Кај ќерка ми се повлече дерматитот, т.е беше стабилно до пред еден месец и одеднаш пак и се појавија суви делчиња црвени кои мн ја чешаат. Беше настината па не знам дали од пад на имунитет пак и се влоши...со Еуцеринот и се повлекува, смирени и се црвенилата..дали имате приметено промени периодов кај малите? Како е кај вас ситуацијата?
@Cherry blossom89 Само Еуцерин имаш користено? Јас почнав со Мустела стелатопија, а сега со Биотерма атодерм. И двете не помагаат. Кога го мачкам бебето уште поцрвена станува кожичката. Ако оставам ден-два да не го мачкам, се повлекува само од себе. Не ми е јасно..... Се мислам дали и со Еуцерин да пробам.
Ќерка ми е 2 год и 3 месеци, прв пат вака и се појави како бебе и почнавме со Еуцерин, и се повлече и тогаш, со друго немам пробано. Немала проблем па сигурно година ипол, и еве сега пак и се појави па ме интересираше дали и кај др деца со ваков проблем им се појавило баш периодов. Инаку јас мора да ја мачкам, потешко и поминува само од себе...пробај со Еуцерин ако си приметила друго дека не помага.
Ова дерматит ли е? Пред два дена и се појави како лишајче. Сменив купка, користиме од претходната недела mixa baby и користиме лосион на уријаж. На допир е суво. Утре ќе ја однесам на доктор ама ме интересира и ваше мислење.
Да..така изгледа..суво и рапаво. Моето имаше на вратче и обравчиња мн краток период, средивме со јекодерм за 4 5 дена.
Така изгледа. На бебка и се јави околку вториот месец на ножињата, приметив местото дека е рапаво, забележувам дека се шири, сега има на рачињата кај лактите, а од скоро и малку на грбчето, после бањање се вцрвенуваат, не сум забележала да ја чеша, од педијатар препорака само да мачкам емолиент. Читав дека после вакцина се активира и кај бебе неделава се прошири претходно имаше, но не волку изразено како сега.
До 10 март еуцерин е на попуст во зегин. Јас со првото дете све живо пробав на крај најверојатно си надрасна сам, сега решив да почнам со Еуцерин, почна бебе да има сува кожа што се лупи и рапави површини, не е апла атопичен ама ќе видиме како ќе биде.
Зимава и ние многу проблеми имавме....и на неколку места имаше баш изразено и матичната ми даде белогент маст....и помина па по некое време на други места и се направија...и таму мачкав по еднаш белогент и по два дена и се повлекоа па под тогаш на уријаж за атипична кремот ја мачкам по два пати на ден за да не и се повтори
Исто и мојот на лактото има и околу него, само на едно место, му врви и ако не мачкам емолиент пак се прави, пред два месеци и многу изразено беше и црвено, сега де среди ама пак е рапавко ако заборавам некој ден да ставам крема. Исто и на ноџињата имаше кај листовите долу ама таму помина, на мешето некогаш има ... Кај нас прво на образите се јави, Германија ни рекоја реакција од некоја храна што јадам јас, се сомневаа на млечни работи, не знам. Во Плодност атопичен ми рекоја и уријаж ми препишаа, ќе земам деновиве. Нас од пенатен ни врви ама не го имам видено тука да го има
И јас му ставив Белогент 3-4 пати и се повлече за два -три дена. Само што помислив дека се реши проблемот, по неколку дена повторно се појави црвенилото и тоа по цело телце. Страв ми е повторно да мачкам Белогент, сепак е јак крем за бебе. Колку дена ставаше од кремот? По еднаш на ден? По цело телце?
Само на местото каде што имаше егземи...еднаш на ден...два до три дена...тие се повлекуваат за тоа време па по неколку дена на друго место се правеа и потоа таму мачкав...и откако исчезнаа сите ја мачкам со уриаж два пати на ден и еве последниве десетина дена нема нови...а штом веќе ќе и се напраеја егземи без кортико не и поминуваа
Ај пробај и пантенол... Која Биодерма ја зема? Маслената е убава. И со што переш? Ставај ги алиштата на дупло плавење..
Здраво, Ме интересира дали се повлече со нешто? Мојата имаше порано атопичен дерматит па и се повлече одреден период. Сега има 3 и пол години. И реков ајде mixa да го пробаме. Нозете и се лом, цели како на твојава на сликата. И рацете кај што се витка раката. Не знам дали е баш класичен дерматит. Ама моментално не можам да го држам под контрола. Афлодерм не можам да најдам никаде, ќе треба белогент да ставам.
Здраво Ова е комбинацијата што ја користам. Јас претходно ја бањав секој втор ден ама сега секој трет ден. Можам да кажам дека се повлече иако на лицето има доста суво местенце. Мојава има многу сува кожа како мене, ова е интензивен крем и пак упива за секунда и мачкам два слоја. Инаку, ако можеш сликни ми го местото кај преломот на раката, многу ме интересира дали е исто како кај мојава, кај нејзе стоеше сигурно 20 дена и повеќе ама сега гледам е стабилизирано. Јас тогаш си мислев дека е од што се поти.
Афлодерм нема веќе, не барај. Нас дерматолог ни даде метил преднизолон маст за син ми за егзема, како најслаб кортикостероид во вид на крема/маст. Белогент ни имаше претходно дадено педијатар, ни кажа да не ставаме, дека е многу јак за дете. Сепак мислам консултација со лекар треба за вакви креми, колку и како да се користат. Спојлер И ова сирупче ни го препорача, не знам колку е делотворно. Спојлер