Мајки, на ќерка ми и се појавија како лишајчиња, егзема, позади колениците и кај лактите и малце околу врат. Користиме биодерма за мачкање од тоа интензивното средство веќе 3 месеци, и сега по препорака од педијатар земавме и од маслената купка, веќе 3 недели користиме ама не и помага.. си стојат така. Плус мачкам и белобаза на тие места ама џабе. Не се чеша. Можно е да не и одговара биодермава, да земам нешто друго?
Можно е, со егземата мораш да пробаш која крема ќе и одговара. Јас пробав на мустела, биодерма, авене и немаше никакво подобрување, последно еуцеринот малку и помогна, но не и се исчисти скроз.
Јас со ла роше купката ја капам и со истиот лосион ја мачкам, нема направено повторно лишаи, дали е до нив или така де погоди не знам
Мислев и поминаа како бебе, еве сеа пак и се појавија суви делчиња на двете рачиња, само на 2 места, среќа не е проширено, само се чеша и малку ќе се раскрвари и мачкам поголем слој од Еуцеринот за атопична кожа, ама дајте друг предлог што друго ви помага?
И на мојата и се врати сега на 3 години, на рацете и лиценцето. Исто користам еуцерин, не помагаше дури ја печеше на тие места, и почнав да ставам пантексол маст, и се смирија после 2 дена деловите. Пробај
Ла роше ни помогна нас ептен AP+M мислам беше. Од бебе се мачиме со атопичен дерматит, само ова ја спаси од кортико кремите. Биодерма, мустела, еуцерин се свртивме џабе.
Здраво мајки, на малата (8 недели) и се појавија брунчиња на лице и врат и по малку и на стомаче. Педијатар ми кажа дека е атопичен дерматит ама не ми посочи козметика рече да пробам неколку и според цена која ми одговара да видам. Може ли совет со која да почнам? До сега користевме веледа цела линија со невен
Бебка е 28дена, сега се враќаме од дерматолог. За брунчињата рече дека е атопичен дерматит, да ја заменам Веледата со Риластил Ксеролакт маслена купка и балсам и 3 дена да ја мачкам со Метил Преднизолон еднаш дневно. Да не користам веќе Еозин. Дали некој ја користел оваа козметика? Гледам бајаги скапа, белки ќе и помогне.
Да не ти праќам слика во лп, ќе се извадиш од памет каква беше мојата, бетер. Еве биодермата и помогна, бетер беше од ова.
Не, кортико за атопична кожа, некако ми е too much, ми рече педијатар пробај прво со биодермава па ќе видиме понатака, и толку беше, две миења и мачкања и стакло.
Дали негде знајте да можат да се најдат тестери или помали паковања.. оти гледам не е евтина, а не знам дали ќе одговара
Метил преднизолон користевме за вратчето бидејќи и се потпари, а ова другово не. И ние имавме многу акни бебешки сами си поминаа. Некако на такви ми личат и овие..