1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеисти

Дискусија во 'Религија' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Бог..што е тоа? Секој си има своја лична перцепција, верување. Некој го замислува како дедо со бела брада и затоа бара доказ дека постои. Факт е дека секој човек колку и да се прави атеист верува во нешто (друг човек, животно, предмет) и тоа нешто за него претсавува бог.
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Аххххх и јас сум атеист од проста причина што самата религија е само алатка за контролирање на народот......патем тој ваш Исус,Мојсеј се земени од Египетската Митологија која е стара 3000 и више години и само се изменети имињата а некои се отфрлени......и да ние веруваме во рај и пекол..или кратко кажано тогашен задгробен живот....едно те исто е и нон стоп се врти.......црквата пере пари на народот му го перат мозокот и се така во круг.

    Сите сме свесни дека некој ден ќе умреме,и многу јасно никој нема да ми го диктира животот за тоа дали ке идам во рај и пекол.....па ако правам кражба нема Господ да ме казни ќе ме казни државата

    Јас си верувам само во едно Акција-Реакција како правиш така и ќе си ги сносиш последиците
     
    На злоба, Danilela и plawa им се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Tabby , на темава не и е местото овде ... Бај Д Уеј , ова е чисто срање ! Оној кој не верува во Бог ( да, се пишува со голема Б буква ) го прави тоа од страв поради сопствените гревови , негирајќи го Него , го негира и постоењето на гревот како таков . Па нека се носат у курац ! Вечна Му слава и нека ни дава разум ,пред се останато !
    Поздрав,Таби .
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    па затоа се доближува крајот на светот :)

    по џамии им се дава пари само на сиромашните (кој има можност да даде) :)
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Зошто темава е во "другата наука" ?
     
  6. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Не верувам во (со голема буква) Бог и ич не ми е страв од сопствените гревови. Да ми беше страв немаше ни да ги правам, нели. А ако мислиш дека поради гревовите ја дека не верувам ќе горам во пеколот а ти дека веруваш, простени ти се и ќе идеш во рајот, епа се лажеш. И моето тело црви ќе го јадат и твоето!
    Бај Д Уеј :) Едно прашање до тебе. Зарем ти не веруваш во Бог за да ти бидат простени гревовите? Значи тебе ти е страв од сопствените гревови и бараш прошка. А јас, како неверник, не се плашам од своите гревови и не барам од Бог да ми ги прости. Нели ти звучи по логично.... :)
    Иначе немам ништо против верниците, но имам против оние верници кои упорно се обидуваат да ти ја наметнат религијта. Ако сакате да верувате, верувајте си, не се замарајте со нас Атеистите :)
     
    На WhiteAngel, easyyyyy, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    .....фала богу што сум атеист работава ..немам што да додадам освен дека стравот од непознатото и немањето на битните одговори за настанокот на светот му дава право на човекот да верува дека постои нешто мн мокно за...... некого бог е само совест и свест ..... по мене верувајте во се она што ви дава сила мок и ве прави подобри луѓе и никако не дозволувајте дусата да ви биде празна и осамена
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Би сакала да ве прашам, вие кои сте атеисти, дали кога ќе стапувате во брак ќе се венчате во црква? Прашањево важи и за атеистите кои се веќе во брак, дали се венчале во црква?

    Логично би било одговоров да е НЕ, али сепак, свадба без црква, не ми е СВАДБА!
     
  9. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Не планоирам да се мажам во црква, а и несмеам...не сум ни крстена во црква....Фамилијарно сме Атеисти :)
     
  10. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
  11. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Како прво, ич не ми е јасно што бара темава во Другата наука :^)
    Инаку да, атеист сум.
    Во моето семејство не се претерано религиозни, но сепак се (празнуваат и т.н), додека јас не верувам во постоење на натприродна сила од никаков вид.
    Немам обичај да ја искажувам ниту да барам од луѓето да ја искажуваат својата верска (не)определба, затоа што религијата ја сфаќам како интимна работа и личen избор и сум за тоа таа да не се поистоветува со државата и националноста. Јас ги почитувам сите религии и верски групи (со исклучок на оние изопачени култови и источни порно-педофилски религии, на кои од се срце им посакувам само за нив да се врати инквизицијата :) ), но не сум верник.Се разбирам од овие работи од причина што поле на мој интерес е историјата, па поради тоа логично е да имам барем општи познавања од религија, литература и останати општествени науки поврзани со неа. И интересни ми се за дискусија, но само тоа, верување - не.
    Порано и јас бев порадикална во ставовите, но со текот на времето научив дека не можам да обвинувам никаква виша сила за она што ми се случува кога мислам дека истата таа виша сила не постои. Исто научив и дека не можам да ги убедувам луѓето и да им наметнувам, на крај, тие не прават ништо лошо, а и не можат сите да размислуваат како мене.
    Арно ама, мене едно време почна да ми биде и излитено во јавност да се изјаснам како атеист, токму поради некои т.н. "атеисти" на кои дневна должност им е на секое да го споменуваат севишниот (во кого нели не веруваaт) и неговите пропусти при владеењето со планетава :^) ,а во слободно време се занимаваат со читање хороскопи и толкување на натприродното и предвидувачкото значење на нивните соништа (јас разбирам да им е само занимација, но тие стварно веруваат во тоа) Епа како си атеист штом веруваш во нешто надчовечко и натприродно? Тоа е нешто како агностицизам веќе :^) Мене ова ми е исто како оние кои се декларираат како верници, а абер си немаат од религијата, знаат само зејтин и јајца да носат в црква.

    Прав атеист, не верува ни во Господ, ни во други паранормални работи. :!:
    Е, сега, признавам дека правам еден пропуст :) Иако не сум верник, честопати знам да користам фрази како Господ да чува/Боже сачувај, по ѓаволите, Боже мој и др. и токму верници ми забележувале на ова, но јас тоа, можеби не треба, но го гледам само како фразеологија, "богатство на јазикот". И го правам за да внесам драматичност во начинот на изразување (на крајот на краиштата терминот "Боже" датира уште од многубоштвото, така да, повеќе го третирам како историски лингвистички остаток ), ама во последно време гледам да го контролирам тоа и да не ги употребувам тие фрази, зашто честопати сум погрешно интерпретирана. А еве на пример Господ секогаш го пишувам со голема :!: , затоа што така е според правопис. На крајот на краиштата кога во книги печатени во комунизмот го имам среќавано Господ со голема, зошто сега јас да правам некои измени?

    Но, низ темиве забележувам нешто од некои верници што не држи вода и ме испровоцира малку. Од каде пак сега тој заклучок дека моралот е строго обусловен од религијата? :^) Тоа нема врска... Има кај некои луѓе кои единствено стравот од Бога ги спречува да напакостуваат, но кај разумен човек со солидно ниво на интелигенција, религијата нема апсолутно никаква врска со моралот.
    Атеист сум, но не сум заради тоа полоша личност од некоја баба која мисли дека е христијанка, а инаку се занимава со подметнување на вуду-срања (или не знам веќе како да ги наречам) во дворот на комшијата со цел да му цркнеле козите или шта год :rofl: , а не сум полоша ни од некој си радикален исламист или муџахедин таму кој убива луѓе во име на големата верба што ја чувствувал. Не се чувствувам полоша и од "типките" кои одат во црква да запалат свеќа со миничи и деколтеа иако верата не им го дозволува тоа.
    Овие ги зедов само како примери, постојат и други категории на јаки верници кои едноставно пленат со својата одданост, па слободно можат и да се фалат дека се подобри луѓе од мене -атеистот.
     
    На Blackandwhite123, oktavija, anneyy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Веќе имам пишувано на ова теа, но еве пак ќе пишам.

    :up: Убаво кажано. Ако направиш кражба или извршиш убиство ќе те казни државата а не Господ. Што си сееш тоа ќе си жнееш!

    maja8 кога веќе некој реши да стапува во брак, тогаш за тие работи неможе сам да одлучува. Одлучуваат двајцата! Јас како прво не сум крстена, така да ако се венчам во црква ќе треба прво да се крстам. Што се оденсува до мене во црква ќе се венчам ако сака мажот ми, ако не сака тогаш нема, сеедно ми е! Добра страна на венчавките во црква ми е позирањето :rofl: убави слики се прават :) тој еден ден нема да ми го промени мислењето, ќе бидам атеист и кога ќе го кажам тоа ДА во црквата.

    Иста сум! Боже мој, ај господииии, ги изговарам напразно.Не е дека нешто ми значат. Другите околу мене така зборуваат, па ете ми останало и на мене. А и многу серии гледаме :D И точно, ако сум атеист не значи дека сум полоша од другите. Мене ми е многу полошо кога ќе видам силни и занесени верници како одат во црква само за празници, за велигден кога се кружи полуголи одат во црква, се молат само пред испит, и као господ ќе им помогне да положат, а они дупки книга не фатиле!
    Немам ни јас ништо против верниците, верувајте си, јас не верувам во Господ, јас верувам во себе. Се е во мои раце и се што правам свесно го правам, така да и да имам милион гревови исто така свесно ќе си ги трпам последиците. Бидејќи самата сум ги предизвикала, а не затоа што Господ ме казнил...
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Religion is excellent stuff for keeping common people quiet.-
    Napoleon Bonaparte

    ова е основата и зачетокот на самата религија која се употребува и ден денес....
     
    На oktavija и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Уште Марксовиот цитат со наркотикот фали за докомплетирање на впечатокот |( .

    Значи од вакви надмени изјави навистина ми се наткрева дигестивниот систем. А, какви се инаку атеистите некои надмоќни суперлуѓе :^) ?!

    И еднаш засекогаш да разграничиме атеистите иако веруваат во науките не ги практицираат истите, може некои минорно да се во склоп на една, ама се губат во превод повеќето верувам на науката не е еднакво на јас сум експерт за квантна физика ;). Колку што познавам верници кои што навистина се научно и уметнички изградени, толку има и атеисти кои скоро и да немаат никаква врска со науките и уметностите. Така да, колку различни луѓе толку различни комбинации во врска со нивните знаења и способности и земајќи еден критериум за проценка, во случајов - само религијата - смешно е да се очекува дека ќе се направи квалитетна анализа на нечиј интелект.
     
    На Bright, bittersweet и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Важен факт е тоа што, сепак постои душата и покрај тоа што човекот умира, таа продолжува да живее. Не сакам никогаш да бидам ваква и да давам докази, зашто верата е вера и не се базира на докази, туку на искреното верување, па затоа и го добила тоа име, но во овој случај ќе наведам неколку.
    Тоа што е невистинито, нелогично, невозможно и најмногу тоа за многумина што не постои, Тој сепак постои.
    Пример:
    Пред околу 5 години во градот каде живеам се случи следниот настан. Жена која била крстена, но со тек на време се тоа избледело од нејзината меморија (по свое убедување и верување дека не постои Господ), еден ден така мирно стоејќи паднала. Во истиот момент се упокоила. Околу неа бил и нејзиниот маж кој бил лекар (а исто и таа) и нивните деца. Видел дека е веќе упокоена, па започнале да плачат и воедно да ја подготвуваат за погребение.
    Во истиот момент нејзината душа била однесена на Небеста. Како заминувала од телото, таа видела како сите околу неа плачат и жалаат за неа. Но, кога се искачила Горе до неа стоеле Ангели и го слушнала гласот на Господ кој им рекол на Ангелите (пред една голема врата, каде што требала да влезе): Не ви реков за таа ....(името) туку за таа ... (името на другата жена, зашто имале исто име). Веднаш нејзината душа се вратила во телото, а пак таа жена во истиот момент се упокоила што живеела во близина и го имала истото име.
    Морам да напоменам дека жената била веќе упокоена подолго време, не се работи за минути, туку часови.

    Друг пример:
    Човек кој бил (зашто сега е упокоен) со висок чин во војската и најмногу што не верувал му се случило слично нешто. Додека се подготвувал да легне, во собата се појавила светлина и Ангел. Во рацете носел некоја книга, ја отворил и започнал да зборува: Ти си ..... (името) од тие и тие родители, од тие и тие прародители, со тоа се занимаваш, тоа и тоа ти се случило (му кажал безброј настани од животот, буквално се што му се случило, а исто и дела што само тој и сам ги направил без ничие друго присуство), тоа е твоето семејство и се по ред по име, место на живеење, нивна професија... Рекол: Дојде времето да се преселиш на другиот свет и таму да живееш. Му рекол и да се облече. Го зел костумот, но Ангелот му напоменал дека за таму и не му е потребен, туку му се потребни други нешта, дела и вера.
    Човекот во истиот момент е вознесен на Небесата. Го гледа се тоа што е опишано во Евангелието (да не повторувам).
    Но Господ му вика (глас кој го слуша, но и не го глада со оглед на тоа што е недостоен за тоа) да го вратат на земјата, зашто има уште доста да живее и да го поправи она што досега мислел дека не постои (т.е. да се покае).
    Му било поставено прашањето: Дали сега верува и покрај тоа што го гледа, дека сепак постои се и постоењето на Господ и на се друго за кое мислел дека е лага?!
    Потоа бил вратен на земјата. Кога се вратил во собата и некако се созел од се, започнал да плаче и размислува. Го гледал костумот пред себе како што го оставил ( со свои раце) кога заминал, како е оставена вратничката од плакарот додека го изнесувал (исто како што ја оставил), го гледал местото каде што стоел Ангелот...
    Од тој настан човекот живееше уште долги години, започна да верува, да се исповеда, да се Причестува и да доаѓа во црква. Се упокои пред неколку години (Господ да го прими во Царството Небесно).


    Ќе додадам само едно дека, сите овие чуда не им се случуваат на секој човек кога тој ќе посака, туку кога што е потребно. А сите овие докази и чуда што се случиле низ минатото, ги доживеале, ни помалку ни повеќе, туку најтврдокорните атеисти кои подоцна станале најревносни верници (пример Светиот Апостол Павле, од гонител стана најревносен апостол. Зашто Господ рече, дека не дојде да ги спаси праведните, туку грешните, зашто болните имаат потреба од лекар, а не здравите.) и најголемите верници со чиста душа (оние кои се удостоиле да бидат свети и вистински Ангели во тело, па преку нив да се случуваат најголемите чуда за исцеление на другите).
    Постојат безброј чуда кои сум ги слушнала, некои и доживеала, но мислам дека нема потреба да ги набројувам, зашто сепак верата се состои во верување. Во верување на она што сепак постои духовно, а понекогаш во одредени случаи се манифестира и телесно.


    Сепак ќе завршам: „ Блажени се оние кои не виделе, а поверувале. „

    Кој сака и во што сака нека си верува и понатаму. Но, тоа дека постојат докази, вистина постојат. И покрај нечие негирање на истите. Само проблемот е тој, што не ги употребуваме духовните очи да ги видиме. Само тоа се бара од нас, ништо друго :) .
     
  16. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Серафима, јас еве предвреме ти се извинувам и немој погрешно да ме сфатиш, ама смешно ми падна!
    Како прво немора никому ништо да докажуваш, секој си има свое мислење нели? А кога веќе сакаше да докажеш тогаш каде е доказот?! Доказ е нешто што ќе ни го покажеш да го видиме, да го слушнеме па да се увериме, а не рекла-казала муабети!
    За првиот случај што си го напишала. Можеби жената доживеала клиничка смрт. Не се разбирам многу во медицина така да не сакам да трескам глупости, ама од она што го имам читано и што имам правено муабет со лекари можно е. Кога некој доживува клиничка смрт престанува да работи срцето и откажуваат другите органи, но не и мозокот. А додека мозокот работи сеуште има надеж. И се зависи од тоа колку ќе издржи мозокот. Ако е послаб времето за спас е многу мало, може да биде дури и во секунди, ако не се спаси човекот во тие неколку секунди, потоа веќе ништо не се може. Но ако е издржлив мозокот, клиничката смрт може да трае и подолго, па и со часови и потоа човекот да се врати од мртвите! Ете тоа го знам.

    Ете убаво си пишала. Си ги слушнала, но дали ги виде?! Прости, но мене ова ми е обична бабска приказна а не доказ.
    Секое добро, поздрав :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Мила не е проблем, кажи си што си мислиш :) . Секој си размислува на свој сопствен начин и секој си има свое сопствено гледиште на нештата .
    Можеби на прв поглед се ова навистина изгледа како приказна, но верувај ми дека е чиста вистина. Не те убедувам и не ти наметнувам да веруваш, како што сакаш продолжи си и понатаму.

    Да го разгледаме првиот случај од аспект на верните, бидејќи мила и ти твоето мислење како атеист си го кажа.
    Навистина можеби тоа би претставувало клиничка смрт и навистина можеби мозокот работел со премногу мала брзина и живот во него, но што правиме со другото. Што правиме со душата, која се тоа го видела? Видела дека постои задгробен живот, видела дека не се трансформира од еден облик во друг (реинкарнација), видела ангел и ѓавол, видела дека сепак сеуште живее!
    Телесен доказ искрено не можам да ти дадам, од причина што ние сме телесни битија, а Тој е духовно битие. Се додека не погледнеме со духовните очи, ние нема да Го видиме.
    Исто, можеби некој би рекол тоа е астрална проекција на одделување на душата од телото и дека секој го може тоа да го направи додека е жив, но искрено не би рекла. Зашто никој досега не се удостоил да излезе и да отиде на местото каде што е погоре опишано. Никој туку-така не го видел рајот и пеколот?! Бидејќи колку и што читам девојки кои тоа го практикуваат, единствено гледаат околу себе само мрачни и невообичаени, деформирани лица (цркавата и верните би рекле: ѓаволи), но ниеден не видел ангел! Можеби се шетаат низ просторот и ги гледаат сите кои и се живи, ама сепак нико не стигнал до Небеста! Тоа е повеќе од вистинито (поправете ме ако грешам и се извинувам на моето незнаење околу астралната проекција).

    Додека, не знам како би го објасниле вториот случај?
    Ние верните го објаснуваме, со тоа што знаеме каде бил човекот, дури и вознесен со тело. И ти миличка прости ми што ќе те запрашам, но како ти (како атеист) би го објаснила тоа? Каде бил човекот со своето тело? Како тој го видел ангелот? Како тој видливо разговарал со него?

    Ќе повторам, само ако духовно погледнеме и целиот духовен свет ќе го видиме.

    Однапред се извинувам и не сакам да бидам погрешно разбрана, но би побарала нечие мислење како атеистите гледаат на следниот пример?
    Се извинувам што по втор пат го пишувам истото. Настанот се случува не премногу далеку, туку околу 1960 година (а може 1964, не сум сигурна).
    Жена која била закоравен комунист, гонител најмногу на православието, на верните, на црквата... се разболува од рак на црниот дроб. Се лекува околу 3 години, но состојбата и биле премногу критична, па морала да се оперира. За операцијата бил повикан најстручниот лекар од Русија, кој исто бил комунист. За време на операцијата, лекарот го извадил црниот дроб и видел дека кај жената ракот е толку раширен дури и на цревата. Каде констатирал дека, за кратко време ќе почине и дека и нема лек за тоа. Зашто се веќе внатре било изгниено и распаднато (да напоменам последниот период пред да отиде на операција не јадела, туку живеела само од вода и течна храна).
    За време на операцијата таа се упокојува. Не можат да ја вратат во живот со електро шокови, зашто утробата и била отворена и делови од неа веќе извадени.
    Кога тоа се случило и се упокоила, нејзината душа станала и стоела помеѓу лекарите. Гледала се што се случува и го слушала нивниот разговор. Размислувала во себе: како е можно да живеам, а сепак да сум надвор од телото (бидејќи нели не верувала во постоењето на душата).
    Лекарот им рекол на останатите колеги да не ја предаваат на семејството, туку да ја стават во ладилник за да им се покаже на студентите по медицина. Едноставно да видат колку може ракот да уништи се во утробата. Така и направил, сите нејзини внатрешни органи само ги ставил во неа и така само на средина и ставил неколку конци.
    Од другата страна, жената го гледа целото нејзино семејство, детенцето и сите блиски како тагуваат по неа. Во тој момент таа е вознесена на Небесата и се удостојува да види жена со долга облека. Таа ја видела Мајката Божја, го видела својот Ангел Чувар како стои до неа. Одеднаш започнала да плаче за нејзиното дете и да моли да биде вратена на земјата, но слушнала Глас кој и рекол: Сега дали гледаш како ми е Мене? Дали Мене не ми беше жал, кога ве гледав дека правите се и сешто неубаво? Кога те гледав дека правиш лоши работи? Зарем Јас не сум родител и не ве создадов и зарем не ми беше и Мене жал за вас? И рекол: Што се однесува до Мене, уште сега ќе те пратам во пеколот, но постои еден мој син (нејзиниот татко) кој ме моли за тебе и твојата душа. Од што го сакам премногу ќе го направам тоа, но не и заради тебе. Но, прво ќе видиш кај требаше да престојуваш со тој твој живот што го живееше!
    Жената е однесена во пеколот. Таму ги гледа сите нејзини роднини и пријатели кои не верувале како секој се мачи според своите дела што ги правел. Било неопшливо.
    Нејзината душа повторно е вратена во телото. Најважно е тоа што, таа веќе била упокоена 3-4 денови, над неа биле извршени кој знае колку отворања на утробата за пракса на студентите! Таа оживува, а сите кои работеле долу на упокоените, само што не паднале од возбуда.
    Денот кога се вратила помеѓу телесно живите бил петок. На големо чудење на сите, таа побарала посна храна и им рекла на сите дека пости.
    За да биде чудото уште поголемо и физички и телесно поверодостојно таа се согласува на повторна операција. Затоа што никој не можел да поверува на тоа што се случило во болницата.
    На операцијата го повикуваат истиот лекар, целиот колегиум и уште повеќе лекари. И ја отвораат утробата. Во неа се здраво. Лекарите започнуваат да се фаќаат за глава и да кружат околу операционата сала. Само викале дека ова не е возможно!
    А пак за да не биде се ова шок за сите и целиот случај да се прикрие, од толку тврокорност на срцето на лекарот и покрај што се тоа го видел, побарал од нејзината лична докторка заедно ја убијат. Таа само му рекла: дека кога таа еднаш се врати по толку денови помеѓу живите, сигурно Господ повторно ќе го направи истото. И не се согласила.
    По овој настан жената живеела уште долги години. Како православна христијанка.

    Од овој случај искрено неможам да ти дадам поверодостоен доказ. Зашто жената сигурно досега е упокоена и не можам да ја вратам за да ни каже и нас. Тоа е се до верата и размислувањето, сфаќањето на секој. Во овој случај е дадено и духовен доказ и телесен. Никој досега не се вратил жив по 3 -4 денови откако е упокоен. Барем не сум слушнала досега, освен Воскресението на Господ.

    Ти мила ми напомена:
    Можеби не нив, но друго нешто да. Со сигурност ти го тврдам тоа дека, сум доживеала нешто. Но, се тоа ќе го оставам за еден ден, кога можеби и ќе ме нема помеѓу телесно живите. Да не биде за гордост на мојата душа, а најмногу за соблазна на одредени личности.

    Повторно ќе кажам, од нас се бара само малку вера. Ако имаме вера колку синапово зрно, таа еден ден ќе се умножи и ќе стане се поголема и поголема.

    Секое добро миличка и на тебе :) . Прости ако нешто напишав или те повредив :bow: ! Само си дикутираме :) .

    П.С. Не ви го наметнувам своето мислење, само сакав да наведам некој доказ, зашто истиот беше побаран од многумина.
    Сепак не ви се мешам и затоа и понатаму продолжете си да си верувате во телесното и науката.
    Секое добро и на останатите :hai: .
     
    На angelce1 и Srekicka им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Ни паметот не можеш да си го видиш, па сепак веруваш дека го имаш. ;) Или можеби сеуште не веруваш во нешто што не можеш да го видиш?
     
    На sweet-star, Gordana10 и Ashling им се допаѓа ова.
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    А ти каде прочита дека верувам? И да, повторно не верувам во нешто што не го имам видено. А за паметот мој не се секирај, ако некогаш се поколебам дали го имам или не ќе одам да си го снимам мозокот, па ќе си го видам. ;) Ќе знам дека е тука, а колку функционира од мене си зависи. :D

    Инаку Серафима мислам дека претеравме со извинувања :D не сум навредена воопшто,па нема да е интересно ако сите исто мислиме. За оваа тема правам муабет и со другарките ама никогаш не сум се налутила, едноставно секој си има свое мислење и нема зошто да се возбудувам, ниту пак да ги мразам верниците и да сум бесна на нив.
    Не верувам ни во ова што си го пишала. Одамна било, значи повторно некој ти го прераскажал... Ниту ти си видела дека така било, ниту пак јас. За тоа што велиш дека ти си го доживеала, не знам што е, ама веројатно ни тоа не би го разбрала. Едноставно не верувам и готово! А ако некогаш на мене ми се случи такво нешто, ќе се покајам и ќе почнам да верувам ете. Ама повторувам, не верувам воопшто дека такви работи се случуваат.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да те прашам, бидејки ја следам темава, што мислиш, што е тоа што го одржува во живот едно тело? Душа или енергија е исто, ако тоа би бил одговорот.Што е тоа што ако пример се случи некаде несреќа, а притоа од таа излегува човек неповреден,а биле големи шансите да настрада? За ова прашање сум сведок, значи некој ми кажал некогаш лично и директно.Зошто се мисли дека Бог е тој кој дозволува зло да се случува, зошто дозволува, а кој е тој кој убива? За ова имам говорено тука, ама ете пак ќе споменам. Кој одлучува за своите постапки какви ќе бидат? Дали воопшто се мисли дека пример Бог е во црквата само и никаде на друго место?Ова тема и темата за дали постои Бог, не мислам само за на форумот, туку општо, се премногу филозофски и длабоки, суштински се поврзани, иако опстојуваат посебно поради верување или неверување, сепак тоа е избор, но, и те како се блиски една со друга. Причината ја кажа, „верувам во себе, а не во Бог“, работата околу двете е да се пронајде од каде потекнуваат.