5 дена мачкав кортико, и се повлекоа скоро сите брунчиња и црвенилото. Денеска прв ден како не ставив, и се вратија на градите, рамената и лицето. Дерматологот од Прилеп кај што ја носевме, сега ми вика пак да ставам кортико преку еден ден. Ама до кога? Во меѓувреме ми се јавија од кај Др. Старова, им се ослободил термин за понеделник, кај Др. Агрон. Кога и кажав на матичната дека закажав кај него, ми вели за него се зборува дека давал некој крем на кожата што го правел тој, наводно содржел кортико. Дали докторот лечи со креми што тој ги прави, или со креми што се купуваат од аптека? @KuklickaSk ти имаш одено таму со малото, како го лечеше?
Не сакам да менувам само козметики на своја рака оти не сум сигурна дали ова е навистина атопичен дерматит кај неа или е бебешки осип (од топло, од хормони...). Затоа сакав да ја однесам и на второ мислење. На интернет секаде различно пишува за атопијата и за бебешкиот осип.
Едно прашање до вас, што имате поголемки дечиња..кој период имате приметено пак да се појавуваат така како суви делови и да ги чеша? Мирно беше кај ќерка ми, последниве 2 месеци има само на рачиња на 2 3 места, ама цело време се чеша...повлечено е од Еуцеринот и помага ама пак се чешка..последно беше вака како бебе, на 5 6 месеци(тогаш имаше на мн места и суво и црвено изразено)...
Преку ден од прилика една недела, ама ако се се враќа пак секој ден и на крај една недела преку два дена. Почнавме со два пати на ден, па секој ден, па преку ден, па преку два дена. Кога го прашав дерматологот дека така ќе се сведе еден месец кортико, рече дека тоа е единствениот начин да не се врати подолго време. Дерматолог во Германија, крема со кортико 0.1. Ако ти трева подетално да знаеш кој крем го користевме и се уште де, за ќерка ми ќе сликам. Иако мислам исто се сите тие. Во сеќавање што зборевме со Кукличка тогаш, крем во аптека да ти го приготват со мал процент на кортико, фактички разреден, ама она ќе ти каже подобро да не е сега прераскажувам, а може и сум се смешала. Биодерма може да смените слободно. Овие се секако козметика само. И јас се нервирав до кога само ќе ги тестирам. Истите мисли. Поскоро да поминува, Гушки . На секој пад на имутетот. После долго како сега како е болна со месеци, пред заби, после вакцина. Ноннстоп се чеша негде. Најмногу на вратот ја напаѓа. Се надевам после сите заби и после летово ќе намали.
Дава рецепт и ти ја прават во аптека кремата, содржи кортико. Коритко се мачка плус 7 дена откако ќе се повлече црвенилото. Треба да откриете што е тригер на црвенилото, и да ја лечите причината, инаку ќе се вртите во круг. Кај Старова даваат и други совети за тековна нега со креми (без кортико) и ќе ти објаснат и за ладни облоги. Однесете го секако бебето.
Големиот има скоро 6г. Уште има егземи по нози кои го чешаат и крварат. Сега му се јавува кога ќе оди на базен, кога трча во трева... нема крај.. јас лично некаде до 20 години имав егземи.
Ќерката е скоро 4 год, а се настине, разболи, одма и се јавуваат. Синот е 1 година, истото му се случува. Јас имам 33 години, последниве 10 само на лакти ми се јавува при пад на имунитет. До пред тоа и на глуждови имав, и тоа со крварење. Нема спас од егзема, за жал.
Сум немала никој во околина со вакво нешто и слабо сум запознаена..маливе наследија од тебе? Не знам кај малава од каде ова..кога му спомнав на педијатарот дека сум со алергиска астма, ми кажа дека има предиспозции за да има атопична кожа. Да пазам ли на нешто посебно со храна, било што?
Цица? Млечно на минимум, избегавај јатки, цитруси и мед.. Ама, ако е со предизпозиции за атопија, ќе се појави порано или покасно.
Цицаше до пред месец ипол, завршивме со тоа. Е млечно си сака, млеко не и давам, ама јогурт, павлака, грчки тоа си јаде..мед сеуште не сум и дала...имам уплав од мед..дека јас не користам и страв ми е..
Па најверојатно од мене им е. Кај мене и брат ми има. Зависи од што е алергијата, јас на пролет највеќе имав егземи, на полен алергија имам. Брат ми има алергија на домашна прашина и грињи.Не мора да значи дека е од храна. Кај ќеркава Еуцерин помогна многу, а кај синко ништо не мачкам зашто само на обравчиња има. И кога ќе му се воспали тогаш третирам.
Na sin mi (6g) pak mu se pojavi, na prevoite na race i noze, kako sitni crveni bubulici, da li e mozno od potenje da mu se pojavuva? A malata od 2m i se pojavi po celo telo,sega e 1g, trupot i e čist i glavata ama race,noze,vrat,obrazi lom i mng se češa..Sega nadež posledna mi ostana da gi odneseme na more se nadevam barem da se nammali kolku-tolku.. Da li nekoj ima iskustvo so Latopic probiotik i dali go ima kaj nnas?
Прими вакцини пред некој ден и пак се активира чудово. Ни скендер не помага, пак почнав со Декотал. Педијатарот ни препорача сируп МегаКид. Вели наследно е, а алергии немаме во фамилија. Сте давале? Има ли ефект? Читав и за пробиотик Латопик на српска страна, го има кај нас? Дали сте користеле?
Се појави после првите на 2 месеци, после вторите на 4 месеци беше страшно, рани имаше на лицето, еве сега после третите на 6 месеци пак на лицето пак има рани.