Кога веќе не се знае како да се исмеат атеистите за нивната наводна недоследност, лицемерие и мода - се посегнува по одмарањето за празници. Оууукеј. Како прво, не би било лошо најпрвин во официјална статистика т.е. попис да се воведе категорија атеисти за оние што јасно и јавно се декларираат како такви, пред воопшто да се зборува за ова. Чисто за информација, кај мене на пример последно пред локалните избори (2017) дојде една девојка од некоја агенција за анкетирање/статистика, во прашалникот имаше и за религиска определба и освен најголемите религии кај нас, на крај имаше - guess what? „ДРУГО“. Како второ, тоа е комплексна ствар, има атеисти кои се само вработени кај газди верници што нормално нема ни да го отворат објектот, има атеисти со верници во семејството кои сакаат само да поминат убаво време со нив заедно. Еј, а со оние што сме уште студенти или пак во основно/средно, а атеисти - што правиме? Ќе треба да почнеме да се собираме сами во празни предавални/училници без професори (и да правиме атеистички ритуали ) во времетраење на цели предавања/часови за да ни се важи, а? И крај краева, иако можеби изгледа како бунтовност и не баш некој силен аргумент, ги поддржувам и овие што рекле едноставно „ни се може“ и поентата дека нема зошто верниците да сте привилегирани. А Ортофил, исклучиво атеистички празници кои би биле на рамниште со верските државни, се тотално нелогична и невозможна хипотеза. Размисли зошто.
јас си кажвам само мое лично мислење и ставови околу темава не мора и не значи дека ќе му се допаднат. Нели секој си има индивидуално мислење. Што мислиш кажи си никој не те спречува затоа е форумов за дискусија.
Тоа значи дека 3та година не постам поради бременост и доење. А гнетење јагне и пиење можеш на мајка ти да и кажеш
Па шо збориш тоаш ,,шо бара верник на темава" Мислам ај.. така ако глеаш овде сме вечином верници и женски значи сите машки и неверници треба да се губите одовде?Боже Господе..
И јас ова од прееска пробувам да го разработам. Еве и тие што одат на работа, како кога работно место воопшто не им ни отвара на тој ден?
И недела атеистите да одат на работа. Господ рекол седмиот ден ништо да не се работи. Да не мислите на работодавецот му текнало да ви даде слободен ден оти е загрижен за вас? Фала на Горниот и за недела и за останати слободни денови.
Постење? Сериозно мислиш дека постот е единственото нешто што треба да го почитуваш, верничке? Има една книга, Библија се вика, прво прочитај ја, па ќе правиме муабет колку се придржуваш до неа. Еве за почеток почни со тоа што ќе прекинеш да ја критикуваш власта, зашто секоја власт е од Бога дадена, а после продолжи со покомплицираните правила, што стварно ќе ти го нарушат животниот комодитет и ќе ти го променат секојдневието. Па после лупај се во гради колкава верничка си. А на мајка ми не можам ништо да и кажам, верничке.
Демек па тие што ја прочитале и строго се придржуваат до сите правила, отепани верници се. Попрво би се степале со некој што не е како нив.
Пиши уште еднаш ,,верничке" и ќе ја просветлиш Дојди молим те испрскај ме со света вода грешна сум, имам прекршено од 10те Божји заповеди, не постам, не одам секоја недела во црква но сепак се молам на Господ и сум му благодарна за мнооогу работи.Или па запалете ме шо знам?И оваа глупост дека е власта од Бога дадена...властта е ОД НАРОДОТ за НАРОДОТ.Не знам во кој век живееш ама во Македонија владее демократско општество.А во 21ви век само во Исламот политиката се поведува со Куранот, ова се учи социологија 2ра година.Кој знае знае кој не еве нека се образува малце.Не туку ширете пропаганди и дезинформации лошо го учите народот.
Па незнам дали од инат живеете ама упорно се вергла за тие празници. И сами знаете дека за Велигден, за Божиќ, за Бајрам никој не работи без разлика дали сте атеисти или верници. Ама ете проблем било националните празници. Никој не ви е виновен за вашата националност, а и барем сега е лесно, може да си ја смените на хартија. Ама упорно се пумпа верниците па религијата, верниците па религијата, како за вашите проблеми да сме виновни.
Мислам дека си се збунил нешто. Не верувам дека некому би пречел неработен ден, без разлика дали потекнува од христијанска, муслиманска, будистичка, или некоја четврта религија.
Мене некако насловот не ми е јасен, што има врска атеист во Македонија или во Швајцарија? Или православен во Македонија или Србија? Кој каков си е, нека си е. И тука, и таму и на Марс. Друго што не ми е јасно е КАКО СЕ ЛАЖЕ НА РАБОТА ОТИ СИ/НЕ СИ ПРАВОСЛАВЕН? Јас мислам дека работодавачот знае која религија сме, а дали ја практикуваме и колку, никој нема зошто некому да се правда. Граѓанинот од македонска националност е православен христијанин во крштеница, а што тој прави со неговата вера е негово право.
Другарка се пишала Ромка за упис во средно пошто немала доволно поени за упис па ти види какво општество сме..државните празници се за сите неработни денови..на некој ако не му одговара нека работи шо да ви кажам. @Vitaly @sjdgo @MarigoldA фала на исправка