1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеизмот и слободната волја

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 10 јануари 2020.

?

Атеисти, дали човекот има слободна волја?

  1. Да

    30 глас(а)
    63,8%
  2. Не

    17 глас(а)
    36,2%
  1. hardtodealwith

    hardtodealwith Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2020
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Може ама не сме многу моќни.Господ на човекот му дал ум и разум, уста и јазик да се артикулира,ти не влијаеш со твојата волја на твоите дома, на луѓето што те знаат?
     
    Последна измена: 11 јануари 2020
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Aу Бриџо какви моќни зборови, ми го стопли срцето, нај искрено.
    Знам дека е фигуративно напишано во цели на објаснување ама убаво е да се прочита ова од тебе. Почесто вака фали нè. :D

    Еј, полека. Осеќам се навреди сега, а не ми беше таква намерата.
    Сега со ред да ти одговорам.
    Ова прашање може да го поставиш во атеизам, но притоа треба да знаеш дека изворот лежи во каузилетот како филозофска ,,доктрина". (Доктрина во наводници бидејки сепак не е наука, повеќе гранка).

    Имено, слободната волја во најширока смисла на зборот не може да постои. Во спротивно би одбирале дали сакаме да се родиме. Не верувам некој од нас да ја донел таа одлука свесно, а сепак сме тука нели.

    Потоа - ако некому слободната волја се коси со законите на природата и физиката, што правиме?
    Еве на пример јас сакам да имам ангелски крилја за да може да летам. Под тоа подразбирам воедно и желба и слободна волја. Зошто физиката ми го одзема тоа право, зошто ме ограничува? Или во твојот случај Бог - Зошто те ограничува да не може да влијаеш врз сите со своето учење, да ги освестиш за релевантноста на Протестантското движење и неговата кауза. И тоа е слободна волја, во случајот твоја, но не може да доживее максимална потенција за да се оствари.
    Tricky e и доста комплексно, дали сфаќаш?

    Патем, мислиш дека пред и за време на средновековието постоела слободна волја кај народот при религиски избор? Или морале да го следат она што веќе било наметнато. Атеизмот, солипсизмот и скептицизмот постоеле и тогаш како духовни состојби и правци, но не смееле да бидат директно споменати или наметнати, во спротивно глава летала под секира.

    Ангеле, тоа што немаме апсолутна слободна волја, не значи дека немаме никаква. Живееме во време кога може слободно да се изразиш а притоа да не платиш данок со живот, ваљда е и тоа некаква предност. Секако дека имаш слободна волја да одлучуваш за одредени работи, но сигурно не за сите, бидејќи не зависат од нас сите екстерни одлуки, ами од поредокот на општеството и неговата закономерност.

    Хемиските процеси во мозокот имаат задача да ја усовршуваат моториката, да ги надоградуваат бихејвијоралните и когнитивните способности. Тука се и амигдалата и центарот за расудување, кои се апсолутно детерминирани од искуствата и рационалитетот на личноста. Бог нема ништо со ова.

    Многу внимателно треба да пристапувате кон вакви теми при доказ на Божјиот принцип.
    Ти сакаш духовното и материјата да ги сплотиш во една целина, ама тоа не може така, ти имам кажано, а знаеш и сам. Егзактна методологија со верба во иста реченица е како казан во кој врелиот чај сакаш да го претвориш во солена супа.
     
    Последна измена: 11 јануари 2020
    На Mikha4, Bridget, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Како може да го насочи по своја воља? Ако и нејзината свест и воља се ништо повеќе од хемиски реакции, тогаш таа нема никаков удел во продуктот на тие реакции. Таа не постои надвор од тие хемиски реакции. Таа е хемиските реакции во нејзиниот мозок. Таа е водороден атом што се врзува за амино групата на некој протеин.

    Не знам за сите верници, ама христијаните веруваат дека свеста има и духовна природа. Ние не веруваме дека „имаме душа“. Ние сме душа која има тело од материјална природа за да комуницира и за да има интеркации во овој материјален свет.
     
    На hardtodealwith му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ок, роботи сме и немаме слободна волја, сакав за тие мали избори што ги правиме во спротивно со останите на кои не можеме да влијаеме да кажам дека се слободна волја ама и не мора да значи, ок сум со тоа.
    Праша дали се чувствуваме како марионети на тие хемиски реакции, кој тоа -ние? Нашата душа? За мене душата се моите мисли и чувства а тие се дел од хемиските процеси. Сум искусила нешто поинакво па да знам за поинакво функционирање кое телово не ми го овозможува? Да се чувствувам ограничена зошто не можам да летам? Нешто управува со мене па не можам по вода да одам и затоа се чувствувам како заробеник?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Мене па не ми е јасно како постоењето на христијанскиот бог го докажува постоењето на слободната воља. Баш напротив, неговото постоење ја исклучува можноста за слободна воља, пошто е семоќен/сезнаен. Се што ќе се случи од овој момент па до крајот на светот е веќе предодредено во божјиот ум.

    Бог знаел, уште пред да создаде се постоечко, дека јас на 12.01.2020 во 1 по полноќ, после неколку пива ќе се логирам на форумов и ќе го напишам овој пост.. Знаел и дека во првата реченица од вториот параграф ќе ставам две точки наместо една или три, за да го заебам и со тоа ја докажам мојата слободна воља. Морал да знае, инаку не би бил сезнаен.
     
    На candy.cane и Lella им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Помалку логично е да има Бог и да има слободна воља.
    Пошто 'планот Божји' е неменлив.
    Душа твоја, да извртуваш факти.

    Додека не научиме како сите хемиски реакции, се претвораат во електрицитет, а електричните импулси во мисли, желби, пориви... нема да знаеме што е позади.
    И нормално.. во сфери каде нема доволно познавање, луѓето си ги пополнуваат 'дупките' со суеверија, мистерии, чуда итн..
    Докажано милион пати низ историјата.

    Нема ништо страшно во тоа да не знаеш, или не разбираш нешто.
    Проблемот е кога не сакаш да научиш.
     
    Последна измена: 12 јануари 2020
    На Mikha4, lovestoneddd, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Христијаните генерално веруваат дека Бог е сезнаен, ја знае иднината, но сепак луѓето си имаат слободна воља. Тоа што Бог го знае нашиот избор, не значи дека и ни се меша во истиот. Едноставно ние си одлучуваме слободно, но откако ќе избереме, бидејќи Бог е над временската димензија, ја знае иднината, и го гледа нашиот избор. Исклучок се хипер калвинистите кои веруваат во целосна предодреденост.

    А како тоа менува дали ние ги знаеме или не ги знаеме сите реакции позади нашите мисли, желби, пориви? За прашањето за слободната воља е важно само дека тие реакции не зависат од нас. Со други зборови, ти немаш никаков удел во тие хемиски, биофизички, електрични, квантни, или какви сакаш реакции. А ако немаш удел, тогаш значи дека немаш ни слободна воља. Тоа значи дека, според атеизмот, човекот е само еден обичен биолошки робот кој во ништо не е повеќе ЖИВ од електричниот робот. Единствена разлика начинот на кој роботот се управува, полни со енергија и сл.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Знајш шо?
    Ми е мрза.

    Така нека е.
     
    На Mikha4, candy.cane и EvAngelos им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Секако дека немаме удел, зашто ние сме производ од тие реакции, сите тие се основата а потоа доаѓаме "ние", односно нашата свест која е производ на активноста на повеќе центри во мозокот.Засега, тоа се фактите, а дали постои душа или не, никој уште не докажал, така што стојат само сознанијата дека секоја наша одлука, дејство, неволево дејство се производ на електрични и биохемиски реакции(што секако не ја исклучува можноста дека постојат и работи кои се уште не сме ги дознале).
    Е сега, дали тие процеси се предодредени или се само уште еден случаен настан во низата на бескрајно многу можни настани, стварно не можеме да знаеме.На пример, одлучувам сега да одам до продавница и на патот до таму сретнувам личност која што не сум сакала да ја видам.Дали ова едноставно дејство, да отидам до продавница е всушност дел од некаков детерминиран план со цел да ја сретнам личноста или само случајна мисла, моја слободна волја да речеме, чија што последица е средбата со таа личност не можам да знам.
    Поентата ми е дека моментално не може да се докаже ни постоење на слободна волја, ни на детерминизмот зашто и од двете страни постојат работи кои и ги потврдуваат и ги негираат.Како што сме откриле толку нешта до сега, зошто па да не остане простор во иднина да се разјасни и ова?
     
  10. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Ова прашање многу често ме збунува и мене.
    Многу нешта се наша слободна воља,но во животот понекогаш се наоѓаме пред тешки искушенија и си велиме:
    Ова е последица на мојата слободна волја или ова е божја вољја,допуштение.
    Прост пример:
    Жртва си на сообраќајна несреќа,без твоја вина.Дефинитивно твоја слободна воља било да возиш по тој пат,но не било твоја воља да настрадаш.
    Тоа јас го нарекувам божја воља,допуштение,судбина....
    Или на некоја будалетинка му текнало да прави војна и илјадници дечиња и невини луѓе се жртви на таа војна.Дали тоа е нивна слободна воља?
    Штознам....
    За мене е пола,пола.....
    Знам дека ништо незнам.
    Нашиот мозочен капацитет е толку мал/ограничен,што неможеме да дадеме одговор на многу прашања.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Или е последица на лизгав пат, или лоша проценка на шоферот, или возило со квар... или...

    Не мора одма во се' Госпо да го пикате.
     
    На candy.cane, Gosh, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е поентата.
    Некој тоа го објаснува како сплет на околности/коинциденција,нешта што се случуваат независно од нас,некој го објаснува како судбина/детерминизам,некој го објаснува како божје допуштение.
    Малку конфузно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    upload_2020-1-13_15-47-19.png
     
    На WildMk и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  14. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    11.272
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Ова верувам горе доле...

    Не верувам во слободна воља, премногу фактори има (кои не вклучуваат богови).
     
    На Bender Rodriguez, Lella, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
     
    На Lella и WildMk им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали имаш слободна воља да не веруваш во тоа?
    Дали луѓето што коментираат на форумов имаат слободна воља да коментираат поинаку? Доколку не, тогаш зошто воопшто дебатираш со нив?
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зaтoa штo немa слoбoднa вoлјa дa бирa дaли ќе кoмуницирa или не, убaвo си пишa декa немa. Кaкo штo јaс немaм избoр дa не реплицирaм вo мoментoт.
     
    На Angie1432, Scott Weiland и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Интересна теорија..
    Само што со ова, автоматски, ќе ни пропадни цел легислативен систем, пошто никој не е виновен, ами треба да се 'лечи'.
     
  19. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Ако слободна воља не постои и се е сведено само на сакање на делото или сакање на последиците од него, и се тоа од хемиски реакции во мозокот, тогаш зошто правиме работи од кои се надеваме дека нема да ги искусиме последиците?

    Ок, брокула мразам, ама јадам да бидам здрава, ама зошто прв пат пробувам цигара? Немам зависност да дејствувам поради тоа, знам за штетните последици а сепак палам. Исто и за прв пат внесување дрога.

    Не можеш да имаш слободна воља да избереш и без позадински стратегии и размислувања и зошто мора слободната воља одма да се споредува и да се спомнува бог?

    Моја слободна воља и моја работа кои избори јас ги носам, никој освен јас не командува со мојот мозок, никој не ме поседува и на никој ништо не му должам за моето постоење. Мојата двигателна и моторна сила сум јас и јас решавам под какви услови ќе дејствувам. Немам јас никакви стручни познавања ни од науката ни од религијата, онака како обичен лаик прашувам дали може да се одговори вака, со молба да нема последици мојата неукост:

    Дејствувам под хемиски реакции, ама правам избори и по слободна воља, а патем верувам дека бог е мир, среќа, човечност, морал, совест, емпатија, сочуство и разбирање во секој од нас...?
     
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Најчесто луѓето пробуваат цигари за да се вклопат во некое друштво или пак од љубопитност. Врти сучи секогаш можеш да најдеш нешто во позадина што ти е поважно. Да не ти била љубопитноста поголема од здраворазумноста, немало да пробаш цигари.

    И сама да си влепам шамар моментално без причина, нема да биде бидејќи така сум избрала, туку бидејќи во моментот желбата да направам нешто рандом и непредвидливо ми била поголема од желбата да не правам ништо.

    Инаку @WildMk е сосема во право со забелешката дека ова отвора еден куп морални прашања. Ама не би рекла дека треба да пропадне судскиот систем поради тоа, бидејќи тој систем ги поставува последиците кои (не) ги посакуваме, според кои ни се диктирани дејствата што ги правиме. На крај краева, моралноста на една личност ја одредува тоа која последица ја посакува повеќе.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.