Јас не знам дали би се нарекла атеист или верник едноставно не гледам на религијата повеке од филозофија. Не се замарам толку со тоа како би се етикетирала. Ама нешто што СТРАШНО МЕ ИРИТИРА, а се случува се повеке гледам во фб групи жени бараат помош од бајачки (немам ништо против не им ја знаам маката) и во коментар осудувања од типот "Леле срамота 21ви век на бајач, оди вцрква запали си свеќа грев се бајачките". СТОП!!!!! Зар не е исто да се оди на бајач и вцрква? Во 21ви век?
Јас сум атеист, но не докажувам ништо никому. Еве и во црква ќе се венчам, и крштевки ќе правам. Не по моја желба, но на партнерот тоа му е од голема важност и поради него ќе ги правам тие работи. Ќе бидам на некој начин лажен верник. Не верувам во ништо од религијата, но не трошам енергија да докажувам на луѓето или да правам драми околу тоа.
Атеисти не постојат, тоа е самиот ѓавол. На неκој κому му се јаде ќотеκ! Е, тоа е атеист! Аκо Бог е насеκаде оκолу нас, зошто да не го веρувам?
Уххх баш христијански звучи ова Така ли те учи Бог, дека им се јаде ќотек на тие што не размислуваат ко тебе?
За меρаκ има многу ρаботи ама и меρаκот си е божја ρабота. За ќотеκот κаκо воспитна меρκа си има посебна тема.
А тебе ти се јаде ќотек? Ако детето ти е атеист ќе го воспиташ со ќотек значи да биде верник. Срамота така, атеист ќе ми бил он.
Како глуп? Прави христијани не повикуваат на насилство, ќутеци така да драга жал ми е ама од тебе верник не бидува. Поарно биди со ѓаволите, атеист.
Јас немам ништо против атеистите,баш познавам луѓе што се атеисти па имаат добра душа. Ама нема да ги разберам оние што не веруваат па уште ја вреѓаат и плукаат верата. Ако не веруваш не верувај и готово нема што да се коментира друго.
Најчесто тоа е провокација од лажните религиски фанатици , да се прикажат во едно светло што не се , а и така настанува тензија
Добро ако не му одговара на некој што пишува "религискиот фанатик" нека мавне игнор а не да го убедува дека Бог не постои(јас верувам дека постои и се што сум посакала ми се остварило) и врз тоа да се потсмева и да ја понижува верата и така нема да има тензија. Секој има право да верува у што сака.
Нз зошто ова ми го кажуваш мене ? Јас никогаш на темиве немам ниту дискутирано ниту убедувано некого за религија,ниту во приватниот живот , јас бегам од религиски фанатици,не можам да ги поднесам и за мене тие се отров ! На темава атеисти си коментирам бидејки јас сум атеист , не му се обратив никого лично или пак да коментирав во темите на религија па да провоцирам ,едноставно мене тоа не ме интересира ,а како атеист имам право да дадам свое мислење ! Јас никогаш не сум влегла во дебата за религија ниту пак ме интересира