да и за мене е оваа една од најефикасните диети, се слабее многу брзо само треба многу да се придрзавас на правилата и јас сум моментално на неа
ЈАс сакам да ги замолам сите девојки и жени на форумов кои се на оваа диета ВЕДНАШ да ја прекинат. Да навистина дава одлични резултати по килажата ама ужасни резулати по здравјето. Некои не приметуваат, но порани или подоцна телото ќе си го земе данокот. Дочно дека протеините се основна компонента која мускулот го храни, но потребни се и ЈХ и масти, се избалансирано. ПОтребата за протеини од човек до човек се разликува, но не треба да изнесува помалку од 85гр. протеини дневно кај најситните. Но во оваа диета, освен протеините кои ги внесувате преку месото се внесууваат и огромни количини на масти.
ајде и јас почнувам со оваа диета,кој ја држи нека пише некој предлог за мени!!! ќе видиме што ќе направам,денес имам спанаќ,прочитав на поч.дека може да се јаде за вечера така да јас ќе го јадам и на ручек и на вечера
Ајде малце поживо тука,никој ли не ја држи диетава,само јас доручкував денес туна за ручек имам стек пржен и пола од него за вечера со марула салата
Единствената диета со која успевам да го соблечам салово. Не одам по фази, туку веднаш преминувам на протеин со целосно исклучување на ЈХ, со тоа што конзумирам овошје, односно си цедам два портокали со лимон строго одсабајле. Втор пат ја држам и резултатот за 10 дена е минус 3 кг. Во понеделник ќе напишам колку сум вкупно во мунис, бидејќи се мерам на две недели.
Се изначитав се и сешто, и се уште не ми е јасна една работа. Дали смее да се конзумира соја?! Пример, печени соја шницли во рерна? Логички гледано, сојата е протеин, мање више - вештачки ама сепак протеин, што значи би требало да може да се јаде и тоа во диетава.. Aма кога ќе разгледаш од другата страна, Аткинсовава колку што е едноставна и еднолична, толку е и комплицирана.
Имам една пријателка што ја држеше ,ослабе 28 кг за 3 месеци.Значи јадеше соја и пиеше млеко од соја од онаа без шеќери.Многу обрнуваше внимание на упатствата на продуктите да не содржат шеќери.
И јас имам една пријателка која ја држеше оваа диета и која строго се придржуваше на неа.. после 4 месеци откако престана со диетата и се направи камен на бубрегот. Ослабна стварно ама сега пак секојден маки си мачи со бубрегот. Пред да почнете некоја диета прочитајте која може да е негативната страна од диетата.. од оваа Аткинсовата може да се добие камен на бубрегот, па го пишува тоа и на сите страници каде што може да се најде оваа диета.
здрава или не, си почнувам јас од денес па едно двенедели максимум.Не ми требаат многу кг за симнување а престојат свадби и други свечености . Има јајца уште од Велигден за јадење па денес јајаца и салати.Голем љубител сум на кисело млеко и јогурт, па ќе видам од втората недела може да вклучам по малце.
Ова ми е трет ден и искрено енергија имам нула. Сакав една недела да ја истерам, ама многу е тешка бре. И со јајцава и месово се осеќам уште толку помрсна. Не знам како некои ја издржувале и над 1 месец. Не сум гладна, ама сум ужасно тромава, плус имам за учење ми треба енергија.
Еве одма да си кажам дека ја прекинав денес, на неколку пати ми се стемна. Никогаш повеќе не би ја пробала. И не ја препорачувам дефинитивно. Балансираната исхрана на подолг период ќе си даде одличен резултат со паралелно вежбање.
Вчера доручек јајце со домат ручек јајце со домат вечера салата домат со едно јајце,парче пилешки гради(едно кругче ) и две лажички урда Идеме денес ден 2
Само напред, јас ја држам веке 13 ден и резултатите се супер но не се откажувај бидејки најдобрите резултати следат по 15 или 20 ден. Не се замарај многу со храната, можеш кога сакас да јадес и колку сакас. Ова сто си го изела вчера е многу малку треба да конзумираш повеке храна. Ова ти го кажувам од искуство бидејки јас оваа диета ја држам од 2002 година и за мојот организам е најефикасна. Можеби и затоа што јас сум крвна група 0 позитив па протеините добро ми делуваат. Поздрааааааав и само напред
6 ден.Се е во ред.Стомахот си се повлече.Немам несвестици и што ти ја знам.За 5 дена сум симнала 1.5 кг.Е сега улетува некоја чаша вино али не е страшно пошто имам јас само 3-4 за губење.Ете пола симнав. Зачи јадам цел ден салати со месо,туна,јајца,сирење во ограничени количини.Јадам на 3-4 часа.Вода пијам многу,а си пијам и витамини. На работа јадам еднаш во 11, па околу 14.30-15ч , па дома околу 18ч, па навечер салати.
Јас ја држев оваа диета За 2 недели ослабев 7 кг, кога ја завршив одма си ги вратив +постојано ме болеше главата секој ден, рацете ми се тресеа и нозете ми се здрвуваа Никогаш повеќе нема да се мачам со оваа диета