Објаснувањето мислам дека е: нели по еден човек даваше податоци за цело семејство/домаќинство? Епа ако се погодил тоа некој што себе се идентификува како припадник на одредена религија, истото го има го кажано и за другите членови, иако некој од нив, еден или може двајца, всушност, се атеисти.
Мене не ме прашаа за верска припадност, ниту пак другите дома. Според пописов православна сум. Претпоставувам има уште многу такви случаи. Попишувачите ги обвинувам, дури отпосле дознав дека мојот конкретно минимум 10 прашања скокнал и ги пишал според некоја си негова претпоставка. Инаку да ме прашаа ќе кажев атеист ама верувам дека има многу луѓе што не би сакале да се изјаснат така пред нивните дома.
Наводно ги променија податоците. Не проверив, па не знам дали е вистина. Разликата е 30 пати повеќе, како да имаме доверба општо дека другите податоци се точни?
https://info7.news/2022/04/02/olive...zobpazni-luge-nema-veronauka-vo-uchilishtata/ Од толку работи кои недостигаат во образованието, абе трева растеше во салата каде што учев... Јас сум од генерацијата кога имаше веронаука.
Чекај, немаше за агностици? Не го ни видов формуларот, а и јас и маж ми се деклариравме како агностици. Кај не имаат пишано?
Јас сум нешто измеѓу. Не сум атеист, а ни верник.Ги почитувам празниците, но кога имам тежок период не можам да му се молам на Господ кога знам дека решението нема да ми падне од небо ако јас сама не превземам нешто. Пред некое време едно девојче ми прати молитви да читам за моето здравје и само два пати ги прочитав и се откажав од тоа. А верувам во карма, во судбина и виша сила. За велигден одам во црква нормално се тоа, палам свеќи, се кршам со јајца. Али за тешките периоди не верувам дека Господ би не спасил.
Tогаш не си "измеѓу", што и да ти значи тоа. Нема измеѓу или веруваш или не веруваш. Посебно па прашање што Џиз'с не е бог.
Објаснив зашто реков измеѓу. Кога ми праќаат сега молитви за здравје не верувам во нив, не идам во манастири, не носам зејтин во црква итн. Али верувам дека постои карма.
Немаше врска во кој Бог верувам или не. Мислев на тоа колку верувам дека постои. Темата е за тоа. Ако грешам исправете ме.
Што да ти објаснам? Ти кажувам дека неможеш да знаеш кои се чувствата на одредена личност на оваа тема. Едноставно верува во некои ствари а за некои е скептик, не е тешко за сфаќање.
Јас тоа не те прашав. Прашањето е премногу лесно за рабирање. Еве го пак: Што е измеѓу теист и атеист?