1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеист во Македонија

Дискусија во 'Религија' започната од Anon, 8 мај 2016.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Во однос на одговарањето на честитка за некој верски празник, јас тоа не би го нарекол пичкарско понашање, туку како што реков – едноставно културен одговор. Од друга страна, културен одговор би бил и твојот „Извини, не сум верник“ или „Извини, ама јас сум атеист“. Разликата е во тоа што вториов одговор најверојатно би предизвикал awkward ситуација и можеби би покренал понатамошна дискусија на темава. Јас лично не сакам да влегувам во дебата за христијанството и за постоењето на Бог со секој кој ќе ми рече „Христос воскресе“, но ако ти имаш време, волја и нерви за тоа – слободно можеш да го правиш без да чувствуваш вина поради тоа.

    Види, одговарањето на честитки за верски празници и почитувањето на некои религиозни традиции и обичаи е нешто многу поинакво од криење и лажење. Ако ти си искрен со самиот себе и отворен кон другите во однос на твојот атеизам, тогаш не може да стане збор за криење или лажење. Ако и покрај тоа што си атеист одлучиш да практикуваш некои обичаи како вапцање јајца, правење лепче со паричка, палење свеќи во црква и сл., тоа нема да те направи ниту помал атеист, ниту пак лицемер.

    Во однос на другите работи како венчавки, крштевки и сл. – прво, лично не верувам дека може да опстои врска помеѓу атеист и вистински посветен верник – едноставно, тука се работи за премногу различни размислувања и погледи на светот.

    Од друга страна, ако твојата идна сопруга знае дека си атеист и тоа не и пречи, но сепак е нејзина желба да се венчате во црква, ти можеш да се сложиш со ова или пак, да одбиеш. И едното и другото е океј. Ако на ова гледаш како на компромис или едностано на чин со кој ќе и угодиш на сопругата, тогаш слободно и можеш да го направиш без да се чувствуваш како лажго или како лицемер. Ако пак, не се чувствуваш пријатно со венчавањето во црква и сметаш дека би било лицемерно, тогаш нормално не треба да го направиш. Но, тука повторно се работи за личен став и чувство.

    Јас веќе за себе реков дека не се кријам и, според тоа, не сметам дека глумам. Во црква не планирам да се венчавам ниту пак да си го крстам детето. Од друга страна, сакам да го информирам и научам за сите религии и ќе му дозволам само да си ја пронајде својата религиозна определба (или неопределба) во текот на животот. А што се однесува до настанувањето на космосот, Земјата и луѓето, веќе и многумина верници и христијани ги имаат прифатено објаснувањата на науката за овие прашања, па мислам дека ова нема да биде никаков проблем.

    Како и да е, според мене најважно е секој сам да си донесе заклучок и одлука во врска со постоењето на Бог и вистинитоста на религијата. Се што е присилно наметнато од страна на родителите, било да е религија или атеизам, не чини.

    Инаку, @EvAngelos, се сложувам дека повеќето родители, свесно или ненамерно, им ги пренесуваат, а во некои случаи и наметнуваат своите ставови и размислувања во животот (религијата е само еден аспект на ова). Колку и да се трудиме, сепак личните убедувања и предрасуди се наразделен дел од секој од нас, но доколку сме свесни за ова – треба и да се трудиме да му се спротиставиме.

    Секој родител треба да цели своето дете да го изгради во независна индивидуа, способна за критичко и рационално размислување и способна да носи сопствени одлуки и свои избори во животот, а не со своето воспитување да се труди да направи сопствена копија, со исти ставови и светоглед.

    @Lella, баш ми е жал што поради твојот атеизам си неприфатена и осудена од средината. Не знам, не се сеќавам баш како било кога јас сум бил на твои години, ама сигурен сум дека не било до толку лошо. Мислам дека порано религијата не беше толку голем дел од животот на сите, односно се сметаше за нешто лично и приватно, па ретко кој и јавно зборуваше за својата религозна определба. Но, генерално, не се сеќавам дека атеизмот бил нешто што си морал да го криеш или нешто од што би требало да се срамиш.

    Во секој случај, тоа што својот атеизам не го искажуваш отворено или тоа што, условно речено, сеуште „глумиш“ дека си верник пред семејството и блиските, не го сметам за кукавичлук или лицемерие. Тоа е нормална човечка реакција – како што хомосексуалците ја кријат својата сексуална ориентација во хомофобични средини, така и атеистите ја кријат својата религиозна определба во силно религиозни средини.

    Верувам дека нема секогаш да се чувствуваш вака – кога ќе излезеш од затвореноста на сегашната средина, било да е тоа во средно или на факултет, сеедно – ќе се сретнеш со нови луѓе и сигурно ќе најдеш истомисленици, а во најмала рака, луѓе кои нема да те осудуваат поради тоа што имаш поинакви ставови од нив. Во секој случај, не би требало да се срамиш од сопствените ставови и размислувања само затоа што не се поклопуваат со оние на мнозинството.

    П.С. Јас себе дефинитивно се сметам за трагач по вистината, со тоа што сметам дека каде и да лежи таа, дефинитивно не се наоѓа во религијата. :)

    П.П.С. Во однос на она што го гледам на форумов, можам да кажам дека атеистите се потолерантни од верниците. На пример, ако атеист се дрзне да напише атеистички, скептичен или можеби „богохулен“ став или постави такво прашање во некоја религиозна тема, веднаш сите му се нафрлаат зошто он како безбожник воопшто пишува на теми за религија.

    Од друга страна, во атеистичките теми, верниците водат религиозни дискусии со атеистите, а и меѓу себе, со цитати од Библијата, со све. Да се разбереме, не дека ова ми смета - него го пишав чисто како опсервација на генералниот менталитет на едните и на другите. :)
     
    Последна измена: 12 мај 2016
    На candy.cane, kravce, kim.k и 8 други им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    добра опсервација :)
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А јас па не знам што толку се замарате со тоа кој што ќе рече и дали ќе ве одбегнуваат.
    И јас не се расфрлам наоколу со тоа ама кога ќе дојде муабет нормално си спомнувам дека не верувам во Господ, на обожавам одење по цркви, палење свеќи итн итн.
    Конкретно во Македонија каде што 90% од народот е проста маса, секој тоа на свој начин си го сфаќа и разбира.
    За мене не е ништо страшно, секој си има право да си верува во што сака. Секоја нација, секоја религија, секој празник го почитувам, нема ништо лошо во тоа.
    Криви погледи, префрлања и одбегнувања имало и секогаш ќе има, битно е вие да си знаете колку вредите. Освен тоа верата никогаш не е била мерило за тоа кој каков човек е.
    А за мене најмалку се верници оние кои одат во црква (едвајј) еднаш годишно, оние кои ни не знаат како изгледа библијата и ред други работи да не набројувам.
    За себеси нема да кажам баш дека сум атеист ама не верувам во Господ, од проста причина што сметам дека религијата е таа што ги дели и отуѓува луѓето. Колку пријателства и љубови завршиле под изговор "друга вера е".
    Тоа е мое мислење со кое не мора и да се согласите.
     
    На Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Мислам дека денес во Македонија е поприфатено да бидеш атеист отколку верник (или пак јас сум во такво опкружување, не знам).
    Еве од аспект на верник, знаете колку пати ми имаат кажано дека сум ненормална што постам или што одам во црква?! Денес е многу по "нормално" да си атеист отколку верник, сите те исмеваат дека веруваш во некој "дедо горе".

    Мој став е дека твое право и избор е дали ќе веруваш или не, го почитувам тоа и не ти се мешам. Не планирам да те убедувам и да зборам зашто треба да си верник, исто како што ти не треба да ми држиш предавање за да бидам атеист. Нема да ми го смениш ставот исто како што јас нема да го сменам твојот, it's pointless :)

    Инаку мислам дека повеќе од "верниците" одат во црква ради реда, пошо така останало, а не затоа што стварно веруваат. На некој начин и тие се атеисти само што уште не сфатиле.
     
    На Rama, Orthophill и Gerbera им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam, @Bender Rodriguez ве разбирам. Имате право, овде на форумов никој не престанал да зборува со мене затоа што сум атеист, и тоа го ценам бескрајно. Веројатно е средината во која јас живеам, и најверојатно, возраста, како што рече Глам. Сепак, наставникот со рамната Земја кога му кажав дека не верувам во Господ, не почна да се кара со мене и да ме нарекува со секакви зборови за разлика од соучениците.

    Мене лично не ме интересира кој во што верува, секој може да верува во што му душа сака, тоа мене не ми е никаков проблем или пак фактор од кој ќе ми зависи дали ќе продолжам да се дружам со таа личност.
    Но, на моите соученици очигледно им е фактор, и тоа како.
    Сфаќам дека не треба да кријам во што верувам и дека не треба да го кријам тоа што сум, но не додека сум опкружена со луѓе кои не можат да го прифатат тоа. Вам не ви се верува дека е така, но верувајте, така е, знам, бидејќи пред некое време и самата бев таква, среќа повеќе не сум шестоодделенка со затворен ум која носеше дрвен крст на вратот и амајлии за среќа.

    И со ова не велам дека никој верник не е слободоумен, туку дека околу 70% се плашат од атеисти. Барем овие моиве. Не ми се има случено еднаш или двапати да се скарам со некој поради ова, па затоа сега засега не кажувам на никој дека сум атеист. Понатаму, да.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.745
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не е тешко да си, во случајов атеист, во држава каде се „поздразбира“ некој да има одредена религија. Едноставно неможиш да се декларираш и да бидиш нешто ако ти тоа навистина не го чувствуваш - пример да веруваш, а едноставно имаш поинаков став. Познавам многу атеисти кои буквално случајно сум дознала да се атеисти и искрено не ме засега. Имам пријатели со кои можам цел ден да зборам и никогаш на никој ништо да не му преречат. Значи имам пријатели православни, католици, муслимани и атеисти и сите заедно излегуваме и зборуваме за религија и нема никакво наметнување на ставови, туку само кажување на лично мислење и зошто кај себе е така како што е и како јас мислам.
    Збор како „твоето не е точно“ и „ај докажи“ ми се некако ... некултурни ако би да зборам со пријател, па и со кој било друг. Во шо верваш - твое е, сакам да знам зошто, сакам да научам како е, ама твое е. Ако не веруваш - пак, сакам да знам зошто, сакам да научам како е, ама твое е.
    Барем во моето опкружување има многу атеисти и никој не ги гледа на криво зошто се такви. Па ни тие не му викаат на некој верник зошто се такви (пр ако постат, напротив дури се охрабруваат меѓусебе за она во што веруваат, а не да го наметнуваат своето).
    @Lella средно си? Јас па во средно (основно не беше толку „ин“ темата), имав голем % професори кои отворено имаа кажано дека се атеисти во различни прилики. Ама и тој како професор нема право да те нарекува со погрдни зборови само зошто ти си избрала нешто, патем и ученик му си. :( Патем мислам дека помладите генерации се полиберални и поотворени кон различности него постарите (пример професорот твој нели ... )
     
    На Anon и Victorian им се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Ги почитувам сите религии , и атеистите ги почитувам , секој има право да верува во што сака и точка !
    Имав две професорки во средно , и беа на потсмев од моите соученици ( им цртаа на табла крст , и ги "зафркаваа"" кој е твој Бог и итн) , еден мој соученик ја праша професорката зошто не веруваш во Господ ( другаров беше муслиман) , и она му одговори :- Додека не го видам нештото со свои очи , не верувам во ништо!
    Тешко е во оваа држава со овие конзервативни мислења , секогаш било тоа оговарање и потсмев , со што јас лично не го оправдувам!
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Ако видиме нема потреба веќе да веруваме,ќе знаеме.
     
  9. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Оди и тоа како. Им вракам Среќни празници.
    Ми велат, се вели навистина воскресе.
    Им вракам: Во ред, ама јас не верувам до тоа. Зошто да кажам така.
    е безбожник ли си, вракам, можеби не знам. едноставно не верувам дека некој воскреснал.

    Едноставно не ми треба религија за да знам зошто сум овде.
    Може активните членови на форумот да ми кажат, затоа сум во групата на Вештачко оплодување, бидејќи сум безбожник (атеист).
    Да, можеби. Ама 97% од останатите членови со мене се верници, така да, секако нема смисла.

    А мислам дека не можеш да бидеш почитувана јавна личност и искрено да си кажуваш што мислиш на тема религија (пример политичар).
    На тема Америка,... они се единствените ем побожни, ем богати.

    Одлично видео каде што вели една од причината земјите да бидат сиромашни е религијата.
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Hекои се напнуваат за поздрав што се кажува еден ден во годината, а толку атеисти за се нешто си викаат „Боже“, „машала“ и слично без проблем.
     
    На zhap4e и Anon им се допаѓа ова.
  11. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Е ај кажи им де.Некого му пречи побожен поздрав,му пречи и молитвата тоа го пржи и бега.
     
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Вчера ме фати дожд и настинав, сигурно и тоа е дар од Бога. Сугурно сакал да ме казни со тоа, си начекал пригодна прилика. :D
     
    На Papillon.Papi, ell, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    Дали сте отворени атеисти?
    -Да

    Дали слободно го кажувате тоа без страв од последици?
    -Да. Подобро да се борам со тоа што сум, а не да изигравам нешто што не сум заради некоја замислена илузија како пример стравот или наводните последици ( стравот и последиците си ги зацртуваме во глава уште пред да се случи нешто).

    Дали имало последици од тоа што сте се претставиле како атеисти?
    -НЕ. Барем јас не го гледам како последица идиотизмот на судењето.

    Дали мислите дека во Македонија има предрасуди кон атеистите како група?
    -Сегде има предрасуди за се...

    Дали мислите дека отворен атеист може да биде успешен политичар на пример и дали народот би го гласал?
    -Во Македонија според начинот на размислување на 90% од народот, не дека се верници, нема шанса, барем не засега кога на народот најмногу им е потребно некој да попува за верба итн.

    Дали одите во црква, дали палите свеќа, дали се венчавате во црква, дали правите крштевки, дали викате христос воскресна/се роди кога одите на гости за празник ако воопшто одите? ИТН ИТН ИТН
    -Хахаха не. Малку и мие смешно цела таа замисла, без разлика за која религија се работи ме потсетува на времето кога индијанците се молеа да заврни дожд.

    & секој како изградена личност има свое размислување, никој не смее да дозволи да е осудуван поради тоа што е. Најглупаво е да се правиш нешто што не си, нели тоа не е среќен начин на живот. Сите кон сите почит затоа што е добра личност ( не затоа што бакнува икони или не вели христос воскресе).
     
    На blond.bunny и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Да. Сѐ. Сѐ е од Бога. А за другото - фала Богу за сѐ.
     
    Последна измена: 13 мај 2016
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Вo Мaкедoнијa секoјa религиoзнa oпределбa штo е рaзличнa oд трaдициoнaлен-гoрд-прaвoслaвен-штo-oди двa-пaти-гoдишнo-вo-црквa е oсудувaнa oд некoи нaрoдни мaси.
    Акo си пoбoжен, oдиш редoвнo вo црквa, живееш пo прaвилaтa нa Библијaтa си зaбегaн, aкo не си прaвoслaвен, нa пример евaнгилист, ти си сектaш и нoвoверец, aкo си aтеист тoгaш си сектaш и сaтaнист, кaкo мoже дa не верувaш вo Гoспoд и тaкa нaтaкaј...
    Oгoвaрaчите зa секoј нaoѓaaт нештo дa преувеличaт, мислaм декa oвa не е некoј сериoзен прoблем.
    Имaм слушнaтo мнoгу глупи муaбети зa aтеисти и мене пoвеќе смејa ме фaти oткoлку дa се пoчувствувaм зaгoрoзенo. Нo сепaк секoј си имa рaзлични искуствa, мене чуднo ми дoјде oд нештo штo прoчитaв.
     
    На Someonespecial, theowndemon, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Видел aтеист и пoчнaл дa плaче. ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Тоа што подеднакво се застапени и религиозни и атеисти на темава кои искусиле не многу убав општествен третман, говори колку е се субјективно и дека вистинскиот “грев„ во вакви средини е да си поинаков. Тоа е благодатта на слепото следење на разните теории за колективитетот и поттиснувањето на богатството на индивидуализмот. Сите се групираме во одредени категории, сите сакаме да припаѓаме во некоја група на истомисленици, но на крајот на денот, сите покажуваме и ситни фрагменти, својствени само за нас самите. Е таков ситен фрагмент го претставува зрното грашок под 50 душеци и 50 перници кое толку смета зашто ни е страв да се соочиме со него бидејќи не можеме да го поставиме за основа за некаква група.
    Имаме потреба и за дејствување во колектив и за индивидуално творење. Тоа е нашето богатство, без кое било од двеве би биле посиромашни.
    Не мора секоја различност да ја разбереме 100%. Доволно е да имаме колку-толку респект.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Camiina606

    Camiina606 Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Атеист сум. Мојата фамилија си празнуваат христијански празници јас не, едноставно не верувам во тоа и не одам во црква. не палам свеќи итн..
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Кои атеисти во Македонија? Јас атеисти не познавам, освен вака на форуми што ги читам. Све се надвор побожни овци.
     
    На Anon, Ketchup и Vitaly им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Поголеми верници од нас се какви атеисти, особено тие од форумов.. Да не започнеш тема или дискусија за религија, нема што не знаат. Атеисти хахаха а кога ќе загусти ''Божеее помагај'' :)
     
    На Rama, Bitter-Sweet и Prijatelot им се допаѓа ова.