Гледано од чисто теоретски аспект, не постои такво нешто како апсолутна слободна волја - како и се’ друго во универзумот, така и ние и нашите мисли и постапки сме предмет на истите ограничувања кои ги наметнуваат природните закони. Од практична гледна точка, можеме да сметаме дека имаме слободна волја, едноставно поради тоа што човечкото однесување е сплет од толку многу различни фактори (од интеракции честички на субатомско и атомско ниво, па се’ до интеракции на хормони, нервни синапси, хемиски реакции и електронски сигнали во мозокот) што никој не може да предвиди што некој ќе помисли или како некој ќе постапи во даден момент или ситуација. Така да, мојот одговор на прашањето е, да, имаме слободна волја и не, немаме слободна волја, во зависност од тоа како ќе пристапиме кон прашањето.
A sto ako postoj DUHOVEN svet od aspektot ATEIZAM...mozebi MATRIJALNITE PRIRODNI ENERGICNI SILNI ZAKONI se ateistickiot duhoven svet...kako moze ateistite DEMEK da ne veruvaat vo duhoven svet?!?!ne ti go razbrav objasnuvanjevo na pocetok...lol...bez navreda...
Јас немам слободна волја. Секоја моја мисла, одлука, постапка е последица на надворешен, околински фактор. Како и сечија впрочем.