Денес бевме на контрола и баш моево се чеша на врат и на глава. Си има и рани направено од чешање. Рапавка му е кожата кај што се чеша. Ми го дадоа овој сируп, баш ќе видам дали ќе помогне: https://zegin.com.mk/mk/4u-pharma-megakid-maslo-za-dietetsko-spravuvane-so-alergii-i-atopii-150-ml И со ова да го бањаме: https://zegin.com.mk/index.php/mk/erbagil-idrozoil-sredstvo-za-izmivane-150-ml
Земи медицинска козметика за атопија, Еуцерин, Биодерма, Мустела, сите имаат линија. Ова сируов врска нема омега со витамин Д е. Имаат удрено на маркетинг Бејбитол како со капсулките, затоа на сите ви го нудат матичните. Не си ги давајте парите за џабе, поприлично скапичок е. Атопична кожа не се лечи со сируп. Се одржува влажна со медицинска козметика и во акутни фази со кортико. Да се лечеше немаше јас на 33 години уште да се чешам кога ќе ми се воспалат егземите.
Нас Биодерма ни помогна премногу, знали со две миења сталко кожата, а претходно се бетер и бетер. И сеа еве ќе ми се исфрли нешто, замивам мачкам од кремата одма и го снемува. Презадоволна од Биодермата за атопична.
Користам Ла Рош липикар од 1 месец, ептен задоволна . Мене повеќе ми личи на алергија или дека многу се поти и лигави дека му е надразнето вратчето. На друго место на телото е ок
Ќе пробам и со судокрем. Имам тестер и за тоа средството за бањање што го препорачаа. Може и се презасити од Ла Рош ама па тогаш имаше и на грб и гради кога се нафрли. Сега нема . Фала ти сепак.
Кај ќерката Биодермата престана да има ефект после 2 шишиња, па се префрливме на Еуцерин. Ќе мора да пробуваш дур не ја најдеш соодветната комбинација. Зезнато е со атопична кожа ептен. Мојава до крв се има чешано на грбот, белег има.
Кој сируп? Ја книга за дерматит можам да напишам. Омнибиотик помага инаку, ама е изгор скап и го нема во мкд.
Мегакид сируп на 4you Pharma. Високи дози на омега и вит д. Големо е шишето па за 1800ден ќе трае три месеци. Го земав да пробам, планирам барем 6 месеци да го давам да видам дали ќе има ефект. Ако не бива дефинитивно пандата ќе си ја обезбедам летоска од Грција.
Здраво, да ми препорачате детергент што ви помогнал за атопична кожа? Користев персил и фрош, ама има лоша реакција на кожата.
Моево има сува кожа и му се лупи, како првут, на обравчињата, на челото, на зглобовите на рачињата. Ставав Еуцерин за атопична кожа, не помогна. Сега ставам Јекодерм и од два пати веќе има подобрување. Дали е атопична кожа не знам. Како воопшто изгледа атопична кожа? На првата контрола педијатарот ми рече ништо да не ставам, ама тогаш беа бебешки акни. Ова сега е баш сува кожа.
На бебе му се појавија буквално лиши, пресува рапава кожа, што отпосле прерасна во точкаст осип под врат, малку на гради и накај ушиња. За неколку дена се среди со јекодерм како ништо да немало. За мене јекодерм е врв.
Пребарај на интернет ќе ти искочат слики па ќе можеш да споредиш. Обично се суви црвени делови на кожата, се осеќаат и на допир. На тие делови кожата е различна многу посува од останатиот дел каде што си е нежна кожата.
Да на допир се осеќа суво и рапаво. Ама не е до толку изразено како што ми излегоа слики. Користам Еуцерин маслена купка за бањање, ама не помага. Му се појави после вакцините на 2 месеци што се, можно е од нив да е? Претходно беа бебешки акни, се појавуваа и поминуваа.
Во различен период може да се појави атопичниот дерматит, да се смири па пак да се појави, не мора да е од нешто конкретно поврзано. Лошо е што се менува поприлично скапа козметика додека да ја погодош вистинската што му одговара на бебе. Биодерма кај моето не даде многу голем резултат, Ла роше и ги исчисти нозете. Како и да е консултација со дерматолог обавезно.