Еве од денес ја почнав диетава.Сакам да прашам дали смеам да јадам кисели краставички? И што мислите кога е најдобро да се вечера?
Може краставички, всушност што повеќе салата, подобро. Од зеленчук не смееш грав, леќа, компир, моркови, а пази на количини на грашок и патлиџани. Еве листа на работи дозволени во првите две недели (индукција): https://www.atkins.com/how-it-works/atkins-20/phase-1/low-carb-foods Вечера помеѓу 6-8 е најдобро, а најкасно два саати пред спиење.
Втор ден ми е и диетата ми оди одлично, да си се пофалам.Еве денес за доручек 6 кисели краставички и 2 варени јајца.За ручек сега јадев Маза на Здравје Радово со маслинка и лута пиперка содржи 2.5 јх.И за вечера ке јадам шопска.Што мислите за мазата во ред ли е да ја јадам?
Да ве прашам може ли супа коцка?во диетава...за нешто течност да не е само на сува храна или некој предлог за мени?
Јас јадам до 17 часот , до тогаш ми е последниот оброк. Ако ме фача `криза` за јадење , јадам салата. Ама веќе 12 дена се навикнав и не ми ни текнува на јадење. Супа можеш @a.nuska јас јадев завчера. Леб , слатки , тестенини , никако. Од зеленчук компир никако , а бидејки секој ден за ручек месо јадам исфрлив од менито и грашок , и спанаќ.. Грав исто никако. Некогаш во салатата си додавам индиски ореви. Мусли јадам во 11 часот незасладени. Кафе пијам без шеќер. Овошје јадам во 9 часот. Тоа е тоа. Ќе видиме за резултати како ќе е но по 12 дена чувствувам олеснување дефинитивно
Мене ми е 7 ми ден денеска ама си ја држам од време на време и ми помага многу ама јас не јадам мусли овошје после 14тиот деен....
Сум држела многу диети ама оваа ми била најтешка. После третиот ден секогаш сум имала страшна главоболка и изгубена концентрација. Не можам ни да замислам да ја држам 10 дена.
Пак јас ☺12 ден ми е ма диетава и ни кг немам симнато а ја немам прекршено сум ја држела многу пати и сум слабеела барем 2кг за првите 14 дена незнам сега оти вака...и во циклус сум сега па со тоа се тешам...некако кога ја видов вагата изгубив воља....што мислите да продолжам да ја држам?
Почекај барем месец.. јас ја држам 16 дена и 3 кг имам изгубено. Од 53 кг сега сум 50. Ти колку кг си? Инаку може да пиеш чаеви и цимет секако
54 кг сум јас сакам до кај 50 да дојдам.....не не се откажувам во никој случај почнав да вежбам и инсанити до лето сакам да бидам во форма најголем проблем ми е стомакот мене и затоа вежбам инсанити....
јадеш ли овошје?внесуваш ли јх или шекери? мораш да го внесеш во кетоза организмот а тоа е само зеленчук и протеини и само протеини
Многу е опасно за организмот да се исфрлат јаглени хидрати од исхрана. Јаглените хидрати се извор на енергија. Филозофијата на оваа диета е демек, исфрлаш јаглени хидрати, внесуваш протеини, и организмот како извор на енергија ги користи резервните масти, наталожени во нашиот организам. Крајно опасно. Ако човек одлучи да не јаде месо и да не внесува протеини од животинско потекло може да живее долго, нема да има последици по неговот здравје. Но, ако не внесува јаглени хидрати и ако се обиде да живее само од протеини ке им големи последици по здравје , па дури може и да умре. Причината за појава на нервоза и раздразливост при примена на ваков начин на исхрана е поради недостаток на јаглени хидрати, прво бидејки мозокот се храни исклучиво со шекери, и второ, бидејки потребно е многу време да се активираат биохемиските процеси во организмот, од наталожените масти да се добие енергија која ни е потребна. Пред се, и да не работиме ништо, потребна е енергија за базалниот метаболизам: работа на срце, работа на бубрези, дишење, работа на сите останати органи на чија работа ние не можеме свесно да делуваме. Значи различни биохемиски процеси се одвиваат при трансфер на јаглени хидрати во енергија а различни при трансформирање на наталожените масти во енергија. Суштината на користење на енергетските извори е во МИТОХОНДРИИТЕ кои се наоѓаат во клетката. Понекогаш биохемиските процеси за користење на внесените хранливи продукти и нивно претварање во енергија можат да бидат успорени. Имено многу битна состојка во нашиот организам е Л- карнитинот кој овозможува да се трансформира горивото во нашиот организам во Енергија. Затоа некои луге велат , не јадат многу, се движат, и сл. ама еве не можат да ослабнат. Тоа е исто како на пример, имаме автомобил, имаме резервоар полн со гориво (енергетски извор) , но го немаме клучот од автомобилот за да го ставиме во погон автомобилот, за да се покренат процесите во моторот на автомобилот за согорување на горивото, и автомобилот да почне да се движи. Тој клуч е Л-карнитинот. Кој го има во месото. Е сега ке речете, малку контрадикторно, нели, бидејки диетата со протеини логично содржи Л-карнитин. Да, но, во случај кога иимаме вишок на килограми, масти, овде се одвиваат други процеси различни од оние кога како извор на енергија ни се јаглените хидрати. Најдобро е балансирани оборци. Ако сме внесувале доволно месо, и умерена количина на внес на јаглени хидрати немало да ни се создадат резерви од масти, се разбира. п.с. пробав еднаш од љубопитност да видам како ке се чувствувам со употреба само на протеини, јадев месо, јајца и риба; почнав во понеделник, во петок веке не знаев името да си го кажам што се вели, односно мозокот не ми работеше веке, почнав да заборавам. се чудам како ја држат оваа диета толку време, 15-20 денови
Господе боже дали е ова можно?? И ако на некој близок му е роденден и мора да се касни торта нели? Епа утре ќе биде Прочка, па мораш слатки да касниш, па Велигден па пак ќе мора да касниш па некој друг роденден.... е затоа нема да ослабиш девојко, стрвност и одржување на линија не оди... Откако решив да не јадам благо, тестенини, брза храна, бело брашно (поточно никакво) мајонез и слични сосови, решена сум и крај, нема таков роденден што би ме премислил...
Кој рече дека нема да ослабам?и јас имам за слабеење 2 3 кг не поќе па затоа можам и по малку да се опуштам и ти се враќаш на пост од пред 6 месеци
Јас колку што знам овде се пишува и за нашите успеси и за нашите падови ако грешам сите кои се труделе да ослабат и кои не ги постигнале своите цели не треба да пишуваат на овој форум...јас па мислев дека ова е форум за подршка и да си ги кажиме своите успеси и неуспеси и да се советуваме сите меѓусебе ако грешам нека ме поправи некој