Атопичен дерматит кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од lavica-e, 3 март 2014.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    11.409
    Пол:
    Женски
    Не, јас ја купив, и се погоди.
     
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    23.910
    Пол:
    Женски
    Од сабајле како мачкам со Риластилот, се вцрвува уште повеќе, и раширени се брунките, гледам има и на главчето.
    Како да асе воспалува после мачкање, па ќе се смири после некое време. Не очекувам да помине од едно мачкање, ама барем да не се влошува.
    Дерматологот ми рече да давам по 1мл Аериус денеска и утре. Дали сте давале на толку мало бебе, 29 дена е?
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    23.910
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам, дали сте го користеле овој мелем кај бебиња со атопија?

    Messenger_creation_D28C0557-030D-43D9-AC2D-92D0B8A64DAD.jpeg
     
  4. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    5.174
    Пол:
    Женски
    Да, сите тврдат дека има кортико, меѓутоа јас како мајка донесов одлука да го пробам, и џам му се направи телото после 1-2 недели ( ние имавме по телото не по лицето)
    Јас сметав дека тоа е правилна одлука, моето бебенце беше лом цел по торзото и толку се чешаше што беше цел лом со рани, па моја одлука беше да го пробам иако многу го напаѓаат...иначе имав пробано биодерма, еуцерин, ла рош, класични креми со кортико ништо не ни помогна
    Не знам дали даваш пробиотик, син ми сеуште има АД и избегнувам креми, дел зошто мрази да е намачкан со било што, сега за смирување најмногу ни помага дупла доза пробиотик, диастоп или дармфлора
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    23.910
    Пол:
    Женски
    Не, не давам пробиотик уште. Помага ли пробиотик во ваква состојба?

    На доење е само бебка.
    Треба ли да исклучам нешто од исхраната јас? Ништо не знам за атопична кожа.
     
  6. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    5.174
    Пол:
    Женски
    Консултирај се со педијатар ако ти е шубе ама од прибиотик гајле немаш, во смисла не е ништо штетно, баш диастоп го рекламираат дека помага при атопичен дерматит...а за исклучување од исхрана искрено не знам, на син ми му се појави веќе на ад кога бевме префлени, него пример му се активира во зима кога е ладно и во лето кога е многу топло, и тоа најчесто на местата каде се превиткува кожа (латкти, зад колена и сл)...на торзото после користење на тој мелемот од скендер никогаш повеќе не му се појави, еве веќе 4 години се поминати
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.011
    Допаѓања:
    9.092
    Пол:
    Женски
    Мајка на бебе со атопична кожа сум и јас. Стрес невиден и за Мајка и за бебе е ситуацијава. Доброто е што како раснат, така се подобрува.

    Те молам немој на волку мало бебе мелемов. Никаква декларација нема. Немаш поима што има внатре. Кружеше муабет дека има кортико внатре. Ако има кој процент е? Кој ќе каже.

    На малава користам 0.1 се уште. Од дерматолог одобрен.
    Волку мала немаше се уште ништо. После 4м и се појави. Вака не била.
    Биодерма, еуцееин риластил или како и да беа. Треба да се испроба да се види што ќе држи под контрола помеѓу акутните фази. Акутните фази ќе се појавуваат секогаш кога бебе ќе има намален имунитет.
    Кај нас е после вакцина, при заби, после долги настинки.
    Еуцерин и биодерма користам. Секоја мајка ќе ти препорача на нејзиното што помогнало.
    Пари се изнадававме и ние, се што прочитав пробав. Милион дома отвори пробај и се исто, стојат се подметнуваат низ фиоки оти не ми се фрлаат. Такво е.
    И пробиотик пробавме од најскапите, и тоа не помогна толку многу.
    Твоето е пре пре мало стварно. Гревче. Мојата беше слична така, ама од бебешките акни. После ја исфрли ситни по торзото накај 3 месеци, кога и се појави и темница. Скоро потоа почнаа со егземи насекаде.
    Не дека ти помогнав, туку да те гушнам само :hug:.
     
    На Noemi и happygirl им се допаѓа ова.
  8. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.748
    Пол:
    Женски
    Да, засега му помага, се чисти полека. Цикабио не помогна, Еуцетин не помогна, Декотал ќе смири и пак се појавуваше за кратко. Моментално користиме Биодерма атодерм лосион и купка и ставам од овој мелем, ама многу тенок слој. Го бањам преку еден ден. Ќе видиме дали пак ќе се појави.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    23.910
    Пол:
    Женски
    Колку пати на ден ставаш од мелемот?
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    23.910
    Пол:
    Женски
    Верувајте не сум паметна што да правам, свашта прочитав на интернет, не знам каде згрешив во грижата и дозволив вака за никаде да и стане кожата.
    Премногу сум загрижена и исплашена, само ја гледам, се нервирам и плачам оти нема никакво подобрување, еве и кортико од 0.1 мачкам втор пат денеска, уште утре треба, а таа е полошо во лицето особено.

    Кажете ми добар дерматолог во Ск, каде да ја носам? Го прекинав балсамот на Риластил, сабајле само ја намачкав и како се воспали не мачкав повеќе дента. Ама на своја рака да менувам козметики само? Што да правам, каде да ја носам на лекар?

    IMG_20250531_140014.jpg
     
  11. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.748
    Пол:
    Женски
    Сабајле и вечер.
     
  12. Unno

    Unno Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Да ти е живо и здраво бебето.

    Моето почна да се исфрла после два месеци. Работи што јас ги применив исфрлив млечно и јајца, намалив со глутен. Почнав пробиотик да пијам секој ден. Нејзини алишта ги перам само со еко егг, ти можеш со фрош за бебиња. Облека е само 100% памук или органски памук. Зедовме екстра филтер кој се става на туш. Кога ја капам или ставам мое млеко или врзувам во крпа овес оставам во кадичка. На главчето и се појави теменица со органско кокосово масло ја масирам некој мин пред капење и се повлече.Ама кај некои бебиња знае да има реакција пробај со малку. Од козметика комбинирам бела на веледа и биодерма атодерм. Ја капеме на 2 дена а секој ден два пати и дневно и ставам крема. Секој ден витамин д на вигантол и пробиотик биогаја. Се смири после еден месец, сега е мирна.
    има истажувања кои велат зголемена доза на вит д помага за атопичен ама тоа со дерматолог да видиш.
    за дерматолог јас сум задоволна од коста во аеродром( за мене, бебе не сум водела).
    И моето беше така околу очиња.
     
    На јolene и happygirl им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.011
    Допаѓања:
    9.092
    Пол:
    Женски
    Немој да се обвинуваш. Ништо не си можела да сториш. За жал некои мајки и бебиња го одат и овој пат. Секој со својот товар.
    Сега и од хормоните, можам да си претставам колку ти е мачно. Да помине само поскоро.
    Пишував и јас на темава пред година ипол. На секоја страна плачев. Еве после некое време, станува подобро.
    Бањав со мајчино исто. Облека преплавувам. Кога е акутна наопаку носи боди, да не се чеша од рабовите. Поширока облека и по можност бела долна облека, оти фарбаните содржат повеќе хемикалии. Користена облека, веќе од некое бебе да се облекува, оти колку повеќе перена, толку повеќе се излезени боите од неа.
    Ова беше од дерматолог совет.

    Прашав дали е од алергии, дали од млеко. Одговорот од доктор беше дека најчесто е наследно.
    Така и се покажа кај нас.

    За доктор не знам кој да ти препорачам. Не сум во мк. Ама @KuklickaSk со малото тргаше мака, може ќе ти помогне кај кој да носиш.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Каков филтер зедовте? Ние 4 месеци се мачиме со егземата. Сите креми се пробани, на крај морам белодерм да и ставам, затоа што цело тело и се прави рани.
     
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    23.910
    Пол:
    Женски
    Алиштата претежно што ги носи се од братучетка и, носени и перени сто пати.
    Ги перам со Фрош и плус на плавење уклучувам пералната.
    Се изрибав, исчистив дома овие денови по сто пати.
    Ни јас ни мм немаме во фамилии алергии, затоа се чудам од каде се појави ова и дали јас нешто згрешив... Со првото немав никакви проблеми вака со кожата. Дали атопијата сега, значи дека ќе биде алергична на храна и на се останато како ќе расте?

    Верувам дека и хормоните, уморот придонесуваат се да ми изгледa екстра тешко и страшно сега, ама стварно е греота каква е. Само плачам по дома, толку немоќна се осеќам, не знам како да и помогнам.
    Немам време за ништо освен што цица, ја нишкам оти плаче често, и кога спие чистам и преперувам се од дома. Големиот го немАм видено, ми фали и тој, скроз ми се оддалечи детето.

    Во огромен хаос сум и само сакам да помине.
     
    Последна измена: 1 јуни 2025
    На Nightflower, јolene и Зеленоокатаа им се допаѓа ова.
  16. Unno

    Unno Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Од амазон го земавме не сум во мк. Ако сакаш линк ке ти пратам. Гледам воден во мк продава сличен филтер.
    Нешто инстант што и помага е овес во кадичка, тоа ја смирува.
     
    На Зеленоокатаа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.011
    Допаѓања:
    9.092
    Пол:
    Женски
    Ќе помине. Однеси на друг дерматолог за мислење ако сакаш.
    Во главно, во акутна фаза како сега, кортико. Два пати на ден ќе мачкаш хидратанта крема.
    Биодерма интензив и маслената купка за бањање кај голем број деца добро се поднесуваат. Ама ваква козметика е да ја одржува кожата хидратантна, не лекува. Не очекувај дека од риластил или која и да е друга ќе се случи чудо и ќе се повлече. Барем кај мене не се случило. Повеќе е да се превентира да не се вцрви и да не стане акутно.
    Дали детето ќе има алергии, апсолутно не мора да значи. Мојата нема никаква алергија на никава храна пројавено.
    Ти можеш да пробаш да не внесуваш млеко и млечни продукти две три недели, па да видиш дали на тоа реагира.
    Мачно е, знам. Ти ја разбирам ситуацијата и верувам дека ти е многу тешко. Пробај повеќе со другото дете да поминуваш време, наместо чистење перење. Тоа нека почека колку може. Секако не придонесува за состојбата. Не е клучно.
    Мало ти бебето ептен. Грчеви и плачење. Таква беше и мојата нон стоп во раце. Плус со рефлукс што морав да ја држам исправено по цел ден, оти повраќаше нон стоп.
    Земи секава помош што ти се пружа. Малото во ќенгур или марама, на почеток се бунат некои, ама се учи. Релаксатор што и да е, кај ќе може да поседува по малку без тебе.

    Знам дека си беспомошна во моментов, ама ќе помине. Од кортико кај мојата се смирува после 2-3 мачкање.
    Ама се мачка после уште некој ден, преку ден. Оти ако престанеш да мачкаш кога ќе избледи, може да се врати пак. Оти не е излечено целосно иако не се гледа.
    Отидете кај некој дерматолог, сврти ја овде темата ќе најдеш препораки.
    Вит Д и пробиотик е ок. Ширупи, омега и други демек чудотворни лекови во шише, се само реклама и пари давање.
     
    На happygirl и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  18. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Колку пати во неделата со овес и дали ја плакнеш после тоа ?
     
  19. Unno

    Unno Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Кога и беше најакутно на секое капење, полнам кадичка овесни снегулки во тетра и го оставам во вода. Стискам тетра да излезе како млеко. Она се шлапка 5-10 мин после поминувам со купка и плакнам.
    Инаку кај моето забележав од јајце ми реагира. Одкако и се смири кожата помислив поминало почнав со јајца и пак се исфрли.
     
    На Зеленоокатаа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    5.174
    Пол:
    Женски
    Ќе се среди не се секирај...и кај син ми кога се појави се обвинував јас, дали исправ по грешка со нешто што не треба па знам тие денови ја чистев машината со едни капсули демек за длабинско чистење па со месеци седев и се преиспитував, гледав по календари, по слики, дали ја исчистив машината пред да исперам облеката или после, хаос бев во главата...и хормоните си го прават своето...мојот па и се чешаше па беше лом со рани, па уште повеќе грижа на совест...ама се помирив тоа е, матичната ми рече во денешно време скоро секое второ дете е со атопичен..и распрашај се по баби дедовци и јас се чудев од каде на крај еден ден татко ми ми вика па јас кога бев мал цело време бев со егземи а дека сега нема ништо не ни помислив да го прашам и ете испадна некој во фамилија имал

    За другото праќам :hug:
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.