Во принцип, да, не сме видовити, ниту бесмртни за да почекаме и да видиме. Но според тоа дека истото постојано се повторува во историјата, можеш да увидиш дека најголеми се шансите дека истото ќе се случи и со овие религии, со тек на времето.
Премногу работи не знаеме од минатото за да можеме нешто да предвидуваме, тоа е само твоја перцепција, не велам дека не држи вода, но е само една од многуте можни верзии на иднината.
Но и многу нешта знаеме од минатото, постојат билион докажани факти од историјата, антропологијата, археологијата, етнологијата, итн, поврзани за разни народи низ целиот свет од разни периоди од постоењето. Колку повеќе учиш, толку повеќе ќе ти се зголеми перцепцијата општо, а и дополнително ќе најдеш еден куп репетивни работи кои постојано се повторуваат и ќе те натераат да заклучиш дека големи се шансите истото повторно да се случи. Нормално дека никој не може ништо да предвиди со 100% сигурност, тоа важи општо, и за атеистите, и за религиозните луѓе. Но сепак кога за нешто нема доказ, тогаш тоа нешто е само идеја.
Не. Нема да ги испрати во пеколот. Во Библијата стои дека секој грев може да биде простен, но хулата на Светиот Дух не. Тие не го отфрлиле Бог, туку не го ни запознале. За тие кои немале прилика да го запознаат Христовото учење, Бог или ќе им суди според делата или нема да ги осуди, не сум сигурна како беше. Само нема да ги прати во смрт/пекол така како што мислиш.
Се согласувам, не ни очекувам ние на форумов да го решиме ова прашање, но убаво е да се разменат мислења и да се прошират видиците.
А зошто само Библијата? Што ако вистината е Куранот а не Библијата?Или пак, што ако Евреите се во право? Или Будистите? Колонизацијата си ја извршила својата работа и тоа е јасно.Тие што "добиле шанса покасно да го запознаат Бог", ништо не запознале туку биле присилно воведени во христијанството истовремено со бришење на нивната традиција. Секако и дека секој верник ќе си ја брани религијата на која што припаѓа, ама или сме сите во право, или никој. Барем јас така гледам.А не го отфрлам христијанството, само, дали патот на спознавање на Бог е единствено преку Библијата и строгите религиски традиции, во спротивно секој друг ќе оди во некаков "пекол"?Не можам да се согласам со ова.
Ние верниците сме само верници, не можеме да знаеме се'. За некои ,,Зошто" само Бог го има одговорот. Патем, некогаш и јас не верував, имам причина зошто сега сум на другата страна. Некои работи треба да се доживеат, да се искусат за да се поверува. Зошто Библија и зошто христијанство? Заради многубројните Божји чуда кои се случиле во име на таа религија, доволен доказ.
Проблемот со аргументот ,,за секој случај" е што можам јас да си измислам нова религија со многу построги правила од христијанството. Ако погазиш кое било одиш во пеколот, кој патем е многу полош од христијанскиот. Е сега ако навистина христијаните го сметаат овој аргумент за валиден треба инстантно да го напуштат христијанството и да се приклучат на мојата хипотетичка религија затоа што последиците од мојата религија се поригорозни од христијанските. Ама секако ова не би го направиле, поради низа причини: мојата религија не држи вода, нема доволно докази, нема вистински да веруваат итн. итн. Тогаш зошто им е тешко да прифатат дека и атеистите од истиве причини не сакаат (и не можат) за секој случај да станат верници?
Има уште еден проблем со аргументот за "секој случај", а тоа е дека Бог е сезнаен и како таков би знаел ако некој не е вистински верник, туку само за секој случај.
Читајќи ја дискусијата погоре гледам дека има спротиставени мислења. Знам дека темата е атеисти, но ме интересира следното: зошто сте верници? Како одлучивте во кој Бог ќе верувате? Еве јас за мене знам зошто сум атеист (имам пишувано на претходните страни). *не судам, само сакам да знам
Љубовта кон Исус Христос и неговите дела направија да верувам дека можам да бидам многу подобар човек.
Господ се наоѓа првин со себеси а потоа на други места. Никој нема право да ограничи некому во што да верува исто како никој нема право да ограничи некому да не верува. Атеисти како сакаат. Верници исто.
ти посакувам никогаш да не осетиш дека се тоа нема никаква логика, убаво е човек да верува но реалноста е сосема спротивна.