Сакате да кажете дека Бог нè створил, ни дал слободна војла и со тоа едноствано се повлекол од обрврската да го одржува светот ,,добар". Не гледам апсолутно никаква причина зошто не би го искоренил злото од сè. Не зборувам за општоприфатени наивни ритуали како исповеди и покајанија, и казни ако не си го исчистиш гревот. Туку Бог нека го извади злото од нас, едноставно нека нè направи суштества што не знаат за зло, или уште подобро, зошто не направи систем во кој зло не постои, значи ништо нема да биде лошо за никој. Таков систем е далеку полесен за контрола и многу поблизок до совршеноста која би му доликувала на еден Бог. Не мешајте ги религиите, зборуваме за натприродна сила, за системот на постоењето, а не за Исус. @Florenсе, дефиницијата за зло многу проблеми прави во дискусијава, затоа имаме многу забуни. Во овој концепт, би рекла дека зло би можело да биде сè она што не е апсолутно добро. А добро е Господовата замисла за совршеност - што го прави целиов свет злобен. Бог имал шанса да го направи светов evil-free, но не го сторил тоа. @EvAngelos вика, Бог не сакал да нè третира како марионети, не сакал да нè контролира и затоа нè пуштил да правиме зло, за на крај самите да сфатиме и да се покаеме и да му се покоруваме. Јас велам why is that? На Бог не му е потребна целата процедура, има мал милион начини на кој може да нè убеди да му се покориме, а тој одбира да игра на таинствената карта, набљудувајќи го нашиот свет како театарска претстава.
Самата дискусија за нашите претпоставки за тоа дали е Бог добар, лош или индиферентен кон човечката судбина за мене е беспредметна, бидејќи е заснована врз уште една многу поголема претпоставка, а тоа е дека Бог воопшто постои. А јасни и недвосмислени докази кои упатуваат на постоењето на Бог нема – да имаше, сите ќе бевме верници и ќе верувавме во истата Негова верзија. Но, религијата бара многу повеќе од нас од едноставно да ја прифатиме тезата за постоењето на Бог како аксиом – таа бара прифаќање на уште еден куп други работи, запишани во светите книги – исто така како аксиоми. На пример, јас не можам да се сметам за христијанин и да речам дека верувам во Бог, во виша сила која ме набљудува, оценува, наградува и казнува за моите постапки – и толку. Не, ако сум христијанин, тогаш морам да верувам во уште мал милион други работи – настанувањето на жената од ребро (иако на мажите не им фали ребро!), Ноевата арка и големиот потоп, разделувањето на морето од Мојсеј, претворањето на вода во вино од страна на Исус и уште еден куп други работи. А барем за некои од овие работи сме речиси апсолутно сигурни дека не се случиле – големиот потоп, на пример. И токму тоа прифаќање на огромен број работи a priori, како аксиоми, само затоа што се запишани во некоја од светите книги, ја создава потребата за апологиите – некои се интелигентни и софистицирани, како оние кои ги изнесе@EvAngelos за Божјата волја и нашето (не)познавање на истата, а некои се груби и траги-комични – како оние на креационистите кои веруваат во млада Земја, дека Бог намерно закопал фосили низ светов (кои, меѓу другото, укажуваат дека Земјата е стара милијарди, а не илјадници години, како што тие веруваат) за да ја тестира нашата верба во неговиот збор и Светото писмо. Истото важи и за дискусијата за доброто и злото – истата почива не на една, туку на огромен број на претпоставки кои треба да ги прифатиме како аксиоми – дека во универзумот постои некаква виша сила, ентитет кој е негов креатор, дека тој креатор е всушност Бог, дека тој Бог е онаков каков што е опишан воедна од моментално релевантните монотеиситички религии, дека Бог иако го создал целиот жив свет, всушност е загрижен и заинтересиран само за судбината на луѓето, а не и на другите животни, дека доброто и злото се резултат на слободната волја со која Бог нѐ обдарил, итн. Но, ако сфатиме дека концептите за „добро“ и „лошо“ се човечка творба и резултираат од нашата колективна и индивидуална перцепција на светот која, пред сѐ, е субјективна и антропоцентрична, тогаш ќе разбереме дека светот околу нас – природата – универзумот и, ако сакате – Бог, не е ниту добар, ниту лош.
Што ? Ајдее божеее што направивте дека бог ни е во нашите умови и контролира со нив....коа ве читам како да читам за некоја секта. Просто е постои лошо и добро на светов затоа што едноставно е така НИЕ одлучуваме на која страна ќе се свртиме и ние си ги контролираме животите и релно ние го создаваме лошото и да мора да постои лоши работи за да ги цениме добрите инаку се рамно ќе ни биде...
Да ги пополнуваш дупките во знаењето со атеизам се вика... wait for it.... СКЕПТИЦИЗАМ! Ако не знам, и не можеш да покажеш и да докажеш.... тогаш не верувам. Што е погрешно во врска со тоа? Така функционираш во врска со се, буквално се, во животот. Ако ти речам дека имам пенис од пола метар, ќе речеш: „извади го“. Јас ќе речам: „не го вадам, верувај ми на збор. Не ја пополнувај дупката во знаеењето со неверување.“
Бидејќи немаат пари, немаат среќа, им починала сакана личност па Господ им е виновен, па затоа решиле атеисти да бидат. Тие мислат дека ако веруваш во Господ се треба од небо да им падне.
Да надоврзам на тоа, атеистите се глобално по интелигентни луѓе од верниците. Сега можеби изгледам арогантен, но тоа е вистината. Јас го гледам светот со критички поглед и сум скептик. Вметнување на бајка во реалноста е буквално нереално и немате никакви докази да докажете тоа што го верувате.
Немаш ни ти докази дека атеистите се поинтелигентни (заедно, споено) луѓе од верниците. Ова твое тврдење е бајка. Секој атеист го тврди за да се пофали дека е подобар од верниците, ама потешко е да се докаже.
Добро тогаш, повели и читај малце: http://www.independent.co.uk/news/s...eople-faith-instinct-cleverness-a7742766.html https://www.livescience.com/59361-why-are-atheists-generally-more-intelligent.html https://stream.org/atheists-generally-smarter-religious-people/ https://www.indy100.com/article/sci...elligent-religious-people-metanalysis-7733926 https://crev.info/2017/06/atheists-smarter-religious/ На пример ќе најдеш некои сајтови како овој чиј аргумент за тоа дали атеистите не се попаменти, е тоа бидејќи не се рачунати луѓе од многу одамна како Аристотел или Исак Њутон кои живееле во сосема друг период.Јас зборам за денешново време, чие знаење е колекција од сите овие луѓе кои ја оформиле науката што за знаеме сега.
И јас сум скептик. Ама никогаш на памет не ми паднало твоето тврдење. Основата на скептицизмот е во тоа, да се воздржиш од тврдење, се додека не го аргументираш истото со непобитни факти. Каде ти е логиката во коментарот, како скептик?! @Dim40
@Dim40 знам многу атеисти кои се интелигентни, знам многу вистински верници кои се претерано интелигентни. Можеби во некој момент важело твоето тврдење, кога се дошло до идеја дека тие што не прифаќаат да веруваат во нешто што не можат да го објаснат се атеисти. Дефинитивно не важи кога тие двајца атеисти ќе имаат дете, па ќе го научат дека религијата не е вистина. Тоа дете може да биде најнеинтелигентното суштество на светот, ама лесно прифаќа тоа што му го сервирале неговите двајца родители. Едноставно, интелигенцијата и нештата во кои што веруваме не можат никако да се спојат, посебно не кога се работи на духовна основа.
Тоа го велиш како скептицизмот има само една дефинитивна дефиниција. Превод: 2) лице кое се сомнева особено кон религијата и религиозните принципи. Твојот bias кон религијата се познава уште од првата реченица.Товарот на Докажување лежи на вас верниците да докажете дека постои господ, бидејќи вие задавате нешто позитивно, за разлика од мене. Ако неможете да докажете , Жилетот на Хичкенс вели "Се што може да се тврди без докази може да биде разрешенo без докази" Вербата е безвредно нешто, јас можам да верувам во розево летачко коњче дека го создало светот, и тоа ми дава надеж.Без докази жилетот сечи, епа сега јас ве чекам вас да ми го докажете Господ
@Dim40 има милион истражување кои можам да ти ги "лупнам" овде, дали тоа што се напишани на интернет ги прави веродостојни и вистинити? Зборуваш за истражувања кои се направени во Америка, каде што ненормално голем број на луѓе веруваат дека земјата е плоча. Еве неколку истражувања, немој да кажеш нема врска, на иста карта играме, нели http://www.dailymail.co.uk/sciencet...eligious-people-intelligent-claims-study.html https://americanvision.org/12630/atheists-embarrassed-study-proves-atheism-uses-less-brain-function/ https://thoughtcatalog.com/lorenzo-...hat-science-proves-women-are-superior-to-men/ http://www.huffingtonpost.com/dr-travis-bradberry/why-women-are-smarter-tha_b_11243452.html Немам пристрасност, додега никој не сум убедила да биде верник или да не биде, ниту сум се изјаснила некогаш дека сум едното или другото. За интелигенција можеме да се натпреваруваме, кога сакаш, сигурна сум дека те "шибам", барем на тоа поле
Не, не. Ти како скептик не можеш да тврдиш дали јас верувам или не. Ако веќе се декларираш како скептик, треба да знаеш дека една "вистина" има неколку страни. Истите можат да се земат за точни, но и за неточни. Скептикот ќе се сомнева и во фактите. Нигде не се изјаснив дали верувам или не. "Паднав" на скептицизмот. Ама за да доловам, ќе се земам за пример. Јас не верувам во Господ, но немам докази дека не постои. Значи се сомневам. И да верувам во Господ, пак немам докази дека постои. Се е научно објаснето, ама јас пак се сомневам. И не изнесувам "тврдење" за ниту една "вистина". Ама на крајот, што знам јас, тешка филозофија е ова. Читај ги ете Протагора, Платон, софистите.
Добро, ајде тогаш едно по едно сите сајтови ќе ти ги објаснам. Сјат број 1 Истото што го кажав претходно, "Неверниците немаат емпатија и се психопати, религиозните не се толку интелигенти" А подоле пишува дека жените се повеќе религиозни, ауч. Се разбира треба да се наметне некој голем збор во насловот за повеќе луѓе да ја стискаат страницата и овој сајт да има леб да јаде, можам да признам дека немам некоја голема емпатија, но тоа е само мојот нихилистички поглед кон животот. Сајт број 2 Го имам читано овој сајт, еве ти ги доказите дека е една голема лага и пропаганда. Сајт број 3 и 4 Супер линкови, ме направија Христијанин. ? Моите три одговора кои ги вметнав во еден коментар не беа наменети сите за тебе.Јас веќе ти кажав дека има различни видови на скептици.Јас не тврдев, на која планета "Тоа го велиш како.." е тврдење? > Скептикот ќе се сомнева и во фактите Добро, чим си ти ваков скептик, сомневај се дали 1+1 е 2. Јас се разбира одам на страната на науката, бидејќи иако не е 100% се точно, и не се знаат сите одговори за се што постои , сепак се има логика и смисла. Атомот како за пример бил сметан дека е направен во различни нешта, и различни хипотези за неговото движење, Боров Модел,Планетарен Модел,Желе Модел, и ќе се продожи да се верува во најновиотата "верзија" која има смисла се додека не се заглавиме во експеримент кој невозможно е да се објасне со моментално зададената. На другата страна ние ја имаме религијата, сериозна си?Ако се сомневаш дали постои господ или не , ти си агностик, не атеист.И ако добиам факти за постоењето на Господ, јас се разбира дека нема да бидам атеист. _____________________________________ Сега едвај чекам, да бидам совладан од 20 души тука за филозофски глупости, бидејќи се разбира јас сум филозоф ,не правам грешки, атеистите се безгрешни луѓе, Перфектни.Ако атеист направи грешка, Господ постои. /s
Јас па познавам многумина кои беа атеисти, а сега се големи верници. Познаничка споделуваше на фб слики низ који е исмеан Исус. Пишуваше секакви глупости. Западна во некаква депресија, после 8 год со страв во манастир влегува и плаче. Става бројаница на рака. И не е само она. Многу познаван. Ова е случајност некаква?!?! Секогаш кога нешто лошо ќе не снајде го бараме Бога. Пред тоа или не веруваме или веруваме ама со резерва. Кој длабоко ќе навлезе, толку ќе биде поудобен дека Бог постои. И да прави некои работи што за нас се "многу страшни" ги прави да не одврати од погрешен пат, да се свестиме едноставно.
Луѓето нонстоп го потценуваат зборот случајност, иако се 1 од 20.000.000 можни сперматозоиди да бидат родени.Другите едноставно умираат. Исто така, логичка грешка "Appeal to Popularity". Се разбира сите Вакви атеисти го сакаат господ и сакаат да одат во рајот, си играат Pascal's wager .
Интелигентните луѓе имаат имиња, неможеме да кажеме дали се атеисти или верници туку така. Колку што немаме докази дека Бог постои толку ни науката нема докази за нивните пронајдоци како на пример дека Земјата е топка (нема ниту една официјално реална слика од Земјата гледана од космосот) Дека човекот настанал од мајмун или како и да е. Денес можеш да веруваш само во она што има доволно докази да те убеди или она што можеш да го видиш со свои очи.