1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеист во Македонија

Дискусија во 'Религија' започната од Anon, 8 мај 2016.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Во право си за тоа "нема што не знаат". Всушност атеистите подобро ги познаваат и ги имаат проучено повеќето религии и од самите верници. Атеизмот е свесен избор/одлука баш поради тоа што увиделе дека било која религија не нуди соодветни одговори, секогаш постои нелогичност или недокажаност.
     
    На MackaVoCizmi, Angie.sec, Zlatna12345 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Во право си до некаде но не сите атеисти ги познаваат религиите. 99% од атеистите што ги знам станале атеисти бидејќи Бог не им помагал, тоа беше нивниот одговор. Религијате не е книга енциклопедија па туку така да биде логично и докажано. И самата религија вели за да ја дознаеш вистината и пронајдеш спасение верувај. Секоја чест на оние правите атеисти кои не делат часови по религија на верници и кои не се молат на Бог кога ќе загусти. :)
     
    На Rama, Bitter-Sweet, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, не може да се генерализира. Секој има свои причини и образложенија. Мене веројатно умов ми е премногу научен за да бидам религиозна. Читам религиозни книги, ама гледам на нив како на литература, интересно е да се видат различни толкувања но и да се увиди колку всушност на пример христијанството и исламот се слични, што на пример не можат да го увидат т.н. верници кои во живот не отвориле Библија, а камоли пак и Куран.
    Ама мојот став е моја работа, и не сметам дека треба да го правдам или пак да ми е мисија некого да преобратувам :)
     
    На XMaN, Victorian и Vitaly им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не не не реков за тебе туку ќе се препознаат тие атеисти што делат часови по религија.
    Немора да значи дека научен ум не може да биде религиозен. Не не се исти дефинитивно,сличности има, но Христијанство и Ислам се две различни верувања, две различни религии, два различни света (не во буквална смисла) На пример Христијанството главно се базира на љубов, спрема ближните, спрема Бога..
    Исламот учи на праведност, покорување... Незнам колку ќе ме разбереш, незнам ни дали можеш ако си атеист. Инаку прочитаните религиозни книги нема да направат верник никого, религијата е далеку повеќе од една книга. :)
     
    На Rama и LollySky им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Атеистите во мкд можеби пред законот ги уживаат сите права како и останатите граѓани, ама се дискриминирани од средината. Или нешто им фали, или од фрустрации станале неверници... така е според другите. Да не зборувам како се приморувани да испочитуваат против своја волја банални обичаи, па црковни тарифници во најтешки моменти, само затоа што некој близок што мораат да го закопаат се чувствувал како верник или бил едноставно приврзан кон традицијата.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Се сложувам. Овде те гледаат како чудак, секташ, не знам што, и веднаш те убедуваат и се обидуваат да те ''освестат и преобратат". Се подразбира дека сите Македонци се православни, сите Албанци муслимани итн., воопшто и не оставаат простор за нешто поинакво. Дискриминација, осуда и предрасуди.
     
    На Anabelle.Amorette, Lella, Anon и 3 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Луѓето кај нас кога налетуваат на православни Албанци, не се ни свесни дека остваруваат контакт со Албанци.

    Ама на припадниците на верските или етничките заедници им е полесно. Дел се од поголема група со која се идентификуваат, зад себе имаат цела организација. А на пример, атеистите се поединци, секој сам за себе, и психолошкиот притисок е поизразен.
     
    На Angie.sec, Lella, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Angie.sec

    Angie.sec Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Јас сум хард кор Атеист, имам недоразбиранја со дечко ми околу тоа али коа фино со факти кје му објасниш ќе сфати. Денес ја запалив крштеницата and I'm feeling soo good 8)
     
    Последна измена: 4 септември 2018
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ја стави на фб и на стори како гори? Ако не, ништо :yawn:
     
    На Sanjichka007, Nausicaa, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Angie.sec

    Angie.sec Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    хаха не тоа го направив за лична сатисфакција еден вид на ослободување :D
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако си осеќала некое заробување што таа крштеница постоела, значи сепак си имала некое суеверно шубе чувство што те прогонувало, па си морала да ја запалиш :D
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie.sec

    Angie.sec Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Не туку ме нервираше како доказ за тоа дека религијата ни ја наметнуваат од бебиња ама се шо е насила наметнато кратко трае и те тера на револт. Јас од никогаш не сум го чувствувала бог ни од најмали нозе од кога знам за себе сум Атеист
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ми се допаѓа профилната слика што ја имаш ставено. Таа (атомот) одлично го отсликува атеизмот. Зошто?
    Затоа што зборот атом (а том) на грчки значи не-делив. Ова е една застерена и погрешна научна идеја дека атомот е неделив т.е. дека е најситната честичка што постои. И бидејќи ова е застерена и погрешна научна идеја, токму затоа атомот најсоодветно го претставува атеизмот како гледиште кои претендира да биде синоним за наука, но сепак нема благе везе со неа :)
     
  14. Angie.sec

    Angie.sec Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Тој е застарен симбол сега овој се користи
    https://goo.gl/images/XDphfg
    Иначе за мене Атеизмот како учење има многу повеќе смисла од секоја религија. Ти како се декларираш?
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Јас не сум верник, но искрено ни според мене нема потреба од вакви работи. :D Крштевањето (како бебе) и крштеницата покажуваат само дека потекнуваш од христијанско семејство.
    Еден лист хартија/документ од време кога не си ни знаела за себе, не ти влијае никако на твоите ставови и не треба да те опресира. :)

    Инаку, кај нас сѐ уште има многу скептичност, неприфаќање и генерализации за атеистите, негирање на нивните морални вредности и тврдење дека го имаат тој мајндсет само поради трендови. Ги има од постарите, но за жал и од млади луѓе.
    Од друга страна пак, треба да бидеме благодарни што сето тоа е сведено на неформална осуда од игнорантни луѓе, а живееме во земја каде иако политичарите максимално ги користат чувствата на хардкор верниците, сепак религијата е одделена од законите.

    За тоа како лично се однесувам... Ја одбегнувам во живо темата религија со неприлагодливи верници кои на некој начин ми значат или ги почитувам. Во црква веќе би одела воглавно само како турист, бидејќи ги почитувам како уметност и културно наследство. А празници честитам на верници со убави желби и враќам на традиционални празнични поздрави - тоа го сметам за дел од манири и го гледам како честитање родендени, или пак на пример како кога сум честитала празници и на пријатели муслимани додека сум била верник (на еден стрип имаше убаво напишано, и сите верници се 99% атеисти - од сите тие божества и верзии на религија, веруваат само во една :wasntme: ).
     
    На Avery, Rebecca_R, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Angie.sec

    Angie.sec Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Јас искрено на крштевањето глем како на неправда извршена на мало дете кое уште не е свесно што му прават нека го остават да одлучи само за своите гледишта кога ќе е доволно свесно тоа разумно да го направи и сум строго против секаков верски обред правење на деца крштевка, сунет... А кога станува збор за тоа како се гледани Атеистите во државава тоа е тотална дискриминација нели секој има слобода да ја избери својата верска припадност(погоре што кажав се ускратува со правење крштевки, сунети) во државава сеуште сите религиски припадности не се убаво прифатени уште постои ите како голема доза на скептицијам од христијани за муслимани,атеисти и обратно. Плус секој пред да стане Атеист добро ја проучува верата па ако не најде причина зошто би верувал тек тогаш станува Атеист, што значи дека ите како сме запознаени со религијата. Јас лично го поддржавам христијанското учење за моралот ама Исус го гледам само како некој попаметен од неговата генерација а не како божество порано се што ќе се случело а не знаеле како да го опишат го сметале луѓето за натприродно што денес многу работи научно се докажани како настанале што значи не се волшебни и допрва уште ќе се докажува како што се развиваат науката и технологијата. Згора на се познавам лично многу верници што не се самите сфесни да размислат пред да згрешат туку од после се молат на некој имагинарен лик да им прости. Наравоучение : Паметните мислат пред да направат нешто, а другиве без мозок само си ја тешат совеста. Од ко ќе го убиеш чоека џаба е извини да му речиш. Замислете се малку луѓе гледајте отворено на работиве не само право ко коњи ;)
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    А на православни празници, одите на работа?
     
    На Feminka22, orevokrsacka, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Angie.sec

    Angie.sec Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    А да прашам што бара овде верник? Вие на Бајрам ојте на работа а?
     
  19. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Отвори Закон за празниците и види на кој Бајрам не одат православните, а и останатите немуслимани. Тој Бајрам е неработен ден за сите граѓани, Рамазан Бајрам
     
    На Orthophill и Angie.sec им се допаѓа ова.
  20. Angie.sec

    Angie.sec Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Па за него баш и кажувам зошто и Божиќ и Велигден се државни и на нив сите одиме на работа.