Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати

Дискусија во 'Диети' започната од vesna31, 14 октомври 2010.

  1. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    супер..фала ти ке пишам кога ке имам резултати.. :) поздрав
     
  2. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    од почеток почнав да слабеам и потоа престанам, зошто така ке почнам ли пак да слабеам или да ја прекинам диетава?? кога почнав да ја држам диетава слабеев по 0.400-0.500гр на ден а сега нешто сум во место, ама ако ја прекинам знам дека ке се каам после... :x
     
  3. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Сега твојот организам е во фаза на стагнирање каде се навикнува на новата тежина. Продолжи со диетата, не прекинувај, бидејќи откако ќе излезеш од оваа фаза килограмите ќе почнат нагло да се намалуваат. Единствено што можеш да направиш е да јадеш еден ден повеќе, еден ден помалку,пробај нешто друго да вежбаш или ако не вежбаш почни и така.
     
  4. ZANEN

    ZANEN Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Jas mislam deka e normalno vo pocetokot kilogramite pobrzo da se gubat, zatoa sto najprvin se isfrla visokot voda vo organizmot, a za topenje na mastite treba malku poveke trpenie. Licno jas edna nedela stagniram i posle naednas gubam 2 kg (recisi sekoja nedela so vakov intenzitet).Vesna, ti kolku vreme stagniras?Nemoj da se otkazuvas, za sekoja dieta i pogolemi rezultati treba trpenie, zatoa sto kilogramite ne se staveni preku nok, pa taka apsurdno e i preku nok da se izgubat. Inaku, mene deneska mi e 25 den otkako ja pocnav po vtor pat i veke izgubiv 4.5 kg (znaci i jas ne gubam so istoto tempo kako prviot pat, no sepak sum zadovolna).Mislam deka treba da se postavat realni celi, za da ne bidat rezultatite razocaruvacki. Pozdrav i mnogu uspeh:)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Јас утре ја завршувам втората недела и изгубив нешто над 5 кг.
    Инаку, се двоумам дали да продолжам уште малку, или да направам кратка пауза, бидејќи од искуство знам дека не е баш здраво да се држи подолго од 2-3 недели.
    Влијае негативно врз црниот дроб, недостатокот на шеќер предизвикува вртоглавица, замор, лош здив, а и лошо е за мозокот.

    Истражував многу за Аткинсовата диета, во првите денови бев убедена дека кока кола лајт може да се пие, затоа што не содржи впрочем ништо - нема шеќери, нема протеини, ниту јагл. хидрати, но нашава тука е засладена со аспартам, а тоа е вештачки засладувач што аткинс најстрого го забранува.
    Единствено дозволува спленда од вештачките засладувачи, но кај нас го нема, ниту пак имаме пијалоци кои се засладени со истото.

    Што значи - no more coca cola light.

    Најтешко ми падна откажувањето од кафето, мидејќи кофеинот го забавува метаболизмот, ама се привикнав на едно во три дена со едно таблетче натрен.

    Како и да е, задоволна сум за овие две недели премногу, малку ме ограничува тоа што паѓа енергијата и не си во можност да вежбав истовремено, ама се' има свои недостатоци.

    По мала пауза, би ја повторила пак, уште 15 денови.
    Добра диета. :)

    едит - во оригиналната Аткинс диета е дозволено до 120 гр. сирење на ден.
    http://www.atkins.com/Program/Phase1/Wh ... Phase.aspx
    Впрочем, се вели дека јаглените хидрати не треба да преминат 12 гр. дневно. Си има табела - кои намирници содржат колку јагл. хидрати во 100 гр. и може да си направите план што би јаделе, се додека не ја преминете бројката 12.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vesna25

    Vesna25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Предлог мени м???
     
  7. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Протеинска диета е многу штетна за црниот дроб и меѓу другото ги слабеее мускулите и покрај тоа што внесуваш само протеини бидејки ако се држи правилно значи без уопште јаглехидрати не сметајки ги тие во месото и зеленчукот организмот мора да црпи од негде енергија па тоа го прави од мускулите...Јас ја држев правилно значи без -е од едно кашкавалче ништо не е, и ми се слоши после 5 дена :D немав енергија ни 2 чекора да направам и покрај тоа што јадев и не се изгладнував. Не би ја препорачала диетава..
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    За мене ова е дефинитивно најефикасната диета.Имам читано дека може да има штетни последици,ама фала богу јас немав никаков проблем.Суп пробувала со секакви диети ама само со оваа сум имала стварно задоволителни резултати.За 7 дена изгубив 6 килограми и ја имам држено во 2 наврати и пак го имав истиот ефект.Може толку брзо ги изгубив килограмите зошто стриктно се придржував до неа и јадев само протеини.Стварно е тешка и многу исцрпна,ама резултатите се загарантирани :)
     
  9. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    tessi ај те молам кажи ми дали јадеше сирење во оваа диета, дека јас кога ја држам диетава не јадам а некои викаат дека може......
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Од утре ја почнувам.
    Денес сум на стек со салата, многу вода и вежби кои ќе ги правам за некое време, орбитрек, чучеви и стомачни.
    Соу, уиш ми лак, иако морам да признаам малку ме исплашивте со тоа дека е многу штетна за се, срцев удар, лош здив вртоглавици, од ова ми е најмн страв..
     
  11. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Зар толку е штетна по здравје???Кој ја има држено може ли навистина да ми каже дали е така?
     
  12. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    jaс ја држам веќе 1 недела, изгубив 1-2 килограми и 2-3цм во обем на стомакот но воопшто не ми е добро здравјето.. имам вртоглавици и често чувствувам глад а сабајле срцето ми чукаше многу забрзано.. прво мислев дека ми е поради возраста бидејќи имам 12 год. а држам диета, ама ги прочитав повеќето коментари на девојките овде, и гледам дека не сум единствена што има проблеми со здравјето.. сакам да ја завршам диетава ама не онака одма да почнам со јадење на леб или благо, туку сакам чекор по чекор, исто како што би ја држела во фази.. па има некоја идеи како да ја завршам а да не се здебелеам одма ?? јас мислев како втората фаза, да почнам со додавање на овошје во исхраната а потоа постепено јагленохидрати.. помош ?? :worried:
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.775
    Допаѓања:
    242.612
    Да, штетна е и тоа многу.
    Јас едвај си дојдов на себе по диетата. Уште трпам последици.
    Крвта ми ослабе, и уште не сум добра. Имав грчеви во стомакот, болки во желудникот, имав често дијареа и добив хемороиди. Да набројувам уште?
    Значи хаос, полоша диета нема. Во лицето бев како дух, луѓето ме прашуваа дали сум болна. Околу очите имав темни кругови. А ослабев и тоа многу, ама потоа дупло вратив бидејќи морав да јадам повеќе и да примам витамини. Така ако сакате да си играте со здравјето продолжете со диетата.
    Јас не ја препорачувам.
     
  14. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    за тоа со лицето, се сложувам со тебе, како дух сум и јас :worried:
     
  15. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Според мене ( и моите досегашни познавања за метаболизмот :P ), сметам дека е тотално неисправно да бидат исклучени јаглехидратите од исхраната. Тие, поточно глукозата претставуваат основен, да не кажам единствен извор за енергија на нервното ткиво и мозокот. Па ако не се внесува глукоза во организмот , како ќе функционира истиот ? Да дека нашиот организам може самиот да синтетизира глукоза, но при тоа доаѓа до трошење на телесните протеини (да не кажам "се јаде самиот себеси ") бидејќи како супстрат ги користи аминокиселините, додека од масни киселини не може да се синтетизира глукоза.
    Гликемија секогаш мора да се одржува во нормални граници!
    Хипогликемија е огромен стрес за организмот , се лачи на адреналин па поради тоа се јавува бледило, срцебиење, вознемиреност и сл. ефекти.
    А доколку во организмот постојано се внесуваат масти, без јаглехидрати, може да дојде до појава на кетоацидоза ( кето телата едни од крајните метаболни продукти на мастите ) ,состојба која се развива кај дијабетичари иначе. Па видете сега дали е во ред свесно да се изложува организмот на вакви стресови.
     
    На astra20 и sunfemina им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Еве што вели Д-р. Јадранка Бибан за опасностите од аткинсоновата но и од палео -диетата:

    „И ова лето како и многу други изминати лета се изнагледав и се изнаслушав совети за слабеење, совети за добар изглед. Толку многу совети за диети излегуваат по пишаните медиуми што мислам дека воопшто и не се води сметка за тоа што ќе се објави, туку само сенешто се пишува колку само да се пополни рубриката за здравје кои многу весници си ја ставиле во својата содржина. Мислам дека ако новинарите немаат добар и проверен извор за информациите кои ги објавуваат не треба воопшто да објавуваат информации од тој тип затоа што така барем ќе ги поштедат читателите од преземање нерационални чекори во однос на нивното здравје.
    Еден од најглупавите совети кој може да се прочита многу често во весниците е колку е ефикасна и добра протеинската или подобро Аткинсоновата диета. Јас во 8-КА повеќе пати зборував за опасноста од оваа диета која преферира јадење месо и салати. Тоа е диета која е високо протеинска, која не содржи јагленихидрати и таа диета функционира врз база на изгладнување на организмот и создавање на состојба на болест (се натрупуваат кетони во организмот, состојба која се нарекува кетоза), што резултира со брзо губење на телесната тежина. Значи губењето на телесната тежина при протеинската диета е резултат на изгладнување и разболување на организмот.

    Всушност заговорниците на меснати диети долги години се обидуваат научно да докажат колку многу е потребно месото во исхраната кај луѓето. Така, создавачите на таканаречената Палео диета се обидуваат да докажат дека почетоците на човештвото се врзани со месната исхрана затоа што човекот во далечното минато бил ловец и се хранал претежно со уловени животни...

    Оние кои сакаат на оваа теорија да и дадат научна димензија велат дека во периодот од пред 25 милиони години па се до пред 10 илјади години, луѓето се хранеле најмногу со улов на животни а од пред 10 илјади години кога започнал да се развива аграрот, луѓето почнале да се хранат со житарки, ориз, и други земјоделски производи. Затоа во генетиката на луѓето стоело дека месото е незаменлива храна за луѓето...? Доказите за таа теорија ги базираат врз археолошките пронајдоци на оружја за лов, копја и слично. Антропологистот Натаниал Домини од Dartomouth College тврди дека тоа е мит, кој се побива со научните докази кои се резултат од истражувањата на коските и забите на приматите од тој период. Според податоците човекот бил плодојадец, или уште поточно тој бил скробоконсумент.

    Ајде малку поодблиску да ја разгледаме Палео исхраната. Според неа луѓето треба да јадат месо од дивеч. Мислам дека во маркетите воопшто или сосема малку може да се најде месо од зајак, од срна, од мечка, од кенгур, од алигатор... Она што може да се најде е месо од товена фармерска свиња, товени фармерски говеда, товени кокошки, па дури и товени фармерски ноеви. Во Палео диетата се вклучени и морските плодови. Во маркетите и нив ги има но тоа се сигурно риби, школки и сл. кои се добро натовени по рибниците ширум светот, па така смрзнати и неколку пати одмрзнати се донесени во „свежа состојба“ кај нас и се продаваат во маркетите добро декорирани со парчиња мраз. За волја на вистината во рибарниците има и риби кои пливаат во тесните аквариуми и ако ги загледате тие риби ќе видите дека доста добро се снаоѓаат во таков тесен простор затоа што се навикнати на такви услови бидејќи во рибниците од кои доаѓаат тоа им е вообичаена навика, да живеат во тесен простор како во конзерва од живи риби. Жално, многу жално, затоа што рибникот не е природно место за живеење на рибите, а неприродното место за живеење е поврзано и со неприродно одгледување на истите. Тоа се риби кои исто така се товени со индустриска рибна храна, третирани се со антибиотици и сл.

    Палео истражувачите и заговарачите на Палео исхраната тврдат дека Палео исхраната треба да содржи и коскена срцевина и мозоци нешто што им е многу одвратно за јадење дури и на најстрасните луѓе – месојади. Што е уште полошо, кога веќе се заговара јадење по тертип на предците од Палео периодот, не би требало да се занемари и фактот дека и канибализмот бил присутен во тоа време. Археолозите пронашле човечки коски од пред повеќе илјади години на кои се докажуваат места на насилно откинување на месото, места на кршење на коската за да се извади коскената срцевина и места на насилно кршење на лобањата со цел да се стигне до мозокот. И децата не биле поштедени од ваквите „навики во исхраната“. Иако постоела таквата исхрана кај нашите предци, дефинитивно тоа не може да било главен начин на исхрана. Зошто? Затоа што количините на месо кои се обезбедувале во Палео периодот не можело да ги задоволат барањата за исхрана на човечкиот организам. Тие биле мали количини, кои не се набавувале на големо, а освен тоа немало услови за складирање на таквата храна. Заговорниците на Палео исхраната знаат дека тоа е исхрана која се базира на храна која е богата со холестерол, храна која е високо протеинска и биохемиски кисела, односно храна која го оштетува коскеното ткиво. Остеопорозата е болест која води потекло од токму вакви биохемиски процеси кои го закиселуваат организмот. Потврда за тоа е оштетувањето на коскеното ткиво кај ескимската популација чија храна се базира на консумирање на невегатирајанска храна. За да се ублажи негативното влијание на Палео исхраната врз организмот, палео научниците советуваат додавање на свеж зеленчук и јаткасти плодови во исхраната. Но тоа никако не може да биде решение за негативното дејство на киселите животински протеини.

    Високопротеинската исхрана води до пореметувања од типот на диареа, мачнина и повраќање, па дури и смрт како резултат на протеинска интоксикација на организмот. Консумирањето на претежно животинска храна води до намален внес на растителни влакна, како и инфицирање со бактерии од типот на Ешерихија Коли и Салмонела кои се носители на високотоксични материи. Црвеното месо, живината, рибата, јајцата се намирници кои предизвикуваат најголем дел од современите хронични болести, а токму тие намирници се застапени со 55% во таканаречената Палео исхрана.

    Најефективните диети кои се користат ширум светот за да се излекуваат најголемиот број срцеви болести, дијабетес артритиси, хиперхолестеринемија, дебелина и слично, се базираат на неживотинска исхрана, односно на храна која содржи најмногу мешунки, житарка, зеленчук и овошје. Ако таквата храна помага, односно ги лекува болестите и го обновува организмот, тогаш зошто таквата храна не би била добра за животен стил на исхрана?

    Всушност ако ги анализираме поединечно сите историски периоди од развитокот на човештвото, можеме да дојдеме до најразлични заклучоци. Јас не велам дека искуствата на нашите предци не треба да ги користиме. Напротив, тие се многу корисна работа особено за развитокот на науката. Но сепак, мораме јасно да ги разграничуваме и толкуваме сите информации за да можеме целосно и најкорисно да ги искористиме. Нерационално е да се смета дека месната исхрана како што се толкува исхраната од Палео периодот е добра за луѓето денес. Ако некој се обидува да го тврди тоа, тогаш тој не ја гледа разликата меѓу Палео цивилизацијата и денешната цивилизација. Количината на месото која го консумирале нашите Палео предци, како што погоре истакнав, никако не може да е иста со количината на месото кое се консумира денес. Денешните луѓе не одат во заседа со камени копја да ловат дивеч туку купуваат месо со десетици килограми од маркетите. Па дури кога ова месо кое се набавува во маркетите и кое е фармерско произведено би се консумирало во помали количини, да речеме во количини колку што консумирале Палео луѓето, не би имало ист ефект како кај Палео популациите. Ова месо не е истото месо од тогаш. Ова е фабричко, третирано месо.

    Не знам по кој пат во 8-КА пишував за тоа дека ние не живееме сега во минатото. Па дури и педесетина години наназад е големо минато кога се работи за промени во животот на луѓето. Само до пред 50 – 60 години, земјата не беше толку многу загадена и исцрпена со нерационално третирање на земјоделските производи. Само до пред половина век наназад срцевите болести, карциномите, дијабетот, автоимуните болести и сл. беа со неколку пати помала честота на јавување. Климатските промени се чувствуваат во последната деценија како никогаш порано, а се менува и целата планета под влијание на сите техничко технолошки достигнувања кои се дел од современото општество. Затоа, ако некој сака да заговара Палео исхрана во денешно време, тогаш нека им подели на сите луѓе камени стрели и копја, нека ги насели луѓето во пештери, нека им даде камена плоча наместо шпорет, нека им ги скрие сите фрижидери, всушност нека ја исклучи електричната енергија, нека ги забрани сите превозни средства, нека ги затвори сеите фарми на животни, нека ги укине со закон сите пестициди и хемикалии, нека ги затвори сите фабрики за текстил и облека. Но она што е најтешко а што би требало да го направи за да успее да го воспостави Палео начинот на исхрана, е да ги натера луѓето да ги заборават вкусовите на чоколадата, на скарата, на тортите, на сладоледите, на алкохолот, на пресолените сирења, на зачинетата и добро насолена риба на скара, на обоените лепчиња од пекарите, на пицата, на хамбургетрите, на Кока колата, на Пепси колата, на Швепсот, на Ред Булот, на чипсовите, на смоките, на Мек Доналдс компирчињата, на чоколадираните бадеми и лешници, на шеќерните и мрсни пити, на премрсните топли и миризливи буреци... Е кога ќе успеат да го направат тоа, тогаш нека им кажуваат на луѓето дека Палео исхраната била добра, затоа што во Палео периодот ништо од ова што го набројав немало, не постоело, не било познато.

    Затоа, најдобро е да не се манипулира со историјата која патем и никој не може да каже дека којзнае колку ја познава. Од каде ние навистина со сигурност знаеме како се живеело пред милиони години...? Научно истражуваме, нели е така? Да, но колку што можеме сите ние да забележиме, само во текот на еден човечки живот, научните истражувања и тврдења се менуваат неколку пати. Денес се оспорува Дарвиновата теорија, се оспорува и тврдата фармацијата која својот процут го доживеа во втората половина на минатиот век за што сме сведоци и самите ние, се оспорува и ограничува Рендген дијагностиката па дури и ехосонографијата...? Вирусологијата добива поинакви димензии, во некои научни кругови се оспорува и теоријата на Луј Пастер за микроорганизмите...

    Дали сето тоа треба да се игнорира? Се разбира дека не треба, треба да се размислува околу тоа, да се истражува и да се надоградува. Затоа човекот себеси се нарекува интелегентно суштество, затоа што свесно размислува... Но дали сите го прават тоа...?„

    http://www.8ka.com.mk/spisanie/nauka/566-so-kameono-kopje-vo-supermarket-po-meso
     
  17. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Веќе 5ти ден како ја држам диетава. Со оглед на тоа дека сум љубител на месо,а и крвната група ми е 0 некако најсоодветно ми делуваше оваа диета. Се изненадив кога прочитав дека толку лошо се чувствувате и физички и психички, бидејќи кај мене се случува токму спротивното. Ем се осеќам најадена, ем имам ептен многу енергија. Немам никакво влошување на здравјето, дури ни проблеми со желудникот, шо е големо чудо (пречуствителен ми е). Кон диетава додавам и физичка активност, напорни тренинзи зумба и трчање. Ќе се мерам за 2 дена, кога ќе ја држам веќе една недела и иако не очекувам нешто премногу сепак се надевам дека ќе има резултати.
     
  18. vesni4kaaa

    vesni4kaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Оваа диета е штетна за срцето и бубрезите ако немате никаква физичка активност-доколку не вежбате. Јас одам во теретана и тренерот токму тоа ми го потенцираше-протеинските диети ги држат само оние кои вежбаат бидејќи на тој начин од протеините се гради и оформува мускулот, инаку без вежбање ќе нема никаков ефект- па дури и можат да се јават последици по здравјето. Втора работа е тоа што во некои претходни мислења видов дека јадете само 3 оброци дневно па претпоставувам дека и поради тоа имате вртоглавици и немате сила. Поентата на оваа диета не е да се изгладне и истошти организмот. Поради тоа ако сакате да ја држите оваа диета имајте околу 5 оброци во денот. Јас еве од денеска почнувам со диетава па ај нека е со среќа :D
     
  19. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Jasja imam dr\eno ovaa dieta i e strasno stetna. Nemav energija na nisto, misrisot na mokracata mi se pojaca mnogu i mi se pokaci holesterol, ure, bilirubin i sto ne.
     
  20. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    Јас од денес си ја почнав оваа диета затоа што ми е најсигурна и со неа сум имала најдобри резултати . Имам 57 килограми а морам да имам 50 за да бидам задоволна сама со себе . 50 - ката мене ми е идеална тежина и тогаш изгледам најдобро само тогаш ги немам спојлерчињата од страна а и греота е бре да неможам пола плакар да си го облечам .
    Читам од претходните мислења многу се жалите на диетава сте имале и здравствени проблеми од неа ама тоа кај мене не е случајот . Јас ем сум најадена од неа ем многу брзо слабеам од неа и намам некои брзи јојо ефекти . Обожавам месо и јајца и кога не сум на диета си ги јадам редовно ,мене непријател ми е благото , ако ме верувате јас дневно можам да изедам па дури и 5 чоколади.
    Ама ако сега сум скарана со него и нема да го јадам до нова година ама ич .

    За резултати и слика пред и потоа накнадно .
    :worried: