мене ми е денеска 6ти ден и имам симнато скоро 2кг ја немам досега прекршено диетава а гледам вие симнувате по 4 5 кг за една недела некако ме демотивира ама не се откажувам оти гледам некои велат дека во втората недела има поке резултати па ајде мотивација малку а баш бев решена дека одам до крај со ова и дека нема да ја прекршам....
Јас сега прв пат јадев,си направив омлет со малку саламче и малку кашкавал прв пат јадам и салама и кашкавал за време на диетава еве девети ден ми е јас сум уште две кила минус дај кажете вие колку сте минус јас некако немам мотивација
јас прв пат кога ја држев симнав 5кг а 10 дена сега симнав 5 за 17 дена ,ама си јадев сирење,јогрут,салама зависи кога како од денес пак ја поцнав со надеж за-5 кг
Леле дечки немојте со оваа диета ептен е нездрава, нели знаете дека толку многу протеини можат да ви ги оштетат бубрезите, протеините содржат азот и се најтешки за метаболизирање и за исфрлање на продуктите што се јавуваат при нивното метаболизирање, плус и голем внес на протеини поддржува малигните клетки побрзо да се размножуваат, и уште триста други лоши работи ќе си предизвикате...знам дека се ослабува и не го спорам тој факт, ама дека е нездраво слабеење - и тоа е факт, па вие проценете дали ви се исплаќа да се изложете на овој ризик или не, ова е само мое мислење ( изградено врз основа на многу работи што сум прочитала и слушнала) не сакам никого да напаѓам и да ви солам памет..., јас баш ја читав оваа ун диетата- и многу по разумна ми се чини така да ако можете пробајте со таа ама немојте со аткинсоновата....тоа е само мое мислење
зелка да си ја зготвам како манѓа дозволено е ?значи ја дробам ,пржам и наливам вода да се свари малку после вегета и бибер ок е така?
Втора недела сум на диетава, а немам ни колиграм ослабено. Во друг случај до сега ќе имав ослабено 3-4 сигурно. На страна тоа што мразам месо, па се мачам. Реков дека ќе ја држам како поддршка на сопругот, кој треба прилично да ослабе, а многу сака месо. Тој во принцип тешко слабее, а сега има ослабено веќе 2.5 кг за 10-тина дена. Јас се откажувам за некој ден. Да го дојадам месото што го имам купено и ќе се префрлам на зеленчук. Не е ова за мене.
темава некако заостана јас ја дежам два дена иако не сум љубител на благо душава почна да ми бара , али ке издржам , па сакам да ве прашам дали некој ја има држено и колку има ослабено и за колку време
Јас пак сум на оваа диета минатиот пат ја држев само две недели во килограми изгубив накај 3кг но во обем многу и сега пак ја држам и воопшто не ми е тешка....за доручек скоро секогаш јадам 2 јајаца варени со малку сиренце вчера за ручек имаше манџа со месо малку од водичката со едно мевце и беше супер 3 ден ми е на 5тиот ќе се вагам и ќе пишам резултати супер ми е
4 ден не можев да дочекам и се мерев 2 кг до сега за доручек јадев сега 1 јајce малку сиренце и малку пилешки џигерчина пржени со кромитче...за ручек планирам да си испржам кромитче со печурки малку ме фаќа криза навечер за благо ама после овие 2кг симнати не се предавам сега имам 60.200 цел ми е 55 додека не ги видам овие бројки на вагата не се откажувам е сега да прашам првава фаза мора да ја држам две недели поискусните со оваа диета нека ме советуваат