Атеистите веруваат дека материјата, енергијата, природните сили и закони, воопшто природниот свет е се што постои и не постои никој и ништо повеќе од тоа. Тие не веруваат Бог, во духовен свет, во духовни битија, не веруваат во дух, душа, а со тоа и не веруваат дека нашата свест има и духовна димензија и е одвоена од хемиските соединенија. Според нив, едноставно мозокот се состои од аминокиселини, нуклеотиди, јаглехидрати, липиди, вода, минерали, јони и сите акции и реакции во нашата глава се зависни од нивните судири, хемиските врски, размена на електрони и сл. - и од овие, плус во зависност од интеракцијата со околината, зависат нашите мисли, одлуки, свест. Ти само мислиш дека имаш слободна воља. Ти само мислиш дека мислиш, а уствари хемиските реакции се подлежат на строго определени природни закони. Оттука, моето прашање е, како е можна слободната воља во атеизмот кога сите наши мисли и одлуки во мозокот се под влијание на физилки и хемиски закони на кои ние не можеме да имаме ни удел ни влијание?
Затоа што овие аминокиселини, јаглехидрати и другите процеси се докажани. Свесни сме како кожата се регенерира сама, како коагулира крвта итн. Кој го докажал Бог? И самите емоции се резултат на различни хормони. Може до утре да се лажеме. Науката ДОКАЖАНО постои. Ако Бог постои зошто за секоја болка одите во болница? Бог ќе не спаси ако е судено.
Аман аман. Уште една тема кај што атеистите можат да ги пишуваат сите прејаки научни докази што ги прочитале и верниците кај што можат да глумат светци мислејќи дека ќе се наградени од Господ ако одат и трубат наоколу. Ај прекинете веќе еднаш, овие дискусии немаат крај и секогаш завршуваат со карање. Секој иси верува во што сака. Мерете се кој е попаметен.
Веќе имам пишувано за ова. Според мене слободна волја не постои. Секое човечко дејство се случува поради едно од две нешта: 1) Сакаш да го (на)правиш дејството 2) Сакаш да ги постигнеш последиците од дејството. Пример. 1) Сакаш да јадаш сладолед и тоа го правиш. 2) Не сакаш да јадеш брокула, ама сепак тоа го правиш бидејќи сакаш да бидеш здрав. Иако можеби правиш нешто што не сакаш, сепак во позадина тоа го правиш зашто сакаш нешто друго. Ова симулира некаков избор, некаква манифестација на одење против својата волја, ама всушност пак си заробеник на своите потсвесни желби. Некој после ова што го кажав може да реши да ми докаже спротивно и да влезе сред глутница кучиња - дејство што ниту сакаш да го правиш, ниту пак има добри последици... навидум. Сепак тој што ќе го направи тоа го прави пак од желбата да докаже дека има слободна волја. Во суштина, доброволен избор не постои. Постојат само последици од тој избор што ги посакуваме помалку или повеќе.
Овде не е прашањето дали е докажано Божјото постоење. Туку дали ти @GirlRose веруваш дека имаш слободна воља? Еве на пример, дали имаш слободна воља да пишеш коментар каков што сакаш, или пак тоа што ќе го пишеш зависи од физичките и хемиските реакции во твојот мозок? 1. Дали тоа значи дека ние сме биолошки роботи? 2. Дали тоа значи дека ти не го напиша овој пост по сопствена воља, туку едноставно тоа беше последица од твоите тековни биофизички и хемиски реакции во твојот мозок? 3. Дали тоа значи дека ти си немала слободна воља да одлучиш да бидеш атеист?
Сакаш да кажеш Бог ми диригира од горе што да пишам во моментот? Интересна е темата, не велам не. Сум размислувала доста, но на крај доѓам со истот заклучок. Во денешно време, со толкав развиток на техника, технологија, медицина и да си мислиш дека се е 100% божјо дело- тешко.
Ништо не сакам да ти кажам, туку те прашувам и очекувам ти да ми кажеш, дали ти имаш слободна воља? Зошто е толку тешко да се одговори на ова прашање? Имајќи го предвид тоа дека немаш слободна воља, дали се чувствуваш вистински жива или пак како марионета во рацете на хемиските и физички закони во твојот мозок?
Се чувствувам жива, секако. Само што ја немам таа инфантна потреба да бидам посебна и специјална со божествена сила во мене наречена душа. Тоа што секое мое дејство е производ на хемиски реакции во мозокот не ми е проблем, напротив, гледам убавина во тоа.
Дали тоа значи дека и роботите се живи? Дали тоа значи дека и компјутерот е жив.. на пример кога игра шах компјутер vs човек?
Значи ти се осеќаш жива, само затоа што растеш, се развиваш, внесуваш и изнесуваш храна и течности од тебе, се расплодуваш (освен ако не станува збор за геј), оставаш наследство и потоа се разградуваш со оксидација на твоите ткива? И зошто овие процеси? Со која цел? Еден ден Сончевиот систем ќе го нема. Која разлика прави дали еден биолошки робот на таа некоја си планета Земја внесувал и изнесувал храна од себе, се расплодил и потоа оксидирал и се разградил? Која е смислата на сето тоа, кога еден ден сите биолошки роботи на планетата ќе ги нема?
Токму така. А зошто мора да има цел? Замисли да си толку опседнат со себе што ти требаат приказни за тоа како твоето постоење е божествено за да можеш да спиеш навечер. Не е бајка животот. Нема поента. Слободно може секој да си живее со замислата дека е дел од некој натприроден план, па и да си измислува приказни соодветни на тоа. Јас, ете, немам таква потреба и не ме плаши фактот што сум by-product на природата.
Слободната волја е идеалистички концепт кој постои. Но, апсолутна слобода/волја, не постојат како категоријални поими, од причина што човекoт е ограничен од бројни (интерни/екстерни) детерминирачки фактори. И секако од законите на материјалниот или ,,физичкиот" свет, првенствено според Питагорејските учења и списи, а потоа и од Демокритовите. Екватантен пример - Ако имаш зголемено лачење на кортизол логично е докторот да те советува да намалиш стрес и да се обидеш да водиш поздрав начин на живот. Во овој случај твојот избор содржи детерминативна компонента. Мораш да го направиш тоа, бидејки во спротивно ќе сносиш консеквенции. Во истиот овој момент кога одбираш да ги слушаш потребите на своето тело, наспроти животните не толку здрави социјални навики кои го загрозуваат здравјето, го губиш апсолутот на слободната волја. Бидејки еден избор консенквентно повлекува друг, што е објаснето веќе горе. Волјата не е зависна единствено од самите нас. Не е во прашање доведен само изборот на религија, духовност, туку буквално сè. Од првото станување наутро па, се до легнувањето навечер на постела. Сите избори и ритуали кои ги правиме во текот на денот во суштина ја конципираат нашата волја која не нужно е слободна, туку често пати зависна и од другите настани. (Тука се подразбираат сите биолошки, физички, мисловни и материјални избори и процеси). И last but not least @EvAngelos Ова нема врска со Атеизам. Единствено има врска што атеизмот е еден од низата избори направени on a daily basis.
Има како нема. Евангелос се надеваше дека ќе му кажеме дека постои слободна волја, па да нè ,,фати" на она дека во мозокот (според атеистите хехе) сè e физички предетерминирано, па оттука не може да постои слободна волја без движеча сила отпозади, такозвана душа. Ама не очекуваше дека ќе се согласиме со тоа. Работава it hurt itself in its confusion.
Сфатив, сака да нè улови на духовна емпатија, ама малку ја промаши поентата. Хиерархијата на законите не функционира така едноставно. Да имавме сите слободна волја бар упола, светот ќе беше златно доба - утопија. Но, не е, се дави во хаос. Дури и да беше Бог (behind the curtains) како виши световен eнтитет што преостанува друго освен да кажеме дека има лош смисол за хумор штом му е забавно страдањето на земјата? Али Ангелко гарант и на тоа има контра - аргумент. Дека Бог како главен двигател има причина за сè. Мех, затоа ги избегнувам темиве. Boring.
Зошто да нема врска со атеизам? Ова прашање е релевантно да се постави во секој светоглед, па и во атеизмот. И атеистите имаат различни убедувања по ова прашања. Некои веруваат дека имаат слобода врз своите мисли, свест и воља, а некои пак мислат дека се биолошки роботи. Повеќето атеисти сметаат дека имаат слободна воља. Ти и @Lella сте исклучок. Ете, од оваа тема го дозна тоа. Сепак користела темава за тебе Сепак интересно е да се знае дека на форумов постои уште една личност што за себе верува дека е биолошки робот кој нема слободна воља. Би те прашал, бидејќи не сфаќам дали и ти одиш до крајност како Lella, дали сметаш дека имаш слобода над твоите мисли и свест? На пример, дали мислиш дека имаш слободна воља што да одговориш на ова прашање, или пак и тоа е детерминирано од внатрешните хемиски процеси ви твојот мозок?
Нема слободна воља. Господ ми кажува шо да мислам и правам, ко што ме тера да мислам дека не постои и да бидам атеист. Фмп.
Она е нејзините мисли и свест. Тие не се одделни од неа, таа не е дух (совршен дух) кој се гледа од страна како хемиски процеси го контролираат нејзиното тело без нејзина волја. Таа е тело, таа е мисла, таа не може да контролира како мозокот работи но може тој мозок да го користи и да го насочи по своја волја, до одредена мера. А какво е мислењето за слободната волја кај верниците? Вашиот дух, душа, може да функционира надвор од вашето тело и сама да носи одлуки?