Каде во која графа?Ако за секоја националност или вера се прават одделни графи..затоа имаш христијанин/муслиман ИЛИ ДРУГО Имаш Македонец,Албанец,Турчин и ДРУГО никој нема во Македонија да ти цепидлачи и да ти пишува Македонец-Атеист Турчин-муслиман Албанец-христијанин Во Македонија живеете не знам кај летате светлосни години нанапред.
И тоа поле кај нас да се воведи доволно е. Па отвори лексикон ќе видиш дека зборот Атеист значи исклучување можност на постоење на какво било божество што значи исто е
Добро ама најчесто стои прашањето ,,Дали припаѓате на некоја религија” можеш да одговориш со ДА и со НЕ.
Јас искрено не гледам потреба од таква поделба.Тоа е лична работа.Те прашуваат припаѓаш или не?А во националност си пишуваш што си.Коцките се поклапаат. Еве рецимо Америка како понапредни мислиш имаат вакви работи?Одиш на интервју за работа да кажеме мислиш ќе се замараат со секој кој што е на што припаѓа?Ти гледаат успех, знаење
Апсолутно не е исто. Сите атеисти се не-религиозни. Не сите не-религиозни се атеисти. Ете си имаш лексикон, ќе научиш нешто ново можеби.
Баш решив да прогуглам најдов интересни работи http://www.fama.mk/zanimlivosti/kat...ti-ima-vo-svetot-i-koi-se-najgolemite-vernici
Хах... Не ми тресна еден газда вол (морам така да го речам) дека неќел религиозно забегани СУШТЕСТВА со крстови на врат, што постеле и попуштале оти грев било?!?! А он бил атеист и вакви не го занимале. Да напоменам дека цело интервју он збореше, а притоа јас со ништо не испровоцира. Не се гледаше на мене ни крст, ни пост.
Тоа ми беше еден добар тест 30мин. за живци, дали ќе станам или ќе го слушам до крај. Како се воздржав не знам ни сама. Така да има и вакви, да.
Не знам каква разлика му правело дали си верник или не? Тој барал квалитетни работници или друштво си барал?
Мислам дека само семејството ќе те прифати доколку те сака, но другите ќе ти го земат тоа за зло и ќе чекаат прилика да го искористат против тебе, демек "види каква личност е, не верува во Бог". Хаха прилично заостанато општество.
Деф потешко е верник да се интегрира у 99% атеистичко општество ја воопшто не познавам верници сите кои ги познавам се атеисти чист конформизам.
Немам забележано дискриминација кон атеист во Македонија. Искрено, често се случува воопшто да не можеш да преопознаеш дали некој е атеист или Христијанин, можеби и затоа е тоа така.
Точно @venus♡ , јас само во основно кога сме биле деца ми префрлаше еден верник за тоа што сум атеист, на 12-13 годишна возраст, од тогаш никој ништо не ми ни спомнал ни па некој се замара дал сум верник или атеист.
#jealous Во мое искуство, па притресвање, па како е можно да не веруваш, па кога си преќинал, па лелекање, па "ама ко ќе то треба ќе се вратиш назад ќе видиш" шо звучи поќе ко клетва ако сме реални. Ама за среќа, ова не ми е блиското опкружување во поглед пријатели. За несреќа, ова ми е блиското опкружување во поглед потесно семејство. Потесно семејство на кое полесно му е да прифатат дека не практикувам религија, него да прифатат дека сум неверник.
Врвот ми беше кога лето 2019та во Охрид престојувавме кај една фамилија каде мажот испадна дека е религиозен фанатик. Во ходникот имаше библии, флаери, крстови; пасвордот беше исус123. И тоа е океј, ништо лошо нема во тоа, но разговорот со него беше лудница. Не' викна на кафе со маж ми и ние прифативме, таман да се освежиме после патување. Не знам како и зошто, ама веднаш почна да збори за религија. Јас ќутев, ама одговорив кога ме праша дали сум верник, односно реков дека не сум. И почна да филозофира дека и он не бил на мои години, ама на време се изборил со демоните и сега е посветен на служење на исус. И нонстоп повтараше дека сум опседната од демони, не сум била крива, но сум морала да се изборам против нив. Ми збореше дека не е битно што сум добра личност, затоа што добрините не сум ги правела во име на исус. И на крај нормално ми рече, ете маж ти е религиозен, родителите ти се религиозни... сфаќаш дека еден ден засекогаш ќе бидете разделени затоа што ти ќе бидеш во пеколот, а они во рајот? И како да не ти се згади, бе?
Според пописот сме скроз малцински и ендемски вид, 355 од 1.800.000+ жители Мене ова не ми изгледа веродостојно, не велам дека е наместено ами нерелевантно ради неписменост и нефункционалност, табелата за религиска припадност и општо изгледа ептен неписмено. Ваљда се попишавте сите (освен во случај да не сте биле присутни и домашните по дифолт ве пишале верници)? Нејќам да верувам дека е таква атмосферата у државава што луѓе не сакаат на попис искрено да се изјаснат како атеисти...