Атеисти

Дискусија во 'Религија' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Прочитајте го ова иако е долго верувам дека ќе се замислите ...

    1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.

    2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.

    3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.

    4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...

    5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.

    6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.

    7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.

    8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.

    9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог).

    10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.

    11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее.

    После сите овие 11 причини, доколку подразмислите малку ќе видите дека едноставно кажано „господ“ не постои.

    Ова цркви, господ и сл. верски заебанции се е тоа измислено за „перење“ пари, но од ден на ден се повеќе и повеќе на луѓето им доаѓа паметот дека господ не постои!:)))



    И сега ве молам кажете го вашето мислење :)
     
    На eloves, Lallly, plawa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Извини што вака ќе речам ама според мене ова се еден гооолем куп глупости.Ако Бог не постои тогаш како се создало ова во што веруваме?Според што се напишани Библијата и останатите свети книги?Велиш неверниците не се изгубени....Како е можно тоа?Ако не веруваш во ништо тогаш за што се бориш во животов?Од каде ги имаат стекнато тие принципи и морали твоите родители и нивните предци за да ти бидат тебе пренесени?Сигурно не биле најдени на улица....Едноставно кажано Бог според мене постои и ништо не е чиста случајнот и не се науката може да објасни.И сметам ако не веруваш во ништо и никого си изгубен....
     
    На BabyCakes и andzelikaa им се допаѓа ова.
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    498
    Ах темава... вечна дебата и полемизирање од кое да ви кажам искрено ми е преку глава. Толку многу аргументи во групата „за“ и „против“, нема крај... Едноставно - секој нека верува во што сака. Јас сум верник и потекнувам од религиозно семејство каде има неколку свештеници, од мала сум на таков начин воспитувана, така што ми е тоа веќе влезено во крвта. Почитувам и туѓи религии, сум била и во други верски храмови, но првенствено ги сакам религиите бидејќи сите учат на мирољубие, благосостојба, љубов, простување. :)
     
    На _N_Girl_ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Потполно се сложувам со вас :clap:

    Јас ова случајно го најдов на Фејсбук и сакав да го споделам со вас :) Да чуеме ( да прочитаме) секакви мислења ;)

    Сепак ВЕРУВАМ во Бог имам Слава на куќата и не верувам дека Бог не постои ;)

    Ајде да слушнеме и друго мислење :)

    Поздравче и бацки :*
     
    На _N_Girl_ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Во врска со темта јас само би го цитирала следново :
    Ако постои Бог, атеизмот за него е помала навреда од самата религија - Edmond De Gonkur
    Не верувам во теолошки Бог кој го наградува доброто а го казнува злото - Albert Einstein
     
    На Anacid и encimenci им се допаѓа ова.
  6. UnA...-7

    UnA...-7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    17
    Епа ајде Атеисти објаснете ми го вие настанувњето на светот и човекот кога не Христијаните имаме неосновани докази или ќе се држите до теоријата на Дарвин дека настанавме од мајмуни? Секој има право на свое мислење а моето е дека Бог постои и вербата во него ме турка напред.Еве го моето мислење за секоја точка:

    1.Па ако имаш налетано на некоја верска книга ке воочиш дека Бог се има појавено како глас,преоблечен во човек чие лице не се гледа,оган и сл.

    2.Според повеќето од светите записи Бог е душа а ако е душа би требало да е проѕирен да не речам невидлив.

    3.Човекот знае дека ќе умре ама никој не се вратил а да кажи дали има нешто па можи само да се претпостави.Можи комотно да си одберете друга религија никој не е обврзан дека мора да ја земи Христијанската.Злото постои одамна има и објаснуванје како настанало ако имаш слушнато за анѓелот кој сакал да се прави Бог јасно е што мислам.

    4.Постојат претпоставки дека постои вечен живот и да преубаво е за да биди вистинито ама мене ми е уште поубаво да верувам дека еден ден ке ги видам повторно оние кои сум ги изгубила.

    5.Се чувствувам прилично слободна.И да сите ние сме клечеле,клечеме и ќе клечеме пред нешто безвредно (мислам дека бев доволно јасна пред што ;) )

    6.Библијата никаде не наведува дека Црквата и политиката одат заедно.Тие два различни поими не треба да се мешаат а ако некој ЧОВЕК решил да ги меша негов проблем.

    7.И науката нема конкретни одговори за вечните прашања така да ко ке и потврдат со факти ке вреди да се полемизира.

    8.А ги има и оние кои живеат лошо и без Бог и оние кои живеат лошо и со Бог.Вербата во Бог претставува надеж.

    9.Човекот и правилното развивање на човештвото се вели дека го задоволува Бог.

    10.Нема врска ако си атеист дека ти е потешко да се справиш со проблем.Сите имаме проблеми и на различни начини ги решаваме.Тука се работи за карактер некој појак некој послаб.Некој полесно се справува со проблемите некој потешко без разлика дали е атеист,христијанин,муслиман,будист и сл.

    11.Ако не постоеше Господ немаше ни да има атеисти.
    Атеистот неможе да го најде Бог од истата причина поради која крадецот неможе да го најде полицаецот.
    (не се баш вицеви оти за тоа не ме бидва многу многу ама нешто слично)

    Црквите не беа измислени за перење пари.

    Кога сака некој да си го одбрани своето (не)верување нека ги изкажи своите аргументи и нека не го оспорува она за кое што и самиот не ја знае вистината :wasntme:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    што знам...Ама ако Господ постои/непостои зошто се замарате со факти, филозофи и ред други работи....Господ не ја создал црквата, господ не рекол кој ке биде поп...секој грешник е поп, а нели тие треба да се свети лица...зошто тогаш се грешници?? Зошто во црква се примаат да работат жени кога со добиено не смее да се иде во црква??? Како ги примаат во црква на свадба деколтирани, и во кратки миничи кога тоа Господ не го оправдува?????
    Господ како глас во главите на луѓето можеби постои...и подобро да се верува во тоа(иако јас лично не верувам во Господ) отколку да се верува на некоја особа, од пример секта која ке ме натера да се самоубијам.
    Ако Господ постои, ако е толку голем и семоќен, ако ништо друго ке можеше да ни ја намали болката...Не сум атеист идам во црква, но идам за мојот брат и татко што се на другиот свет....одам зошто се кај него (Господ) а него не го почитувам зошто ми ги земал.
    И уште нешто, зошто господ ги одобрува браковите, кога мајката на исус ја осудиле кога била трудна...демек не била во брак а трудна е и е неморална, а господ и го пратил детето????Објаснете ми го ова, можада сум глупа па не сваќам???
     
    На encimenci, plawa и wild.child15 им се допаѓа ова.
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    *Сакаш дека црквите се само измислица? Црквата претставува храм Божји, место каде се слави тој и се посветува внимание на Него. И да, постојат вееекови наназад.
    *Свештеникот е човек како и сите остананти, со позитивни и негативни страни, мани и доблести. Него му е дадена посебна задача морално да ги воспитува луѓето, да им помага, утешува, моли за него и сл. Ако тој не си ја врши правилно задачата - тогаш сите гревови паѓаат на него, а тој секако знае што следува за тоа.
    *Жените кои имаат добиено смеат да присуствуваат на литургија, да пеат, да се молат, НО не смеат да ги целиваат (бакнуваат) иконите и крстовите, и исто во тој период не смеат да се причестуваат.
    *Па ако луѓето се свесни како треба да се облечат за во Црква, немаше да дојде до таа забуна нели?
    *Девојко, конфузна ми си. Велиш дека си атеист. Потоа дека одиш во црква. Потоа велиш дека не си атеист, ама и дека не веруваш во Господ, а последователно на горниот разговор веруваш во рај и пекол...
    Како и да е - жалам за болката која си ја претрпела и никој освен тебе не знајт какво е тоа чувство.
    Ќе речам дека се е со причина, минатото е поврзано со сегашноста и иднината. Причината зошто твојот брат и татко заминале пребрзо од овој свет ја знае само Господ. И покрај се, остани силна и прифати ја Божјата волја.
    *Фала Му на Господ што постои бракот како заедница, бидејќи ако не постоеше - во светов ќе беше не виден (неморален) хаос! Замисли, полека но сигурно тоа и настанува, во мода е заедничкото живеење но без напишан доказ и без вистинско ветување пред Господ дека ќе сте заедно во добро и лошо и тн... Не знам која жена би сакала да живее во еден таков слободен брак каде што од утре веќе слободно ќе може да биде заменета од друга жена! Ама баш слободно! Бракот е света заедница, ветуваш дека нема да има изневерувања и напуштања - иако и сега на прељубата и нема крај! Оние кои веруваат во задгробен живот сигурно знаат дека човекот пред свои очи ќе ги гледа своите гревови кои ги направил (од точка до точка), за оние кои искрено се покајал и за оние кои ги прикривал. Човекот најмногу паѓа на митарството каде што блудствувал и правел прељуба - а не се покајал.
    *Не верниците во тоа време не можеле да прифатат дека Духот Божји слегол во утробата на Марија за да се роди како Син Божји (затоа кога се прекрстуваме велиме: Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух - Амин)
     
    На Page му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Верувам во Господ и не сакам да дискутирам на оваа тема. ја сакам и почитувам мојата религија, но ги почитувам и останатите религии. И за крај-кој сака нека верува, а кој не, па нека не верува во постоењето на Исус.
     
  10. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Се подразбира дека секој си има свое мислење и може да верува во што сака...јас мислам дека ова е само измислица и јас сепак ќе продолжам да верувам во Бог :)

    Бацки :*
     
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    150
    јас сум атеист во мојата фамилија сите се тешки верници ама ете јас сум атеист.
    не верувам во Господ, сите религии се измислени со една цел да се контролираат лугето. ДА земеме пример среден век свештениците им викале на сиромашните да се мачат на овој свет дека не им требаат никакви материјални добра, дека на тој свет ќе имаат се што им треба.Од друга страна свештениците биле тие што пливале во богаство. Тоа е иронија.
    Се согласувам со тоа дека на неврниците им е потешко. Вие што верувате во секој момент се надевате дека некој ќе ви помогне, ние не се надеваме на ништо :D
    како и да е сите имаат право да веруваат во што сакаат. :)
     
    На mimi333, Anacid, encimenci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Не учат да постиме, за тие во најстрог пост да нарацуваат печено пиле...ете затоа не верувам, не еден туку сите попови...како и да е моето мислење е тоа од она што сум го видела....и среќна сум што го имам тоа искуство со црквите и поповите и што ми се отвориле очите. јас не велам да не верувате. Но, кажувам зошто се разочарав во таа верба не само ради татко ми и брат ми, туку и ради мајка ми која работеше во црква за вас божји храм, каде како услов за да остане да работи требаше да легне со попот, а кај господин господин стефан, проба да отиде и нормално он немаше време.
     
  13. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Атеист сум не верувам ич во господ не идам во црква а и моите не ме тераат а иначе поповите се само обични лопови и ништо повеќе
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Па еве имам кажано и тоа. Не ја мешај црквата (како институција (штета што тоа е така, ама во денешно време самото општество налага се да се претвори во институција)) и Црквата како духовно светилиште.
    Се што правиш - правиш за тебе. Неморалните свештеници во никој случај не ги оправдувам, особено во Скопје има многу нечесни... Охрид нема такво нешто, затоа можеби и не можам до точка да ве сфатам.
    И покрај сите овие неправди, верата треба да остане.
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    За ова што викаш лопови можеби имаш право (ама не се сите такви!), но ако правиме муабет за лопови на прво место би ги ставила адвокатите. Зошто никој не се буни кога му даваат огромни суми пари нив за што? за то шо роднините се скарале поради богатство, куќа, наследство и сл.. Премногу се вложува во материјалното отколку во духовното.
     
  16. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25

    Во право си Брајт.
     
  17. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25



    Калку се поповите лопови незнам...Ама знам дека сигурно Политичарите се поголеми лопови од Поповите

    Поздравче До Сите :*
     
  18. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Еј зошто ги мешате адвокатите и политичарите во темава мене ич не ми е гајле колку зима политичар и имам комшика адвокатка и жената е прексрасен адвокат а платат и е леле мајко само судиите зимаат добри пари а и адвокатите со попознати презимиња а за да се обрне повеќе на духовнот во оваа држава жал ми е ама нема кадарни лица за тоа и да има еден другар вика кај мене попот во село со фиќото се вози а за во град џипот го вади па вие видете сега
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Аман бе пишувај точки запирки извичници.. (форумска култура please!)
    Како и да е, точно - забегавме од темава - се зборува за атеистите.. оние кои не веруваат во виша сила (Бог) и кои сметаат дека после смртта едноставно се претвараат во органски материи... Кој си бил добар си бил, а кој си бил лош си останал лош - нема казнување и нема наградување! Епа, која е смислата на животот според вас???
     
  20. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Ауф! Интерпукциски знаци мора да има :!:

    Јас едвај ја разбрав :|

    Мора да има нешто после смртта. Барем така мислам...Едно е сигурно никој не се вратил па да ни каже :lol: Па така да само ќе си претпоставуваме...

    Поздрави :* :f: