И да има за сите подеднакво празници и се ќе се среди, ама познавајки си ја државата секој шо живее овде знае дека политичарите се прават за пари се продадени души така да воведување ред во оваа држава ќе остане само нешто имагинативно за жал.
Извини ама нигде не ти ја гледам сосила „наметнатата вера“ или последиците од истата. Ништо сосила не ти дале или натуриле, со тоа што те крстиле само ти дале „влезница“ во верата (фигуративно кажано), а дали ќе ја ползуваш и искористиш, зависи само од тебе! Исто како мене во основно што ме запишаа сосила во хор (и тоа се случуваше), а јас не сакав, па после пофалниците што ни ги даваа можевме да ги искористиме за други уписи, ако сакаме. Јас не ги искористив, ама ниту пак ги запалив, ниту сум почувствувала фрустрации од поседувањето на истите, што ги чував во фиока. Така што, мислам дека палењето на крштеницата си го направила од сосема друг порив, од друга причина што нема врска со твојата „вера“, ама сега изгледа не можеш да удриш по магарето, па маваш по самарот.
Што ќе ми влезница ако не сакам? Нема потреба од влезници нели ако не сме заинтересирани за концерт не купуваме влезници. Со крштевката пробуваат да ги "упатат" кон нешто што не го разбираат и пробуваат од мали да им го исперат мозокот тоа е моето мислење за крштеницата а мојата ја запалив како знак дека не сум дел од стадото испрани мозоци
Беше ли на Рамазан пред некоја неделана работа? На сите верски празници? Плаќа ли данок евангелската црква или џамијата?
На сите . Зошто ? Зошто воопшто постојат верски празници дефинирани од страна на државата ? Зарем не сме секуларна држава? Така вели дури и Уставот. Према тоа, со прогласувањето на верски празници за неработни денови, не само што се врши дискриминација туку директно се крши и Уставот.
Не може на сите. Кај нас на работа баш се има десено на колешка католик да не и го дадат Голема Богородица, пошто законски само за православни е неработен. Има разлика од празници неработни за сите граѓани и неработни соодветно за некоја вероисповед. На пример, 25 декември е неработен само за католици, 7 јануари е неработен за сите, без разлика на вероисповед.
Зошто би одбрала на муслимански празници да не одам кога православните имаат најмногу неработни денови?
Значи на работа давате лажна изјава за да користите православни празници? Јас се чудев зошто православни само одите они пресметливост било а не се пишувате власи или срби? Или албанци?
Да де, исто као коа најголемите верници коа идат у Немачка да работат се пишуваат атеисти, за да не плаќаат плус данок.
Јас би се пишала да имаа тие најголем број неработни денови. (Јој идентитетот си го продава за дома да седи на Духовден јој.)
Ако си православен, и плус ако се пишеш србин, покрај православните празници само еден плус ќе ти следува- денот на св.Сава. Не е исплатливо за плус еден ден неработен националност да се менува.
Значи нашите родители ни мислат лошо кога не крштеваат?Чудно баш мислев дека моите ме сакаат сум живеела во заблуда 17години..кога е детето мало родителот одлучува, се до 18та година на папир.После тоа сами.Како мали по непишано правило христијаните се крштеваме а на машките муслимани пример сунет им прават.Не дека сакаат да ,,наметнат" нешто.Непишано правило е викам.Крштевањето е влегување во црквата и прифаќање на религијата, ти после откажи си се ако сакаш.Еве мајка ми славела празници и се чуствувала како христијанка а тек јас кога сум се родила се крштевала.Мисли си дека сите се ,,обучуваат" за религиите пред да станат атеисти хахаха.И ние сме сФесни дека нашите грешки нема туку така да се простат ама во тоа е вербата во Господ. И и имаше пишано ти на една членка ова: Значи форумов е за СИТЕ муслимани, не муслимани машки женски.Темава не е само за атеисти ако е за така треба само овде да си трачарите и ширите пропаганди и во другана тема за атеиси..боже Господе
Верник си колку и останатите верници, кога треба да се гнете печено јагне и да се шљока ко да е смак света, или коа ради празникот има продужен викенд што може да се искористи во Грчка. Ама кога треба да се откажеш од било какво задоволство или да си го нарушиш комодитетот за да испочитуваш православен канон, е тогаш веќе не си. Е тоа значи "се придржувам колку можам". А кога сите останати ќе имаат ист број неработни денови, никој нема да лаже дека е працославен, не се секирај. А дека ти ќе бидеш привилегирана затоа што си верник коа ти одговара, мало морген.
Извини молим те сите сме со крстот на чело знаеш постиме редовно, не се бањаме на празници, не пцуеме, ги почитуваме 10те Божји заповедиЖената бар поштено си кажува дека се придржува колку може.Не глуми нешо шо не е ко пола од вас
На вистински атеист мислам дека не би му сметало тоа што бил покрстен како мал бидејќи атеизмот отфрла секакво постоење на Бог или духовна сила. Сепак гледам дека на повеќето тоа им смета. Како да има нешто што ги мачи а според атеизмот тие тоа би требало да го сфатат само како обично капење. Е токму овие луѓе не се атеисти туку се луѓе слабо запознаени со религијата кои мислеле дека доколку веруваш во Бог се ќе ти падне од небо, и пари и автомобил, куќа, богатство...И поради ова тие ставаат маска на атеист. И пред да ме нападнете само да напоменам дека познавам вистински атеисти, уво не ги боли кој во што верува, дали постои Бог или некоја духовна сила, тие се прави материјалисти.