1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеисти

Дискусија во 'Религија' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Сето тоа што е напишано во претходниот пост,историски е точно,значи почнувајки од праисторија до негде средниот век,постоело паганство,а веќе во средниот век почнува верувањето во еден Бог.Старите цивилизации си имале свои религиски ритуали,денес ритуалите се одење во црква,молитвата,било каква традиција,обичаи итн.Точно дека свештениците во старо време му наметнувале свои религиски правила на народот,како што и денес прави црквата,посебно Ватикан,католицизмот.Може да се каже дека тоа им било како еден вид на шаблон,според кои сметаат дека треба да ја водат религијата,односно си се прават себе си рамни на Бог,се поистоветуваат.Постојат извори кои сметаат дека еден дел од нас е божествен,па со оглед на тоа,а незнам дали некој размислувал или пак се запрашал,дека можеби и има нешто божствено во нас,тоа го велам бидејки сите религиски ритуали почнуваат од праисторијата траат до ден денес.Ритуал во кој човекот верува,односно во Бог,но човекот е тој кој ги измислува ритуалите,не ги измислил Бог,во контекст на библијата во која постојат правила,кои човек може да ги почитува или да не ги почитува.Интересно што покрај самото тврдење дека Бог создава,тогаш и човекот создава.Мислам дека кога би ги почитувале другите луѓе,би ги сакале,би им помогнале,кога не би ги повредувале,тогаш тоа е божественото во нас,човечноста.Правилата на почетокот од темата,кои се дадени како воведен дел,ги прочитав,но не сум убедена во нивната автентичност,јас верувам дека постои Бог,затоа што тоа на многу начини ми е покажано,особено во тешки ситуации и ми е помогнато сто пати,не еднаш.Меѓутоа дали ќе веруваш во Бог или не,тоа е индивидуално,ако веруваш ќе има,ако не,нема да има :)
     
  2. vampire.p

    vampire.p Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    11
    Јас мислам дека Бог не постои .. прочитајте ја книгата „Моќта на потсвеста“(кој не ја читал) во неа добро е кажано дека сиромашните многу одамна измислиле нешто да веруваат во него за да имаат позитивни мисли т.е. да се надеваат кон подобро .. а позитивните мисли што ги мислиме со свеста одат во потсвеста и работите тргнуваат кон подобро .. така да измислиле нешто што го нарекле БОГ за да се надеваат на подобар живот ... Секој има право да си верува во што сака!! .. поздрав
     
    На Blackandwhite123, stewart и Night.Star им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    Не сум верник, не верувам дека постои Бог, ама според мене некако, секој мора да верува во нешто што е над нас, што не прати, како карма, во Бог не, меѓутоа во нешто дека има има, што е не знам
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117

    Како атеист светла точка гледам во науката и фактите, а не во невидливи сили и не ми треба религија за да ми има смисла животот. И не ми е јасно, за сите што веруваат, ако бог е семоќен тогаш зошто постои толку многу зло, зошто секојдневно невини страдаат, се убивани, силовани, малтретирани...? Зошто тој „дозволува“ да има земјотреси, поплави, пожари? И многу ме нервираат одговори од типот-чудни се патиштата господови, бла бла. Поз!
     
  5. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Па да,одговорот секогаш е или "чудни се патиштата господови" или "ги зема добрите луѓе кај него да им биде добро бидејќи животот на земја е многу суров".И јас сум атеист.Ја имам прочитано библијата и тоа за мене се чисти глупости.И незнам зошто во еден претходен пост е поставено прашањето која им е смислата на животот на атеистите?А која е вашата смисла???-Не верувам во господ,не одам во црква,несум ни крстена во црква,немам ниедна икона дома,на ланче не носам крст,не се молам...Се молам само пред сликата на татко ми!Па ете иста сум како сите други.
    Само гледам дека има многу,а посебно млади кои велат дека се атеисти,а одат во црква,постат,слават празници,палат свеќа итн.-Тоа не е атеист!
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    ме заинтересира темата... Jас многу верувам во Gоспод (тастатурата не ми ја бива затоа таква е буквата г и неможам да пишам со големи букви) и ќе ви речам дека најмногу почнав да верувам на моите 14 години кога почина мајка ми, од тогаш секојдневно се молам за неа да е во рајот. и сега ќе ви раскажам една приказна во која мислам дека ќе сфатите некои работи :
    си бил некој монах и тргнал да си оди во својот манастир и по патот сретнал некој човек. чoвекот го прашал дали може да го придружува по патот и монахот му рекол дека може. и како што оделе по патот ги стемнило стасале до некоја куќа каде и прашале да преспијат и луѓето дозволиле, биле многу сиромашни но многу добри. на одење рано на сабајле овој човекот ја запалил куќата и монахот зачудено добро бе човеку зошто им ја запали куќата кога луѓето беа ногу добри и ни дозволија да преспиеме и не нахранија, човекот му одговорил подоцна ќе ти одговорам на сите твои прашања. монахот зачуден тргнал по патот. и како што оделе сретнале едно младо дете како си игра и човекот го убил, монахот повторно прашал добро бе човеку што правиш? и овој само му рекол ќе ти одговорам кога ќе дојде време. и така терале патот стасале до друга куќа и таму да преспијат. и преспале што преспале и од таму човекот украл некоја тепсија, овој монахот неможел да се изначуди. и оделе по патот кога стасале до некоја река и човекот му рекол на монахот- ее човеку сега јас ќе ти одговорам на сите твои прашања . прво во куќата каде ја запалив не се секирај, луѓето беа многу сиромашни сега на тоа место каде ја запалив куќата ќе најдат многу злато и ќе направат голема куќа и ќе живеат многу убаво, децата ќе се школуваат, а така ништо немаше да биде од нив. детето што го убив, подобро сега што го убив затоа што ќе станеше многу лош човек, ќе убиваше, ќе крадеше и грешен ќе одеше кај бога. а тепсијата што ја украдов еве сега ќе ја пратам по реката таму ќе ја најдат твоите браќа монаси(кои граделе мост на таа река ) и ќе ја вратат на место од каде што беше украдена од пред многу години, погледни на тепсијата е изгравирано име на вашиот манастир.

    па сега како ќе ја сфатите приказната не знам, но дека бога има има...
     
  7. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Извини ама мислам дека оваа приказна нема никаква врска со бог :)
     
  8. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Доро бе мајку му стара...
    За шо е ваа дискусија толко раширена?

    Ај не, сериозно.

    Нема докази дека постои, нема ни дека не постои (ебате мислителот).
    На повеќето им треба доказ и одговор на различни прашања за различни работи, сегменти, области во животот. Работата е што, сеуште сме недоразвиени во тоа мозокот и не може да си разјасниме многу работи, па сите тие недоумници, загатки и што и да се (прашања од типот: што правиме, зошто сме тука? кој го создал светот? и тако даље) не се трудиме баш да ги решиме туку ги оставаме на надлежнот (ако може вака да кажам) на таа креаторска игура -Бог.

    Во Бог, како личност и суштество не верувам, но верувам во некоја виша сила, некој вид на материја, недостапна за нашите сетила.
     
  9. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    има како нема во приказната човекот бил бог, и тој значи објаснува зошто некои прерано умираат, дека за секое добро што си го правел ти се враќа со добро, дека за се што се случува си има причина, и нешто што ти е одземено а треба да е твое ќе ти се врати. дека треба да бидеме добри, да помагаме едни на други и да веруваме во бога, за тие што веруваат за оние што не веруваат си веруваат во нешто друго и тоа им дава пак сила :) затоа што без никаква верба и надеж е тешко да се опстане во живот :) поздрав :*
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Кога прочитав Атеисти си реков ова го чекав. Темава е совршена за да си кажам што имам.
    Господ? кој е тој, си гов идел, си го допрел? За него попот ќе ти кажува се најубаво, ќе те тера да веруваш во тоа, но...каде е господ? На небото ли? На небото ги гледам само облаците и сонцето, нема господ таму.
    Јас верувам во тоа што ќе го видам, а за господ имам само чуено.
    Секогаш се крстам, си одам в црква, си славам празници и сл. но никогаш немам видено нешто што би рекла господова работа. Колку пати сум се помолила за нешто, а ништо не се променило.
    Ако сам не си направиш нешто да ти е убаво, господ тука ништо не прави.
    Во последно време за ова (не)врување во господ почнувам и пред мои блиски да зборувам, но мислат дека само се шегувам. Но, јас не се шегувам. Јас навистина не сум сигурна во постоењето на господ.
     
    На stewart му/ѝ се допаѓа ова.
  11. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    и јас исто...до пред некое време верував дека постои...ама како си врват годините сфакам дека всушност ова е перење на мозокот на лугето...нормално како и шо прочитав во претходните постови,лугето веруваат во господ бидејки така им е полесно да живеат,а налет то и не можат да си го објаснат постоењето на лугето...и ајде Господ постои ...
    всушност не дека јас можам да си го објаснам,ниту пак верувам во настанокот од човеколики мајмуни :lol: ....сигурно имало некакво објаснување...ама тогаш лугето немале доволно равиени сетила,ниту пак биле интелигентни за да разберат шо се случва или пак да пренесат.... :lol:
    сепак на крај краишта не можам да се наречам ни атеист,оти уште едно мало дел4е од мене верува во некоја возвишена сила...
    едноставно кажано не верувам во она шо не го гледам, а на моменти ме фака страв да не грешам со ваквото размислување и Господ да ме напушти засекогаш или пак да ме казнува за мојата неверба во него.... :|
     
  12. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421

    Не сакам сега јас некако да ви попувам , ама прочитав ,,дали си го видел или допрел,,???
    Точно е дека не сум го допрела нити видела, НО луѓе па јас ни љубовта не сум ја допрела па верувам во неа. Религијата , факт е дека настанала за да ги врати во живот сиромашните луѓе кои ја изгубиле и последната надеж, но не можам да кажам дека не верувам дека Господ постои. Не сум некој забеган верник, но сепак верувам дека нешто има, убави ми се празниците, убаво е да веруваш дека никој не може да те суди се додека не дојде судниот ден
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Мани друго, ниту паметот не сме си го допреле ни виделе, а сепак сите веруваат дека го имаат. :lol:
     
    На ~Maca~, sweet-star, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Прифаќам дека постојат атеисти и го почитувам нивното право на избор и не навлегувам во нивните причини.
    Како што ме нервира кога припадници на одредени секти се обидуваат да ми наметнат некој нивни став и размислување,истото би било доколку и јас правам некој сличен обид,во светот досега е познат еден единствен Месија,тоа бил Исус Христос и толку.
    Не мора да ги разберам,само разбирам дека тоа е нивниот избор и определба.
    Инаку наведениот текст нити во една единствена милисекунда не влијаеше врз поколебување на моите ставови како верник.
    Како што секогаш човек може да си најде причини за нешто,така и во обратен случај може да си најде оправдувања.Ова важи за било која сфера,не само за религијата.
    Религијата е присуство на вера во себе за постоењето на Бог,која или ја имаш или ја немаш,трето нема,така да не гледам како било што посебно вакво нафрлање на бесмислици би ме навело на колебање.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Атеистите не се луѓе кој веруваат во богот - Athe туку луѓе кој немаат заземено свој став или напротив ( имаат став дека постои само материјата ). Не веруваат во задгробен живот, освен Будистите ( Будизам - атеистичка религија ) која е заснована на реинкарнација.

    Постоијат атеисти кој веруваат во духовноста ( но само на сопствената ).
    Пример религиите: Будизам, Сикхи, Шинтоизам...

    Постојат и така наречени Сатанисти - Атеисти, кој веруваат дека Сатаната не постои туку дека тој е само темна сила во природата.

    За психологијата на атеистите е лесно. Околу нас ги има многу, за да ја спознаете нивната суштина проследете некој биографии или книги од Карл Маркс и слично.

    Има две ‘главни‘групи на атеисти. Hardcore атеисти и ‘слаби‘ атеисти. Првите активно веруваат и тврдат дека Бог не постои.Овие атеисти вообичаено се агресивни во дискусиите со теистите и пробуваат да најдат ‘дупки‘ во теистичките верувања. Користат логика и анти-библиски докази да го побијат Божјото постоење. Слабите атеисти едноставно не полагаат вера во Бог , и не се оптеретуваат ниту со докази нити со истражување.
     
  16. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Секој си има право на свое мислење и има право да верува во што сака! Но нема право мене да ми соли памет дали постои Бог или не! Јас иако не сум го видела верувам во него!
     
    На Serafima и Chupe им се допаѓа ова.
  17. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Атеизмонт ми е малку морбиден, зошто јас сметам дека се што е против бог е немилосрдно.
    Не сум преголем верник, но навистина да немаш ниедна сила во која ќе веруваш и кога се е изгубено да имаш трошка надеж каде да се потпреш.
     
  18. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    Секој има право да верува во што сака.

    Јас искрено не верувам во господ.
    Кој е тој? Го видел ли некој? Има ли цврст доказ дека постои?
    Јас верувам само во тоа што ќе го видам.
    Сметам дека 'господ' е создаден уште многу одамна како потреба на народот да верува во некоја послилна, поголема сила. Јас немам потреба од таква. Верувам само во себеси. Јас сум одговорна за своите постапки, не господ. Сметам дека човек може да се моли колку сака, но господ нема да реши ништо.

    Како и да е, секој има право на свое мислење.
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    па вака, господ можеби не може да се допри ни да се види, а можеби и не постои. сепак религиите се системи на етички норми и правила, кои добро делуваат врз организацијата на општеството и некако ги сплотува луѓето ги обединува, на еден начин ги поттикнува на правилно однесување, да се сакаат да се почитуваат, да станат свесни за своите грешки ида ги поправат или во иднина да знаат дане грешат, да ги почитуваат 10 божји заповеди, бидејќи сите зли работи во светот се сведуваат на работите за кои тие велат дека не треба да ги правиме. мегу другото сите религиозни книги како Талмутот , така и Библијата и Куранот се еден вид психолошки книги. сепак луѓето уште во дамнешни времиња разни мудреци и слично, биле запознати со енергијата на мислата, на желбата, односно енергијата меѓу луѓето и слично. затоа им дале на луѓето еден вид точка, фокус во овој случај бог кон кого би ја сконцентритале својата енергија, желба, љубов, надеж да продолжат понатаму. не не секој можи да го разбери тоа, па за народот биле „измислени“ религиите. и затоа се забранети верувањата во сонот, хороскопот, картите, гледање на кафе, од страна на црквата, бидејќи тоа некогаш не тера потсвесно да веруваме во некои работи, на некој начин ги одтргнува од религијата. немем ништо против атеистите, сепак тие се луѓе што едноставно можеби ги насетиле, или станале свесни за овие работи, но сепак религиите се најдобронамерни и не одвлекуваат од добрите работи, никој не можи да ни го пружи оној бескраен мир како тишината на црквата мирисот на темјан и свеќи и верата која ни е всадена од деца. и не е секогаш најпријатно да се делиш од другите. дечко ми е атеист и навистина ми енепријатно кога ќе дојди со мене в црква а се однесува како да оди било каде, аи самиот е крстен в црква и некогаш верувал. размислете уште еднаш пред себе си да се наречете атеисти.
     
    На Serafima и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Верник сум наметнато ми е тоа уште од самото раѓање и крштевање во црква и ќе си останам.Верувам дека Бог постои иако тоа може да е само заблуда останата уште од минатото за да црквата држи власт над населението а како што знаеме денешниве свештеници се скоро сите мафијаши, јас понатаму ќе продолжам да верувам зошто ние луѓево имаме потреба да веруваме во нешто.Верувам во наука, и тоа многу но сепак верувам дека кога ми се случува нешто лошо или добро неочекувано дека не е случајно или ако напраам нешто добро одма ми се враќа верувам дека е судбина,карма,Божји знак,казна и слично.Почитувам и верници затоа што може да е и нашата теорија точна еве пр. за настанокот на човекот дека Ева настаналаа од реброто на Адам а Адам од Господ. Ај оди создади ми од ребро човек! Ама од друга страна викам можно е ВЕРУВАМ, иако сум голем поборник за наука! Ама ај Дарвинова теорија, што не стануваат сите мајмуни луѓе ако сме настанале од мајмуни ? Значи не сме виделе ништо со свои очи не можеме да знаеме, можеме само да веруваме во едното или другото..