1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеисти

Дискусија во 'Религија' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Имам кажано дека идам од ултра религиозно семејство и некако низ сите дома и во пошироко семејство сум црна овца. :sweat: Градуирано "излегов" дека нели не вервам, долго време мислеа дома дека само не практикувам религија, пошто не им беше замисливо едноставно не вервање. Сега не збораме за то. :wasntme: Скокотлива тема е и за мир во куќа не ми е проблем да не кажам и поп ко ќе дојди дома да станам и да слушам молитвата. Впрочем не ми е проблем да зборам со некој религиозен и да ми кажва зошто верва, сакам да слушнам. Не ми е проблем да обавувам обреди зошто религиските обреди ни се поврзани со културолошките обреди. Ја сакам културата и традицијата и кога прам работи, ги прам од тој аспект. Вапцам јајца пример јер ми е ќеф и оти ме носи во време кога бев мала и го праев заедно со мајка ми. Барам прочка од баба ми зошто цел живот сум одела за Прочка в село. Дали мене ми менва нешто? Не. Дали му менва на тие околу мене? Да. Исто и ако случајно имам партнер кој е религиозен, иако често велам дека целам спротивно од то зошто има одредени разлики преку кои не можам да поминам, а веројатно и да помини, нема да ми е проблем да практикувам обреди за да и тој има мир. Мене тие обреди ми се традиционалистички и од таму немаат подлабоко значење. Ама многу добро знам какво значење би имале за него и не би застанала на патот.

    Да би имала истомислен партнер еве пример не би крстила дете пошто не гледам потреба, али некои традиции би практикувала, шо практикувам сега. Не за да му кажам дека ете е православно, туку да си знај традицијата на неговиот народ. Ако сака да е православно и да верва, секогаш можи да се насочи така.
     
    На WildMk и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.717
    Не сум сигурна кои традиции произлегуваат од религијата, пре би рекла присвоиени се од религијата, ако и воопшто таму припаѓаат. На форумот првпат среќавам ,,традиции,, за кои сум сигурна дека врска немаат со религијата а со верата пак ич, ама тоа е, секој си тумачи како сака.

    Не сум растела со некои многу традиции освен божиќ и велигден, атеист не сум, ама сигурно не сум религиозна во смисла на стандардни догми. Граница ми е, дека не би можела да бидам со некој ултраш, и тоа не се однесува толку на уанс-ин-а-лајфтајм евенти како венчавка и крштевка, колку на мајндсетот што го има. Во што сака нека верува, дури не ми праи импакт на животот. Е, има на пример, глупо суверие, не се фрлало ѓубре ноќе:^) (facepalm), ама па не е тоа животозагрозувачко и нема врска со вера, има врска со тоа што го научиле како дете. Во принцип, со ултраш ни на прв муабет не би се погодила, па шансите да имам таков партнер се еднакви на нула. Рецепт- знај си ги границите, јер нема разумен компромис:).
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Ако се случи да стапувам во брак секако нема да има цркви инволвирано, за крштевање да не правиме муабет. Не ми е битно толку верското значење на тие работи, за мене немаат значење. Повеќе ми е за тоа што сметам дека црквата како институција е штетна и би било чудно и лицемерно ако одеднаш решам да фрлам пари таму и да финансирам попови. Иако некој друг сосема коректно би можел да каже дека не сака да учествува во симболичната индоктринација на неговото дете. И тоа има смисла.

    Што се однесува до обичаи и традиции, не ми пречат толку. Би ги задржала детските обичаи што немаат допирна точка со религија, како китење елка, лацкање сега за Прочка, баш интересни спомени имам со братучедите од тоа. Мислам дека не е паметно да се изолираат децата од буквално сè што е поврзано со религија, така само контра-ефект ќе се постигне. Како дете бев ептен религиозна, и тоа многу повеќе од моите дома, па еве ме сега. :D Не се толку влијателни обичаите на децата.

    Инаку, кога се работи за конфликти, од старт не би била со некој ако постои простор за конфликти во врска со ова. Не дека мора да е атеист, има еден куп верници што расчистиле со организирана религија.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Хај имам прашање, ме мачи... Религиозна сум но имам пријатели атеисти, меѓусебно се почитуваме и тие секогаш имаат време за моите гледишта и јас за нивните.. Квалитетно го поминуваме нашето време и никој на ништо не сили, не присилува, значи со мнг љубов си посветуваме внимание, иако нашите гледишта не се совпаѓаат секогаш...

    За жал тука на форумов приметив дека има доста атеисти кои до некој степен се провокатори, поточно кажуваат работи со голема силина и не дозволуваат простор за поинакво гледиште... Тврди се во срцето и се однесуваат со голем потсмев кон религиозните, исто така знаат да бидат мнг нетолерантни... горделиви...

    Дали тоа е во ред во вашите очи? Може ли да се оправда тоа однесување или во вашите кругови се толерира бидејќи верувате во едно исто?.. Јас како бивши спиритуалист никогаш не се дрзнував да потсмевам некоја религија, дури кога силно ја практикував источната медитативна филозофија...
    Исто така тој период мојата блиска пријателка која е мнг религиозна со најголема почит се однесуваше кон мене и моето гледиште кое воопшто не се поклопуваше со нејзиното...

    Значи сум била и од двете страни па не сум искусила нешто вака...

    Можеби сум lucky што имам такви пријатели па не треба да очекувам од другите истиот начин на дискутирање?.. или премнг барам од форумов? Можеби дека со моите пријатели лично се знаеме па негуваме такви односи, а тука анонимноста ни дозволува секакво однесување?

    Можно е лошо да сум проценила, исправете ме ако грешам ве молам

    Исто така не го оспорувам моментот дека постојат и христијани кои се невкусни во нивното однесување и зборување и дека силат некои работи... Ве молам за разбирање, значи конкретно зборувам за мал дел од атеистите кои ете невкусно провоцираат и со потмсев искажуваат навредливи содржини....
     
  5. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Тоа што сега ни се случува се случувало и во минатото и биле исмевани тие што веруваат во Бог. Во моето опкружување атеистите се исти како што ги опиша поедини членови од форумов, секоја чест за другарка ти. Ретки се луѓето кои почитуваат друго мислење, а камоли различно гледиште на религијата.
     
  6. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    41.686
    Пол:
    Женски
    Не знам за форумот, тргнувам од себе. Како што не сакам да сум нарекувана сатанист ако сум атеист, како што не сакам да ми се наметнува туѓото видување на работите, гледам така и да се однесувам.
    Имам другар кој е верник и кога ќе се спомни темата, често бара начин да ме преобрати и да докажи колку тој е во право, имам и некои роднини кои се ептен верници и кога ќе се сретневме секој разговор беше лекција, знаев некогаш и да преречам, нели да си кажам мое мислење и одма ме гледаат наопаку.
    Искрено не гледам зошто и едното и другото да претставуваат проблем, како што не е битно дали сум стрејт, дали сакам дете, колкава ми е платата така не е ни важно дали сум атеист. Разговор и разменување мислења почитувам, осуди, навреди, лекции и превртување очи, не.
     
    На Matotheja, Biljarkata и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Мислам дека клучниот момент е тоа што сме на форум и не владее комплетно иста атмосфера како во живо. Во живо ретко се спомнува таа тема, и од моето искуство, најчесто кога се спомнува муабетот е повеќе шала отколку сериозно дебатирање.

    Секако има исклучоци и од двете страни, ама јас лично не започнувам со натегање, надмудрување и аргументирање ако тој со кој зборам не настапи со некои ,,храбри" изјави. Ама како што кажав, ретко е тоа, обично муабетите се во добар дух. Пак зависи и со кој правиш муабет. Не негирам дека има наметливи атеисти од типот што викаат докажи кога ќе им кажеш Христос воскресе. :D И мене ме маваат кринџови кога ќе слушнам некој таков.

    А на форум е друга приказна. Примарно сме тука да дискутираме, и не гледам поента да застанеме на let's agree to disagree, зашто така празни ќе ни се темите. :) Е сега тонот на дискусија зависи од 100 работи, најмногу е индивидуална работа би рекла. Нема тука многу разлика меѓу атеисти и верници.
     
    На Bezimenka90, theowndemon, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Форум е ова.
    Не ти се сите пријатели.

    Изнесување ставови е целта на форумот.
    И нормално е да не мислиме сите исто.
     
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    @KittyAgnes на анонимен форум секако повеќе сила земаат луѓето, па ќе сретниш безобразни атеисти ама и безобразни верници. Тоа е до карактер, не до нивното (не)верување.
    Можат да се водат цивилизирани дискусии без навреди или наметнувања на своите сфаќања на спротивната страна. Иако осетлива тема е, треба колку што можиме да се трудиме цивилизирано да дискутираме без потсмев и сарказам.
    Јас како атеист не се сеќавам намерно да сум навредила верник, не ни ги наметнувам моите сфаќања како што не сакам да ми ги наметнуваат мене нивните религиозни верувања. Обично моите мислења се против религија и бог како концепт, не против верниците лично. Сметам дека секој има право да верува или да не верува и да не биде осудуван ради тоа.
    Во мојот тесен круг на пријатели има и верници и атеисти, верувала или не никогаш не се случило да се препираме на таа тема, едноставно се прифаќаме такви какви што сме. :)
     
    На Biljarkata и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Верувај дека и коментари без навреди ги има доживеано како навреда.

    Сите субјективно ја перцепираме реалноста.
     
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    И тоа е точно. Ми се случи еднаш да коментирам на една статија на фб мое гледиште без притоа директно да навредам некој (а никогаш не коментирам), неколку верници ми реплицираа во смисла "господ да ми простел не сум знаела што зборувам", "ради таквите како мене полошо од корона требало да нѐ снајде" и сл. А мислењето ми беше нешто во смисла дека религијата не треба да се наметнува туку да имаме избор дали ќе следиме некоја религија.
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На Luminary, Lella, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Атеисти како атеисти ги прифаќам како нормални луѓе.
    Се до оној степен додека не почнат да провоцираат. "Шо веруваш во глупости тоа не постои, шо си стаил тоа крстот демек ќе ти помогне нешоу животот, уше една икона да стаиш на рака и ќе се смеам, шо ако постиш" и ред дилиндарски ствари.
    Тогаш настапувам јас на сцената и се дешава скандал.

    Верувај во што сакаш, како сакаш, не се наметнувај.
     
  13. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Иако реалноста знае субјективно да се доживее сепак провокаторски навредливи содржини се препознаваат одалеку.... верувам дека се разбираме :)
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Друг пат кога ќе се чувствуваш навредена, цитирај и посочи што е навредата.
    Сигурна сум дека за се' можеме да се разбереме.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    А јас па немам никаков проблем со никоја религија, ниту со нивните учења. Проблем се дел од верниците.

    Ако некој сака да живее според тоа што пишува во некои книги, во ред. И голем дел така живеат без да ја наметнуваат религијата врз други. Проблем настанува кога таа религија што ја следат лично сакаат да ја наметнат на сите околу нив и цело општество.
     
    На Asparagus, Biljarkata, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Фала за разбирањето, јас лично не се чуствувам навредена само сум растажена од вакво однесување и морав да прашам бидејќи како што пишав погоре моето искуство со атеисти е позитивно па затоа бев во мисла :) не сакам да посочувам никој со прст, луѓето што имаат воља ќе се препознаат и ќе се корегираат сигурно :l::inlove:
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Воглавно она шо кажа Лела погоре ама има и друг момент. Мислам дека едната страна е провоцирана од другата и обратно, мислам иако одамна сите ги памтиме религиските војни тука. :rofl: На јавно место полесно е да се најдат нетолерантни од двете страни па да се фатат за врат. Ирл немам некој голем проблем со религија, јас сум толерантна за туѓото, ама туѓото уште се навикнува на моето и ми вели дека нема да ми е спасена душата. :)

    За разлика од порано тука е многу потолерантно. Мислам дека сите кои читале некоја година наназад ќе се согласат. :D Ама пак не е сеедно јер е сензитивна тема и еден да подбуцни, од било која страна, дури и тие кои не би подбуцнале се наоѓаат навредени и реагираат па се створа некоја хостилност.
     
    На CameliaMiller, Lella и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Ајде сега, тука на форумов 90% од времето кога ќе се напише нешто со намера за навреда, тоа е, не дека другите лично сфаќаат.
    Посебно во категоријава за религија е многу истакнато бидејќи одредени луѓе имаат God complex.Ќе напише некој нешто и одма доаѓа тајфата да му објасни зошто е глупо неговото верување и да го исмее максимално.
    Не зборувм за сите, има фини луѓе, има и обратно од тоа.Затоа ја разбирам членката што сака да каже.
    Ама како што кажа Amellie, сите на (колку толку) анонимен форум имаат поголема сила.
     
    На WildMk и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Вистина е... и сум била мета на чопоративни напади и сум учествувала во нив.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    И? Научи нешто од таа лекција?