Да, за син ми го земав, бидејќи му се појавија ситни црвени брунчиња на лицето, кои никако не поминуваа туку се зголемуваа. Го мачкав сабајле и навечер додека му се исчисти лицето. Што се случи за 2-3 дена. Сега го мачкам само навечер и така ќе продолжам бар уште ден два, потоа планирам со мустела стелатопиа.
Ние користевме А дерма, ама како да и се засити кожата. Еуцерин воопшто не ни одговара. Сега по препорака на дерматолог, ставаме павловичева оргинал со АД маслени капки. Таа комбинација помагала за регенерација на кожата. Инаку за мелемот на Скендер само пофални зборови, само искрено многу се плашам за составот, дали е кортико или не, дали има жива итн.
Морам да ја пофалам кремата и купката blue cap. Минатата година кремот го користевме и единствено со него се смируваше лицето, но по потрошувањето бидејќи немаше ништо, решив да ја земам мустела стелатопиа за нега на сувите делови. По кратко време пак се појави дерматитот. Пробав неколку креми и мелемот од Скендер, само од него имаше ефект, но пак се појавува. Минатата недела состојбата на лицето му беше страшна, на неколку места имаше, почна да се чеша, крв си пушташе. Бевме на преглед и докторката ми го спомна blue cap, па решив пак да го пробам. Морам да спомнам дека пред да го земам ништо од дома не помагаше, ни мелемот, ни кремите, апсолутно нешто. Со blue cap буквално за еден ден се смири лицето. Црвенилото и чешањето се изгубија, останаа само раните од најсувите делови и од чешањето. Може ќе му помогне на некоја од вас мислењето. Еве и слики од малото пред и по мачкањето на еден дел од лицето во спојлер, иако во живо повеќе се гледа разликата. Цената е 800 денари на кремот, 770 на купката, во Зегин. Почнав и пробиотик да му давам, па се надевам подолготрајно ќе имаме подобрување. Спојлер
А дали кремата скендер може да се порача бидејки уште тоаа ни остана да пробамее ништо не помага бидејки не сум од Скопје..?
@kristina.k каква врска има пробиотикот со дерматит?? И кремава мора да е препишана или? За каква крема станува збор?? Ако може составот постирај. И бејби моја има дерматит, ни се појави на обравчињата, позади ушите и под вратчето Одма превзедовме мерки и се смири за 2дена, инаку како беше нафрлан страв ме фати ја купивме кремата од Мустела стелатопија, веќе едвај и да има и обравчињата му омекнаа. Ќе се мачкаме, ќе следам, ќе купам и за бањање од истото, па се надевам нема да имаме пак мака, иако ни рекоа додека не се навикне кожата на надворешни влијанија ќе се нафрла Совет добивме во поладна просторија да го држиме, односно да не дозволиме да се поти и лесно облечен да е, памучно исклучиво. А и кога го држиме обавезно со памучна пелена на рака, да не му доприра лицето на нашата облека. Бидејќи го дојам мрсно да не јадам (мајонес, прженици..) и благо што помалку. А да и да не го нервираме, кога се нервира му букнуваше лицето
@emkaemka кај моето се појави негде кон третиот месец, ама беше скоро на цело лице и во многу лоша состојба. Кај твоето може и се работи за контактен дерматит, предизвикан од надворешно влијание штом се смири веднаш. Во врска со пробиотиците, според нови истражувања помагале кај деца со дерматит така што цревата и дигестивниот систем се борат внатрешно со алергените од храната. Кремот е на база на цинк пиритион и прв пат за него прочитав тука уште првиот пат ко се појави кај моето, но не е препорачливо долг период да се користи, па затоа го сменив. Сега пак се смири целосно од него дерматитот, па ќе го користам повремено. Составот е многу ситен, па го препишав, на слика ништо не се гледаше. Спојлер Aqua. Isopropyl palmitate. Diethylhexyl carbonate. Sucrose Cocoate. Polygyceryl-3-methyglucose distearate. Glycerin. Cyclopentasiloxane. Ceramide3-ceramide 6 II-ceramide 1-phytosphingosine-cholesterol-sodium lauroyl lactylate-xanthan gum. Glyceryl stearate. Propyleneglycol-Diazolidinyl Urea-Methylparaben-Propylparaben. Stearyl alcohol. Methyl gluceth-20. Bisabolol. Zinc pyrithion. B.H.T. Carbomer. Methylparaben. Propylparaben. Tocopheryl acetate. Parfum: Cinnamyl alcohol. Isoeugenol. Benzyl salicylate. Coumarin. Genariol. Methylpropional butylphenyl. Linalool. Benzyl benzoate. Citronellol. Hexyl cinnamal. Alpha isomethyl lonone
Ова е состав на Blue Cap кремчето? Не ми се допаѓа баш... ама, ако помага и јас се мислам да го земам. Малиов има осип околу устата. Навечер е најизразен. Сабајле кога ќе стане е ок, скоро ништо нема, ама преку ден се појавува и се вцрвенува. Прво мислев дека е од што се лигави многу бидејќи вади заби (пред месец дена извади три наеднаш, две двојки и едно четворче), ама осипов воопшто не се смирува, не исчезнува. Мачкав со крем со цинк оксид, мачкав со кремот од Скендер, мачкав со Веледа, мачкав со Логона, ништо... следно ми е ова кремче да го земам, старосватицата многу е задоволна, ама го користи за вакви осипи, не за дерматит, немаат нејзините.
@Annath да, ова е составот на blue cap. Не се разбирам многу во составот, гледам дека има парабени и многу хемија, и прилично јак делува, затоа и не го купив пак по првата потрошена туба. Но, и на самото паковање пишува да не се користи долго време. А факт е дека е многу ефикасен, поради цинкот. Мене алтернатива ми е мустелата за денови кога нема ништо, за да не е суво лицето и телото, а овој ќе го користам само ако се повтори ситуацијата од претходно. Кај моето е лошо што баш како рана е дерматитот, не е како осип.
Кај нас Мустелата не помогна воопшто. Од мал го бањам и мачкам со Мустела и пак проблем се појави. Сега земав маслена купка на Биодерма и лосион за мачкање. На рацете каде што има лишаи го мачкам со Еуцерин. Засега сум презадоволна од масленаѕа купка, ги нема веќе тие брунчиња како комарци да го каснале. За Еуцеринот ќе почекам уште малку да видам дали ќе ги смири и исчиси лишаите.
@kristina.k немам појма каков дерматит има, јас искрено мислев дека се нафрли од што му е топло и се поти.. А со што го бањаш?? Јас со Веледа ама планирам да купам од истата линија на Мустела..
@emkaemka претходно со еуцерин купка, а сега исто со blue cap, само на критичните места. Моментално за тело и коса имаме од corine de farm за сува кожа, најчесто од аптека купувам и менувам за во водата, сака меурчиња да има, а не му ставам на тело дирекно, само газето и главчето.
На моето ушињата почнаа да му се лупат со што да го мачкам? И јас веледа земав, ама дрнес кѕпив мустела, па ќе видам како ќе реагира
@kukla21 на моево дури и мешето му се излупи тогаш. Јас мачкав јекодерм краток период, ама мирисот не е баш пријатен. Штом се смени кожата ќе нема мака после.
Фала ви женски. Ве читав тука цело време и викам, ај еден месец супер помина. Кога тоа преку ноќ се стори. прво кога ја видов, паника кренав. рапаво, рапаво кожичето..
@kukla21 и моево на некои делови од лицето се лупеше, првутеше, главчето, челото, кај очињата, увцињата. Колку страшно, не знам што е за тебе страшно, јас го знам како нормална појава. Знам дека не сакаш, но ако не се смири со Мустела зеди Јекодерм, на моево преку сила 2дена му траеше со по 2пати мачкање, мачкав само на сувите делови