1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеисти

Дискусија во 'Религија' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. Semirr

    Semirr Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    48
    Прочитав неколку постови на темава и wow... Уште еден доказ дека религијата предизвикува омраза и насилство. Или тоа или луѓето кои што се сметаат за верници се тотални психопати и социопати што си дозволуваат да мразат или да “тепаат” некого само во името на религијата. Секој, без разлика на религијата, треба да го почитува другиот со различно мислење, пошто сепак сите сме луѓе од месо и коски. А впрочем нели секоја религија вика “сакај си го комшијата”. Уште еден доказ дека атеистите се по природа подобри луѓе, всушност, од верниците бидејќи тие за разлика од верниците немаат причина да бидат добри и да не прават гревови, туку тоа го избираат, а верниците се такви само за да не ги казни господ и да влезат во рајот.
    Само уште едно ќе кажам за крај, бидете добри луѓе, тргнете ја целата омраза што ја имате во себе, потрудете се да ги отворите умовите на различностите и прифатете ги, не бидете овци!
     
    На Justicija, stranger2, ☆°Night°☆ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mesmeric

    Mesmeric Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Лично се сметам за агностик што тежнее накај атеизам, односно сметам дека нашите способности да знаеме дали Бог постои или не се ограничени, во секој случај не верувам во Бог како што го представуваат повеќето религии.
    Моите убедувања на страна, не сметам дека религиозноста ги прави луѓето лоши или глупави, ниту пак атеизмот ги прави паметни и добри, се зависи од индивидуата.
    Постојат религиозни луѓе кои веруваат во одредена религија а воопшто не се придржуваат до моралните принципи кои таа религија ги проповеда и кои се обидуваат да ги наметнат своите убедувања на другите, постојат религиозни луѓе кои се држат до своите убедувања и не наметнуваат ништо никому.
    Истото се однесува на атеистите. Постојат такви кои можат да прифатат дека постојат луѓе со различни убедувања и покрај тоа што тие не веруваат во Бог и такви кои постојано сакаат да го демонстрираат наводно супериорниот интелект со тоа што ги исмеваат религиозните луѓе.
    Она што сметам дека треба да се критикува е злоупотребата на религиите за свои цели, наметнувањето на сопствените убедувања на некој друг или позицијата на моралната супериорност кои некои религиозни луѓе ја завземаат, како што атеистите не се нужно попаметни затоа што не веруваат во одредена религија, така и некој не е нужно поморален само затоа што верува во нешто.
    Сосема е возможно да се биде религиозен и да се почитуваат луѓето кои не веруваат во Бог и обратно.
    Проблемот не е во тоа дали некој верува или не верува, туку како тој се однесува кон другите без разлика во што верува или не верува.
     
    На Justicija, Fallen.Angel, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Semirr

    Semirr Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    48
    Потполно се сложувам, изгледа не успеав да го покажам тоа убаво. Затоа и реков треба да се почитуваме меѓусебно. Секако дека има и атеисти што сметаат дека религиозните луѓе се глупи или случно, а и религиозни обратно. Но по тоа што читав тука, поконзервативните и ултра религиозни ја злоупотребуваат религијата и ја користат да си го оправдаат злото кое што го имаат у себе.

    Јас ги почитувам религиозните, нормално, сметам дека тоа е многу убава работа, да веруваш во виша сила и дека сé ќе биде во ред, само мојот мозок не е така wired.
     
    На Mesmeric и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  4. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Понекогаш им љубоморам на религиозните, тие веруваат по смртта дека ги чека нешто подобро и дека ќе се најдат со своите најмили.
    Кога сме до верниците, секој пат сум нападната за моите мислења. Многу, посебно Христијани, се големи хипокрити и ни самите не се придружуваат до тие правила и ја користат религијата за лошо. Јас сум атеист но познавам луѓе кои својата верба ја користат за добро и шират љубов и позитивна енергија. Им аплаудирам. :hug:
     
    На burthdaykake, Justicija и злоба им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Појасни ако сакаш како на лошо?Не сфатив баш :)
     
  6. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Чист пример баш вчера во темата Хомофобија и Трансфобија. Многу луѓе шират говор на омраза против ЛГБТ заедницата. :)
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Јас сум верник и колку и да не ми е природно тоа ги прифатив затоа што секој заслужува да биде среќен и немам ништо против тие луѓе. А тие парадите не ги поддржувам. Што мора да се дига фама ако се гејови(да не го речам другиот збор да не е наредлив не знам) или лезбејки. Биди си ако ти се сака и тоа е тоа.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Парадите се многу важни за ЛГБТ заедницата. Се прославува историјата и колку далеку сме дошле. Помага на други млади луѓе кои можеби уште не ја знаат својата сексуалност, а и на оние кои уште се во „шкафот“. Ја нормализира ЛГБТ заедницата. А и секако има многу забава и генерално добро време. Мислам дека ако на некој не им смета геј човек сигурно нема да ти сметаат неколку денови “фама“. Во свет каде хетеросексуалните врски се прославувани секој ден воопшто не е фер да им се одзема тоа право на ЛГБТ заедницата. :sun:
     
    На Lella, Semirr и mintyflowers им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Кимберли, дали си сериозна со прашањево. :DИма луѓе кои буквално се убиваат заради религија.
    Кажи ми, дали сите кои се декларираат како верници се добри луѓе и живеат според морални начела?Јас не би рекла :)
     
    На Lella, злоба, Semirr и 3 други им се допаѓа ова.
  10. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    На овие простори нога ќе ти исечат ако си неверник, неголи ако кажееш дека си силувал девојка!
     
    На Justicija, Semirr и stranger2 им се допаѓа ова.
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Женски
    Знам дека се пишувало за темата на форумот и претходно, барав и каде но не најдов.
    Прашањето ми е, каков е животот на атеист во религиозно семејство и дали би биле со религиозен партнер?
    Посебно кога се ближи поголем Христијански празник како сега Прочка, некои традиции кои произлегуваат од религијата гледам дека ми пречат.

    Моите се верници, партнерот исто (практикуваат некои си 20% од обичаите) и единствен компромис кој го правам за нив е Велигден, Божиќ...реално ништо не ми менува, ако ги прави среќни зошто да не, ама тука повлекувам граница.
    Која е вашата граница и како постигнувате компромис?
     
    На Lella и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Маж ми до скоро се декларираше како атеист.
    Долго време јас се чувствував како православна.

    Се венчавме в црква, оти јас сакав.
    Празници слави соодветно на она што неговото семејство слави и она што јас славев... односно, ги почитува туѓите верувања.
    Божиќ, Велигден славиме, посебно начинот на кој се слави Божиќ ни е пријатен и на двајцата.
    На времето често одев во црква без повод. Никогаш не му било проблем, неретко и тој влегуваше и палеше свеќи.

    Одамна не се декларирам како православна, туку како агностик, а од скоро и тој.
    Не сме имале проблеми околу ова.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.150
    Не знам шо тип сум ја? Не „сакам“ попови и такви ствари и не сметам дека морам да почитувам црковни правила за да бидам верник. Едноставно, си имам посебна комуникација, интимна верба во Господ.
     
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.607
    Пол:
    Женски
    Моите се верници, а дм е агностик кој сака да практикува некои традиции (за Божиќ, Велигден). Моите не се некои хардкор верници туку типични верници што едноставно веруваат бидејќи тоа им го пренело семејството.
    Е сега, не ми смета практикување традиции за Божиќ, Бадник, Велигден чисто ради носталгија. Немам никакви религиозни чувства.
    Дм е средина најмногу ради што неговите си се така повеќе религиозни. Би прифатила венчавка в црква само ако тој многу сака, ама мислам дека би повлекла линија кога станува збор за дете за тие големи молитви, крштевка.. Не би сакала мало дете кое уште не е свесно дека постои да го воведувам во религија, сакам да си избери само кога ќе е полнолетно.
    Доколку еден партнер е атеист а друг верник (или агностик) сметам дека треба да се направи компромис што ќе се практикува а што не, за да би било фер за двајцата. :)
     
    На WildMk и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Женски
    Да речиме партнерот ќе се согласи за детето. Дали сметаш дека вашите фамилии би се согласиле? Дали си спремна на некој начин да ги прегазиш своите ставови како малцинство, само за мир во куќата?
    Најчесто кај венчавки и крштевки настанува конфликт кој не знам на кој начин би се решил, бидејќи компромис значи едната страна да е помалку задоволна.
     
    На WildMk и Amellie13 им се допаѓа ова.
  16. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    2.062
    Пол:
    Машки
    Добра дилема, и тоа практична. Сакав да кажам, прашањето ти е баш луцидно.
     
    Последна измена: 13 март 2021
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Реално ако партнерот се согласува и дојдете до заеднички став, нема што фамилиите да се согласуваат или не.

    Да, ќе негодуваат, ќе ствараат притисоци и драми. Ама ако не зависите од нив на ниеден начин, ќе си се држите до вашиот став со партнерот. Мора да поставите граници. Мир во куќа за кого? За сите освен за вас.
     
    На Luminary, Ugly Duckling и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.607
    Пол:
    Женски
    Фамилиите мислам дека нема да се согласат, ама ако партнерот стои зад мене за компромисот што сме го направиле ќе треба да се помират и тие.
    Не е тој баш верник и мислам дека не би му сметало некоја традиција да не ја направиме.
    Ама ќе видиме, не знам сигурно како ќе е, ова се само претпоставки.
    Но сосема разбирам ако некој атеист не можи да е со верник или обратно. Во најидеална ситуација би ми одговарал атеист ко мене, ама тој има многу други карактеристики што ги сакам и ми одговараат така да не ми е многу битно.
     
    На Ugly Duckling и WildMk им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Кога се стапува во брак, се' може да предизвика конфликт меѓу фамилиите.
    Најбитно е партнерите што ќе се договорат и да тераат тие како што сакаат.
    За маани, ќе наоѓаат и двете страни... trust me.
     
    На Luminary и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Детето се крштева додека е мало, нема ни да се сеќава на тоа, ниту пак ќе се чувствува вовлечено.Како и да е подоцна ќе си избере што сака, без разлика на крштевка или одење во црква.Кај нас тие работи се применуваат традиционално, не дека сите се големи верници.