Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати

Дискусија во 'Диети' започната од vesna31, 14 октомври 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Протеинска диета

    Протеинската, односно Аткинсовата диета е многу ефикасна и е секако за оние кои си љубат месо малку повеќе, во смисла - полесно можат да ја издржат.
    Не се препорачува повеќе од 4 недели континуирано.
    Ви паѓа нивото на шеќер, се соочувате со недостаток на енергија, непријатен здив, стрес и помалку нервоза.
    Не е некоја најздрава диета, меѓутоа е најбрза опција за екстремно брзо слабеење.
    Има тенденции да го оштети црниот дроб и да влијае врз работата на срцето.

    Сума сумарум, сум ја држела, сум го истоштила организмот и не е трајно решение.
    Ако сте се решиле за диета, има далеку подобри решенија, со избалансирана и умерена исхрана, која опфаќа и овошје и зеленчук и месо и јајца.
     
  2. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Протеинска диета

    Ова е многубитно и јас се откажав од било какви диети, и се надевам дека нема уште еднаш да се прелажам самата себе.Се измачуваш,наместо да немислиш на јадење баш напротив, цело време ти е тоа во глава, што за ручек што за вечера,леле не смеам ова она,леле другарките ќе одат навечера јас што ќе јадам таму,мислам глупости на квадрат.Резултатите ќе ги нема за некој месец а ние ќе останеме со вишок сало, со нарушена психа :) ,бидејќи пак неуспавме а може и здравјето си го нарушивме. Се само умерено, и малку вежби.И полека но сигурно ќе успееме, без брзање.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.072
    Протеинска диета

    ...a особено штети на бубрезите.Може да им нанесе трајни оштетувања,а на долг рок може и да откажат,па видете дали е добар избор.

    Иста е диетата со аткинсовата.Само оваа е скратената верзија.Ќе ги спојам.
     
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    јас имам негативна последица од Аткинс(деффф не ми помага- 3 месеци ја држев и ништо)
     
  5. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Големо :clap: за Аткинисовата диета,јас ја држев само првата фаза и ослабев многу немав некакви последици да си ги вратам вишокот на килограми и слично.Кај мене се помина баш во најдобар ред.Можеби има влијание дека сум "0"(нулта)крвна група и мојот организам добро ја поднесе оваа диета.
     
    На FoodLover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    јас ќе ја пробам две недели оваа диета т.е првата фаза ... ќе напиишам дали има резултати ... :)
    Почнувам од утрее ...
     
  7. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Ајде ти посакувам среќа и да пишеш што си направила :*
     
    На Dulce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ketisk

    ketisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    148

    Ако не е тајна, колку вкупно кг ослабе и за колкав период? Јас сакам да симнам 10 кг за месец-два ...дали е можно? :rofl:
     
  9. angelce01

    angelce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    епа вака...висока сум 155 цм, а имам 83 кг што значи дека сум предебала...цел живот се ставам на некои диети но никогаш не сум издржувала до крај, а изгубените кг сум ги враќала...пред некое време се свеснав и сериозно ја сватив работава...ја почнав медицинската диета и за 11 дена ослабев 4 кг но многу ми беше тешко и ја почнав оваа диета(аткинсовава)...денес ми е 4 ден и супер ми е не осеќам никаква мачнина ниту пак глад...пиам витамински таблети, но како што прочитав тука а и други луѓе ми имаа кажувано дека многу е лоша и дека го оштетува организмот...и сега незнам што да правам...почнав и стомачни секоја вечер а и диетава ми одговара затоашто обожавам месо особено пилешко и свинско, но се плашам да не си го расипам здравјето...што мислите вие?да продолжам или не?
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    па држи ја бе зашто да не :lol:


    Eпа изгледа мојава не е Aткинсова диета, зашто јас јадев млечни производи мнооогу повеќе отколку месо :)
    Hе сум огромен љубител на месо, не ми е мерак стек и салата да јадам |( затоа повеќе на виршли мавав, а на пример во Aткинсовата виршлите се забранети!
    Aма затоа се давев во јајца, јогурт,сирење и шопска салата :lol:
    A стрикно само месо и салати не би издржала ни 2 дена |(
    Hе можам да си го замислам животот бес сиренце, јогуртче, кисело млекце ]:)
     
  11. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Првата фаза е најмалку 2 недели. А и тоа екстремно брзо слабеење е само во првата фаза, и тоа зависи од човек до човек.
    Јас ептен се усилив пред некое време да ја држам, ја купив и книгата од Аткинс, ама замара тоа константното броење и пребројување јаглехидрати. Нема потреба од некоја рестрикција на калории, баш може да се јаде по 1800-2000кал дневно, ама па и гумите за џвакање содржат јаглехидрати и тие мора да се бројат, да не се прекорачи максимумот од 20гр дневно... Меѓудругото се чуствував премногу истоштена и уморна, од 200гр јаглехидрати да се спуштам на 20гр стварно неможев...
     
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Гледам има дилеми околу диетава , па мислам ова ќе ви биде корисно .
    Имам пишано погоре дека месо замразев за цел живот, :puke:
     

    Прикачени фајлови:

    • rsz_3img481.jpg
      rsz_3img481.jpg
      Големина на фајлот:
      344,6 KB
      Прегледи:
      478
  13. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Дали диетава се препорачува на луѓе што се многу активни или? со оглед на тоа дека тренирам секој ден и потребни ми се јаглехидратите...сакам да ја пробам навистина :?:
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    fajlovi/image/21168


    :rofl: Aбе пишува дека не смее сирење, а имаат ставено во ручек сирење!
    Cега смее или не смее :lol: !
    Jас негде имам прочитано смее, негде дека не смее :lol: :)
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Па бидејќи млечните производи се забранети , не би смеело. :?:
     
  16. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    ja почнав два дена Аткинсовата диета и следните два дена си ја расипав ... бев на два родендени :^)
    но од понеделник почнувам нешто ново ... ;)
     
  17. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Јас ќе ја држам оваа додека не ослабнам 4 кг. - веројатно 1 недела.
    Ех, а после дали ќе има јо-јо ефект? :worried:
     
  18. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Се извинувам за пост над пост ноп да прашам дали може диетава да се држи само 1 недела и после тоа кога ќе ја прекинеш ако јадеш од се умерено /и пример до 1400 калории дневно/ брзо се враќаат килограмите?
     
  19. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Леле морам нешто итно да прашам - дали во маги кесичките за готвење има многу јаглени хидрати дека неможам да видам...
     
  20. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10

    Мислам дека треба 7 дена најмалку,,а за килограмите дали ке ги вратш зависи од тоа како ке јадеш потоа не мешај јаглени хидрати и протеини, овошје зимај наутро а навечер салата и вода 2л