Најново ЈА ОТКРИЈА „БРИТАНСКА АТЛАНТИДА“ Нуркачи ангажирани од нафтените компании случајно открија остатоци од град, за кој се претпоставува дека бил населен од 10 000 лица, пишува во последниот број на британскиот весник "Дејли мејл". Според весникот, пронајдоците се наоѓаат во реонот на Догерланд. Периодот бил од 18 000 до 5500 година п.н.е., а најверојатно причина за потонувањето е цунами. "Многу луѓе сметаат дека зголемувањето на нивото на морето е нешто ново. Ова всушност е еден циклус, кој постојано се повторува во историјата на Земјата", вели Ричард Бејтс од Универзитетот "Сент Ендрјус" во Шкотска. Фосилите на мамути покажуваат дека во тие земjи некогаш имало ридови и долини, а не море. Превземено од "Мојата убава градина"
Атлантида е град кој многу ме фасцинирал уште откако слушнав за него. Сум читала книги, сум пребаравула на Интернет...
атлантида е потонат континент. имам многу читано за него и многу сум фасцинирана од него. според мене еден ден можеби ќе ја пронајдат
Мислам дека нема потреба од поопширен увод за темава и јасен е концептот за дискусијата на оваа тема и без многу објаснувања. Сите сме слушнале за Атлантис, за некои мит, за некои возможна вистинска реалност, некои и се бават со пронаоѓањето на точната локација. Филмот на Disney Спојлер: . Како и да е фасцинантна тема. Што мислите околу ова? Во меѓувреме и видов дека има веќе ваква тема, зошто не ми текна на да барам пред да ја отворам очигледно.(во моја одбрана си прашав прво пред да ја отвороам дали има веќе ваква тема ама не добив одговор, ако нешто значи) https://forum.femina.mk/threads/Атлантида.7363/ Како и да е со @MissChievous ја започнавме дискусијава во друга тема, може да се продолжи(овде или во другата тема откако ќе биде/ат преместени мислењево/ата.
Иначе пошто веќе има ваква тема, може насловот и концептот за дискусијата на оваа да се смени и да биде поврзаноста на Атлантис и библискиот потоп.
Па и чоколатцата се македонски од македонски производител, со англиско име де. Е така, убаво викендички да им ствaраме работа на модераторите. Спојлер: . Иначе немам против и темава да си биде за чоколатцата.
Атлантис е спомнат од страна на филозофот Плато. До ден денес локациите кои биле спомнати во неговото дело се истражени веќе неколку пати, но пронајдени се само делови од архитектура кои археолозите не се баш убедени дека се од изгубениот град. Сепак има многу археолози што се до плафон убедени дека со повеќе истражување ќе се воспостави точната локација. И веруваат дека се блиску до целта. Можно е да постоела цивилизацијата на Атлантида која целосно била потопена, затоа што има и неколку други цивилизации кои едноставно само исчезнале во текот на историјата со нивните иновации, архитектура и дела. Но од друга гледна точка, Плато, како интелектуалец и ценет филозоф, не мора да се сфати буквално. Неговите напишани редови за "изгубениот град" можеби се аналогија за нешто сосема трето.
Малку сум разочарана од ко видов дека темава не е за вкусовите на Атлантис. За разлика од @LadyLollypop јас ги сакам само оргиналните, ко ќе ми нудат од мешана кутија за роденден секогаш одбирам оргиналните, не знам дали оти е се убај или оти сум носталгична. Овие кафестите со лате макијато и еспресо вкусови некако ми горчат, шо е иронично, обично сакам горчливи работи.
Јас ги сакам кафестите, неќам црно чоколадо. Морските коњчиња ми се омилена форма, после нив дебелката помала школка. Од КАМ имам купено слични, и тие се убај на вкус, а дека има морска ѕвезда ми се интересни и на изглед. Ко веќе почнавте.
О да и ова не додадов. Апсолутно го сметам за #win кога ќе ми се падни морско коњче. Еднаш на работа еден дојде со оние џамбо кутии Атлантис и сите цел ден јадевме, абе само 1 ми се падна. Еден колега победи со 5/6 коњчиња.
not one original experience Да допишам, никогаш си немам купено од големите оти немам контрола колку јадам ама неостварена желба ми се, ко "вау види колку благо имам".
Кои се тие големите? Јас ги знам бонбониерите и оние правоаголните во кесиче што е секое внатре, па си играм бинго, Натали дај му на човекот од школките што се поокругли, оти тие ми се фавв, а од вкусови оргиналните, тие први што излегоа и тие едни со повеќе чоколадо. Овие кафестите јок.