Овие проценти се добиени од една селективна листа од само 517 членови на националната академија за наука во САД (која брои околу 2000 научници), додека во цела Америка има над 2 милиони вработени научници. Значи самата академија претставува само 0.1% од сите научници во Америка и само во Америка. Бидејќи 517/200 е околу 25%, значи анкетирани се 25%*0.1% = 0.025% селективно избрани научници од Америка. А во таа селективно избрана листа биле земени само биолози и физичари. Имајќи предвид дека биолог што не го подржува Дарвинизмот не може да влезе во националната академија за наука во САД (каде биолозите го подржуваат само Дарвинизмот), јасно е дека анкетираните биолози биле дарвинисти т.е. атеисти. Оттука гледаме дека листата на анкетирани научници била јако претендиозно направена со цел да си подржи некоја претходно зацртана поента на спроведувачот-атеист. Според едно друго попрецизно истражување на Pew Research Center, 51% од научниците изјавиле дека веруваат во Бог или во некаква виша сила (значи не се атеисти) http://www.pewforum.org/2009/11/05/scientists-and-belief/ Лесно е да правиш споредба при што сите вери и религии ќе ги лупнеш во еден ист кош. На пример муслиманските земји се скоро една четвртина од светската популација и тие во просек во секоја земја имаат IQ под 90. Исто така и Афричките земји се ставени во категорија на религиозни, а согласно ниската образованост и писменост, а со тоа и мозочна неактивност, просечниот IQ таму е помал и од 70%. Но ако ги споредуваш христијаните (поточно протестантите), ќе видиш дека генерално се поинтелигентни од атеистите, имаат повеќе Нобелови награди и сл. Епа еве ти линк од средените просеци на IQ во државите и ќе видиш дека токму тие точките што се доле (со низок процент на IQ) се афричките и муслиманските држави т.е. баш она што ти го пишав погоре https://iq-research.org/en/page/average-iq-by-country
Татко ми е атеист, а мајка ми православна. Мене ме крсти во православна црква со криење ( ) заради фамилијата на татко ми. Сега како возрасна личност, не знам како да се декларирам. Верувам дека религијата дава мир и спокој на верниците. А сето тоа нема врска со моралот на одредена личност. Нормите ги наметнува општеството, а изборот е на поединецот. Со сопругот разговаравме за идните ни деца, нема да ги крстиме, и нема да ги воспитуваме во духот на ниедна религија, па кога ќе пораснат, сами нека си одлучат дали и во што ќе веруваат. Религиските објекти ги доживувам како параван за криминал. Верниците одат во црква и оставаат пари на сите икони, за здравје, за помош, за црквата, плаќаат при црковни обреди (венчавка, крштевка), а сепак црквите се реставрираат со пари од ЕУ и Светска Банка. Кај одат парите од верниците? Ниту еднаш не слушнав дека некоја црква дала пари за операција на болно дете или за бездомници или отворила народна кујна. Можеби грешам? Во име на религијата низ историјата и денес се направени и се прават ужасни злодела. На пример, припадниците на ИСИС се декларираат како муслимани и во име на Алах на најгрозоморен начин вршат убиства. Не мислам дека во Куранот некаде пишува „убивајте ги неверниците“. Во екот на предвелигденските пости да додадам дека грешно се толкува постот, според мене. Треба да си ја олесниш душата од грешни мисли и лоши работи, а дали ќе јадиш нешто спржнато во масло или не, тоа нема врска.
Да, во Куранот има делови каде што пишува дека треба да се убијат неверниците и ИСИС тоа и го прават. Го интерпретираат Куранот во буквална смисла. (Куран 4:76 4:95, ... и многу други). Куранот не е единстветион извор на Исламот, има Hadith и Sira, каде што исто се спомнуваат неверниците. И старион Завет од Библијата содржи насилни делови. Ама тоа е друга тема.
Јас сум атеист. Не ме интересира религијата ниту пак се замарам да објаснувам некому зошто не верувам. Не ми пречат религиозните, ако и само ако не се нападни.
Чoвечкиoт oргaнизaм нaстaнувa oд спермaтoзoид и јaјце клеткa. Спермaтoзoидoт имa 23 хрoмoзoми, јaјце клеткaтa имa 23 хрoмoзoми тaкa штo вкупнo имa 46 хрoмoзoми тoчнo зa еден нoв oргaнизaм. И тие клетки не ги прaќa Гoспoд, туку јaјниците и тестисите, oднoснo женскиoт и мaшкиoт oргaнизaм.
Аман бе луѓе до кога со вакви прашања. Живееме во 21 Век, каде што имате огромен избор на информации. Од библиотеки, факултети, интернет итн. Најлесно е кога нешто не знаеме, да кажеме дека Господ е заслужен за тоа. Еве за почеток гледај видеа од RIchard Dawkins. Има и книги пишувано. @Bender Rodriguez ти се восхитувам на смиреноста што ја имаш. Мислам дека ми треба помош тука.
Значи не е проблем тоа што сперматозоидот е од тестисите, а јајце клетката од јајниците. Проблемот е како после делбите им текнува на едни клетки да оформат мозок, други клетки срцев мускул, трети бубрег... Тоа ми е битно, оти ќе се сложиме при првичните делби секоја нова клетка е иста како зиготот (оплодената јајце клетка). Да ме интересирале видеа ќе сум ги гледал, јас овде вас ве прашувам, не го прашувам Гугл.
Испушти една група, која верувам дека ја сочинуваат 90% од сите атеисти. - луѓе кои едноставно не веруваат во нешта, туку се потпираат на докази кои никој и ништо не може да ги побие и кои не сакаат нон-стоп, цел живот да бидат судени на начинот на кој ти тоа го направи погоре. Не, сериозно, која ти е целта тука на форумов да проповедаш? Зарем мислиш дека ќе убедиш некој да верува во Господ. Ако е така, тогаш залудно се мачиш, оние кои не веруваат во нешто што цел свет им го наметнува, сигурно нема да му поверуваат на анонимен лик на форум. Најлесно е да се каже дека Господ е заслужен за сè. Она за што на Земјата ѝ беа потребни милијарди години да го постигне, Господ го постигна за седум дена. Обавезно.
@Orthophill, ајде.. ти објасни како и текнува на клетката? Побрзо ќе стигне дискусијава до она што сакаш да го кажеш, не(?), одошто да се бркате со прашања и одговори. Веруваш во бог? Која е твојата замисла/дефиниција за бог...? Спиритуално суштество/нешто.. формула.. универзумот? Што за тебе е библијата - вистински настани ... приказни/поезија или?
Епa штo не си слушaл нa Биoлoгијa? Или сaкaш сегa дa ти предaвaм лекцијa нa фoрумoв? Чoвек 21 век е, oвa штo гo прaшувaш мoјaтa пoмaлa сестрa гo знaе.
Не, туку видов дека некои овде на темата излегоа со тези дека атеистите веруваат во наука, а не во Бог, небаре науката го фаворизира атеизмот или пак научниците се атеисти. Иначе сличното прашање би било: дали некои атеисти станале добри научници заради атеизмот или пак „и покрај атеизмот“?
Докази за настанокот на светот нема. Постојат само теории. Колку научници се пробувале во вештачки услови да пробаат да создадат барем една органска молекула но не успеале. Јас никого не сакам да убедам, но не можам ни да молчам. Живееме во демократско општество во кое секој може да си го каже својот став... Создавањето на светот е во шест периоди - еони. Не значи дека секој од тие еони траел по 24 часа. Зашто псалмоевецот Давид пее - еден ден пред Бога е како 1000 наши години... Јас нема што да објаснувам. Чекам објаснување од вас, кои нели прекрасно ја знаете биологијата и хемијата. Вие треба да ми кажете како клетките се пребројуваат и после одреден број на клетки почнуваат да настануваат ткива. Бог е личност, односно три Личности (Ипостаси) - Отецот, Синот и Светиот Дух. Библијата за мене е Свето Писмо во кое се прикажани реални факти, настани и пророштва. Епа предадете ми ја лекцијата, нормално ако ја знаете, во што се сомневам. Ете можете и Вашата помала сестра да ја викнете на помош. Факти од типот кај нас в село тоа е општо познато не се прифаќаат во ниедна разумна дебата. Сега сме 21. век од раѓањето(воплотувањето) на Господ Иисус Христос. Чудна работа светот се` уште го мери времето од Првото пришествие Христово, а не од раѓањето на Дарвин, на пример.
Вo темaтa зa Атеизaм, Биoлoгијa не ти предaвaм, нo ќе јa сликнaм книгaтa нa сестрa ми и ќе ти прaтaм пo лп (aкo успеaм). Еднo е дa си игнoрaнтен и неедуцирaн oкoлу oвa, другo е нaвистинa дa немa дoкaзи зa тoa штo гo кaжувaм. Инaче пред некoе време прoчитaв вест декa нaучници нaпрaвиле вештaчки спермaтoзoид кoј успешнo јa oплoдил ВЕШТАЧКАТА јaјце клеткa. http://www.dailymail.co.uk/sciencet...eeded-artificial-sperm-eggs-created-time.html И нa друг сaјт беше, нo сaмo oвa гo нaјдoв. А зoштo кoгa веќе Гoспoд гo сoздaл светoт немa нaведенo кoгa гo сoздaл, пa "пред нaшaтa ерa" се брoи нaoпaку? Уште еден дoкaз декa Гoспoд "пoстoи" oд мислите нa луѓетo. Мене oвa не ми личи нa дискусијa, пoвеќе гo дoживувaм кaкo oбид дa едуцирaм некoј 10 гoдини пoстaр oд мене декa чoвекoт не е сoздaден oд 1 клеткa. Нo, изгледa декa сaмo јa пoлнaм темaтa сo oфтoпици, тaкa дa немa ни дa прoдoлжувaм пoнaтaму.
@ell, еве ме, со мало задоцнување. Хо, хо, каква дебата се разгорела на темава! Мило ми е. Овие прашања не се никаква необјаснета мистерија, туку нив ги има одговорено ембриологијата. Краткиот одговор на тоа „Како клетките знаат што да прават?“ е ДНК, која содржи податоци за репликација и диференцијација на различните типови на клетки. Можам да го напишам и поопширното објаснување, но искрено не знам колку му е место во темава. Ама, ако навистина те интересираат одговорите на ова, попрости објаснувања има во учебниците по биологија, а подетални - во книгите за ембриологија. Ортофил, секоја чест! Со еден удар успеа да ги навредиш сите атеисти на светов. Алал вера. Да се појавев јас со некое слично навредливо (или во поблага варијанта) мислење за верниците во некоја од темите за религија, мирољубивото Божјо стадо ќе ми се нафрлеше со навреди како група хиени, и главниот аргумент ќе беше „Што бараш ти атеист у тема религија?“ и „Ако не веруваш не верувај, ама остај не нас на раат и не ги пишувај своите глупости во темата!“. Па така, истото прашање можам и јас да ти го поставам на тебе - Што бараш ти како верник во тема атеизам? Ама, јас не сум таков - за мене секоја мислење во темава е добредојдено, затоа што тоа е единствениот начин да се развие дискусија. Ама нели Бог го создал мажот од безживотна земја? Абиогенезата е суштината на создавњето на живиот свет во Библијата. Зошто му било проблем да го направи истото и со жената, туку морал да ја создаде од ребро? Интересно како само за оваа последнава, Божјава, нема никакви докази во природата - за разлика од останатите четири елементарни сили. За ова постои објаснување - дури и јас имам напишано едно скратено и упростено објаснување во темата Астрономија - принципите на термодинамиката остануваат ненарушени дури и кога се создава нешто од ништо. Ако те интересира подетално - ти ја препорачувам A Universe From Nothing од Лоренц Краус. Запрашај се зошто е ова вака. Тоа е исто да кажеш дека хемичарите кои веруваат во алхемија не ги примаат во акедемијата на науките. Затоа што е срамота човек да се нарекува биолог, а да ја оспорува еволуцијата. За еволуцијата има безброј докази, додека нејзините противници освен протест, не понудиле друга валидна теорија за диверзификацијата на живиот свет. Аха, значи сакаше да кажеш дека христијанството е подобра и попаметна религија од другите? Океј. Останува прашањето во што точно веруваат тие христијани? Во Мојсеј кој го дели морето? Во тоа дека жените настанале од ребро? Дека целиот жив свет се качил на Ноевата арка и пловеле 40 дена и ноќи? Дека Исус е зачнат на асексуален начин? Дека постојат натприродни чуда на светов? Само откако ќе се направи продлабочување на анкетата за вистинските верувања на тие декларирани како христијани, ќе ги сметам податоциве за валидни. Инаку, стојам на тоа овие луѓе се најверојатно теисти, а не деисти. Воопшто не е слично, напротив. Не може да се постави истото прашање за атеизмот, бидејќи атеизмот не е религија, ниту слепо верување во нешто. Атеизмот се заснова на докази, а религијата на вер(б)а. Науката секојдневно прави нови откритија и докажува или оспорува веќе постоечки теории и нашето сфаќање за природата и живиот свет се менува. Религијата тврди дека веќе ја знае вистината, дека таа е напишана во дадена света книга и дека ништо, никогаш не може да ја смени. Секоја споредба на атеизмот со религијата е тотално бесмислена - бидејќи двата поими не означуваат исти (слични), но спротиставени работи Погрешно. Докази за настанокот на светот има - знаеме како настанала Земјата, Сонцето, Месечината, сите хемиски елементи итн, а знаеме и како настанал светот - со Big Bang. И сите овие работи се научно докажани. Она за што нема доказ, т.е. не е реплицирано во лабораториски услови - е настанувањето на жива од нежива природа. А инаку, ги мешаш поимите „органска’ и “жива“. Научниците успеале и секојдневно создаваат неброено многу органски молекули - она што не успеале да го создадат е жив, т.е. самореплицирачки организам. Што не значи дека никогаш нема ни да успеат во тоа. Дали ова да го сфатам како тврдење дека светот е стар 6000 години? Повторно погрешно. Земјата е стара 4.5 милијарди години - и ова е исто така научно докажано. Ортофил, за да имаме разумна дебата на тема Биологија, потребно е да се имаат некои основни познавања од истата, нели? Никој од нас на форумов не може да го надомести недостатокот на познавања и знаење од основно училиште па нагоре. И на крај, еден цитат од Ајнштајн кој верниците обожаваат да го присвојуваат, иако човекот во најдобар случај, бил теист. Во превод ова значи - чуда, барем во Библиската и натприродната смисла на зборот, не постојат. Законите на природата и универзумот се апсолутни, постојани и важат за сите подеднакво. Но, од друга страна, она што се случува во природата и универзумот секојдневно е толку прекрасно и неверојатно, што истото може да се смета за чудо.
Дискусија за ваква тема помеѓу верници и атеисти е најзалудно потрошено време, според мене. Апсолутно непродуктивно и фрустрирачко. Тоа е исто како да речеме, да го пратам дедо ми (заколнат комунист, скептик и „верувам само во она што го гледам и слушам“) кај научници од калибар на Хокинг и Каку да му го објаснат постоењето на темната материја!! И што ќе се случи? Овие ќе му речат - „Абе види дедо, во Космосот постои нешто што се вика темна материја, ама баш и не е материја каква што ја знаеме, не ја гледаме, не ја слушаме, не можеме да ја измериме, појма немаме каква е по природа и суштина, ама сепак знаеме (т.е. веруваме) дека постои зошто Космосов не би бил тоа што е без нејзе“. И мислите дека дедо ми ќе им поверува на овие авторитети од научниот свет? Не бре, тоа ќе заврши со - „Гонете се хоштаплери низаедни, вие мене ќе ми кажувате прикаски“! Поентата ми е, од моја (верска) гледна точка, кој верува, нека верува, кој не верува нека не верува, ако Бог тоа го допушта, така треба да биде. Па може еден ден и кај вас атеистите ќе се запали сијаличката, кој да знае...
Да, можеме да ја измериме - така и знаеме за нејзиното постоење, индиректно, преку гравитационата сила со која темната материја е присутна во космосот. Што значи, (физички) доказ за постоењето има - едноставно, сеуште не знаеме што точно е.