1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеисти

Дискусија во 'Религија' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    ВЕРБА ВО БОГ!!! Секој еден човек барем ЕДНАШ колку и да е "атеист" си рекол во себе: " Фала ти Годподе" или "Господе помогни ми те молам". Во сржта на човекот е врежана Божјата љубов. Има луѓе атеисти кои се многу подобри во душа од "големи" верници. Се е ова дискутабилно. Атеистите се луѓе кои не го запознале Бог како Човекољубив, но многу од нив ја носат свесноста на Божјиот закон. Секое верување не го оспорувам и секоја една индивидуа има право на избор да верува во што сака. НО.... Бог е секогаш тука до нас....Чисто срце и смирена душа, тоа е она што Бог го бара од Нас. Не треба да судиме. Некаде во поодминатите постови го имам постирано текстов но еве уште еднаш тука ке го пишам:

    Видете како при едно испитување, доктор атеист низ солзи станува православен христијанин

    Познатиот американски научник д-р Х. Ј. Стовел инспириран од добитникот на Нобелова награда, проф. д-р по медицина Алексис Карел кој молитвата ја нарекува најмоќен облик на енергија и сила еднакво вистинита како силата на тежата, направил едно свое интересно и зачудувачко откритие со мерење на моќта на молитвата.
    Д-р Стовел вели: „Бев циничен атеист... работев во голема патолошка лабараторија во една клиника. Се занимавав со задача како да ја измерам брановата должина и јачината на зрачење на човечкиот мозок.
    Сакавме да испитаме што се случува во човековиот мозок кога човекот преоѓа од живот во смрт. Одбравме една жена која боледуваше од смртоносен рак на мозокот. Жената беше духовно, психички потполно нормална. Гледајќи воопштено, всушност изненадувачка беше нејзината животна ведрина наспроти нејзината безнадежна телесна состојба. Знаевме дека ќе умре. И таа го знаеше тоа. Исто така знаевме дека се работи за жена која живеела според верата и со верата на својот Спасител Исус Христос.
    Неспоредно пред нејзината смрт, во нејзината соба сместивме високо чувствителен апарат за снимање. Тој апарат ни го покажуваше тоа што се случува во нејзиниот мозок во последните минути од нејзиниот живот. На креветот сместивме и микрофон за да би можеле да слушнеме што таа зборува, доколку сеуште би можела да даде некаков знак.
    Се сместивме во просторија до нејзината. Бевме петмина научници. Меѓу сите јас бев најтврд и најтрезвен. Полни со исчекување и внатрешна напнатост стоевме до своите иструменти. Стрелката стоеше на нула и можеше да покажува до 500 степени во позитивна вредност на десно и 500 степени во негативна вредност, на лево. Пред извесно време, со тој апарат меревме една емисија на радиостаница чија програма беше испраќана во етерот со јачина од 50kw. Се работеше за порака која можеше да биде пренесена околу целата земјина топка. Со тоа мерење востановивме вредност од 9 степени позитивно.
    Ни се причини дека на болната и дошол последниот час. Одеднаш слушнавме како почнува да се моли и да го слави Бога. Го молеше Бога да им прости на сите луѓе кои во животот и направиле неправда. Тогаш ја изразуваше својата цврста вера во Бога со зборовите: - „Знам дека ти си единствениот извор на енергија за сите твои созданија и тоа ќе останеш“. Му благодареше за силата кој и ја дарувал во нејзиниот живот, како и за тоа што е Негова сопстеност. Посведочуваше дека нејзината љубов кон Него наспроти страдањето, не станала помала. Во моментот кога зборуваше за покајанието и кога принесуваше молитва за опростување на гревовите од нејзините зборови бликаше среќа. Но, најголема радост ја опфати кога помисли дека наскоро ќе смее да го гледа својот Искупител.
    Потресени стоевме пред своите апарати. Веќе и заборавивме дека таму сме за да истражуваме. Се погледнавме еден во друг не срамејќи се од своите солзи. Толку бев возбуден и трогнат од тоа што го слушав така што морав да плачам како мало дете.
    Одненадеж, додека жената се молеше, на својот иструмент слушнавме еден тон кој отчукуваше. Кога погледнавме, стрелката покажуваше 500 степени во позитив и постојано удираше на границата на апаратот.
    Со техничко мерење, сега за прв пат откривме неверојатна вистина: мозокот на жената кој умираше, кој со молитва беше соединета со Бога, развиваше сила 55 пати појака од силата на зрачењето на онаа светска радиостаница!!!
    Во тој момент, почна да се руши мојот атеистички поглед на светот. Стоев пред лицето на Сезнајниот Бог! Моето неверување ми стана потполно смешно. Така станав среќен Христов следбеник...

    -----------------------

    Која голема БЛАГОДАТ е да го спознеш Господ Бог Исус Христос .... АМИН!
     
    На Rama и Serafima им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Некои атеисти се можеби поблиску до Бога отколку некои верници, бидејќи атеистите не се оптоварени со конфесионално мислење и не се врзани за догми. Од друга страна некои верници можат да бидат поодалечени од Бога, бидејќи веруваат дека како верници независно што ида прават, па макар нешто кое е штетно за другите, ионака Бог ќе им прости или дека Бог е автоматски на нивна страна бидејќи тие се побожни а другиве не.
     
    На Gosh, anneyy и aerodrom им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    А си размислила некогаш зошто во школо учиме биологија, а не веронаука? Биологијата ти е конкретна наука базирана на докази, а верата само фиктивна. Се кладам дека појма немаш што е еволуцијата.

    Мене ми се гади од луѓе кои се многу ограничени, и го осудуваат туѓиот избор.

    А инаку, вера и суеверие душо баш и не ти одат едно со друго ;)
     
    На Semirr, Golden, Anacid и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Како верата е само фиктивна? Мислиш дека биологијата ги има сите одговори за начинот на функционирање на животот?
     
    На Rama, Chica.Loca и Bright им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    И самиот Дарвин кој ги гу удрил темелите на теоријата за еволуција верувал во постоењето на Бог. Разликата била единствено во тоа што тој верувал оти Бог најпрвин го создал вид мајмуни од кои (наводно) потоа се развил човекот.

    Многу некогашни но и современи научници веруваат во Бог, иако според мене тоа не мора да значи дека се автоматски со самото тоа и подобри луѓе - според мене тоа е многу поважно, дури и пред Бога.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Незнам по која логика Дарвин ја поставил таа теорија, ако веќе сметал дека Бог не го создал човекот, да верувал немало што да поставува.Теорија само која се базира на претпоставки, а настрана е докажувањето на истата, со што и самиот незнаел како настанало човештвото.
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    ХАХАХАХАХ не ме засмејувај ти се молам.Која си ти да наведуваш било какви причини ,ај не шири паганизам дека не му е местото!Дали ти би сакала да ти набројувам 11,30,90причини дека Бог постои?НЕ,нели?Ти си таа што ќе докаже дека БОГ не постои? :clap:
    Имаш теми во кои само вие атеистите може да си пишете,да си дискутирате и сл.нас ВЕРНИЦИТЕ остави не на мира.Нема никој да преобратиш со твојте глупости,едноставно не ме занима во што веруваш ти.Не негирај,се гледа дека си атеист,која Сатана признава дека е Сатана :fubar: .
    И ЛУЦИФЕР верува во БОГ,а вие атеистите сте поглупи и од неа изгледа.Ако толку сте убедени дека нема Бог,зошто ги уверувате другите луѓе во тоа,што корист имате кога нели ако не постои ,и другите не би верувале во него исто како вас?
    Моето мислење е тоа,баш ми е гајле за вас атеистите :rock:
     
  8. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Уфф каков пост :o Види hermosa стварно не би дискутирала сега во што веруваш во што не ама
    ова е таа тема. Се вика АТЕИСТИ и ние си дискутираме, изгледа ти нешто си згрешила.
    Никој никого не убедува само дискутираме во темава, а ако тоа е убедување тогаш и вие нас не убедувате. И немаш право никого да нарекуваш глуп само затоа што е атеист, можеби и верниците на нас глупи ни изгледаат па не навредуваме никого. Се извинувам што те цитирав ама постот ти изгледа баш дрзок, безобразен и некултурен. Безвезен!
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    1.569
    Каде со постов бре девојко :fubar: (со сета почит бидејќи си постара). Како прво темава е атеисти како што читаш, ако си го згрешила местото на постот треба да се извиниш искрено. Ко второ никој не ти се заканил да ја отвараш темава, да читаш, да пишуваш и никој не сакал ТЕБЕ да те преобрати. Темава не е за преобратување, секој си верува во тоа што сака, нема што некој и тоа од форум да го преобратува. Трето пола пост и повеќе ти е со навреди, барем јас се навредив. И јас можам верниците да ве наречам глупи, ама не, имам разбирање за секоја личност, секој си живее за себе, си верува во тоа што сака. Ако ти е гајле, што ја отвори темава, што пиша? Само за да започнеш расправија и да вреѓаш? Нема да ти се оствари тоа задоволство :emo:
     
    На blackwave и Danilela им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Како прво,се обратив конкретно на Tabby,мене ми е дрско и безобразно да пишува дека НЕ е атеист,а е!!!Па уште се дрзнува да ми пишува 11 причини зошто БОГ НЕ ПОСТОЕЛ,МА НЕМОЈ БРЕ :fubar:
    Ако некој треба да се увреди,или да коментира тоа е таа.Даниела и другите кои ќе ми кажете нешто,може само на прашањето ДА МИ ОДГОВОРИТЕ зошто толку сте запнале за да ги преобратите другите?
    Се извинувам што ви улетав во темата,но баш и темата не беше да си дискутирате меѓу вас атеистите ,така??? :^)
    Не дојдов да се карам ,повторувам имав некои работи да и кажам на авторката ,ова е форум секој може да коментира каде сака!!!!
     
  11. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    1.569
    Па да беше така, што не ја наведе само неа како глупа, а не СИТЕ атеисти тука, па и надвор од форумов да ги именуваш така. Па ти што се дрзнуваш да пишуваш дека Бог постои бе? Исто ти е, треба да прифатиш дека има различни мислења од твоите.
    А за прашањето, кој па тебе или некој друг преобратува, ти се молам? Сепак ова е тема за комуникација за постоење на Бог, верување во него или не, не сме ние тука некоја група на луѓе што преобратуваме луѓе, преку форуми |( . Ако некоја личност е цврст карактер и си верува во себе и во тоа што го мисли и знае, со никаков начин некој не може да ја преобрати друго мислење да има.(цитирај ми каде забележа во темава дека тука (во темата Атеисти) пишува, пробува, сака некој да преобрати :!: ).
    Нареден пат кога и се обраќаш на авторката кажи дека таа е глупа, а не сите заедно, па после разбери си се со неа.

    (и да беше како што викаш, немаше јавно т.е. на темава да напишеш така) види си ги малку речениците и постовите ;)
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Овде не сме деца па да може се и сешто да не “преобрати“ Уште пред да се дојде на овој форум уште пред да почнеме да стануваме созреани личности сме си го одбрале патот по кој ке одиме и верата со него . Друго никој на форумов не доаѓа да се “преобраќа“ у нешто.

    Овде секој си го кажува своето мислење, а другите се тука или да го подржат со тоа што би се пронашле или да го изигнорираат.

    Малку размисли можеби и ти истото го правиш ама со твоја религиозна определба и сакаш некого да “преобратиш “ у христијански верник ...

    Значи треба некој да е со IQ 50 за да би можел да подлегне на туѓи верувања и убедувања .

    Повели одговорот на прашањето .
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Хермоса немој да рипнеш да ме напаѓаш, ама ме заинтересира.
    Каде точно во првото мислење од темата увиде проповедање на паганизам? :)
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    "Сум ги проучувал древните пагански религии кои беа пред неодамнешната опсесија со само еден возвишен Создавач. Се чини тие беа концентрирани на суштинските сили во светот, околу нас, и помалку на произволни морали и правила...

    Сонцето изгрева наутро и заоѓа навечер. Морињата имаат плима и осека. Тревата расте, се суши, умира и со тек на време повторно пораснува од земјата. Воздухот се стоплува па се лади, повторно се стоплува и се така. Некаква скриена енергија не држи цврсто на земјата, и не влече назад кога се обидуваме да се одвоиме од неа.

    Секое од овие движења порано имаше свој претставник, бог или божица. На секоја сила и беше дадено лице, но секое беше посебно, и со сопствени моќи. Но тоа не значеше дека тие не беа меѓусебно поврзани - пантеон на индивидуални духови - со правила. Невидливи раце кои управуваа со напредокот на нашиот свет.

    Така се обидувавме да го категоризираме, проучиме, објасниме и разбереме начинот на кој фунционира светот. Но ова веќе не постои.
    Сега од нас се бара да потклекнеме пред многу поедноставно објаснување.
    Колку е само наивно да се верува дека еден одговор може да ги одговори сите прашања. Секоја мистерија. Дека постои некаква величествена светлина која владее со сите нас. Ни кажуваат дека тоа е светлина која носи вистина и љубов. Јас велам дека тоа е светлина која не заслепува сите нас и не тера да се сопкаме во свет на незнаење.

    Копнеам по денот кога луѓето ќе се оттргнат од ваквите невидливи чудовишта и повторно прифатат по рационално гледиште за светот. Но овие нови религии се многу убедливи - и се закануваат неверојатни казни за тие што ќе ги одбијат - загрижен сум бидејќи стравот ќе не држи залепени во нешто што сигурно е најголемата лага во човечката историја."


    Вербата е правење доблест од неразмислување, воопшто не е за фалење а тие кои ја проповедаат вербата, ја овозможуваат и ја воздигнуваат се интелектуални робовладетели кои го држат човекот во ропство на фантазии и безумие кој предизвикал и оправдал толку многу лудило и уништување. Религијата е опасна бидејќи им дозволува на луѓе кои ги немаат сите одговори, да мислат дека ги имаат. Повеќето луѓе мислат дека е убаво кога некој ќе каже "Да, Господе, спремен сум се да направам..." но бидејќи нема никакви богови кои зборуваат со нас, таа празнина е исполнета со корумпирани луѓе со своја агенда..
    http://www.youtube.com/watch?v=pzMJRqgKWWs

    Науката ЗНАЕ дека ги нема сите одговори, но затоа работи деноноќно за да ги открие.
    Религијата се обидува да те заслепи со цитати од книга чие потекло и автор никогаш не можела да ги потврди. Религијата не сака разумно размислување, не сака докажувања и истражувања. Таа промовира изолација од знаење и интелектуална закоравеност. Таа бара СЛЕПА ВЕРБА, без прашања и сомнежи.
    Црквата погубила илјадници научници и напредни мислители и го вратила светот со векови назад.

    Во периодот од 3,000 години пред Христос имало стотици религии во најстарите цивилизации во кои Спасителот бил роден од мајка девица, правел чуда, протерувал демони од луѓето, им го враќал видот, ги хранел гладните, бил убиен, воскреснувал, имал 12 следбеници...или барем неколку од овие околнсти се совпаѓале.
    Сум го кажал ова и пак ќе го кажам, случај на уште едно копирање/рестартирање религија на поробен и очаен народ на кој му требало некаква надеж за спас.

    Надвор од Библијата, не постои никакво спомнување на човек по име Христос кој на било начин се истакнал во тој период, на таа територија. Надвор од Библијата не постои спомнување ни дека таков човек воопшто постоел!!
    Епа еве

    [​IMG]

    Науката прави истражувања, се соочува со факти, не се плаши да поништи претходни тврдења како последица на нови докази, дискутира, дебатира, расте и се развива.

    Што нуди религијата? Непроверени скрипти, стотици пати преведени и од човек на човек пренесувани усмено стотици пати во последните 2,000 години?

    Оди кажи им на 30,000 илјади деца кои само во Африка ќе умрат утре од глад, жед и болести, дека Господ е голем, семоќен, се гледа и дека секогаш ќе биде неговата волја.

    Свет без Господ е свет во кој луѓето ќе треба сами да се соочат со последиците од сопствените одлуки и постапки. Сами ќе треба да се радуваат на победите и да ја вкусат горчината на поразите.
    Без Господ ќе треба да сватиш дека твојот живот зависи од ТЕБЕ, и дека не можеш со споени дланки да бараш нешто повеќе, а тоа чувство за мнозинството е ЗАСТРАШУВАЧКО.

    Ќе имаш сообраќајка, ќе се здробиш целиот, хирушки тим ќе те составува 12 часа, и што ќе му текне на некој испиен мозок прво? ГОСПОД МЕ ЧУВАЛ.

    Сите ЧУДЕСИИ што ги правел Тој биле пред 2,000 години. Каде се чудата денес? Каде се бре???
    Еден многу добар муабет читнав на нет, вели деца во инвалидска количка се молат на Господ да проодат еден ден. Господ вели НЕ. Никој магично не проодел од инвалидска количка. :!: НИКОЈ!

    Вашиот семоќен и милозлив Бог ги остава децата да се мачат цел живот? Многу од нив и родени со инвалидитет, така? Еј бреее

    Единственото нешто што го имаат верниците е психолошка утеха дека не се сами.
    Господ создал се, тој знае мене што ќе ми се случува во животот, тој е семоќен и треба да го слушам за да не го налутам, за да не ме фрли во вечен оган. :D (се чука во глава)
    Без таа утеха ќе треба да се соочат со вистинскиот свет во кој ние луѓето сме многу млада раса која тек открива што се случува околу нас.
    Прелистајте го YT за вакви видеа, гледајте документарци, отворете го умот кон нешто што не ви го наметнала средината од мали нозе.

    ААајјјјтттттт
     
    На Fallen.Angel, Blackandwhite123, Anacid и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Проучувањето на паганските религии, првобитно именување на појавите кои човек не можел да си ги објасни, до тие религии што тие денес постојат, наведуваат до еден заклучок, кој некои можеби веќе го откриле, а би требало да го разберат и оние научници кои го велат токму спортивното од религијата, иако базата на двете е иста, само се работи за различно согледување на нештата.Дали истото е лага? Изгледа дека грешат, ако добро подразмислат која е целта на науката и религијата.Верата е токму спротивното, од кое за истата се твдри „ држење во ропство, казнување, итн.“ Секако ако истите тие научници подобро подразмислат дали сигурно е тоа така.Не можат да прават споредба помеѓу минатото и сегашноста, бидејки минатото е мртво.Било, поминало, што останува за понатаму и како некој ја разбира религијата.Се тоа што е напишано во религиските книги, е она што во секојдневието човек ќе ги разбере нештета и без да мора религијата да го тера на комплетна послушност, без знаење, поставување на прашања, поради тоа истото не можат да го тврдат дека религијата е токму таа која го држи човекот,секако доколку верува, во некакви си да речам, рамки или како сакате.Незнам, како може да тврдат дека надвор од библијата не постоел човек по име Исус, ако истите знаат кои биле римските императори во времето на Исус, плус кој владеел во негово време, а што за истото и науката го говори и знае, врз основа на тоа, таквата констатација дека надвор од библијата не постоел човек по име Исус, кој некаде и некогаш делувал, им пропаѓа во вода, а следствено на тоа излегува дека тие, да речеме научниците нешто погрешно протолкувале, па кикснале.Во сооднос на ова, не е и баш некој си темелен аргумент што тие го кажуваат, кој би ја побил неавтентичноста на религијата.Не е само историјата, треба малку и археологијата добро да ја превртат.Што нуди религијата? Нешто што секој може да ја разбере суштината на истата, без разлика дали верува во неа или не.
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    Ниту еден историчар, ниту еден запис за постоењето на човек по такво име.

    Како тоа научници со докторати во своите области едноставно ја зезнале интерпретацијата на една книга, или после децениска активност во одредено поле, тие сеуште погрешно сваќаат?

    "Незнам, како може да тврдат дека надвор од библијата не постоел човек по име Исус, ако истите знаат кои биле римските императори во времето на Исус, плус кој владеел во негово време..."

    И јас и ти и скоро секој може да лансира приказна ДЕНЕС, 2012-та година во времето на безмилосниот капитализам и тешкиот живот под Груевски во една мала држава по име Македонија...

    Ова е чиста импровизација но еве колку лесно имам временски период, имам локација, знам каков е општественото уредување, системот и владетелот (или барем човекот со најголемо влијание врз економската благосостојба на населението.)
    Денес секако многу потешко да помине ваков обид, но во време на тешко ропство, со страшно неписмен народ кој живееле на 3 метра од својот добиток, немале (скоро) никаков образовен систем, никаков лидер, можност за формирање војска, за бунтови. Тие немале надеж. А токму тоа и им требало.

    Спомнувањето на римските владетели во тоа време не е апсолутно никаков доказ за постоење.
    Сеуште нема никаков запис за постоењето на таков човек, на сите тие чуда, за распнувањата, за било што од Библијата, надвор од Библијата.
    Ниту еден историчар, ниту еден запис во ниту еден период. Сетоа шоу почнува и завршува во една книга, кој до ден денес НЕ ЗНАЕМЕ кој ја напишал, знаеме само што ни кажале за тоа кој ја напишале

    Едноставно нема никакви докази. Ништо. Нула. Има само силна човечка потреба да чувствува дека не е сам, да ги има одговорите, да има кому да се обрати, да се чувствува утешен и со нова надеж во тешки моменти...

    Јас се молев како помал. Најмногу се молев за оценки, замисли. На крај забележав силна корелација меѓу ВРЕМЕТО ПОСВЕТЕНО НА УЧЕЊЕ и ОЦЕНКАТА, не ВРЕМЕТО ПОСВЕТЕНО НА МОЛЕЊЕ и ОЦЕНКАТА.

    И почнав да сваќам уште на рана возраст колку ни јас не знам што правам, ни моите дома немаат три чиста што прават, го слушав и попот кога ќе дојдеше дома, ни објаснуваше со отпеани цитати од Библијата, и повторно една референца. И тој фејкер, ај да не кажам што да јадам ако и тој верува во сите тие прикаски, а си ги собра парите...
    Епа нечемо тако!

    Сите "аргументи" со кои се служат верниците е дека така пишува во Библијата, и има фантастични сличности со многу претходни религии од други цивилизации, кои биле и соседи во тоа време.

    Не ја МРАЗАМ религијата туку едноставно тоа што има силни тврдења, треба да поднесе и силни докази. Ако видам доказ за постоење, и јас ќе почнам да верувам. Но вака со една древна книга во раце и без потврда за писател/потекло и одговорот на секое мое прашање да завршува во цитат од некакви древни скрипти?.

    Мојот живот нема да помине на таков начин, а моите деца еден ден ќе добијат избор. Никој нема да им наметнува никаков систем на нив.
     
    На Blackandwhite123, Anacid и WildCherry им се допаѓа ова.
  17. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Атеистите не само што се неверyвачки они се и неверојатни. Интелигентни се, одговорни и самосвесни. Кога ќе згрешат нешто не обвинyваат некоја виша сила, не очекyваат божја казна, не го маскираат својот пораз со оној познат еyФемизам "мистериозен дел од Божјиот План". Стојат зад својот пораз/победа самите тие, со исправена глава. Имам доста пријатели самопрокламирани атеисти ама за себе не можам да кажам дека сyм атеист. Спиритyална да, ама традиЦионално религиозна не. Понекогаш погрешно ме толкyваат дека сyм атеист само затоа што не верyвам дека Господ е стар дедо со бела брада кој седи негде од високо на некоја планета и вежба пилатес на Земјината Топка.
     
    На Gosh, thelittle17, WildCherry и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Каква е оваа глупост? :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    http://www.fakulteti.mk/news/16-09-30/poznat_nauchnik_tvrdi_deka_bog_postoi.aspx


    ,,Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија на струна поради која и е многу почитуван меѓу научниците''.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Интересен феномен што го забележав на фб групата на атеистите е што мнозинството (особено машките) ја поддржуваат порнографијата - и покрај тоа што таа претставува снимена проституција и е тесно поврзана со трговија со бело робје каде што се злоупотребени многу жени, девојчиња, нечии ќерки, врз кои се прават разни гадости и врз кои се изживуваат мажите. Има ли поголемо понижување и деградирање на жената од ова? Искрено, ниту во Исламот не е толку понижена жената како во порнографската индустрија. А мнозинството атеисти таму ја поддржуваат, па уште и се расправаат со мене пола ден |(

    Ме интересира што мислат атеистите од фемина по ова прашање? Дали сте за или против порнографската индустрија?