тие мигови кога не веруваат дека Господ ќе им помогне, ќе кажам јас што правам.

    Мислам дека најмногу престанав да верувам во Господ лани, кога почина баба ми. Иронично, бидејќи според некоја логика треба уште повеќе да верувам за да се надевам дека еден ден повторно ќе ја видам некаде горе. Но, не знам како, тој период сè ми беше down и сè повеќе се оддалечував од таа верба.Можам да речам и дека паднав во некоја блага депресија бидејќи немав причина да се будам наутро, едноставно ништо не ми беше интересно.

    Како го поминав тој период? Сама. Господ не се симна од небото да ми кажа дека сè ќе биде во ред, самата си го кажав тоа. Познавам многу луѓе, особено постарите, не мислам на баби и дедовци, туку луѓе околу 40-50 години, како на пример некои комшии, наставници... Многупати спомнувале како Господ ќе решел сè, знаел што прави, ќе им се вратело сè на сите и мислат дека ако седат и се однесуваат како вистински верник Господ ќе им го суреди животот. Како не, да ги оставиме депресиите настрана, за најобични работи да очекуваш дека Господ ќе ти ги среди, тоа не е во ред.

    Прост пример, петок навечер кога ми прснува главата од учење за натпреварот следниот ден, а уште не сум завршила, не се молев на Господ, туку седнував и учев уште повеќе. And guess what? Следното утро Господ не пушти ангел од небото да ми покаже каде на сликата се наоѓа средниот мозок.

    П.С. Ова сега ќе е малку офтопик. Во шесто имав предмет Етика во религиите и тоа беше најглупавиот предмет што досега сум го учела. Прво, се учи за сите религии, но за исламот и јудаизмот имаше само по 2-3 лекции, цела година натаму учевме исклучиво христијанство. За Божиќ и Велигден правевме разни украси во училницата, кога дојде Бајрам, ништо не се спомна. Зборот ми е, преку предметов толку многу ни ја наметнаа религијата, што мораа секакви сомнежи што ги имав од порано (откако сфатив дека Дедо Мраз не постои :lol:) ми исчезнаа бидејќи, еј, на школо го учиме ова, учителката го кажува, не е можно да греши. Едно помало девојче ѝ се спротиставило велејќи ѝ дека по историја ја учеле Дарвиновата теорија, а таа веднаш ја нападнала и ѝ рекла немој да правиш такви гревови, Господ го создал човекот, како можеш да ми поставуваш вакво прашање, или со други зборови ја треснала по глава со Десетте божји заповеди, поточно, како беше онаа: Никогаш не се сомневај во твојот Бог.

    Ја развлеков надолго и нашироко, она што сакав да го кажам е, толку народов има страв од некого, дали од Господ, дали од другите луѓе, не знам, што дури и во школо ни ја наметнуваат религијата и не ни оставаат простор да се прашуваме, да размислуваме. А не дека јас не се прашував, очајно сакав некој да ми објасни зошто учебникот по историја и оној по религии беа толку контрадикторни еден на друг, но ми беше страв од Господ и мене, најверојатно. 8-| Затоа ќути си и верувај, и don't ask questions! Епа нема така веќе.
     
    На Lolo5, Jenniffer, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    После смртта нашето тело се распаѓа. А духот? Нашата свест? Размислуваме ли, постоиме ли после смртта?
    Не многу често размислувам на темава. Ама, кога ќе помислам прво нешто што гледам пред себе е куп земја. Се гледам себеси како не можам да дишам, напразно се обидувам да ја оттргнам од себе земјата, да излезам на површина. Односно, мислам (само мислам) дека не би можела да престанам да постојам никогаш. Можеби нема да постојам за луѓето, ќе ме заборават, ама некаде сигурно ќе живее мојата душа.
    Инаку поконкретно прашањето ми беше што после смртта? Бидејќи нели ти за се имаш одговор. :)

    Се извинувам што излегов надвор од темава.
     
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Според мене, ништо. Т.е. ништо посебно. Она што се вика „душа“ за мене е нашата свест, која, кога мозокот ќе прекине со работа - ќе ја снема. Енергијата преминува од еден облик во друг - топлината од телото преминува во околината, а телото закопано во земја се распаѓа и станува храна за други живи организми. Од завршетокот на еден живот произлегува некој друг. Ама, ништо повеќе од тоа.

    Жал ми е ако те разочарува моето мислење дека нашата „душа“ нема да живее вечно никаде. :)

    Едит: Само Бог и религијата тврдат дека имаат одговор на се. :D Ја можам да ти понудам само мое мислење на тема задгробен живот.
     
    Последна измена: 11 март 2016
    На Lolo5, kim.k, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  9. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.060
    Пол:
    Женски
    Атеист сум веќе 2 и нешто години официјално и голем товар си симнав од грб кога признав јавно.
    Зошто сум атеист?
    Кога бев мала бев верник (како и 90% од верниците, в црква од Велигден на Велигден) и иако имав проблеми (семејни, финански, на школо) се тешев дека сите имаат (што е и вистина) и дека сите имаат тешки периоди, ама дека со верба во Бога ќе преживееш. И се сфаќав, ама никако не можев да сфатам зошто семоќниот Бог би му дал толкави психички проблеми на девојче од 12-3 години. Што имав згрешено?
    Со тек на време како што почнав се повеќе и повеќе да истражувам за моите проблеми така сфатив дека има различни причини зошто настанале и има милион начини да се лечиш, ама ниеден Бог нема да ти помогне. Само медицина. Почнав да читам ствари поврзани за тоа, го читав Ден Браун и неговите приказни одеднаш имаа повеќе смисла од Библијата (не тврдам дека се точни). Годинава се запишав на факултет. И тек сега сфаќам до каде е отидена технологијата и дека јас утре како инженер ќе му помагам на општеството, а не некој измислен Бог. Ако ме нема мене Бог ќе ви црта топографски и катастарски нацрти? Ако нема доктори Бог ќе ве лечи? Ако нема електроинженери Бог ќе измислува роботи? Ако нема психолози Бог ќе ви помага? Ако нема професори Бог ќе ве учи? Не. Бог го продолжи животниот век на 80-90 години? Бог не однесе во вселената? Бог гради архитектонски чуда? Не. Ајде сите да се откажеме од школување и од работа и да седиме дома и да чекаме се на Бог. Епа не може така. Луѓе што си тупат мозок и што се трудат да направат нешто - тие не носат напред и тие го градат општестовото.
    За крај:
    https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/564x/8d/89/a2/8d89a2fd5015990f64b113991c7036b1.jpg
     
    На Lolo5, kjukli, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Религија е едно, а ваму нешто друго.

    Ако религијата е како воспоставен систем, нели целото тоа институционализирање е нешто од што ни се крева косата, али верата.
    Тоа е нешто суптилно, толку интимно, бескрајно и моќно- сосема различно.

    Една од најголемите равенки, равенства или како и да ги наречеме, во било каков соооднос и релација , е атеизам- верус -вера.

    Мене многу ме интересира атеизмот, борбата на бог спрема природа, борбата на разумот и на чувствата.

    Дали веруваш во Бог, не веруваш во бог или веруваш во божества...?

    Сите тие работи се многу сродни, и на крајот на краиштата доаѓаат од умот, рациото... Филозофијата на Спиноза ги има отворено сите вие прашања, кои мене многу ме интересираат посебно борбата помеѓу разумот и чувствата .
    И тоа што умот на атеистот, неговото рацио му сугерира да верува само во она што е опипливо, материјално, на крајот на краиштата, во природата повеќе оддошто во Бога... на еден начин е исто како кај другите.
    Да не навлегувам во работи кои можеби не ги знам, но и атеизмот е вера. Се верува во одреден систем. И така, не треба да очекуваме некаков метеор, да не разбистри и просветли, ова е многу едноставно.
    Дали си за бог или за науката ... добро, и едното и другото поле нема никакви граници, никакви догми,

    Го отупев за верата, ама такво ми е и значењето на името. :P
     
  11. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Одамна, уште пред да се отвори темава (бидејќи постои тема Атеизам) се мислев дали да пишам воопшто или да си молчам мудро.

    Порасната сум во семејство во кое татко ми не знам што е, а мајка ми е Христијанка. Исто така, во релативно тесен круг на семејството имам свештено лице и сите роднини од страната на мајка ми, особено, се Христијани. Е сега, колку се водат по моралните начела во животот, тоа е веќе друга приказна...

    Бидејќи пораснав во христијанска околина, можете слободно да погодите дека сум и крстена. Исто и брат ми. Растена сум со страв од Бог. Да се пости, да не се пере и да не се чисти на празници, да се оди во црква барем повремено, посебно кога имам некој проблем...

    Уште пред повеќе години сфатив дека всушност не сум вистински верник. Вистинскиот верник се покорува на се’ што пишува во Библијата, верува во воскресението, во Христовото раѓање, во Рај и Пекол, во задгробен живот, простување на гревови, молитви, ги гледа свештените лица како Божји пратеници.

    Јас не верувам во чудата напишани во Библијата, не сум сигурна што им значело воскресение на луѓето од тоа време, верувам дека се родил некогаш некој човек кој се викал Христос, не верувам во Рај и Пекол, не верувам во задгробен живот, верувам во простување на грешки помеѓу луѓето, свештените лица за мене не се ништо попосебни од сите обични луѓе, дури се и попорочни...

    Но морам да признаам дека сум скептична во однос на постоење на некој Бог. Не верувам во библискиот триличен Бог, туку имам своја замисла за можно постоење на некоја виша сила која си ја нарекувам Бог. Тоа може да е и игра на случајноста кога ќе успеам да ги подредам делчињата од мозаикот како што сум сакала, па да речам дека е по заслуга на мојот Бог. Всушност, не го одрекувам можното постоење на некаков Бог.

    Кога ми било најтешко, сама во себе сум се молела на свој начин, зашто тоа ми доаѓало како еден вид на самопомош и автосугестија во тие пеколни моменти, Во црква кога ќе отидам чувствувам некој мир и нешто што не можам да го објаснам, ама не можам да речам дека сум класичен верник. Од мајка ми ми е останато да не се пегла, пере, шие на празници (мислам, тешка глупост) и поради тоа што сум живеела толку години на тој начин, сега ми е шубе да го правам тоа.

    Значи, јас сум некој вид на агностик/скептик, би рекла по дефинициите. Зашто дефинитивно сум далеку од верник. А кога влегов во дискусија со мајка ми на оваа тема, мислам дека жената беше тотално разочарана од мене. Брат ми е уште похардкор од мене, па можете да замислите како и’ беше на жената.

    Верувам во наука, верувам во докази, верувам во факти и аргументи, верувам во логика. Разумот ми е пред слепото покорување пред религијата. За се’ постои научно објаснување, колку тоа и да биде сложено и да не го разбираме. Верувам во тоа што можам да го видам, да го допрам, да востановам на некој начин дека е така како што е. Но, верувам и дека постои некоја виша сила во Универзумот. Некој мој Бог.

    Според мене, на таквите како мене мислам дека им е тешко што не се верници. Затоа што немам во што да верувам, на што да се молам и за што да се фатам к’о пијан за стап во тешките моменти во животот. А верниците веруваат во некој поубав свет, имаат утеха. Јас сум препуштена на суровата реалност, а не можам да верувам во нелогичности. Едноставно, тешко ми е што не можам да препуштам се’ во Божји раце, туку морам сама да се трудам од петни жили. А не гледам, пак, дека верата и’ донесе добро на мајка ми по смртта на нејзината мајка. Така што... Збунета сум прилично многу. Само знам дека повеќе тежам кон неверувањето.

    Веројатно сум спиритуална на некој начин...
     
    Последна измена: 11 март 2016
    На Lolo5, Lella, Jordanovska-K и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ти ова сериозно? :D

    Атеизмот е тотална спротивност на било каква религја. Религијата претставува апсолутизам и догма, додека атеизмот е заснован на логиката, здравиот разум и науката. А науката е се, освен догматична. Ставовите на науката можат да се сменат и се менуваат, а ставовите на религијата се непроменливи и запишани во камен (според некои религии и буквално :)).

    Мислам дека ги мешаш поимите „религиозност“ и „духовност“ (или спиритуалност, сеедно). Религијата, односно Богот на религијата е и те како догматичен и ограничен - тоа е целата суштина на религијата.

    А ако зборуваме за индивидуалната човекова спиритуалност и верување во „нешто“, и ако тоа нешто е поинакво од Богот на денешните религии, тогаш можам да се сложам. Секој може да си измисли сопствен Бог и да верува во него, без догми и ограничувања.
    .
     
    На Lolo5, kim.k, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    ^
    Без разлика колку си крут во зборот и каква ти е позицијата, aтеизмот Е заснован на логиката, здравиот разум и науката, И ти одбра во тоа да Веруваш. :D
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Атеизмот е религија колку што и апстиненцијата е поза во сексот. :)
     
    На Lolo5, Читател, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Во иста манџа ги стави религијата и верата :D
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Мешаш вера и религија, Бендер.
    Зборот вера и верба во нешто не се исклучиво поврзани со религијата.:D
    Јас верувам дека откако ќе го напишам овој пост и ќе притиснам на испрати одговор, мојот пост ќе го проччитаат најмалку двајца. Јас верувам дека тоа што ќе го кажам сега, ќе допре до најмалку двајца и најмалку двајца ќе знаат што им зборувам.
    И да, се слагам со Џинџер, за некои дури и науката е издигната на такво ниво на слепо верување дека Е исто како и Бог за верниците. Зашто, затоа што забораваат дека не знаат доволно.. немаат доволно докази, а отсуството на докази не значи дека нештото не постои...само значи дека не знаеме. Во судница едино ќе те ослободат, ама, макар што ќе те ослободат и прогласат за невин, не значи дека си стварно невин не?
     
    На Rama, Sky-butterfly и Ginger^ им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Зборот „вера“ и „верување“ кај нас е повеќезначен - на англиски постои „believe“ и „faith“, и тоа се зборови кои означуваат целосно различни поими и концепти.

    За веувањето, од аспект на религијата, не мора да постои никаков доказ - дури религијата го охрабрува тоа. Верата токму тоа и го означува - верување во нешто без никакви материјални докази за истото или врз основа на некое субјективно чувство или искуство.

    Не се работи за тоа дали јас лично сум одбрал да верувам во нешто - и на кого му е гајле во што верувам јас или било кој друг - се работи за она што е точно и што е вистина.

    Ти можеш да одбереш да не веруваш во Њутновиот закон на гравитацијата, ама ако скокнеш од балкон, секако ќе ги почувствуваш последиците од него - без разлика дали веруваш или не веруваш во него. :D

    И врз тоа се засновани науката и атеистичкиот светоглед - не се работи за лични убедувања и преференци, туку за она што е покажано и докажано како точно и вистинито. А вистината за реалноста и законите на природата ќе бидет такви какви што се, верувала ти, или јас, или било кој друг во тоа или не.

    Точно, ама отсуството на докази во толкава мера во која што постои во случајот за религијата, може силно да укажува на непостоење на нештото.

    Точно е дека (најверојатно) науката никогаш нема да може да го оспори постоењето на Бог, ама неможноста за целосно оспорување не е доказ за постоење, сама по себе.

    Не можеме целосно да го оспориме ни сатиричното тврдење на Бертранд Расел дека некаде помеѓу Земјата и Марс, околу Сонцето орбитира чајник. Ама тоа не значи дека само бидејќи не можеме да го оспориме, дека сега сите ќе поверуваме дека навистина има таков чајник во вселената, нели? :)
     
    На CameliaMiller, crimson и Lella им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Напразно објаснуваш. :) Е,како што го кажа Џинџер.
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Се плашев дека е така. :D

    П.С. Дали ова со отсуството на докази значи дека има надеж дека и Дедо Мраз постои? :o
     
    На CameliaMiller и crimson им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ај, Бенде, не дискутираш со религиозен фанатик па да одиш до такво деЦко ниво (здраво,здраво...не верувам во Бог,и?), само затоа што не ти одговара. Не, Бог со брада кој седи на облаче и чита од ќитапот не постои. Ти зборував за наука ти ми збориш за дедо мраз. У реду. цц

    пс. не го поби погоре кажаното. But you can always call Santa for help, you know?:wasntme::D
     
    Последна измена: 11 март 2016