1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеисти

Дискусија во 'Религија' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    За таа сообраќајна несреќа јас би рекла дека човекот преживеал затоа што ИМАЛ СРЕЌА. Или пак можеби се отвориле перничињата и од каде да знам што се има во тоа автомобилите :D не сум возач. И мислам дека тука ќе престанам. Моите одговори за вас се смешни и нелогични, за мене вашите исто така смешни и нелогични. Вие верувате и затоа не можете да ме разберете мене што не верувам, јас пак не верувам па затоа не можам да ве разберам вас што верувате. Кој што сака нека каже, моето мислење останува исто. Приказните ми остануваат приказни и не верувам во нешто што не сум го видела. И да, не си го гледам ни паметот, ни љубовта не ја гледам, ама ја чувствувам, среќата ја чувствувам, и тагата исто, паметот го користам, снаодливоста ја користам итн. Толку од мене, поздрав :)
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Даниела, проблемот не лежи во тоа дека не можеме да се разбереме, било кои двајца луѓе и да мислат различно ќе се разберат, потребно е само да мислат.

    Не е целта било кој да наметнува некому што да прави и дали да верува или не, секој реагира според сопствен избор. Ама, проблемот е во тоа што голем број атеисти се занимаваат со навредување на теистите и се поставуваат себеси неколку скалила повисоко или супериорно на интелектуален план, има и верници кои мислат дека се морално супериорни што повторно како и во првиот случај не мора да значи. Бидејќи она што ти го нарекуваш ,,приказни,, е дел, 10 Божји заповеди се исто така само дел, верата е многу повеќе и многу покомплексна и составена од премногу делови и бидејќи секој има лично доживување и практицирање на истата, не гледам зошто некој би го исмевал или омаловажувал поради неделење на истиот став. Тука е расчекорот меѓу милитантниот атеист и теистот, исто како што има расчекор и меѓу верски фанатик и верник.

    Во денешно време огромен број научници се и верници истовремено, во крајна сметка, секој еден човек преку образованието ги изучувал науките верниците не останале надвор од тоа и само на Библијата проучување. За мене лично изучувањето на религијата и науката не се одвоени процеси, напротив потрагата по Бог и обидот да се разбере Неговата Креација (човекот, природата и универзумот) се главен двигател на науките и уметностите - науките -на надворешниот аспект и уметностите - на внатрешниот аспект.

    Исто и во врска со клиничката смрт и научното и верско толкување за мене не се во конфликт поточно ги прифаќам и двете како постоечки.
     
    На Bright и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Еве уште ова и нема повеќе :lol:
    Теодора јас мислам дека никого не навредив, а ако случајно сум навредила тогаш се извинувам од срце.
    Исто така не сакам никого во ништо да убедам, ниту пак омаловажувам некого. Јас не се чувствувам различна од верниците, иста сум, ниту полоша, ниту подобра. Не ги бирам луѓето по тоа и почитувам сечие мислење. :)
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Јас лично не сум навредена, само мислам дека не е долично да се употребува етикетата - смешно за нечие мислење само тргнувајќи од ставот дека имаме различни гледишта. Различно е во ред, исто и нелогично, ама смешно има навредлива конотација, тоа сите го знаеме.

    Иако цитатот на Наполеон или оној на Маркс и сличните во кои верниците се прикажуваат како медиокритети кои освен Библијата не знаат за друго, а атеистите чиниш научници класа сите за во НАСА ќе се сложиш дека е - претерана и неоснована.

    Ни јас не носам суд за личноста само според религиска определба :) .
     
  5. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Гордана, еве и јас да ти одговорам и да те прашам воедно.
    Зошто она што го викаат душа го поистоветуваш со енергија?
    Еве како гледам на работите. Јас како Антила, имам генетски предиспозиции да мислам, да чувствувам да творам и други основни и покомплексни нешта својствени за човекот. Меѓутоа она што ми помага да го реализирам тој процес е енергијата, јас без енергија не можам да функционирам.
    Физички е докажано дека таа енергија е во се, како што се наоѓа во се, така се наоѓа и во мене. И не е постојана, таа е обновлива и менлива (пример кога си болен имаш недостаток на енергија, по пат на лекови, витамини, природни или хемиски ти повторно собираш енергија во своето тело).
    Но, енергијата НЕ Е душа. Таа не е свест, не ги претставува мислите и чувствата, ниту дејанијата, таа само овозможува процесот на реализирање на тие чувства, мисли, дејанија и се останато да се оствари.
    По престанокот на функциите на моето тело, енергијата која ја поседувам во моментот ќе се ослободи во просторот. Но моите мисли, чувства, потреби и способностите истите да се реализираат ќе завршат тука. Значи со Антила ќе биде готово, крај, и нема да се врати повеќе, во никаков облик, на жалост (ова за едно добри... па... 90 години отсега ќе се случи се надевам :D )
    Енергијата е насекаде, се е создадено и се одвива со помош и по пат на енергија, но, таа енергија не е Господ кој наградува или казнува.
    Ова со енергијата е веќе докажано во науката. Не гледам ништо натприродно и религиозно тука.
    Останатото со сообраќајката, пак е физика во прашање. Веројатност. Она што човекот има обичај да го нарече среќа. Веројатноста да не пострада била мала, но сепак се остварила, за негова среќа. :)
    За тоа кој убива, бидејќи сум атеист, нормално не верувам дека Бог убива, логично е дека човекот е одговорен за тие работи :) .
    За подвлеченото на крај, човекот е креација на природата, Бог е креација на човековата фантазија и потребата да си објасни некои работи за кои науката некогаш не била доволно развиена за да ги објасни, како и на желбата дека постои некој кој би не заштитил и би ни помогнал.
    И, пред некој да спомне, ни природата не е бог, природата е просторот и нештата наоколу кои функционираат со помош на енергија.
     
    На oktavija и Danilela им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Антила, се надевам нема да ти пречи да го одговорам прашањето што и‘ го постави на Гордана.

    Јас се согласувам дека душата и енергијата не се едно исто и ќе објаснам зошто.

    Душата како концепт е одлика на живите суштества (според анимизмот се‘ живо поседува душа, тука е направена поширока опфатеност бидејќи ги вбројуваат и реките и сл. природни ентитети), според некои мислители и научници само човекот ја поседува, според други ја имаат и животните и растенијата, значи нема баш консензус околу ова прашање низ епохата на научната мисла. И религиите имаат различен концепт по прашањето на душата, но нормално ние христијаните го прифаќаме оној даден во Библијата во 1.Мој.2,7. ,,А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа. ,, Подвлечениот дел се совпаѓа со еврејското толкување на душата како здив на животот.

    Сега зошто сметам дека душата и енергијата не се исто? Да земеме обичен пример со правосмукалка значи таа ја претвара дури енергијата од еден вид во друг, како и мал милион други објекти кои ја поседуваат оваа способност и без да поседуваат душа. И друго, ако го извадиме моторот на правосмукалката сепак тој сам по себе не е енергија, исто и со човекот без мозок и срце - не функционира меѓутоа не се ни тие сами по себе енергија. Ама, не е ни душата бидејќи и објектите од нежива функционираат и манипулираат со различни енергии и претвараат електрична во механичка или топлотна или нејм ит која друга форма на енергија.

    Околу делот дека Бог е креација на човековата фантазија поради немоќ на човекот да си ги објаснува нештата не се согласувам во никој случај, ама тука е и многу јасно дека нема да се согласиме никогаш :) . Јас сум убедена дека Бог не создал со љубопитен дух за да откриваме и да трагаме по одговори, онаа пресија низ историјата врз науката е вршена од страна на институциите религиски плашејќи се да не ја изгубат сопствената моќ и позиција. И повторувам и до ден денес има високо религиозни научници експерти на многу полиња нема потреба од гледање на верата и науката во денешни услови како на неминовна спротивставеност, за мене и многу други се целина која се надополнува.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    Да тоа што помага за да опстои телото е енергијата, во спротивно не би можело да опстои.Велам дека е енергија, бидејки чувствата се енергија,мислата, а потоа следствено се реализираат истите.Енергијата постои, а не е видлива, па оттаму е и тоа што е речено дека „Бог никој и никогаш не го видел“.А притоа не мислам на електрична или било каква енергија,како што спомна Теодора.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Гордана, електричната енергија во примерот со правосмукалката беше само како приказ дадена дека и неживата природа учествува во енергетските процеси, затоа не ја гледам еквивалентноста меѓу душата и енергијата. Сепак, за мене душата е многу повеќе од само животворна енергија, плус енергијата иако не е видлива со голо око секогаш може да се измери било кој вид енергија и нејзините ефекти, исто и биолошките енергетски процеси во организмот на човекот се мерливи. Плус, моментално во Швајцарија се работи на екстрахирање на Хигс Бозонот или ,,Божјата честица,, што ќе доведе до утврдување на многу поголеми откритија не само на полето на физиката и енергетиката, да не споменувам дека се откри неутриното или честица со поголема брзина од таа на светлината и се наруши досегашното уверување дека светлината го има приматот во нашиот универзум. Сепак, поимањето на душата и нејзината енигматичност како научен или религиски концепт е сеуште недефиниран, па дефинитивно мора да се расправа на некое филозофско ниво и низ хипотези, :) .
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    Да, во ред, знам дека беше пример, кажав така, за да не се мисли, дека мислам на таква енергија.Сега за тоа во Швајцарија, незнам што биднало до сега, до каде е, работат или не, знам едно време се велеше дека ќе се создале црни дупки, незнам.Веројатно би го нашле одговорот за настанокот на светот, но сепак мислам дека не би можеле да бидеме сигурно, пример, дека така се случило, бидејки незнаеме, не сме биле сведок на тоа.Љубопитноста што рече во претходниот пост, преголема е кај човекот, нели, дури до таму што прават вакво нешто со кое би осознале многу одговори, се согласувам со тоа.Само да не утнат нешто, па да испадне беља работа, прибидејки отсекогаш тоа било мистерија.Некогаш и не е баш добро да е човек премногу љубопитен :) Само мислам дека би требало некако повеќе да обрнат внимание на животот, не дека нема да се промени доколку би откриле нешто, туку сепак сметам дека има доста работи кои се далеку поважни од нивниот експеримент.Значи, реков, можеби ќе смени се, целокупниот тек на настаните од религиозен или било каков аспект, па и да се смени, дали би биле задоволни доколку откријат сосем спротивни одговори од тие кои веќе ги знаат?А за душата секако дека треба да се разоткрива многу повеќе,како што кажа на филозофско ниво, бидејки и самиве теми се филозофски.
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Сега ќе одам сигурно офф топик со претходно сознание дека е можно и да бидам бришана.

    Имаше стравување дека судрувачот на честици би предизвикал толкава црна дупка што би ја проголатала цела планета, ама ова ако се вклучи акцелераторот. Дури имаше и самоубиства низ светот предизвикани од страв од оваа појава :x . Излегоа научниците со научно објаснување зошто нема шанси да се случи ова. И според најлошото можно сценарио (ова според др. теории што имам проучувано на темава) ќе останеме заглавени во некој простор/време и ќе се молиме да создадат научниците од црната дупка стабилна wormhole така ќе имаме најмногу шанси :tmi: ...

    Околу оваа ,,Божјава честица,, им дава маса на другите честици имаше еден интересен пример како при судирот со други се лепи како карамел на лажиче - ова хипотетички нормално, ќе даде одговор на многу круцијални прашања нејзиното откривање - како на пример зошто фотоните на светлината немаат маса? Со неутриното веќе го побија митот за најголемата брзина на светлината. И да не го најдат одговорот за настанокот на универзумот, ќе добијат многу други сознанија. Ете, независно од овој експеримент, скоро дознав дека во 20-от век успеале да создадат злато од други метали во лабораториски услови, значи она што со векови беше недостапно за алхемичарите, филозофскиот камен, стана реалност :) .

    Ризик постои нормално при научните испитувања (пр. барајќи начин на создавање енормна енергија е создадена нуклеарната бомба), ама и огромни придобивки (повторно пр. ако нуклеарната енергија се користи за корисни цели) , треба да се калкулира и прави баланс меѓу користа и штетата по човештвото и другиот жив свет на планетава, да се надеваме дека ќе покажат мудрост.
     
  11. unbreakable

    unbreakable Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Ми се случи еднаш,на училиште,на час по физичко,мислам дека беше мај таа година.И не мрзеше да играме и плус жешко беше многу.И седнавме да си позбориме и незнам што стана збрка и почнаа дискусија за атеисти.И едно девојче рече дека била атеист и бидејќи јас се противев и таа веднаш против мене: "Јас ќе бидам тоа што сакам,леле,Бог да чува."
    Ми идеше да прснам во смев али се воздржав.
    Добро,она глупа е или да? Атеист била а вика Господе Боже,Бог да чува,Боже сачувај и слично?На што акл зборува така? И после сум се смеела цел божји ден :D

    Верувам во Бог.Голем верник сум.Не верувам во таканаречената "еволуција".Суеверна сум,многу.Верувам во се и сешто.И нај искрено ми се гади од човек што ќе каже "Бог не постои".
     
  12. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    1.823
    Па тие изрази се чести дури премногу чести во нашиот говор, од толку многу слушања на Бог да чува, Господе Боже итн нормално дека сите луѓе почнуваат да ги употребуваат без разлика на тоа дали се или не, атеисти. Очигледно дека и девојчето има 15 години бидејќи сте биле ист клас или пак може и одделение. Таа сигурно на свои 15 години нема донесено толку цврсти ставови за религија поточно за атеизам за ти да ја осудуваш т.е да се смееш на тоа што кажала Бог да чува,а предходно се изјаснила како атеист кога дури и повозрасен атеист може да ги употреби тие зборови. Доколку е за тоа, тука неколку атеисти збореле за Бог без разлика дали давале мислења дека постои или не сепак го спомнале и што, тоа ги прави верници? :^)
     
  13. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    И што ако девојчето кажало така? И што ако и јас понекогаш ги изговарам тие зборови? Пак сум атеист! На крај па, ако во некоја песна се спомнува Бог зарем кога пееме треба да замолчиме на тој дел?! Или пак за нас атеистите посебни песни нека прават. Ххх :D
     
  14. Baronessa

    Baronessa Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    атеисти постојат, затоа што тие не се како останатите кои веруваат во Бог... примеер ако сите се крадци зошто би имало полицаец?
    а господ постои само затоа што вие мислите дека постои... ај сите ќе мислиме дека не постои и оп нема атеисти...
     
  15. Baronessa

    Baronessa Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    тоа е само затоа што така си се навикнала, многу луѓе изговараат работи во кои не веруваат...
     
  16. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Марија се вика до мене седи атеист е и на секоја писмена вика " Боже те молам да решам се 5 да извадам " :clap: |(
     
  17. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    1.823
    Па атеист смее да го спомнува Бог посебно поради тоа што во ова време неизбежно е кога толку многу се кажуваат тие изрази, а посебно во школо помеѓу децата т.е учениците (како Господе те молам да не ме испраша, леле цел час се молев и пак ме праша, Боже те молам се да решам на тестов, Господе те молам лесен да е тестот, Господе те молам професорот да не дојде и да губиме час), но доколку типката што седи до тебе верува дека ако каже така ќе и помогне ондак верува во Бог и не е атеист како што се изјаснува :)
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.197
    Како ги спојуваш овие 2 работи? Суеверието и верата во Бога не одат заедно. Не можат и двете да бидат Бог, освен ако не веруваш во 2 бога... ;) (тоа си е твое право, како што има право другарка ти да не верува во Бог).
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    ^ Веројатно мислела многу е побожна или религиозна или дека верува во секакви духови , Бог итн. само незнаела збор да искористи....
    Иначе баш мислам дека баш верниците се тие што не треба да користат такви фрази како Бог да чува затоа што нели не се изговара името Божјо напразно, а тоа што атеистите го користат не значи дека го потврдуваат постоењето на Бог, туку во навика им е од што сите ко користат.
     
    На potterholic и Danilela им се допаѓа ова.
  20. Lyanna

    Lyanna Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    18
    „Бог да чува“ и остали изреки од истиот тип не ги измислил господ па да ги тури у Македонијава за општа употреба. Бидете реални. Тоа е само културолошки феномен; исто како што луѓе кои не веруваат во господ слават Божиќ и Велигден и остали КАО религиозни празници. Тие денови се вгнездени во нашето секојдневие па и да сакаш не можеш да избегаш од нив. А инаку не сум религиозна, иако не ми е тоа јасно како голем дел од атеистите мора да ти кажат IN YOUR FACE дека се атеисти, или како религиозни лунатици мора да ти накалемуваат гревови и пеколи.