Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеизам

Дискусија во 'Религија' започната од Papillon.Papi, 8 март 2016.

  1. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    A бе ај да пишете едно, две, пет мислења и да дискутирате, али шо ќе дискутираш за ова со оној шо на сите форуми е зачленет и ги дели научниците на христијани и атеисти :D

    На кајгана отвориле една тема земјата е рамна и има едно 200 страни дискусија :D А човекот шо ја отвори таа тема е магистер на електро, го познавам лично и e скроз озбилен.
    И пак стојам на тоа, едно, две, пет еве и 10 мислења нека бидат за да видиш дали сфаќа нешто или има некоја друга скриена агенда по форумите...
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Теo знaчи бoг, Теизaм знaчи вербa вo Бoг. Oд тaму иде и иметo Теoдoрa (Рoденa oд Бoг), Теa (Бoжицa), Теoдoр итн. Чистo едукaтивнo, зaштo oвa ти беше бетер и oд "фaктoт" штo беше кaжaн вo мислење пoнaзaд, oднoснo декa чoвекoвиoт oргaнизaм е сoстaвен oд 1 клеткa сo 23 хрoмoзoми... Ај, дa не знaете биoлoгијa, aмa и oд oпштa културa рaбoти дa не знaете...
     
    На Tan4ence, blueberry93, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.861
    Допаѓања:
    267.203
    Јаки вернициве, јаки.
    Осеќам Тамара или малиот Кирил за свои гревови плаќале...

    Абе како не ви е срам и како можете во огледало да се погледнете, тоа не знам.
     
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Е добро де, атеизам значи неверување во Бог, а не неверување во било што. Атеистите и те како веруваат во разни други работи што не се бог. На пример атеистите веруваат дека сето создание околу нас, планетава Земја и животот во неа настанал сосема случајно, со една случајна рекомбинација на самонастанатите хемиски елементи водени од слепите и самонастанати сили во природата. За ова е потребно многу посилна верба отколку онаа што ја имаат теистите.
     
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Како сакате наречете си го потпирањето на факти веќе. Ако сакате да биде верување, нека ви биде верување. Но, многу е важно што теоријата на Биг Бенг не е напишана на камен пред 2 000 години и има безброј докази кои ја потврдуваат, за разлика од теоријата на Господ, која е напишана пред 2 000 години и нема ниеден доказ дека е точна.

    „Верувањето“ на атеистите на никој начин не е слично со верувањето на верниците.
     
    На Anabelle.Amorette, Tan4ence, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Каква ти е таа „теорија на Господ“ жити Дарвинот? :D

    Јас како христијанин немам проблем со теоријата за Биг Банг и веројатно, со моето образование, сум најстручен за неа овде на форумов. Сепак верата во Биг Бенг не те прави ниту атеист, ниту теист. Атеистите имаат други верувања, што ги напишав и претходно, а еве ќе ги копирам повторно овде:

    Атеизмот е вера во натурализмот. ( https://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy) ) Поради тоа што атеистите априори го исклучуваат постоењето на Бог, тие се принудени да веруваат во сите натуралистички хипотези за постанокот на Универзумот и животот. Па така атеистите веруваат дека целиот овој Универзум (со целиот негов дизајн и комплексност) настанал со самоорганизирање на вечната материја.

    Понатаму атеистите веруваат дека животот настанал исто така со самоорганизирање на хемиските соединенија - иако тоа не било покажано со ниту еден единствен експеримент во науката! Доколку почнете да истражувате и да пресметувате колкава е веројатноста (т.е. неверојатноста) за случајно комбинирање на постоечки амино киселини со цел да се создаде еден ензим или пак ДНК молекула, ќе видите дека веројатноста е милијарди милијарди помала од слеп човек со пикадо да погоди мета која што се наоѓа на другата страна од Универзумот :) Сепак атеистите фанатично веруваат во таа неверојатна веројатност - затоа што мораат да веруваат во тоа, бидејќи Бог нели априори не постои и не смее да постои и точка! :)

    Понатаму атеистите веруваат во релативноста на моралот. Тие мораат така да веруваат, бидејќи ако веруваат во апсолутен морал, тогаш тоа подразбира и Некој што го дефинирал моралот, некој што рекол дека не е ок да се убива, да се повредува, да се изневерува, да се краде итн. Јаглеродот, Азотот, Кислородот и водата не го велат тоа. Тие немаат свест, ни морал, ни емоции, ни ништо.

    Научниците не можат да престанат да изнаоѓаат многу интересни прецизно наштимани параметри на и околу Земјата кои доколку би биле поинакви, таа не би подржувала живот. Никој разумен човек кој шетајќи се во шума би видел убаво средена куќа со ограда, со прозорци, со врата, со оџак итн. не би помислил дека таа сама се создала со дување на ветрот и врнење на дождот и тресење на земјотресите. Планетата Земја е уште покомплексно дизајнирана за да подржува живот, но ете атеистите се приморани да веруваат дека таа е случајно настаната. А приморани се, затоа што нели нејзиниот Создател априори не постои и не смее да постои и точка! :)
     
  7. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Финтата не е во тоа кој колкава верба има во што туку да бидеш скромен и да се запрашаш самиот во што верувале луѓето пред 2000 год. и дали вреди тоа да се прифати сега. Мислам дека бев средно кога се зборуваше дека на учениците треба да им се предава теоријата на еволуција и парарелно со тоа приказната како човекот настанал од прашина, демек самите да си одлучат. Од секоја страна им се натрупува информации на учениците, а никој не им кажува како треба да размислуваат, нормално, после како возразни ќе веруваат во секакви работи.

    Сакам да кажам дека верувањето во една хипотеза или теорија не е апсолутно и конечно, треба да бидеш отворен на тоа дека постојат грешки и тие се подложни на критика.
     
    На Anabelle.Amorette, Priroden, blueberry93 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Ќе беше во право. но само ако во светот постоше една религија со апсолутни правила. Религијата не е еднакво со моралот. Дали и луѓето припадници на една религија имаат исти морални вредности? Не, тоа е индивидуално кај секој. Затоа има луѓе кои мислат дека е во ред да убиеш некој кој не се согласува со нивните верувања.
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не, во право сум и без тој услов. Нема потреба од префрлање на топката кај другите верници. Верувањата на другите не ги тангираат вашите верувања како атеисти. Вие сте тие кои верувате во релативноста на моралот, без разлика на тоа како и што веруваат теистите по ова прашање. Значи јас зборев тука за вашата вера. Позз
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.614
    Допаѓања:
    167.371
    Пол:
    Женски
    Колку пати велам дека јазикот ни е сиромашен па некако не се разбираме. (facepalm)
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix, Anabelle.Amorette и 4 други им се допаѓа ова.
  11. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Врти-сучи на крај испаѓа дека моралот е релативен. Тоа што не ти одговата го одфрлаш и викаш дека си во право, јас викам докажи. Објасни ми како настанал моралот и со која цел? Значи некој на некој му дошепнал ама секој слушнал нешто различно. Ме потсеќа кoга си игравме расипан телефон како мали. :D

    Аха ти уствари цело време се обидуваш да ги класифицираш атеистите како поинаков тип на верници, јас сакам да ги класифицирам како поинаков тип на неверници ете на пример не верувам во дедо мраз.

    Хахахаха демонке не е до јазикот туку до луѓето.
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.614
    Допаѓања:
    167.371
    Пол:
    Женски
    Абе си викам ако имавме малку по- advanced јазик, можи ќе имаше повеќе толкувања и помалку недоразбирања. Ама ете си се надевам, си верувам :lol: @BoneMachine
    И тоа, верник сум јас, ама не зборам работи само за „да бидам во право:lol: Зошто према мене секој има право да верува во шо сака и не ми смета ако некој верува во нешто друго или ако е атеист. Дечко ми е атеист и да ти кажам многу се разбираме ама не секој се разбира меѓусебно како шо гледам во темава, ама шта чеш се крепи Земјата. :rofl:

    p.s. уште си се надевам на јазико ахахаха :hug:
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix, Papillon.Papi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Ако де, во тоа е убавото, секој да има различни мислења. Ама не сме сите ненаметливи, ај има време ќе пораснеме. :D
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Како го напиша ова, човек ќе си помисли, единствена мисија на научниците е да го побијат неоспорниот доказ за постоењето на Бог,штимајќи теории и факти за тоа дека не Бог го создал светот.:D
    А, јас, се си мислев науката прави сé заради напредокот на човештвото. Ради тоа што, еден убав сончев ден, оваа од бога создадена земја, можеби, не ќе не крепи повеќе, а, кујзнае дали бог ќе не транспортира на друга планета..дали ќе ни создаде друга, или, дали ни создал. Дали свештените отци го имаат одговорот?

    Тоа е така бидејќи, секој разумен човек знае/видел дека постојат и други човеци на планетата и знае, видел како се гради куќа и дека со дување на ветре не се гради куќа. :) Од истата причина и истите научници кои изнаоѓаат прецизно наштимани параметри, сакаат да видат како-зошто-од каде сé почнало. Затоа што на разумен човек му е многу неразумно да се потпре на тоа дека, ветрето кое дувало, не само што ја изградило куќата, него, истото тоа ветре било создадено и контролирано од невидливо човече, кое не е баш човече. Се што разумниот човек знае е, дека ветрето дува и знае како/зошто ветрето дува и кога дува, зошто ветрето дува силно или слабо и, што ветрето предизвикува..

    Атеистите не се приморани на апсолутно ништо. Особено не, да веруваат во нешто. Теориите и „наштиманите параметри“ не се запишани на камен.. отворени се..можат да бидат побиени или потврдени,како што напредува науката. Соодветно биваат прифатени и отфрлени.
    Но, верниците се приморани да веруваат дека и болното дете им е божја казна... бидејќи, некој им насадил во главата концепти, создадени од обични луѓе за гревови и казни, пекол и рај. Приморани се да почитуваат обреди кои нивната црква им ги диктира, небаре се некакви си „индулгенции“, пак преку пости и сл. ќе си ја искупат душата и наведени да веруваат дека, на оној свет ќе живеат во рај, доколку.
    Јас би сакала да црквата поработи да обезбеди доказ дека потоа ќе живеат во рај, па и во пекол де.. иначе... во спротивно, јас би да видам како црквата им ги рефундира на верниците, сите инвестирани во неа пари. Разумен човек. Мислам дека. :)
     
    На Anabelle.Amorette, Lella, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ајде веднаш да го тестираме ова твое тврдење :)
    Дали ти веруваш дека Земјата е случајно настаната или пак дека плански била создадена?
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    :|
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Трик прашање :D
    Немој да одговараш без адвокат.
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Се што пишав, одеднаш падна во вода:|
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    КАЖИ! Приморана си.
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Мислиш читaaт? :D
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.