Не сум религиозна , не ме привлекува религијата ( ниту една ) , бидејќи е создадена и користена низ годините како механизам за поставување социјални норми правила и како контрола на големата маса луѓе , не е поддржана со факти и докази така да ја губи комплетно својата смисла ..... сакам логични работи, сакам конкретни докази и опипливи реални факти .... дека утеха бараме во нешто надприродно и дека е дел од човечката свест го прифаќам тоа и не ми смета кај други луѓе ама јас лично повеќе се пронаоѓам во биолошки докази , еволуција и универзум и едно големо бум
Низ категоријата "Религија" постојано се расправа за тоа дали Бог постои или не, дебата која е малку бесмислена бидејќи верниците секогаш ќе веруваат, а атеистите не, никој не може да го докаже својот став. Би сакала да поставам едно друго прашање во кое, нагласувам, не би сакала да се дискутира постоењето или непостоењето на Бог. Што мислите, кои се заеднички карактеристики на верниците и заедничките карактеристики на атеистите? Кои професии, кои општествени групи, возрасти и сл., имаат тенденција да бидат верници, а кои атеисти? На кој начин животот на верниците/атеистите е подобар/полош? Мој став: Стапката на верници на луѓето без високо образование е најголема, а најголем број на атеисти се високо образовани луѓе, најчесто од општествените науки и медицината. Од лично искуство ќе кажам дека тоа што долги години бев атеист ми помогна да ги анализирам нештата кои ми се случуваат, да го барам нивниот корен, да ги гледам моите и туѓите мотиви во постапките и да сфатам дека сите имаме комплекси, силни и слаби страни, дека многу нешта влијаат на тоа какви сме и какви ќе станеме. Кога бев атеист многу повеќе ја припишував мојата судбина на околностите, на тоа што луѓето ми направиле мене, а не што сум направила јас. Кога станав верник, на некој начин слепата верба ми даде и самодоверба да се потпрам на себе, да си го гледам само својот живот и да престанам да се споредувам до другите, кој колку добил, дали заслужил итн. Енергијата што ја трошев на тоа споредување, почнав да ја трошам на работа на својот живот и најважно, повеќе да ги судам своите грешки отколку туѓите. Нормално, ова е само мое искуство, може е тотално различно и нетипично. Во секој случај, сметам дека комуникацијата на верниците и атеистите е многу важна и за едните и за другите. Што мислите?
На Бога се потпираш . Инаку вистина е дека со навлегувањето во верата ,започнува тој процес на покајание и согледување на сопствената грешност и тоа е тогаш вистинскиот пат. И ова е за жал вистина и веројатно последица на долги децении на комунизмот. А баш лекарите и сите кои се бават со хуманистички занимања би требало да се верници ....би имале и за себе штит...а и со Божја помош полесно би умееле да помогнат на слабите и болните. Инаку мислам дека има мал број на вистински верници и мал број на атеисти....најголемиот број лутаат. Во реалноста можеш изненадена да бидеш кога за некого ќе дознаеш дека е верник , интимно е тоа.
Па се знае, повеќето се верници зошто се родени во таква средина и не сакаат многу да тупат односно не ни размислувале "подлабоко" дали веруваат или не туку сите така прават ајде и јас...ете барем јас така ги сфаќам...тие се тие што лутаат, а за Атеистите можеби не е така, сепак мислам дека си размислил па да сфатиш дека не веруваш во нешто, зошто живееме во околина од раѓање ни е наведено да сме верници...
Мислам дека е премнг генерализирање прашањево..... и дека нашата верба е премнг интимна работа...светот според мене проектира одредена слика за верниците и атеистите и нормално таа слика си има свои историски вистини и има исто така мнг дупки... затоа не би сакала вака општо да одговарам.
Нормално дека вербата е индивидуална работа, секоја дискусија е генерализирање и нормално дека ќе има исклучоци.
Често лекарите за тело , за душа уште повеќе , имаат двојба околу пристапот кон пациентот или околу дијагнозата...многу причини за тоа можат да бидат...кога би користеле молитва кон Бога,полесно би им било.
1. И Хрватска не е православна. И за таму ли не важи тоа? 2. Религиозноста ќе заштити кардиологот од срцеви болести? Како? Имаш некоја статистика? 3. Зошто имаат двојба и од каде знаеш дека имаат? Што значи често? Како молитвите ќе им помогнат да ја одредат точната дијагноза?
Хрватска дупло оштетена. Верувам дека кардиолог верник е позаштитен од кардиолог неверник. Како немаат двојба? Не е тоа математика , медицината е уметност ,секој пациент своја приказна...молитва знае да ти го покаже вистинскиот пат,пристап....немам статистика.