Воведот вели: Не се лаже. Едноставно, ако ги земеш слободни празниците што се неработни само за православна вероисповед, после и да сакаш не можеш Курбан Бајрам да го земеш, пошто "Хеј нели беше православна?" (Пишав погоре дека на католик не му беше даден Успение, пошто не ги работеше католички Божиќ и денот на сите светци). Тука, околу празниците, генерално прашањата беа упатени кон атеистите, дали одат на работа за празници што се верски, а не се неработни за сите граѓани и ако ги земаат за слободни, кои ги земаат, православните/ католичките/ исламските?
Епа на претходна страна @Cka пишала дека се лаже. По мене е логично да ги земеш православните во православна земја (во најголем процент), бидејќи има најмногу неработни денови. Атеист или не, што има да се дискриминира работникот. Политичарите па кој ги натера и Духовден да го стават неработен ден, ко да малку беа веќе? Не е народот крив, што може ќе си искористи.
Јас пак мислам дека има премногу неработни денови во државава и барем пола треба да се укинат. И имам и работено на православен празник, а неработено на муслимански. Во приватна фирма верските празници кога важат, кога не важат, и онака многу ги има.
Зависи каде.Кај татко ми на ниеден државен празник не се работи освен ако своеволно не отиде некој што ретко се дешава.Барјам,Божиќ,Водици тоа е неработно
Се збори за верските празници што не се државни, од типот на Богородица, Бадник, Духовден, Курбан Бајрам...
Празници си има доволно. Во скоро сите европски земји има по олку неработни денови (да и во европските секуларни земји верски празници се неработни). Реално ретко кој од вработените (посебно во приватниот сектор) го искористува целосно годишниот одмор и ако не се празниците ќе нема кога да здивне и да се одмори. Вака со празниците дури и да оди на работа, барем ќе заработи некој денар повеќе.
Православната Црква е отворена за сите. Бидете Православни, ќе добиете +5 неработни денови. Да ги оставиме препукувањата, реалноста за жал е таква, да работничките права слабо се почитуваат, особено слабо се почитува правото на одмор, a на сите ни e потребен. Ужасно е што повеќето од вработените во приватниот сектор работат 6, па и 7 дена неделно.
И да ги намалат не е решение. Газда приватник кој не дава слободни денови, и два празника да се нема да ги даде. Тука други закони треба да се исфорсираат, не тој за празници.
Сабота и недела се законски слободни денови а и во секоја држава има два слободни дена неделно не мора да значи дека се фиксно сабота и недела така да за ова грешиш Ако си верник така ќе мислиш за мене атеист тоа е чиста глупост шо не држи вода
Единствени последици ми се осудувања од следбеничките на пастор кајшаров. Кога не знаеа шо сум, благослови ми делеа. Кога дознаа секоја слика на фб со женска(сестра, другарка, девојка) детални испрашувања шо ми се и ако ми е девојка, држење предавања со цитати за погрешноста на допирите пред брак. Забавно беше до пред неекое време
Види вака нешто најмногу што мразам е кога на една цела нација афтоматски и припишуваат една религија. Македонка сум и сум Атеист не припаѓам на ниедна религија.А кога сме тука што велиш за македонските муслимани или според тебе они не се Македонци а? Тоа што сум Атеист не значи дека не сум патриот си ја сакам Македонија.
Jас па ем сум непатриот, ем атеист, за кај сум? Не си ме разбрала, поентата ми беше дека ова е православна земја и неработните денови треба да важат за сите, без разлика дали практикуваат религија или не.
Не препишуваме аФтоматски ние ништо аФтоматски тоа така му доаѓа.Има Македонци муслимани и тако даље ама тоа уше од Турско влече навака.Тоа се торбешите ако не сум грешка.Или менуваш вера или јазик така нешто беше сум заборавила искрено. @Emy867 аа готово треба во пеколот да гориш .Те поддржувам во последново мислење
Епа да тоа така да биде зошто не сите во оваа држава имаат подеднаков третман па шо да праиме снајди се па живеј
Епа сега е ново време ете има и Атеисти Македонци ( сигурна сум дека има Атеисти и од другите националности што живеат во земјава) и тоа треба да се земе во предвид и во графа на верска припадност да се стави Атеист но за жал во оваа држава многу споро одат промените