Ако јас сум грешка за тоа дека Бог постои нема ништо да изгубам. А ако атеистите се го губат вечниот живот. Сте размислиле некогаш за ова?
Бог е секогаш милостив и ги сака сите луѓе и простува ако искрено од срце се покаеш. Тој ни остава на нас да одлучиме по кој пат ќе одиме. На оние што ќе го прифатат Исус дека е син божји и веруваат во него вратите кон вечниот живот му се отворени. Еден ден сите ќе умреме и ќе се најдеме на суд пред него.
Јас сум верник, но мислам дека не ти ок размислувањето. Верата не може да се силува, треба да веруваат 'за секој случај'? Тоа не е вистинска верба. Подобро е искрен атеист од лажен верник. Вербата во Бога треба да дојде природно, тоа не е тривијална работа, да се биде религиозен или не е многу важно и не треба да се носи таа одлука лесно, ниту да се мисли дека верувањето е завршена работа, тоа што само се декларираш како верник, одиш во црква и се крстиш не ти го обезбедува автоматски вечниот живот. Да бидам искрена, подобри луѓе сум запознала атеисти од верници и верувам дека во рајот ќе се најдат повеќе атеисти од "верници". Не е ни на тебе ни на мене да кажуваме кој ќе оди во рајот, туку само на Тој. Живејте си го животот како верници и оставете на Бог на сите да ни суди.
Ако се водиш според ова ти живееш со страв кој го создала Црквата, не со верба.Приказните, - атеистите го губат вечниот живот, верниците не, а од друга страна Бог ги сака сите? ..ми нема логика ова во иста реченица.
А што и ако е атеист? Ти како верник не треба да ја гледаш како полош човек, треба да се почитуваме едни со други, пробај да ѝ ја објасниш убавината и користат од верата, а не да ја заплашуваш со пеколот.
Не сум атеист, само не ми оди да прифатам догматско следење на одредена религија и да сејам страв без да знам што зборам.
Секако дека ние не можеме да зборуваме за ова, но како во рајот може да се најде некој го отфрлил Бог и Христос?
Тоа само Бог може да пресуди (нормално, ако си атеист, оваа реченица нема логика). Вербата не е во зборовите, туку во срцето, ако некој атеист живее чесен живот и прави добрини, верувам дека Бог ќе го земе во рајот.
Интересно верување. Јас пак верувам во библиските зборови дека најпрво треба да го прифатиме Христос, да поверуваме, потоа да го следиме неговиот пат за да можеме да бидеме вечно со Него. Но, Бог знае најдобро.
Еве јас ко атеист, ако после смртта видам дека постоел бог, ќе се покаам за сѐ и за тоа што не сум верувала. Ќе ми следи место во рајот? Нели ако се покаеш од срце сѐ се простува, така и ова ваљда. Така да и ние атеистите не би изгубиле ништо.
Немаме секогаш време за каење. Времето ни е до смртта и пред второто Христово доаѓање. После тоа, има само суд.
Има се' помалце верници бидејќи со еволуцијата и поголемото осознавање на сето она што не' опкружува, откриваме се' повеќе работи кои се спротивни на тоа што учи религијата. Така било и во минатото, така и ќе продолжи да се случува со моменталните религии се' додека и тие еден ден не станат дел од историјата на постарите народи. Еден ден во иднината нема да има верници во овие религии и идните луѓе ќе раскажауваат во што верувале луѓето од 1ви до ? век, на разни места низ светот.
Значи бог ги испратил во пеколот сите Индијанци, Ацтеки, Маи, на кои што поради некоја причина 1400 години не им се прикажал?